Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Имавме други планови да градимр спрат за нас но пропадна и и по наша одлука планираме да градиме наша ќука. Маж ми не дозволува никој ништо да каже за мене .. ме брани и секогаш застанува во мпја одбрана , но и тој вика ајдр што да правиме нема друго освен да издржижр уште некое време . Неможеме да си дпзволиме кирија бебе па плус и ќука да градме. Јас само сакам да се прилагодам на нив да не се нервирам и издржам . Само тоа , но многу тешко ми оди.
     
  2. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Одете кај твоите.
     
    На SummerGirl и bibiiii им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Направите договор. Ша и да не можеш да дменеш програм на тв тоа е секакво кршење на човечко право како мислеш да се прилагодиш?
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Со мала инвестиција приправи си ја таа спална што ја имаш.
    Некакво грејно тело, телевизор... бебе ќе ти се роди, за него треба да ја загреваш собата, а и приватност ќе ти треба.

    Што било - било, сега направи си простор за себе, маж ти и бебето во таа соба, дур направите куќа.
     
    На Meckicja, Lolipop23, snegulkata и 9 други им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Е што да прават де две баби друго. Си седат дома, гледаат телевизија и чуваат внуче каде што е топло. треба да ти станат , ти кога ќе дојдеш ?! и да станат каде ќе одат, нели само таа соба се грее.
    Да си ставиш греење во соба ти е најбрзопотезно решение. За да има каде да се осамиш и одмориш.
     
    На Meckicja, Cka, Stressed Out и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Како што те советуваа и другите најпаметно земај грејно тело, тв и приспособи си ја спалната на потребите на тебе и бебето, зошто допрва ти доаѓаат нервозите, бебе заспало од гужва се разбудило, па да го надоиш, вака рекла бабата, така свекрвата, па плачело зошто плачело, така во соба ќе си настрана и колку толку ќе си имаш мир. Кога и мт те поддржува направете си катче за вас додека не се иселите во свое.
     
    На Meckicja, bibiiii и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    9.536
    Македонците не сакаат уште не дојдена снаата и кажува дека не сака да живее со старите. Уште со она заостанато мислење дека доаѓа за него, а не да бира каде да живее.

    Имам роднини и снаата уште во врска си кажа дека не сака да живее со старите кога ќе дојде ред да се земат и дека спратот е тесен за две фамилии. Мислам немаше некој што не разбра за тоа и се разделија.
     
    На Meckicja, Skorpija25, Fallen.Angel и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Уште поарно чим се разделиле, услуга и' направиле со таков мајндсет. :D
     
    На Dust, Meckicja, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    Подобро да се разделат на време отколку после неколку месеци во брак. Ама еве како што читаме во темата кај нас не се збори ништо пред брак, тогаш се е совршено, сите глумат најдобри идни снаи, најфини идни свекрви само за да се допаднат едни на други, е ама после фамозниот потпис преку ноќ и на снаа и на свекрва им пречи нешто. Па се чудат луѓето зашто младите се разведуваат нецела година по свадба, а во врска биле со години, епа затоа од глумење финоќа.
     
    На Dust, Meckicja, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Не е до Македонците, туку до сељачаана затуцани. Не само мажите, ни жените посаглам не се. Да се посаглам, ќе си најдат и посаглам маж.
     
    На Meckicja, andrejko82, moonlight-girl.55 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    9.536
    Па и тој како навреден што сакала неговите да ги избрка посебно да живеат.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Па е навредливо да очекуваш некој да си оди за ти да живееш.
    Едно е да се понуди некој, друго е да се очекува.
    Не разбирам такви очекувања.

    Од мајка ми не очекувам дом, а не па од свекрвата.
     
    На glosipgirl, elenaxbbg, moonlight-girl.55 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    Тоа тоа.
    "Ех што ти сметаат моите?"
    "Ти мене ако ме сакаш и во колиба ќе дојдеш за мене".
    Тоа е менталитетот, кога се мажиш има јасно обележани опции, или кај моите или кај твоите. Или снаа кај моите или домазет кај твоите. Нема трето. Дури и на страна да одиш да живееш свекорот и свекрвата си се осеќаат дека сте заедно.
    Мој братучед се ожени,поради работата на сопругата отиде да живее кај неа. И откако се иселија и од таму, и во друга држава се, он е уште обележан дека е домазет. Кога зборат за него, ке речат "Ххххх што е домазет кај Ууууу. Иако не живее веќе таму.
    Чудна некоја работа.

