1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Ехх... шо не ќе чуеш од нив.
    Свекрва седела на невестинска маса на свадба(иако никаде, на ниедна свадба немам ова видено)
    Свекрвата била главна на свадбата!!!
    После паѓаше у трансови ич ја немало на снимката...
    Љута беше на фото студиото..
    А мајка ми ја има седната како плаче... оти маж и и син и се на другион свет...
    Без осет беше у тој момент али ај...
    Од болница таа требала да го изнесе бебе..
    Па она немало да не пушти никаде 40 дена...
    Ете сеа нема можност ни да знае кога и како одиме.
    Е за името мојата не прашуваше, кажавме кое е,самопраша дали е наше дека не знае.. толку.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  2. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Мене свекрвата не ми е баш уште свекрва:)

    Со дечко ми сме заедно скоро две години, живееме заедно, супер ни е. Моите се пресреќни, го обожаваат, секогаш се фини и културни, прават да се чувствува добредојдено, баш како член од семејството.
    Од друга страна, кога одам јас кај мајка му на дечко ми, еве после речиси две години, се уште на сите можни прослави наоѓа ситуација да направи да се чувствувам глупо... на пример, ќе спомне нешто во стилот "па кога ќе го женам син ми со која и да е идната жена" и погледнува во мене, се смешка демек се зеза ама да ја тупиш истата "шала" 2 години доста е веќе. Или од нигде ќе ми каже дека она ќе била лоша свекрва. И јас се смеам и викам зошто, и и она се смее пак демек на шала, ама што е со глупите коментари? Па уште ми вика и мајка ти е свекрва (имам двајца браќа) и и викам добро, што значи тоа? Ми вика епа знае како е.
    Како е бре жено?

    Цело време кога сум кај неа се осеќам како да треба да се докажувам дека сум достојна за нејзиниот син, зошто сите "шали" и се во тој стил, демек она ме проценува дали сум добра за него.
    И мене ми е тоа многу смешни и незрело.
    И јас сум принцезата на мајка ми и татко ми, и јас некому сум му светото дете, па никогаш не се случило на фамилијарен ручек со роднини да направат дечко ми да се осети како да треба да се докажува дека е за мене (што уствари би значело дека кога влага во нашиот дом, тој е под мене). Баш напротив, исто се однесуваат со него како со браќата.

    Ама некогаш кога ќе ми спомне некоја глупост ми доаѓа да и кажам "и јас имам мајка" и да си отидам.
     
    На candy.cane, buba4e89, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    @xxx-ba колку повеќе се докажуваш толку повеќе ќе си дозволува.

    Јас мислам дека на сите нејзини вакви шегаџиски примедби ИЧ да не обрнуваш внимание.
    Игнорирај, па дури ни културно не се насмевнувај, најмалку барај објасненија.
    Со начин на однесување кој ти сама ќе си го оформиш према неа, покажи и дека нејзиното однесување , шеги и забелешки воопшто не се на место.

    Ако веќе неможеш да игнорираш, тогаш сврти ја и ти на шала па дај и одговор во смисол : ,,зошто јас да се докажувам дали сум достојна, докажете се вие сите дали сте достојни да утре ми станете фамилија,,
    Сецни ја малку:fubar:
     
    На Dust, candy.cane, Mantub и 17 други им се допаѓа ова.
  4. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Во право си. Јас сум типот на човек што повеќе ќути и ќе се насмевне само. Ама треба некогаш да ја сецнам како што викаш...:D
     
    На Milobebence, cresa-jagoda, tina2018 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Darija*

    Darija* Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    302
    Пол:
    Женски
    Кажии од сега зошто после на глава ќе ти се качи
     
    На Nausicaa, cresa-jagoda, TutiFuti и 3 други им се допаѓа ова.
  6. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    На твое место јас би одела со контра провокација. Имам некој впечаток дека се работи за припроста жена (во спротивно ќе знаела како да зборува со тебе) и тоа од оние со нај јака самодоверба да е иронично, и во себе си мислат еј ама и го покажувам местото. Не и барај објаснување на нештото што ќе го рече, штом ужива да те зајадува нека добие по нос. Пример на тоа јас ќе бидам лоша свекрва јас би рекла насмеано : па можеби, кој ќе знае, маж ми ќе биде кај мене домазет. Нешто во тој стил. Пецкај и ти онака, како за некој друг дека треба да се отвара очи во каква куќа се влага итн. Има многу начини да и укажеш дека ти си таа што бира а не она за нејзиното височество син. Не и покажувај слабост. Она пушта пипците да се истакне во вашиот живот и со време да те стави во понизна ситуација. Повеќето свекрви во Мк се такви, смета дека има некоја власт над тебе пошто има син де, газда у куќа и мисли дека има право секако да зборува со тебе.Се кладам дека си мисли и дека дали ќе се земете зависи од нејзиниот син а ти јадна очекуваш само. Простакуша.
     
