1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Девојче, напрај си сериозен муабет со маж ти. Секој ден по нешти ако се дешава, се собираат работите. Подобро да си заминете додека уште не сте се искарале. Или тој нека ја прибере. Или ако те сфаќа што ти пречи, барем нека те поддржи па сама брани се. Колку подолго ќутиш, само повеќе сила ќе зема таа.
     
    На cresa-jagoda, Rose96, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  2. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    смешни ми се лошите свекрви...они нели биле некогаш снашки па да стават малку прст на глава и они се дојдени у таа куќа...не ги сваќам тие...:fubar:
    мојава вика мене така ми правеше свекрвата неќам ја на тебе така да ти изигравам
     
    На Anyshka, eta, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.134
    Пол:
    Женски
    И мојава така викаше, и уште вика ама демек на шала ќе си ги лепнеме и накрајта ќе си кажеме не се лутиме ние, разбираме од зафрканција, а ако се што сме кажале е вистина.:angel:
    Изгледа уште и стојат јадовите од нивните свекрви па сеа на снаите ќе удриме :D.
     
    На Anyshka, stetoskop, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  4. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Најголем проблем во нашава држава е менталитетот. Повеќето од тие генерации се со такви сфаќања, дека снаата се носи дома за приплод и да ја одмени свекрвата де. На свадба кога ќе слушнам "ти донесов млада невеста" ми се лоши. Па на кого ја носиш бе за себе или за мајка ти. Идат да ја бараат за после да и тријат сол дека е дојденка. Се смета дека синот е газда дома и они како негови родители имаат исто власт врз снаата. Од снаата се очекува покорност, да бара дозвола, да ги вика мамо, тато итн. И кога тоа не се случува почнуваат проблеми.

    Порано и јас мислев дека тешко е за наш стандард да се одделиш од старите, но сега сметам дека е повеќе работа на менталитет да имаш можност на страна да одиш кога ќе почнат, па што и фали сеа на снаата, па шо ќе рече народот, па ти ки го оддели детето. Снаата ко да не е дете на мајка и татко.
    Јас како женско ете се помачив да тргнам некоја пара на страна за свој кров над глава додека добивав коментари "па што ќе ти е, ќе се мажиш, кај него ќе одиш."
    А од друга страна па повеќето машки особи што ги знам не се замарале по тоа прашање пошо си знае дека он си има куќа од неговите. А начукале 30 год.
    Сметам дека ако сакаш можеш да запнеш и да заштедиш нешто, со исклучок на особи што порано влегуваат во брак па мора некое време да живеат заедно.

    Мене лично ми е хорор и 2 дена да живеам со свекор и свекрва. Навикната сум на слобода и едноставно не ни сакам да минам низ тоа да се прилагодувам на други луѓе, да пазам цело време некој да не замери нешто, да синхронизирам секојдневни рутини.
     
    Последна измена: 26 ноември 2019
    На Anyshka, lovemme, IRBBB и 35 други им се допаѓа ова.
  5. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    јас еве не ги викам тато мамо а не ни планирам зашто се знае кои ми се мама и тато тие бабскине деветини им реков не ги сакам и не ги применувам па нека се лутат колку сакаат маж ми не се буни вика како сакаш така викај ги а и тие не се лутат ми имаат кажано доволно е да се почитуваме другото не е битно..
     
    На Anyshka, lovemme, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Да, мојава исто вика така. Да не почнам јас да пишувам на темава каква е само, а мисли дека е најдобра. Тоа е уште полошо, кога човек не е ни свесен каков е. И јас мислев живеење во заедница не е тешко ако двете страни се разумни, ама сум се зафркнала. Здравје им се гледа крајот.
     
