Свашта, свекрва ти е крива што маж ти незнае вода да му даде на бебето? Арно што си се вратила порано ќе ви дехидрирал синот. ЦЦЦЦЦ татко бе!!!!
пак ќе кажам не се свекрвите криви, ниту пак снаите...криви се синчињата што сакт да бидат прави ем пред мајка ем пред женичката... ако синот е доволно стабилен уште од страт ќе даде до знаење што кој може,и колку може... зошто секоја од нив ќе си влече на своја страна, ама тој е тука со убаво да им каже... значи ако свекрвата и каже нештоп на снаата таа е лоша, ако истото и го каже синот со добра намера било...и обратно.. така да за овој феномен снаа-свекрва најкриви се синовите
За првово - нема стара жена која не се фали како работела по ниви, чувала добиток, чувала деца, одела на работа и се постигнувала. Ама забораваат дека тогаш било поинакво време. Подруги биле очекувањата од жената. Денес се живее многу побрз и потемпераментен живот, технологијата е зголемена, барањата на децата се поинакви, од жената се очекува многу повеќе, има повеќе стрес, нервози... Порано биле и само обични домаќинки. Денес е срамота да си домаќинка, да не работаш нигде. Пр. Денес детето не можеш да го оставиш в двор да си игра 4-5 саати. Ќе работиш за да му купиш компјутер, да ставиш интернет, нов мобилен, оргинал патики иако можеби има само 5-6 години. А, бабите знаат да си се докажуваат која повеќе ја бивало. За мене лично малку глупава и проста работа. Делата си кажуваат сами по себе. Што има да се фалиш, па уште другиот да го правиш неспособен. За второво - Те разбирам скроз, и јас да имам дете не сакам баба му или било кој друг да му пика раце в уста, или да го чепка цело време по лицето. Не треба да се стави детето под стаклено ѕвоно, ама зошто да не го заштитам од разните бактерии и нечистотии? И се препорачува бебињата да не се фаќаат по раце, лице, сепак се нежни. Најубаво кажи и на бабата отворено дека ти пречи и зошто ти пречи, ама со убаво, без расправање. Ако не те послуша, превземи други мерки.
Уф, ми се згади само што прочитав... Искрено, сум била сведок на вакви случаи кога бабите даваат храна на бебето со прсти, а не ретко се случува бабите да изџвакаат некоја потврда храна и така омекната да му ја дадат на детето Јас да видам нешто слично да му се направи на мое дете, таа личност повеќе нема да го фати во рака
A sto da pravis ako babata t.e. majkata na nevestata premnogu se mesa vo se????? koj kaj bil, koj kolku potrosil, koj do kolku spiel, zosto zetot cel den bil vamu ili tamu??????? Ke me poludi..... dodeka ziveev so svekrvata nemav vakvi problemi, ona ne se zamarese kaj odam, so kogo i kolku se zadrzuvam, ama majka mi... saka da dominira vo se i zatoa so mazot mi se karame najveke
Зошто од ништо си правиш проблем и си допуштила на мајка ти да ти се меша во бракот ?!?! Треба да и одржиш една лекција на мајка ти да не се меша кај што и е местото за да не си правиш кавги со мажот. Една од причини за распад на бракови е кога старите ќе умешаат прсти во бракот на нивните деца.
Де бе Фиданче па мајка ти е ,седни ја и објасни и дека ти прави проблем и дека веќе кога си мажена не личи да ти се меша и да знае за се.На крај на денот мајка ти е ако треба и за`ржи малку.Ти бар можеш ,зошто со свеки потешко одат тие работи.
