Јас сакам да успееме, зошто ние како двојка супер си функционираме, си имаме преубаво детенце. Сите проблеми и караници мегу нас настануваат кога ке се замеша таа. Се плашам дека ке ме донесе до тој степен да морам да го оставам заради мајка му.
Ова не е оправдување за да се однесуваш сурово и некултурно со другите, да предизвикуваш кавги и да провоцираш со цел да правиш проблеми во бракот на синот и снаата. Има многу напатени и измачени души кои никогаш не повишиле глас ниту истуриле нервоза врз други лица. До човекот е, не до она што го поминал во животот.
Не сум сигурна. Ама не е лошо да се праша. Знам дека ако пријавиш , тие од ЦСР ќе викаат во брачно советувалиште, ама не е лошо и тоа да се случи.
@FlowerPower Зарем мажот ти дозволи да се карате и навредувате во негово присуство без да се вмеша? Ќуташе и слушаше? Ебате мажо! Се плаши да и се спротистави на мајка му, мислам таквите се буквално учени уште пред да се женат дека семејство се мама и тато а не жената. За што си му ти, за да легне со тебе, за дете да му родиш? Каде е почитувањето? Подршката? Сигурноста која еден маж треба да и ја даде на жена? На крај каде е љубовта? Му имаш кажено дека се плаши од мајка му? Ова отворено да му го залепиш у фаца, ама не додека се карате туку смирено кажи му - се плашиш од мајка ти и затоа не признаваш дека не е во право. Муле маж, извини ама муле е. Јас мислам дека треба да покажеш дека не им се плашиш. Прво ти треба подршка од родителите твои, па разговор со мулето дека ако не те заштити и обезбеди мирен живот ќе си одиш... па искрено и направи го тоа, покажи дека ти си сигурна во намерата да не трпиш такво малтретирање. И не е во ред да ти влегува во спална, не е во ред да ти се дере дека не го чуваш синот како треба, не е во ред да те навредува дека си лоша мајка, не е во ред да ти тропа на врата, не е во ред да те напаѓа мажот ти и тогаш кога си во право... Не си виновна за лошиот однос, затоа не трпи. Оти ова само од себе нема да помине. Дали доаѓа во опција живеењето под кирија? Ова ми е некое решение за вашиот случај. Делумно се сложувам, делумно не. Јас сум за тоа да се премолчи, да се начека погоден момент па да се каже нешто што ни смета, да се одберат зборовите кога ќе се пожалиме на нешто... Стварно не сум за кавги! Ама не се трпи се, и не можеше големи проблеми да игнорираш, ниту пак можеш да си постојано трпелив и да премолчуваш... особено е ова тешко ако те предизвикуваат, те провоцират! Е откако ќе ми го уништи животот и ќе ме психички разболе, касно е за убави зборови...
Имаат забрана зошто имав проблеми со доењето и буквално неможев да дишам од неа, го пазеше од мене, ми го следеше секој чекор. Не ме оставаше да спијам да јадам. Неможев да се поврзам со детето од неа. Тоа првата недела. Втората дојдоја моите на разговор. Го изврти некако нивното доаѓање божем ми помага, а јас сум била невоспитана. заврши со кавга мегу неа и мајка ми, па истото во нејзина куќа да не доаѓале. За да се смири ситуацијата моите прифатија. Одтогаш до денес имаше уште најмалку 10 слични ситуации зсклично со вчера.
@Annath @snegulkata Да, точно и вие сте во право. Мене многу и ми е криво на секоја страна само разведени парови, со години идат се сакаат а во брак едвај 2 години издржуваат. Се заради 3-та личност. Многу ми е жал, семејства да се уништуваат па и деца патат. Моментално и помагам на млада мајка која од мене побара помош за млеко за детето Ништо нема за него. Е зошто? Таткото не го занима рекол сама расти си го? Не сваќам.. Можда сум уште многу млада или не сум имала големи проблеми незнам.. Aј батале те ме сега станав ни јас незнам што зборам
Ќе ми речат да не доаѓаат моите кај мене? ДА кај МЕНЕ и јас живеам таму и тоа е мој дом,извини ти требало ова порано да си го решиш а сигурна сум дека и твоите умираат од грижи за тебе. Итно преземи чекори.