    Последна измена: 20 ноември 2019
    На Mantub, Milobebence, xxx-ba и 3 други им се допаѓа ова.
  7. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    A најинтересно е што стварно на некој начин е домазет:D живееме во стан на моите.
    Фала ти за советот, ќе пробам во следна ситуација да не се повлекувам.

    Е ова е баш така! Ко принцот на Пепелашка што организира бал за да си ја одбере жената, па јадна Пепелашка успеа да го освои хахаха:rofl: А дечко ми е многу скромен, стварно ме сака и прави се за мене, не се однесува како "Принц". Само женава си го создава тоа сценарио во глава, без никаков повод.

    Ич не сакам вакви сплетки, стварно сум многу прилагодлива и сакам мир во животот, затоа и се обидував да прашам во неколку наврати зошто го кажува ова или она, ама ќе пробам следен пат малку подрско.
     
    На cresa-jagoda, Annora и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  8. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    9.198
    Допаѓања:
    194.095
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла тоа домазет да не го спомнуваш ниту на шала.Би можело твојот дечко да се најде повреден,а велиш дека ви е добро во врската,дека е добар човек.Не вреди заради идната свекрва тој повреден да биди.Има еден куп други начини со кои на шала свртено можеш да и одговориш...
     
    На candy.cane, Охрид88, Pelargonium и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    4.138
    Пол:
    Женски
    Од синоќе вријам :devil::devil::devil::devil:
    На гости беше и јас и пишав порака да ја потсетам да се јави сабајлинава на еден доктор да го праша нешто... и таа ми се јавува со камера, а таму собрани 100луѓе и пред сите зборува за тоа, јас само и реков да се што требаше ти пишав, поздрав на сите.
    Што ѓавол ја тераше пред сите да се јавува и да објаснува, зарем мора сите да знаат дека имам проблеми и пијам апчиња.. од вакви ситуации косата ми се крева. Пред да се омажам дома имавме некоја приватност, и во иста куќа сме живееле повеќе луѓе па не се знаело се еден за друг, само тоа што треба.
    Од самиот почеток ми пречеше дека се таква фамилија отворена што од дедо до внук секој се знаеше, ама сеа и пред тетки, вујни се да се кажува..:shake:
    Ја чекам да се јави па да ја подберам.. за ова неможам да и молчам.
     
    На eta, bibiiii, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    А зашто па дечкото дозволува девојка му да се чувствува како што се чувствува. Замислувам како и е само пред роднини, пријатели, други луѓе така да ја провоцира. А свекрвата полна со себе. И тоа цели 2 години се случува. Доста им ќути нека уклучи и она сарказмот на најјако (wtf)

    Не треба да е дрско, така спакувано како што она прави, насмеано, ко на шала се.
    Дури се обидувам да гледам посветло, дека не е лоша во суштина туку шегите и се глупави. Ама сепак зошто го прави тоа пред други луѓе. Пак е простачки.
    И јас бев ккао тебе само да има мир, ајде погледај низ прсти, ајде да нема тензии. Ама на крај само јас го папам и будали на глава ти се какаат.
    Биди си ти и понатаму љубезна и културна ама врати и на ист начин. Незнам зошто дечко ти не реагира, знае ли како се чувствуваш или и тој се смешка и шегите му се интересни?
     
    Последна измена од модератор: 21 ноември 2019
    На candy.cane, 1209, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Не планирам да го спомнам делот за домазет, не сакам дечко ми да се чувствува како јас понекогаш кога сум кај него. Работата е што жената секогаш ги кажува работите кога тој не е во собата, дали отишол до продавница, до тоалет, во друга соба... е тогаш настапува. И поради некоја причина, речиси секогаш пред други луѓе, значи кога имаат гости, некаква прослава, роденден, што и да е. И не сакам после да му спомнам зошто осеќам дека ќе направам тензија а најмалку од се сакам да излезе дека митот "снаа-свекрва однос" ќе постои и во нашиов случај.