Јас не можам да кажам дека имам проблем бидејќи ние живееме одвоено уште од прв ден брак и тоа сме од едниот до другиот крај на градот оддалечени во буквална смисла на зборот. Имаме супер ама стварно супер однос, само што има еден хроничен ако можам да го наречам „проблем“ што не знам како да го решам. Свекрва ми е многу добра жена, предобра. Такво суштество мислам дека ретко се сретнува. Жената максимално се троши за да им удоволи на сите. Не застанува 24/7 и нема помош од никого. Дури ни дома не ја поштедуваат. Трча на работа, трча дома, трча секаде на секого да помогне, за себе не ни помислува. Пред некој ден сама качувала буре на таван, претешко, по минијатурни скалички... жена на 60 години Последно време скоро воопшто не јаде од што не може да стигне или од што е преморена и почнува да се разболува. На сите гајлето им го бере - само за себе не мисли. Пробав неколку пати да зборам со мм да ја поштедат сите, но он го прекинува муабетот (мислам дека нема влијание многу и дека му е жал зборувајќи на таа тема). Знам дека не треба да се мешам, ама верувајте ми дека ми е грев да ја гледам вака и ништо да не превземам. Мислам дека ќе почнам да плачам додека го пишувам ова. Не знам што да направам за да и помогнам.....не можам да превземам нејзини обврски, а не можам ни да им кажам на сите околу да и се мавнат од глава, дека не дај боже ќе ја изгубиме жената.... премногу брзо се троши.... Работат во иста институција со мајка ми и пред некој ден, мајка ми потресена ми се јавува на телефон, се расплака, збореле на пауза и свекрва ми се пожалила дека не може да издржи веќе, дека ќе умре.. Мајка ми ми вика: морате нешто да направите, ова е нехумано што се случува со нејзе... Не знам што да направам да и помогнам
^ Прво што ми текна на памет,е да ја растеретите жената од толку работа Велиш дека на сите сака да им угоди,а последно на себе.Епа редно е малку да се свртат работите,и вие да преземете некои обврски! Инаку,би можела и да седнеш и да поразговараш и со неа,а богами и со маж ти.
Велиш „редно е малку да се свртат работите и да превземеме обврски“. Дали мислиш дека ќе седам на компјутер и ќе си се осеќам дека ќе се расплачам и така ќе седам и ќе тажам, ако можев да направам нешто за да помогнам? Види, не сме ние во заедница, никогаш не сме биле. Тоа се обврски во нивниот дом, обврски во нивната блиска фамилија, нешто јас немам право да се мешам, а не е ни изводливо да превземам за обврска (еве само еден пример: се грижи за нејзината тетка, многу стара жена која живее сама и има и 2 деца кои не обраќаат толку внимание, па мора да оди она да ја бања, да и готви, пешки по 3-4 км.секој втор ден од што и е на нејзе жал да ја остава сама)... и ред такви обврски. Нешто кое може да го решат со 2000 денари од фамилија за да најмат жена за да оди таму да се грижи за бабата (тетка на свекрвата). Ете... такви работи гледам и немам моќ... Мм ме прекинува на секој обид за разговор во врска со нејзе... Со нејзе сум пробала да зборам неколку пати, она само вика: не сум битна јас, мене ми е добро на вас ако ви е добро. Мислам дека нема совет тука некако Јас од моја страна максимално ја штедам, барем кога одиме кај нив гледам да сработам се околу ручек, раскревање и сл.иако ретко ми одзволува бидејќи нели...сака да ни угоди да уживаме, ама јас не можам.... А и покрај тоа што ќе помогнам - тоа не е ништо...минимално во нејзиното секојдневие.
Палчица знам дека ти е грев за свекрва ти затоа што се измачува така, ама мислам дека не можете многу да ја промените. Таква си е жената, тоа ја исполнува и верувам дека се додека може ќе продолжи истото да го прави. Плус па и живеете оддвоено и ти колку и да сакаш да помогнеш можностите се тие. Знам по баба ми, има 75 години и уште се сили за некои работи, цепи дрва, па потоа ја полни рачната количка и ги реди (зимава и раката така си ја скрши), се качува по дрвени мердевини за да ја крои лозницата, сама си пере на рака (и лете и зиме), а мајка ми милион пати и има речено - Остави не се мачи, јас се’ ќе средам!, ама таа не бре, многу е тврдоглава и никој не слуша. Дури што се вика, незгодно да ти падне од соседите, ќе си речат ја измачуваме жената. Пензијата исто така целата ја дава дома, не си остава ни денар за себе, а и велиме, остави си настрана некој денар да ти се најдат за лекови, ако ти се пријаде нешто да си купиш, ама не бре неможеш да ја разубедиш, ако не ги земеш, таа утредента ќе појде во продавница и ќе изнакупи се’ за дома, ќе ги потроши. Џабе се сите разговори, сите совети, таа упорно си тера по свое... тоа им е во крвта и верувај дека такви ќе си останат до крајот на животот.