Јас само ќе си кажам дека моево свекрвиште е тешка глупача, проста и умислена дека све знае. Никој не ја сака од роднините нејзини никој не доаѓа пошто она е " Најпаметна и све знаe ". Обожава да провоцира и да буцка за кавги, ама јас ја игнорирам и уште повеќе се нервра за тоа. Дури и многу пати сака и со мајка ми да се расправа ама и она ја става на игнор па оваа ќе пукне од мака. Свекоров пак исто грнче и капаче се. Сите се чудат како синовите им се сосем други од нив добри. Маж ми дури и деверот многу пати ми има кажано батали ги не ги есапи многу они само за кавга и лошо да направат се они сами себе не се сакаат, а не па други. Единствено со внукот се добри дури и свекрвиште премногу се умислува мајка дека е она, глупине свети од едно уво влегуваат од друго излегуваат. Со првото малку ми е криво ептен и допуштав во врска со детево ама второво нема да примириса и да изиграва мајка. Не знам како да кажам ама толку лоша енергија има таа жена што не можам да ја трпам во близина повеќе од пола саат па среќа имаме сами спрат горе и таму седам.
@FlowerPower доколку не сте во можност за под кирија или слично, разговарај со твојте да идете таму заедно со маж ти некое време. А доколку маж ти не прифати тогаш кажи му смирено, без караници, дека не можеш да живееш со некој кој не ти дава почит и подршка каква што треба да има жена од маж. Ќе одиш со детето сама и нека не те запира, а он нека размисли дали сака да е семејство со жената и детето или со мајка му и татко му. Кога ќе види дека си одлучна може ќе му дојде памет... ако не слободно барај развод и доколку постои такво нешто за пријава на вербално насилство, пријави за секој случај. А најдобро е да побараш совет од некој правник, бидејќи рече дека немате проблеми со мт освен ради неговите, дали може да се забрани пристап на родителите негови да не смеат да ти приднат ни тебе ни на детето освен мт да може да го гледа... друго чаре не гледам за твојава ситуација... жал ми е..
А што треба мажот да е исти ко мајка му?Многу глупаво размислуваш.Секој човек е посебна индивидуа,и гледа да не прави исти грешки како родителот.А од кај знаеш ти,можеби татко му го воспитал
Не мислам дека глупаво размислувам. Огромно влијание имаат родителите во воспитување и во процесот на формирање на една личност. Тоа лошо жениште го родила и го воспитувала твојот сопруг колку толку и како таков тебе ти се допаднал. Не можеш да го игнорираш влијанието колку и да сакаш,размисли за ова што го пишувам.
Читам и се растреперив и очите солзи ми се наполнија. Никој не заслужува такво психичко малтретирање, посебно не мајка што се жртвува за своето дете. Тоа е највисок степен на омаловажување и психичка тортура. Ама тоа е синдромот од кој поголемиот дел од македонските свекрви патат. Под мој кров си, и имам право да се изживувам врз тебе како сакам. Не знам каква ви е целата ситуација, но јас да сум, ни 24 саати не живеам под исти кров со такви луѓе. А таков маж, колку и да е добар, а да не знае/сака да си ја заштити жената од такви долни напади, за мене не е маж, и не заслужува да ја има таа жена. Според мене најголемиот проблем е во тоа што тој не реагира, и таа на тој начин зема поголем замав. Иста ќе беше и кај нас ситуацијата. Еднаш мојата проба да прави драми, да плаче, да глуми ама не доби поддршка од син и, па си ја сви опашката и не и текна друг пат истото да го прави.