    И мојата идна свекрва сонуваше за племенска заедница, каде она ќе биде главатар ама снашкиве никако не се погодија .
    Едната" и го оддели синот" и си купија стан, тоа беше проследено со бурни реакции. И уште не може да се помири. Со мене нема да живее ниту ден, зашто имам и јас стан, башка и дечко ми си ја среди својата куќа веќе.
    А колку беше уфилмана дека ќе живеат двете снаи со неа (на еден спрат во 4 соби), па она ќе организира која ќе пере, која ќе пружа, која ручек ќе прави охохох :wasntme:
    Која е таа болна потреба да живееш со младите, нели ти смета гужва, нели сакаш мир?
    Ретки се тие што се ок во однос на одделување. Многу ретки.
     
    На Anyshka, Watermelon96, Skorpija25 и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Јас никаде не прочитав дека свекрвата не им дава да се одвојат, ниту дека ја тера да пере и ручек да прави, муабетот беше дека на девојката и пречат бабата и свекрвата и не знам што треба да направат, да одат под мост да живеат за да не и пречат?
     
    На Meckicja и Cka им се допаѓа ова.
  15. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    Не знам за што зборуваш.
    Мојот коментар е на мислењето што е цитирано. За генералната слика во Мк по тоа прашање. Не коментирав за конкретен случај.
    Едит - За бабата и свекрвата кај @PinkGir123 имам веќе дадено коментар, прво прочитај убаво.
     
    Последна измена: 16 декември 2019
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Па пак не е проблем во свекрвите, туку во мажите, а најмногу во жените.
    Ако се мажам со дете за мама закачено, кој е тука крив?
    Јас, никој друг.

    И не викам дека никој никому нема никогаш да згреши, никој од нас не е безгрешен, ни свекрви, ни снаи, ни золви, ни јатрви, ни па нашите мајки се цвеќиња, а свекрвите лошотилоци.
    Ни па ние снаите сме совршени, а свекрвиштата караконџули.

    Ама кога живеете кај некого дома, се игра по негови правила, па до задутре да зборуваме за “ама кај мажот отишла“.
    Не, не отишла кај мажот, туку отишле двајцата кај неговите родители. Или кај нејзините родители. Или веќе не знам кај кого се` не.

    И кај нашите родители се живее онака како што нашите родители сметаат дека треба, а не како што ние сме замислиле дека треба.
     
    На glosipgirl, hello-kitty.90, Dennings и 12 други им се допаѓа ова.
  17. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    Мене ова ми е јасно, тебе ти е и на голем број членки на форумов.
    Но пошироката маса не го доживува така.Во спротивно не би постела темава со волку испишани страници.
    Тој дел, не оди кај мажот одат кај неговите родители не е прифатено како јас и ти што го сфаќаме, туку мажот и неговите родители е единство, заедно се и само им се приклучува "една снаа".
    Како што рече @Kataklinkers и навредени ќе се најдат ако само спомнеш дека сакаш да живееш посебно. И тука веќе ќе знаеш дали ти одговара тој маж.
    Ама проблемот е што поголемиот дел има сфаќања за кои што дискутираме и кога веќе ќе почнат да се гушат, ќе се бараат совети.
    Да не ги спомнувам оние хард кор фамилии каде и од дома е девојката советувана да ќути и трпи. А верувајте и такви ги има.
     
    На Skorpija25, hello-kitty.90, Fallen.Angel и 4 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Да, затоа пак ќе кажам.
    Прво е проблемот во жените и нивните мајки, кои ги учат ќерките да ќутат, трпат, траат, или дека свекорот и свекрвата нешто и' должат на неа, а потоа е проблемот во сите останати.

    И уште ќе каже некоја - моите секоја недела со кеси доаѓаат, гориво ставаат, прозори ни сменија... а овие неговите ништо не прават...

    Тоа што нечии родители сакаат да помагаат е ЖЕЛБА, а не обврска.

    Ама пак ќе кажам. Како е невестата прво и основно воспитана од дома, после се' останато.

    Оти самостојна и стабилна жена, ни еден мамин син ни свекрва можат да ја газат.