    На Mantub, hello-kitty.90, Svetoslava и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    4.134
    Пол:
    Женски
    Ова ме насмеа :D
    "Крајот" да си го поврзам со смрт или јас сум со премногу злобни мисли?:tmi::rofl:
     
    На jasbi, cresa-jagoda, Mantub и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Ме разбира мм, ми вели кажи и што ти пречи. Сум и кажувала ама од страна.. И кога ќе почне таа од сега па натаму вака и вака, и јас молчам ништо не кажувам. Тоа ми е најхолемата грешка. Што не можам да се скарам со неа или да и приречам, се си мислам грешка ќе ме разбере... После криво ми е што сум молчела ама џабе кога возот ќе замине..
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Spidy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Која глупост е свекрва да сака наеднаш да стане МАМА за снаата. Па знаат ли свекрвите дека со мајка можеш да се караш 3 саати без престан, а после тоа да се гушкаш и да се сакаш.
     
    На Anyshka, BabyD0ll, lovemme и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.492
    Допаѓања:
    7.359
    Пол:
    Женски
    Хахаха не, нека си живеат не сум толку злобна. Стан си уплативме го чекаме да се изгради :lol::clap:
     
    На eta, cresa-jagoda, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  11. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Неа тоа не ја интересира .
    Леле која глупава традиција ја имаме . Додуша мене повеќе ме иритира што родителите од двете страни не се поставени на исто рамниште. Ако вика и зетот мамо и тато наместо баба и дедо, ќе разберам некако.
    И стварно е глупо бе, кога збори и ќе рече баба ми, мене прво ми иде на памет родена баба.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, тп18 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Summer16

    Summer16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2018
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    1.358
    Пол:
    Женски
    Доколку некој сака нека ми пиши лп. Да споделам нешто. :)
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Osamena devojka

    Osamena devojka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2018
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    3.411
    Пол:
    Женски
    I mene isto
     
    На eta, Охрид88, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Абе глупо е било кога да викате мамо и тато освен своите родители.
    Со баба ми (мајка на мајка ми) се доискарав пред некое време, зашто запна дека сум требала свекрвата да ја викам мамо. Јас сум ко @Nausicaa што збореше претходната страница, не трпам глупости и немам нерви да трпам глупости, па од било кого да идат. Многупати не и замерувам на баба ми со глупостите што ги тресе, зашто е стара жената и ја игнорирам, али некогаш ме вади од такт со муабетите што мене логика ми немаат и упорно ја тупи со нив. Не разбирам како можеш да викаш мајка друга жена што не ти е мајка, ало. За мене тоа е непочит кон својата мајка, што те родила и те изгледала, едноставно несмисливо ми е, не можам да разберам со која логика тоа им го зборите на други жени во 21 век.
     
    На Anyshka, SevenHeaven, Chanell* и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    21.956
    Пол:
    Женски
    Можеби некои немаат одма услови да се одселат, постојат фамилии који имаат малу примања па додека застанат стабилно на нозе им треба време. Сега ќе прашаш ,,епа зошто се земале?" Има луѓе који не им е битна матријалната состојба, научени се да живеат во еден стан со повеќе души (нејзината фамилија) и ни на крај памет не и текнало дека може да има проблеми со свекрвата, едноставно се надевала на коректен однос со обострана почит. Други пак останале бремени иако бебчето е плод на нивната љубов сепак не било баш во тој момент планирано, се сакаат и не се земаат ради бебето туку затоа што се гледаат заедно како фамилија, но ете на почеток мораат да живеат со свекор и свекрва. Постојат еден куп примери и затоа нема потреба од таков вид на коментар, прво размислувај поопширно. Кај мене беше ситуација да ја живеам сама со маж ми, лепота. Останав бремена, иначе свекрвата од друг град па земала одмор,потоа боледување само мене да ми помага. Стварно е од голема помош да станиш и да имаш доручек,ручек, вечера па и се да е измиено и испеглано. Само тоа траеше со месеци, мајка ми не сакам да ми се плетка низ дома не па некој друг. Си имам свои ред, правила што каде стои, збеснував кога ќе видев дека шкафот од спална го има отворено за да ги стави алиштата ( на погрешно место, иначе сум ситничар )
    Фала на помошта ама посебно спалната соба е наша приватност, остави на кревет ако толку сакаш не ми отварај фиоки. Такви работи ме вадеа од памет, млада сум и голтав само се нервирав и нервозата ја префрлав на хормоноте. Вистина е дека пола збор лош не ми рекла, дека ме гушка нон стоп, се грижи да не се замарам ама приватност и мир сакам. Не сакав никој да повредам ама го кажав тоа отворено.
    Секој со својата приказна и за секого треба разбирање.
     