    Ама сосема си во право за прогледувањето низ прсти, си викам ајде да не ја навредам јас пред луѓето да не возвраќам, ама на моменти се чувствувам и понижено со глупите коментари пред други луѓе. Следен пат ќе пробам со иста мера да возвратам :)
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Јас или би и кажала на само дека ми сметсст такви коментари и да внимава во иднина бидејќи во спротивно и јас ќе почнам да враќам (ова во присуство на дечкото), или па дрско би и вратила.
    И не знам зошто не му кажуваш на дечкото, треба да знае.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    свекрва ми е ок жена и за разговор и за совет и за се уште од старт кога само онака ја знаев....но знае некогаш да ми се меша во готвење а тоа малку ме нервира па и реков се подналути малку ама јбг ја како си готвам така никој не ми се мешал не ни сакам во иднина ни пак јас се мешам...друго малку е со бабскине муабети околу детево што е на пат ама и тоа ке и скратам зашто мое дете мои правила она како си ги одгледала нејзините така :)
     
    На eta, crazylady и Summer16 им се допаѓа ова.
  14. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    И мојава за јадење знае да ми се меша ама ајде поминувам низ тоа бидејќи млада се омажив и кога дојдов тука знаев само прженици да правам, ништо друго. Па од неа научив да готвам, постојано ја прашував како ова, како она, и затоа не си зимам многу при срце. Нека се меша. А јатрвата пак, ретко готви бидејќи има 3 деца и со нив е, а во заедница сме и најчесто јас готвам, па кога ќе почне ова да го направиме за јадење, или ќе каже во манџата стај тоа и тоа, е тогаш многууу ме нервира. Ако сакала да направи јадење ете слободна и е кујната нека прави, ако не нека ќути. Ем не готви ем прибира.
    А за бапсскине муабети што велиш мојата ги почитува и ги знае сите. На јатрвата постојано и се меша околу децата, таа ќути ама не и е сеедно. Плус за нас останатите дома вели на празник не се бања, на тој празник не се спие преку ден бидејќи ќе си спиел цела година.. и уште многу многу вакви работи кажува...
     
    На crazylady, FallenAngell и candy.cane им се допаѓа ова.
  15. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    А може и провокациите се резултат на тоа дека дечко ти веќе живее кај тебе, верувам не и е сеедно. Претпоставка.
    И како и да изреагираш сега пак е многу веројатно да се појави тензија зашто нема да е навикната на тоа од тебе.
    Инаку не е мит туку сурова вистина односот снаа - свекрва и иако ти имаш пристап да го надминеш тоа, ете не зависи од тебе, жената е типичен претставник на тој однос. И да има тензија, секое чудо за 3 дена, јас да сум би му кажала на дечкото и тоа од порано.
    Мојата идна свекрва не е таква зашо мислам се плаши да не се налутам и да остане синот неженет. Она е друга крајност. Инаку не е ни она китка за мирисање. Ама мајката на една другарка е таква и кон мене и кон други, се чувствува како јас и ќерка и да сме во натпревар која подобро ќе се снајде во животот, која е по дотерана и мн такви глупости,која има поубава фигура и се е ќерка и нај нај а мене се љубезно ме понижува. Еднаш кога и вратив на провокација остана ококорена во очите неколку секунди и не ми ни правеше муабет мн кога идев кај нив. Ама после си легна на брашно и почна пак да ми збори а со провокациите престана или барем намали.
    Во краен случај игнорирај ја тотално, смени и тема кога ќе почне. И ако нема да живеете заедно ни после брак не и се замарај.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.987
    Можеш ако успееш да се исконтролираш , најљубезно да и заприметиш: " Приметувам дека често ја споменуваш оваа работа кога дечко ми не е во соба. Ќе ми објасниш ли што точно сакаш да кажеш, не ти ја следам мислата. "
    И онака треп, треп.
    Kill the bitch with politeness:D
    Или има многу глуп смисол за хумор или сака да пецка и ужива во тоа. Што и да е, не вреди 5 пари да даваш за тоа. Смешкај се и уживај.
     
    На rumcherry, candy.cane, SexiLy и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Кажи му на дечкоти, па ќе откриеш многу работи. Поарно да се спречи, него да се лечи.
     
    На Skorpija25, candy.cane, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @xxx-ba, јас сум од лошите.

