Не е ќути си трпи си него банално е, глупаво и паѓање на ептен ниско и никакво ниво да правиш сцени пред гости и да се брукаш себеси кога можеш два три пати да ја изигнорираш и нема да замара повеќе кога ќе нема реакција.
Расправање пред луѓе на две страни кои сеуште не се ни снаа и свекрва е крајно инфантилно. Се што се има да се КАЖЕ (не да се расправа), прво да се ,,измери,, како да се каже па во четири очи да се разговара.
@irrelevant, ти ја прочита дека провокациите траат веќе подолго време? Дека џабе игнорира, жената не престанува да се измејува со неа? Јас тоа не би трпела. Всушност, зошто да трпам? За дечко ми да ме сака? Со таа разлика што не би ни доаѓала на такви семејни собири, ако сум мета на зае*анции. Исто, @referentka, да се самоцитирам: И да се потсетиме, го кои зборови го почнав постот? Штом некој свесно се подј*бава со мене, пак и пак и пак, и мене тоа ми смета, зошто да бидам јас фината и смерната? Јас не сум од фините. Ниту имам нерви, ниту толеранција за вакво нешто. Кој има, слободно нека си тера со преќутивањето и игнорирањето. И да се едитирам, за да нема недоразбирања Под сцена не мислев на драма, вреѓање и летачки чинии, туку едноставно да возврати на „смешките“, ако свекрвата и покрај муабетот си продолжи по нејзино. Зошто претпоставувам дека од тоа и се плаши девојката, да не направи „сцена“. Aко реагира, што впечаток ќе остави врз гостите, да не ја сметаат за лоша или дрска. Епа, госпоѓата мајка баш тоа и го користи и затоа тогаш напаѓа.
Во секој случај треба да престанете да давате совети ко одма иселете се, како секој да е во можност и во секое време може да замине, подбери ја свекрвата, да кога се работи за озбилна работа ко што читав бебе не им даваат да земат или физички малтретирања враќај, викај, прави сцени, ама нема потреба за секоја ситница и глупост да се ствараат кавги, нервози и тензии. За ситни глупости игнорот му е мајката. Башка, не има секакви, може да има и лабилни личности што без размислување ќе остварат некој совет, има и доста млади и неискусни, па затоа седум пати размислете пред да дадете совет. И, пред да напишете било што, запрашајте се дали во таа ситуација вие би го направиле тоа. Ама искрено.
@irrelevant, не знам дали тоа што си го пишала се однесува на мене или општо, ама зошто се пронајдов, да ти реплицирам. За мене ова што го напишала девојката не е ни ситница, ни глупост. Баш напротив, опишала провокаторско и дрско однесување кое треба да се сосече во корен. Во спротивно, ама ич не се сомневам дека свекрвата ќе си зема се повеќе слобода, и со зборови и со постапки. Фина, културна и нормална жена која сака да има добар однос со идната снаа едноставно нема така да се однесува. Викаш треба да размислиме пред да дадаме совет. Не можам да зборувам во ничие туѓо име, освен во мое, ама јас одговорно тврдам дека стојам зад секој совет што го имам дадено на форумов. Тргнувам од себе си и кажувам што јас би направила во определена ситуација. Која е поентата да кажувам работи ако самата не би ги применила? Зошто би го правела тоа? Мислам, навистина. Еве, и мене воошто не ми се допаѓа твојот совет да ќути и да трае. Сметам дека е погрешно, сметам дека само на себе ќе си наштети ако молчи и игнорира, додека внатре во себе беснее и се нервира. Штом и смета и ја вреѓа таквиот третман, зошто да ја уверуваме дека проблемот и е глупост? Демек ова не е е ништо, на други од раце им ги земаат бебињата. Ама не заборавај, и тие ситуации може почнале вака, со „ситници и глупости“ па стигнале до тотално непочитување на снаата. Спомнуваш лабилни личности кои може да послушаат совет (мојот совет веројатно) ама во овој конкретен случај, еве, што е најлошото што може да се случи? Да и рече на свекрвата да престане со „шегите“ на нејзина сметка? Нешто што одамна требала да го направи. А ако дечкото се налути што девојка му почнала да се зазема за себе, подобро сега да го види што лигле е отколку во иднина, кога ќе дојдат децата и кога се ќе биде потешко и покомплицирано.