    На Anyshka, eta, Juicy и 9 други им се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Многу убаво напишано, ама ако условите се веќе неподносливи (многу девојки и жени тука имаат прелоши ситуации наведено) треба да се направи се во моќ за да се одделат од тој дом. Не треба да се трпат секакви глупости само затоа што се има кров над глава и некој што готви и пере.
     
    На CameliaMiller, Black girl, Ladyyyy567* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    1.144
    Па незнам кај виде дека било кого советувам дека треба да викаат мамо и тато. Напротив потенцирам дека е глупава традиција.
    Само реков ќе разберам, за тие што ја следат традицијата ама и од двете страни родителите да ги нарекуваат исто.
     
    Последна измена: 2 декември 2019
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.832
    Допаѓања:
    28.314
    Викањето мамо и тато не ми е традиција, простатилук ми е, а најмногу лице правење ми е.
    Нит те сакат како ќерка, нит ги сакаш како родители, ама ете запнале мамо и тато да им викаш, оти што ќе каже народот?!? Неле? Важно е да мислат дека снаата е послушна ( читај потчинета) па вика мамо и тато. Туф туф, како им се погоди на комшиите снаата, ги пее мамо и тато. И после кажете не е простатилук, што народ ќе се осмели да коментира дека викањето мамо и тато е нешто ного свето.

    Мамо и тато викам на мама и тато, на моите!
     
    На Anyshka, Gaga.sk, Chanell* и 31 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.981
    Се согласувам сосема со @Nausicaa

    Кај мене и мајка ми и свеки знаат да чепнат и тоа строго кога сме сите заедно. На само не ме (не') закачаат :)

    Последно се грабнаа да ни објаснуваат како веќе време за дете ни било. Вереникот и' вика "престани" на мајка му, таа не престанува, па мајка ми се надоврза.... мене ми пукна филм и им викам - мене ми е многу убаво, си патувам со саканиот, си спремам дом, си купувам козметика и си гушкам животни, немам никаква желба за дете моментално.
    И мајка ми некако незгодно ја фати, па ми вика - ама тоа е себично.
    И јас и реков - према непостоечкото дете себично? Најсебично е да родам дете, а да бидам лош родител.

    И така, еве веќе не ме закачаат.

    Одамна сум рекла, поарно ќе бидам лоша, него да ме подј*баваат.

    И ред други ситуации имало кога "ум" сакале да ни дадат, јас ги сечам вака, дм на само им пењави, а да не дојде ден он да ги пресече, зошто кај него нема поправен.
     
    На Chanell*, Mishela, Ivan4e04 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.981
    Да, ама наместо маж и' да ја брани мама цело време, ќе си спакува куферот и ќе одат кај нејзините (оти ете таа живеела хармонично во заедница).

    Никој не треба да трпи малтретирање, проблемот не е само финансиски, и до умот е.

    Како што рече некој претходно, јас не познавам маж што тргнал да печали за да има за свој дом, многу близок мој другар е баш таков и пример ми е бр. 1, нема мала плата, дома ништо не плаќа, а 1 денар на страна нема тргнато.

    Утре ако се жени, со мајка му ќе си живеат ваљда, освен ако снашка нема свој стан.

    За мене е тоа многу неразумно, пред 10 години мене и вереникот не' правеа луди што тргавме колку можевме на страна, дури некогаш и си викав може се во право, ама од денешен аспект знам дека ние сме биле во право.

    Кога си млад, можеш многу повеќе да скратиш и заштедиш, помалку шетање, помалку облека... од се' помалку.
    Кога имаш веќе деца е невозможно штедењето.

    Затоа на сите млади, што почнуваат да работат, јас им викам макар 10 евра месечно да тргнаат. Ако не за повеќе, за учество за стан ќе соберат. И многу е полесно двајцата да си имаат заштедено барем 6-7 000 евра, него да родат дете со 0 заштедено.
     
    На Ivan4e04, Skorpija25, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.