@FlowerPower, жал ми е Место да уживаш во најубавите (и неповторливи) моменти кои една мајка може да ги доживее, ти претрпуваш трауми. Ама не е ова до кравата од свекрва, до маж ти е. Во првиот момент штом ја прекорачила границата, требало да ја пресече. Ама нееее.... Убаво кажа некој погоре, кај нас мажите од деца ги учат дека мама е семејство, сопругата е за топлење кревет и раѓање деца. За се друго- мама е тука. Аман веќе од затуцаниов металитет наш. И најпоразително ми е што бабите наши поминувале низ тоа, мајките наши исто, и ете не сега нас повторно, тотално непроменети со мизерното размислување. Луѓе ја освојуваат вселената, ние тука им се клањаме на свекрвите, за атер на мажите. Најлошото? И нашите ќерки утре ќе поминуваат низ истото. Страшно сме заглавени во традицијата. За се е крив шапшалот твој, ама за едно нешто кривицата е само твоја. Можеш да претпоставиш за што, така? Во моментот кога си се согласила дека твоите не смеат да ти доаѓаат на гости, ти веќе ја имаш изгубено војната. Од тој момент си сама против сите, и свекрвата твоја почнала да те множи со нула. Знае дека си немоќна, знае дека син и е муле и знае дека си сама и дека никој не е на твоја страна во таа куќа. Она многу паметно изиграла а ти како пеперутка си се заплеткала во нејзината мрежа. Таа забрана, родителите на невестата да не смеат да дојдат на гости е стара и многу ефективна тактика уште од времето на нашите баби и секогаш завршува со солзите на снаата и ликување на свекрвата. Епа, е*и и сега ти матер на дебилката. Уште утре твоите нека дојдат кај тебе, нека си поседат цел ден, да видат дека и ти имаш поддршка. Нека видат дека не си сама, дека има кој да те сака и кој да те заштити. И најбитно, нека им стане јасно дека имаш каде да си одиш! Сега им се може, мислат дека тоа е тоа и дека ќе мораш да ги трпиш и да играш по нивно. Почни да се заклучуваш. Почни да даваш отпор. Само да знаеш, дури во наредниве денови ќе видиш за каков човек си се омажила. Ама мораш да бидеш помирена, не сите на крај си ја одбираат сопругата. Со среќа, се надевам дека ситуацијата ќе се реши во твоја полза.
Многу добро кажано. Дури и во вакви слични случаи, мажот ја покажува својата вистинска страна, која честопати може да прерасне во агресија. Не дека треба тоа да и се случи на членкава недајбоже, но се прашувам до кој степен одат многу мажи за да ја одбранат мамичка. Мислам нема да ме изненади и такво нешто да прочитаме. Чудна сорта се овие маминиве синови.
Не може да го воспита пијана будала,туку да му направи трауми за да не е како неа .Таа не е мајка,таа е монструм.Сакала и да си оди и да ги остави децата.Не ме убедувај нешто што не знаеш.Понекогаш и таткото и роднините ги воспитуваат децата ако мајката е неспособна.
Не знам како ви е мил тој маж после се. Да дозволи родителите на жената да не и доаѓаат и јас пак да го сакам па нема шанса ако сака и последен маж на земјата нека е. Премногу слобода им дозволувате и на маж и на свекрва. Да ми рече така па има секој ден да ги канам моите да идат. Јас не би растела дете во таква заедница. Никаде не е идеално ама ова не е ниту нормален однос. Треба да бидете борбени и да повишите глас и став кога веќе мажот не го прави тоа. Следно јас би заклучила влезна врата па нека звони на звонче како секој гостин а јас ќе размислам дали сакам гости баш тогаш.
Многу ти е ограничено мислењево. Ако е ко' што викаш, тогаш наркомани, алкохоличари итн. би потекнувале исклучиво од дисфункционални семејства, а не, ко' што често е случај, од пристојни, фини семејства. Не е се до воспитувањето Многу често од дисфункционални семејства знаат да излезат фини, успешни ликови.
Некои ќе речат заради свекрва ли ќе си го расипеш бракот? И на прв поглед ни се чини многу вистинито. Но дали товарот за да опстане бракот треба да го носи една личност? Секое нешто, единка, што и да е и мајка, свекрва, што и малку ја нарушува брачната хармонија треба да биде пречекано со соодветна реакција, брачната заедница треба да си создаде свој имунитет, отпор према надворешни влијанија. Во овој случај пасивноста на сопругот го уништува бракот. Рече вие двајца супер си функционирате како двојка . Да, лесно е да се функционира кога нема проблеми, компактноста се гледа при препрека. Твојот сопруг не се снаоѓа тука најдобро, така што ти си на потег. Тој нема проблем со тоа дали ти си несреќна, потисната, нервозна... Како што рече некој погоре има искривена слика за бракот со тоа што за семејство ја смета најпрво мајка му а најважно е таа да биде задоволна. Значи тој не се плаши дека ќе го оставиш. Јас би го оставила, па после нека се размисли дали нешто изгубил или не. Незнам како издржуваш да си во подредена состојба? Да не смеат да ти дојдат родителите? Дигни глава високо и не се двоуми.