    Веднаш да му кажеш на дечко ти за ова што нас ни го пиша тука. Сем тоа, нормално дека не слушнал кога е до продавница, туку каде му се ушите кога мајка му тресе глупости пред гости? Разбирам дека луѓе имаат тапа смисла за хумор па ајде две, три глупави шеги, ама госпожата не се шали со тебе, туку апла те подје*ава. Најбитно за тебе е да видиш како дечко ти ќе реагира на кажаното. Ако почне да се прави наудрен и да ја брани „ама знаеш, мама се шали блабла“....Еј, барем ќе знаеш на што си. Утре кога ќе бидеш мајка, дури тогаш да знаеш какви „шеги“ ќе паднат на твоја сметка а маж ти ќе си ќути, занемен пред јаката смисла за хумор на свекрва ти.

    Митот за односот снаа-свекрва? Ама ич не е мит, туку чиста вистина испишана преку несреќните или распаднатите бракови и искинатите нерви на невестите. Можеби ти самата не приметуваш, ама и самата си дел од оваа вистина. Види свекрва ти како си земала на сила а уште не сте во брак. Замисли уште да требаше да живете во заедница со неа?

    Ако дечко ти навистина врска нема и прв пат слуша за ова, супер. Следно, ќе ја седнеш госпоѓа Мама па и на неа ќе и кажеш ова што нас ни го кажа. Ете, нека биде шега ама тебе не ти се допаѓаат таквите шеги. Особено па ич не ти се смешни кога ги кажува на семејни собири. Ќе и кажеш и дека си приметила дека вакви шеги тера само кога син и не е во близина. Нареден пат нека каже како не си вредна за него, пред него, па сите заедно да се насмеете.

    Да се надеваме ќе разбере дека ти не допаѓа нејзината смисла за хумор. Но, ако пак и се повтори да се измејува со тебе, нареден пат кажи и дека на следната голема дешавка, ти ќе почнеш да тераш шеги со фактот што они, добрата фамилија, не можеле да му купат стан на синот па тој пустиот мора да биде домазет, кај тебе „недостојната“. Ти реков дека сум од лошите? Е*и и матер!

    И ич да не ти е незгодно да направиш сцена пред гостите. Секако досега те сметаат за „будалата што трпи понижувања“. Биди горда да станеш „лошата снаа што ја построи свекрвата“.

    Ајде, со среќа и се надевам дека момакот нема да ја оплеска шансата.
     
    На crazylady, CameliaMiller, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  19. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    И со мене така се понаша, многу пати така низ некоја лоша шала ќе ми рече нешто што не знам дали е пецкање или само обид за невина зафрканција, или пак тотално не се замара пред мене што ќе каже зошто сум премногу добра, па си вика што сакам ќе си кажувам оваа ништо не реагира, а јас се правам дека воопшто не сум сконтала што кажала, ако ептен апла се развлече муабетот тогаш кисело ќе се насмеам само демек у реду е еве ќе се насмеам и не обрнувам внимание ко што слабо и обрнувам внимание и неа.

    Не вреди да се замарате за вака ситни работи, најдобар е игнорот, колку повеќе се расправаш толку повеќе се нервираш и си ствараш стрес, а луѓето некогаш поради тоа и се закачаат на прво место. Зошто да им ги полните душите на таквите со тоа што ќе ве гледаат нервозни и потресени кога може да не ги ставате на такво воопшто и сите обиди ќе им бидат залудни па ќе се откажат и ќе ве остават кога ќе видат дека не допира до вас во случајов јакиот хумор.

    За ништо од ова пишано не си во право. Се надевам дека си само многу млада па затоа така размислуваш. Посебно делот каде што советуваш за сцена пред гостите и дека ќе речеле лошата снаа што ја построи свекрвата. Нема така да речат, ќе речат циркуз можеби.

    И тоа што ја тераш да мисли дека размислувале за неа дека е будала.
     
    Последна измена од модератор: 22 ноември 2019
    На crazylady, Skorpija25, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.021
    @irrelevant, ич не сум многу млада. Полошо дури, не знам ни дали уште се рачунам меѓу „младите“.

    И нема тука кој е во право, кој не е. Од погоре напишаното, твојот став е „ќути си, трпи си“. Јас не би можела така. Веројатно ни членката што побара мислење, чим си го пиша проблемот.
    Секој со своите ставови и карактери :)
     
    На crazylady, CameliaMiller, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.