    Да се едитнам: една познаничка што подолго ја немав видено, кога се видовме скоро ме отру со свекрва и' како на детето ништо не му купувала.
    Познаничкава не е сиромашна па некој да ја сожалува патем. Ама толку да замараш мозок дека свекрвата не купила кашичка или не знам што на бебево... секоја чест. Премногу време за пасење мозок има.
     
    На Fallen.Angel, candy.cane, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Јас па не можам да сфатам како се лутат зошто ништо не им помагале. А бе ништо нејќам од нејзе. Се што значи повеќе контакт со нејзе го нејќам. А не па да се лутам. Јас дете да раѓам и да чекам она да ми помогне ко на една реклама пресмешна што беше од владата за трето дете, твоите ќе купат креветче моите количка. Ужас.
     
    На Watermelon96, glosipgirl, Puffy2019 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.153
    Допаѓања:
    221.740
    Пол:
    Женски
    Искрено, и мене не се ми јасни очекувањата, било од свекрва било од мајка, ако се даде ако се има и ако се може, добра воља океј е. Ако не се сака не се може да се даде пак океј. Ама да се тресам нервирам секој ден бидејки јас здрава права работоспособна пред се возрасна особа нели, штом сум решила да се мажам, да оформам свое семејство сигурно нема да живеам со таа надеж да ми дават.
    Се што повеќе живеете со таа надеж секојдневно дека некој треба да ви даде да ви кажам најискрено грешка правите, огормна, не сте мали деца, просто е ако се чуствувам имам и можам ќе се мажам и ќе рагам а ако седам дома со нозе у вис како што ги има а ги има и девојки и дечки и да очекувам мама да ми меси тато да ми носи пиши пропало на таков брак од такви особи.

    Не знам стварно не знам ве читам тука многу жени се надеваат, просто секојдневно кукаат се нервираат се жалат зошто не давале па требало да даваат па не знам што, на широко и на долго без притоа да си стават прст на чело дека ако сакаат да се среќни и исполнети, ако сакаат здрав брак, возрасни луѓе не треба да очекуваш, не ти треба очекување од старите за да се мажиш, деца да раѓаш, едноставно тоа е погрешно и не ти треба.
    Треба сам да засукаш ракавите и да се бориш, колку можеш сам да си створиш за да утре не ја кцаш главата како некој ти префрлал зборел наредувал... ете просто е.
    Возрасни сме, постот не се однесува не конкретен член туку на членки што ги читам постојано на најразлични теми за мајки свекрви и слично, или ете свеки требаше да даде не даде, свеќи вака свеќи онака, абе не се толки лоши свекрвите колку што вашите очекувања се лоши. Претендирате многу давате малку и сте себични и тоа е тоа.

    Јас нема да родам ако немам 500 денари за памперс, нема да родам ако не можам да купам алишта играчки и потреби на бебе мада што год и да ми рече мама или свекрвата роди јас ќе ти дадам, не нема да родам бидејки тие го поминале тоа време, сега јас сум на ред, да се отстварам и ако сакам и имам проходи год физички потенцијал или психички да родам и слично.

    Нема да чекам некој количка да ми купи или креветче, се е добра воља, на крај јас ќе си го купам и си го купив, све си купив а со нив сум одлично бидејки јас не очекувам тие да ми дадат.

    И постарите генерации сакаат мир, сакаар колку толку сретства за живеачка, па макар год у пензионерски денови и да шетат, и нека им. Заслужно, изживеале.

    И да не сакаат да дадат океј, не очекувам не се нервирам.

    А ако немам и не ми стиска нема и да ми се иска едноставно.

    А не после ќе кршам глава од ѕид зошто немам п од приватност зошто 3 генерации сме напикани у 70 квадрата, зашо свекорот рчел ипи свекрвата прднала, епа така ќе е, нормално смета, секој жив човек сака комоција и тоа не е ништо лошо.

    Ако можам ќе одам по гаќи или без ако не можам да одам не се ни мажам ќе почекам.
    Не сакам животот да ми е пекол и да немам тронка мир и спокој, најлошо да очекувам свекрвата да купи кревтче спална или стан.
    Не мора и не треба ништо да купи, купувала она сега дајте ние да купиме.

    Не може бе да живееме на нивни грб и на 35 год срамота е.

    Што викаат оди спечали ги па тогаш зборувај очекувај паѓај у несвест расправај криви дрини наместо да седиш и да типкаш или полошо да збориш позади грб кој што требал да ти купи!
     
    На kikin, emiliana, MarigoldA и 19 други им се допаѓа ова.