Леллеее, кај ги најдовте такви вредни и пожртвувани свекрви и баби??? Мојата свекрва мува не ја лази. Работи, за работење, да не претерувам сега, ама до толку да се грижи за сите нас - не. И ниту сакам! Си игра игри на компјутер по цел ден. Мала шала, не баш по цел ден, по неколку саати 8-9 часа на ден .Но си работи жената кога треба. Секој ден готви ручек (од вчера ручекот не го јадела): Кој ќе го јаде тоа од вчера? Зарем некој истото два пати ќе го јаде?. Така понекогаш го фрла она што сум го зготвила јас (јас готвам по повеќе - за два дена, кај нас дома не беше проблем два дена да се јаде истото) оти останало од претходниот ден „кој ќе го јаде?“ , или во подобар случај ќе го даде на некој питач (има еден секој ден ни е пред врата). Често пати ако зготвам или купам нешто - не јадат, пази да не јаделе од моето, да не ми го јаделе јадењето!! . Ние живееме заедно или не? Плаќаме половина од сметките, даваме кеш пари за потребите на домаќинството + често купуваме зејтин, млеко, шеќер, сирење, прашок за перење и сично, ама оти јас сум купила праски - не јаделе - да не ми ги јаделе праските!?! А млекото што сме го купиле со сопругот? или тоа не е исто? Затоа одлучив: не готвам повеќе! Нема врска, сега пишувам во афект. Многу се нервирам кога ќе си спомнам на последното „давање“ на храната која јас ја направив. Кога ќе ми помине лутината, ништо од погоре напишаното нема да применам - си се знам јас, не е прв пат да се налутам. Да се вратам на случајот на Palchica. Тешко дека ќе можеш да и помогнеш на свекрва ти. Таа не дека така е навикната, туку така ги навикнала тие околу нејзе. Кога син и не ја жали - ништо не може да направиш. Единствено да пробаш со свекор ти да направиш муабет, доколку е можно, ти најдобро си ги знаеш на карактер и знаеш дали муабет ќе помогне или не. Друга опција ќе биде да ги убедите да одат на одмор некаде 1-2 недели, да се одмори жената (ама и тоа е прашање на финансии и време, рече дека оди на работа). Нема многу што би можела ти да направиш, освен без влакна на јазикот да се испокараш со нејзините мрзи што ги има дома, но и тоа не е нај паметно. Секој треба сам да ги војува сопствените битки.
Да, мислам дека си во право дека она така ги научила. И на човек секогаш му е полесно да оди по линија на послаб отпор (зошто тие да стануваат, кога може она да заврши работа). А има вистина и во тоа Lolipop23 што вели дека она е таква сака да угодува и не може да седи и покрај тоа што нема толку сила (можеби тоа ја исполнува). Не знам... јас бидејќи сум човек што верува и се залага дека еден е животот и треба човек да го ужива секој ден, затоа ми е тешко што ја гледам. Не велам да се биде мрза, туку да најде време барем еден час дневно човек да одмори, поспие, пие кафе, седи пред огледало, чита книга, прошета и сл.. Едноставно мора, инаку животот ќе те изеде пред време со својата динамика. Ништо, за случајов јас колку што можам од моја страна ќе помогнам, а другото како ќе биде така. Само се надевам дека нема ова да се одслика на мене во иднина (да се очекува од мене истиот живот што го води она)...за тоа ќе се борам па макар ми било последно. Бидејќи, сега за сега нема такви изгледи, но понекогаш тие работи доаѓаат суптилно и незабележително се наметнуваат од околината, а јас сакам да помагам, но не сакам на 60 да бидам уништена и потрошена како на 90...
