Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Здраво
    Вака живееме со мажот ми свекрвата и бабата на ист спрат. Значи иста дневна по цел ден јад треба да седам до нив . Ни слобпда ни ни приватност. Вака живеемр 1 година веќе , во последно време не можам да ги смислам ми пречат не ми се зборува а тие само седнати на кревет
    Неможеш ни нозете да си ги испружиш да одмориш во дневна . Имаме спална но во неа немаме греење.па седиме во дневна заедно 24/7 . Воопшто немам слобода ни пак се чувствувам слпбодна да направам било што. Па дури ни тв да сменам. Се чувствувам под контрола како цело време да ме глафат што правам. И малку тоа па внукот од јатрвата и него го чуваат во дневаната по цел ден .си доагам од работа ни можеш да се одмориш ни да испружиш нозете. Бремена сум веќе 7 месец неможам да трпам ништо се ме нервира и прече . Ми треба мир и слобпдна нз решение . Како да се смирам како да истрпам?како да бидам смирена ? . Чекамр да се роди бебето па да почнеме да градиме наша ќука .
     
  2. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Издржи ако имате во план да градите куќа. А доколку сакаш кажи му на мт да си купите една панелка барем за во спална, ти треба одмор и мир.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Што да ти кажам? Од почеток си знаела во какви услови се нафаќаш да живееш. Искрено не знам зошто, ама сега и онака е касно за тоа да разговараме.
    Нормално е да ти сметаат, на секој му треба приватност, поготово во толку ранлив период. За жал сега не можеш ништо освен да си го гледаш здравјето и да се радуваш на доаѓањето на вашето бебе. Ако имате можност земете грејно тело за во спалната, барем ќе имаш раат и ќе можеш да одмориш кога ќе сакаш.
     
    На PinkGirl*, lovemme, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Е добро пинкгрл кога те побара за жена не правевте муабет каде ќе живеете? Кога бевте во врска не си била кај него за да видиш како стојат работите? Како што рече членката погоре па еден панел од 2000ден во спална ќе ти заврши работа. Друго како капак на ситуацијата трудна си и каде планираш да го чуваш бебето за 2 месеца кога ќе се породиш кога немаш греење во спална? Во дневна со сите на куп? Ако чекате да се породиш па да почнете со куќа значи уште долго ќе си ги трпиш домашните во дневна. Не знам што очекуваш од свекрвата да стане за ти да подлегнеш, да си оди некаде?
     
    На Dust, PinkGirl*, MarigoldA и 25 други им се допаѓа ова.
  5. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.133
    Пол:
    Женски
    Самата си виновна за тоа ,од почетокот не знаеше какви се условите? И на нив верувам им треба приватност исто колку и на тебе , ти си дошла во нивен дом и не можеш да очекуваш да биде по твое ,кога ќе си имаш твоја куќа тогаш ќе кажуваш а вака кога доаѓаш во туг дом не можеш да командуваш и да очекуваш сите да ти угодуваат.
     
    На Starlič, CameliaMiller, Sejfullai и 2 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Гадна мајка имал малиот, она му е мајка. Да не го раѓала она?!
    Решението е да си одиш со него дома кај твоите. Мајка ти ова, мајка ти она какво индиректно потценување преку детето.
     
    На bibiiii, Skorpija25 и FlowerPower им се допаѓа ова.
  7. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    9.527
    Нема лоши свекрви, ни лоши снаи, туку синови. Најголем проблем се тие. Веќе две години имаш проблем со неа, а никаква поддршка од твојот маж кога таа те прави неспособна.

    Веќе прочитав дека 7 години претходно си идела кај нив дома, долг период за некого убаво да запознаеш.
     
    На bibiiii, Skorpija25, manako1 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    9.527
    Aко навистина се сакаш никој нема да те раздели. Во вакви случаеви каде доаѓа до развод после толку години "сакање" не е ни крива трета личност, ни пријатели на фб, ни ништо, туку самите. ;)
     
    На CameliaMiller и mssuniquee им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.706
    Допаѓања:
    38.387
    Пол:
    Женски
    Изгледа не си доживеала да живееш под притисок.
     
    На lovemme, cresa-jagoda, bibiiii и 2 други им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.689
    Пол:
    Женски
    Треба да размислувате пред да стапите во брак немојте да мислете дека љубовта е најбитна. Одите под кирија како сите млади во 21 век не си уништувај живото со баби и жаби

    Е овој коментар не ми се допаѓа 60 посто од жените живеат кај мажите дома шо значи тоа дека неможат да командата и да имаат став?
     