Прилично сум сигурна дека ова има врска. Уште кога најавивме дека ќе се селиме ни кажа дека плачела, дека не сака да си оди. Зошто ми го кажуваш мене ова жено? Син ти има 26 години, до кога би седел со тебе? Инаку разведени се со татко му, немаат скоро никаква комуникација така да... до некаде сфаќам од каде и произлегуваат дел од емоциите, ама сепак. @Nausicaa фала ти за се, ако ништо друго мило ми е што гледам дека имам поддршка, иако за жал сите овие одговори и на другите членки ми даваат слика дека митот не бил само мит Ги читам сите ваши совети и бидејќи сепак голема улога игра и карактерот (јас сум повлечена, срамежлива и најмалку од се сакам да правам драми), ќе искомбинирам нешто од сите ваши мислења, па ќе настапам на некој мој начин. За почеток, ако пак каже некоја "шега'' на семеен собир, нема воопшто да се насмевнам и да го истерам како шала, напротив нема никаква емоција да покажам и верувам дека и на гостите би им станало непријатно ако видат дека ''I don't approve the joke". Зошто до сега не сум сакала неа да ја посрамотам, па ај ќе се насмеам на глупоста. Од сега само ќе превртувам очи.
Денес речиси цел ден кујната е хаос. Еден куп садеви имаше за миење, никој не фати да ги измие па затоа не ги чепнав и јас. Свеки веќе не можеше да истрпи и на мене и јатрвата ни преговори дека од сега кој што ќе си извалка тој ќе си го измие тоа. И таа ги изми садевите. Па не сум само јас овде. Јатрвата имала деца не можела јадење да направе, не можела да чисте, а нејзината соба може секој ден да а средува, а мојата соба ќе остане хаос. Не можам да трпам веќе.
Леле. Кажи ми само, ептен немате можност да живеете настрана? Не можам да замислам да делам простор со свекрва и јатрва
Еве јас на пример на шалата враќам со шала Еве ти пример,зедовме со мм да варосвиме дома и свекор ми е такво боцкало дојде и ни велит "поарно првачиња ке варосаа од вас двајца,шо си ја мачите душата,вака се варосвит?" и јас се смеам и одма му враќам " ако беше работата да е исто варосано ко кај сите молер ке си викневме,ние сакаме собава да ни е уникатна,никој да немат ко нашава" и тој појке не зборвит
Немаме можност. Мм кога ќе се скара со нив се вели пасошот и си одам од тука, ама ете.. само зборови..
Jas pa ne mozam da sfatam kako moze da prifatite da ziveete so svekor, svekrva, dever, jatrva vo zaednica. Neli gledaat nekoi kade vleguvaat. Jas da treba da ziveam taka, ne se ni mazam.
Уште кога ќе слушнам дека треба да ќутиш и трпиш, коса ми се крева. Немам кај да заминам. Па што се нафаќаш на живот во заедница. Се знае дека таму ќе си безгласна буква.
Види....не можеш од старт да знаеш какви се. Иако во некои случаи тоа се приметува. Ама во секој случај подобро е одделно, отколку да се стискаш во една соба. Јас сакам приватност, а не некој постојано да гледа што правам.
Ајде де.. Ама на свои 17ипол години јас мислев дека се ќе биде мед и млеко... Дури сега ја гледам последицата од заедничкото живеење..
Не може да биде убаво заедничкото живеење. Тоа е факт. Колку и да се фини, некогаш ќе ти презборат. Тука почнуваат кавгите. Јас кога одам кај госпожата едвај ја трпам. Ако живееме заедно има да ја оскубам. Морав да повишам тон за да ја средам. И не ми е жал. Одиш во кујна, таа по тебе. Одиш во тоалет, таа по тебе. Стануваш од стол, таа Кај одиш. Да не може да мрдне човек. Избегнувам комуникација со неа. Секоја чест како издржувате да живеете заедно.
Знам.. Од срам да не можиш да си легниш на креветот во дневната... Па и кога ќе влезе во мојата соба без да тропне...(ретко се случува, ама СЕ случува).. Ако некоја работа не е завршена, а јас седам, веднаш лоши погледи...