Палчица, навистина алал да и е на твојата свекрва. Но, како е растргана, јака и душа на таа жена... Јас сметам дека за да и помогнете треба да помине цел процес, таа жена веќе е навикната на турбо живот и иако е свесна дека тоа нејзе повеќе не и годи со оглед на годините, таа сепак продолжува со тоа темпо... Останатите очигледно се веќе навикнати на тоа и очигледно им годи некој друг да трчка за нив.... Од една страна велам ако седнеш да разговараш со свекорот, да не те сфати погрешно, односно да не биде мешање, да си сфати дека ете посочуваш дека тој може повеќе да направи и слично, па да не има обратен лош ефект... најдобро е сериозно да седнеш со твојот сопруг да поразговараш но ми е чудно како тој како син на една таква видрица дозволува сопствената мајка толку да е растргана и оптоварена со милион обврски... не дозволувај и ти, да сметаат дека истиот начин на живот кој го има твојата свекрва да очекуваат дека и ти ќе трчаш на сите страни за секого, бидејќи тие веќе се навикнати на една таква жена, а особено твојот сопруг кој растел со таква мајка, да не очекува дека и ти ќе дозволиш така да се истрошиш... не знам што да кажам навистина... но мора нешто да превземете...
Реално гледано Палчица не е твое да се мешаш нели, снашка си во таа фамилија ама и да кажеш некој збор гајле ти е ако некој ти замери зашто ти ја кажуваш реалноста-вистината. Мене не ми е јасно како мажот ти гледа што се случува и не превзема ништо. Разбирам да се има болен во фамилија и сите да помагаат а не само еден да се утепува од обврски а други да се прават на Тошо. Едноставно не е убаво и не е хумано. Таа жена нема друг близок освен свеки ти?!?! ,,Вода стои таа не стои,, затоа што така е воспитана, има чувство на хуманост и човечност. Сега почнува да попушта силата затоа што ја потиснуваат годините-староста, нервите... Не можеш ти ништо да направиш или поштедиш ако таа самата не е свесна. Можеби некој муабет може да допре до неа ама ќе се изгуби самата незнаејќи како да го реши. Ова е веќе фамилијарен проблем а не поединечен односно не се однесува само на неа. Да беа другите свесни а СЕ свесни само така им одговара да си го извлечат газот, ќе ги поделија обврските меѓусебе, арно ама ја начекале неа.....
Така е, јасно ми е. Инаку мм не сака воопшто да зборува на таа тема бидејќи мислам дека не е ни он многу моќен (друг е маж во таа куќа, нели...). Така да, низ годиниве заедно сум приметила дека и ако сака да ја поштеди добива една “по нос“ да си ја гледа работата он. Затоа еве вака кога размислувам зошто ме пресекува, претпоставувам бидејќи само го разјадувам, а џабе, он не може ништо да направи.. Порано и он ептен легачеше по дома додека живееше со нив т.е. додека не се земавме, но мислам дека со тек на време стана доста свесен, особено кога виде како буквално се стопи женава. Ама не знам... стварно... можеби она е таа што треба да пресече и да сврти лист. Јас сепак сум „дојдена“ пред некое време, а они така си функционираат 30-40 години...
Колку што можам да заклучам - жената никој не ја тера со сила да крева тешко и до толку да работи. Тоа што таа е незапирлива е нејзин проблем. Исто како што не можеш некоја свекрва да ја натераш да работи, не можеш да ја натераш и да не работи. И подобро нека работи, нека е на нозе. Ако е постара, ги има такви баби, јаки, издржливи, вредни, место што не ги држи.
lele blazesivi na tie sto se slozuvate so svekrvite , ijas na pocetokot mislev deka koj znae kolku ubav odnos ke imam so nea , ama veruvajte NIKOGAS SVEKRVATA NEMA DA JA SAKA SNAATA , NITU PAK SNAATA KE JA SAKA SVEKRVATA , mozebi nekoj misli poinaku ama vo 95% od slucaite e taka. Jas imam svekrva uzassssssssss [mod-kirilica:1gm5ckdl][/mod-kirilica:1gm5ckdl]
Само едно ќе ви кажам, со мажот подалеку од свекор и свекрва!!! Ако се може и со илјадници километри, и однос на дистанца. Повеќе не ви треба. Оти колку и да се трудите да имате добар однос со нив и да им помагате, ќе си го покажат вистинското лице кога тогаш. Верувајте ми, што подалеку и со минимален контакт, тоа подобро. Никому не му ги посакувам овие моиве, какви лицемери испаднаа... жал ми е за мажот ми што има такви родители. И се надевам, ќе даде Господ еден ден јас да бидам свекрва, ама и дека ќе имам ум да ги оставам децата на мира, а не да се пикам каде што не ме собира...