    Последна измена од модератор: 16 декември 2019
    На Anyshka, cresa-jagoda, bibiiii и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    9.527
    Па пак не е виновна таа трета личност, немаш поддршка и заштита од тој до тебе, а кога немаш значи доволно не те сака и повеќе е наа онаа другата страна. ;)
     
    На bibiiii и candy.cane им се допаѓа ова.
  12. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.192
    Како што разбрав членката е свесна како стојат работите, и ни дава опис и на нас. Не рече дека треба некаде да ги истера свекрвата и бабата, туку побара совет како да го преживее овој тежок период, кој верувам им е напнат на сите во тој дом. Плус и бремена е.
    Најпрво што може да направите е да си земете било какво грејно тело, да имаш каде да се одмориш, да се повлечеш кога не ти е до луѓе и муабет.
    Незнам колку е блиску до реализација планот за сопствена куќа, меѓутоа ако се работи за повеќе месеци земи си и ТВ, ако ви е класична спална соба, преуредете ја така да имаш свој сопствен дневен престој.
    Не кажа дека имаш други проблеми со нив, така да некој период може да функционираш и така па дај боже што поскоро да си се вселите во ваш дом.
     
    На bibiiii, Dalia93, Skorpija25 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.133
    Пол:
    Женски
    Друго е кога живеат само маж и жена а друго е кога живеат 10 поколенија во една дневна.
     
    На Cinnamon Bun, bibiiii, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Не можам да се изначудам кога ја читам темава.

    Добро, никој ли одовде не разговараше и не дефинираше работи додека бевте во врска? Шо правевте во врскава, за што си правите муабет кога сте сами, не ми е јасно?

    Каде ќе живеете, што очекувате од бракот, како ќе ги организирате/поделите финансиите, кој за кого е задолжен да се „справува“, (јас за моите, он за неговите, нема шо ја да се карам со мајка му или он со мајка ми), обврските по домот уште од сега е јасно дека се еднакви и поделени, што сакаме/очекуваме да правиме во слободно време, на кое име ќе гласи имот/кола, што правиме ако закрчи, ќе имаме/немаме деца...

    Абе однапред се' кажува и се дефинира се', јасно и гласно. Нема мене да ме боли глава откако ќе ставам потпис у матично, и предбрачен има да потпишам ако тоа значи барем ЕДНА главоболка помалку во иднина.

    Мене јасно ми е дека не се' иде у животот по план и замисла, не можеш се' секогаш да контролираш,точно, може кола да ме акне утре и се' да биде капут, нормално ќе има кавги и дискусии и свашта ама.... нешто од нешто бе. Зошто да си правам беспотребни главоболки и да се мажам за да живеам со уште 5 души?

    Шо очекуваш од живот во заедница, кога одиш да живееш со 2 други генерации? Мислам, со домашните некогаш на крај не можеш да испаднеш, а не па со некои таму рандом фаци.

    Стварно не разбирам.
     
    На Dust, smajlii, NEA и 46 други им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.689
    Пол:
    Женски
    За тоа си е крив тај шо тоа го дозволил и подлегнал на тоа да
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.706
    Допаѓања:
    38.387
    Пол:
    Женски
    Не би рекла. Некогаш и нервозата си го прави своето. И двајцата се нервирате во себе....трпите и трпите и на крај пука тиквата.

    А за живот во една соба, не благодарам.
     
    На cresa-jagoda, bibiiii и Skorpija25 им се допаѓа ова.
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.133
    Пол:
    Женски
    Па она самоволно си прифатила да дојде во таа куќа ,требало да си размисли пред време ,не и е никој крив.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, Annora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Miiaaa98

    Miiaaa98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    904
    Пол:
    Женски
    Пред да те земаат сите се многу мирни сите примерни , но од како ќе те земаат почнува песната а некој што не поминува низ тоа или не поминал нормално неможе да те свати пошо не си на нејзина кожа , башка она бара совет а не критики одма да и кажувате дали била свесна , за тоа дали требала да мисли пред да се мажи сите мислиме дека се мажиме за мажите а не за некој глупави жени кој немаат школо немаат карактер и незнаат да ценаат снаа и гледаат само да наредуваат го нема више тоа време "будало време" од бабини деветини


    Мислам дека треба да направиш како што ти одговара тебе едноставно игнорирајги и ич да не те интересира дали те пратат што правиш дали си пружила ноги или слично пробај и ти да си пуштиш нешто на тв да си гледаш крај краева трудна си ти треба одмор а не нервози мисли на твоето бебе пред да се нервираш не дај боже нешто да ти се деси од нервоза тебе ке ти биде тешко а не нив ..едноставно не живееш за нив и не си дојдена во таа куќа за нив
     
    На Anyshka, Fallen.Angel, Bebac и 4 други им се допаѓа ова.
  19. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Не се секирај за 30тина години и ти со свекрвата ќе си седиш цело време и ќе си се излежавате и гледате серии заедно.
     
    На moonlight-girl.55 и bibiiii им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.689
    Пол:
    Женски
    Извинете ама некој пред венчање ако каже дека му се условите такви дека ке седете со баби жаби одма знаете бе кај улевате и шо ве очекува луѓе друго е да отидете у странство после свадбата за живеење или под кирија. Ова е сам си го бараше извини на изразот
     
    На Dennings, SummerGirl и FVP им се допаѓа ова.