Затоа свекрвата мене не ме сака. Од старт се изјаснив дека со нив нема да живеам. Да се стискам во една соба, да се тепам што да гледам на тв, да се тепам за да влезам во вц....Не фала. И во однос на она - Свекрвата не ми даде....Таа му дава на синот а не на мене. А дава на едниот син, а другиот да трпи, не е во ред.
Понекогаш сакам да ја имам безгрижноста на некои од вас. Во врски сте со години, јасно ви е дека имаат две соби-дневна(читај пропаднат кауч кој се претвора во спална за родителите после 22часот) и детската на многу саканиот 30 годишен син. Ако имате среќа да е омажена сестра му или оженет братот. Во да речеме пет годишна врска вашиот сакан не заковал една шајка ниту направил план каде би основал семејство. Оп затруднувате, па веридба, па церемонии па допрва план. Па се нема пари. Е се нема. Не се гради куќа без дебела заштеда и кредит, не се купува стан на кредит без учество од барем 10 000€. Па трпите свекрви со кои до вчера кафиња пиевте. Сами си стварате блиска комуникација со свекрвата се пренемагате да им се допаднете, чиниш таа е пресудна за успех во бракот. Па после не сакате да сте више први другарки. Ама касно. Гледајте назад секогаш да имате каде да се вратите. Жена со простор за живеење, финансии и подршка од најблиските дома е жена со самодоверба. Точно, еден панел е 2000денари ама ќе ти дозволат да ставиш ако ти ја плаќаш сметката за струја секој зимски месец. Додека сте просторно, финасиски и по било кој начин зависни и сте прифатиле така ни Господ не ве оправа, а не форумов.
Ама ич не ми е гајле што туѓа мајка дава на свои деца. Ме интересира дали мојата мајка е праведна со мене и сестра ми, мажите нека си мислат за нивните мајки дал се фер или не, како мајки.
Јас сум средена во однос на финансиите. Јас не му се мешам, ама да ме прави будала, не фала. Не е должен тате да го финансира син и, за нејзиното друго синче да си го прчи. Секој своето дете да си го гледа.
Тоа е друго. Ако ништо од него не бараат, а даваат на другото дете, тоа не е твој проблем. Ако ти се мешаат во финансии, е тоа е веќе проблем. Јас ни ме интересира мајка ми/свекрва ми кај потрошиле свои пари, ни па мои им давам, ни па отчет им давам.
Да се надоврзам само и оваа изрека често ја читам и сретнувам свекрвата не е дужна да дава на синот и крај на крај на кој сакам ке дадам дали на едниот дали на двата сина или ни на еден
Уште земала да кажува на што треба татко ми да ги троши неговите пари. Нека си гледа за неа. Да беше жива мајка ми....партали ќе ја направеше. Ич не сакаше такви покондурени кокошки. Не е во ред да се делат децата. Отсекогаш сум била против тоа. И на крај ќе бараат да ги чува оној што го оставале да трпи.
И јас сум протв тоа да се делат децата Сакав да доловам ситуацијата дека неможе да се мешаме у некои други ситуации како шо не сакаме ни они нас да ни се мешаат
Јас се умешав затоа што она на мене ми го направи истото. А за живеење во заедница строго против. Имам чувство дека некогаш не се согледува ситуацијата каква што е.
Значи не смее да се меша ни во твои, ни во на твоите финансии. А ни ти нема што да замараш памет дали ги делела децата. Таа прави како што мисли дека е најправилно и можеби греши, ама глеј си ги своите деца и гледај како не треба. Кој што си сеел, тоа и ќе си жнее.
Сфатете ме како сакате, ама јас не би дала ни денар за нешто што не е мое. Да купувам панелки, да правам кујна, да опремувам соба...не фала. Па ако треба да се селиш ќе треба да се тепаш за да ја извадиш кујната. Се и сешто имам видено. Само подалеку му е мајката. Ручек чат пат и доста е. И строго на дистанца. Муабет од култура и чао пријатно.
Така е, меѓутоа конкретно за членката, неа ќе и е многу подобро ако си има приватност и мир барем во таа една соба што ја имаат. Да купиш панел не е проблем, бидејќи после можеш слободно да си го земеш и да го носиш каде сакаш.
Се уште не сме во брак со вереникот, но за два месеци е свадбата. Уште сега од преголема блискост со идната свекрва почнаа да излегуваат проблеми. До сега не сум морала никого да трпам, а таква сум не можам да бидам фина со некој ако од срце не ми доаѓа. Не можам лице да правам на никого, ми делува вештачки и грдо. Алал да и е на идната јатрва, секој ден таму седи со старите. Нејзиниот вереник работи во странство и си доаѓа ретко. Ама ајде тие си градат посебна куќа. Ние ќе бидеме во истата но на друг спрат кој е при крај со подготовки. Завчера ја избегнував свекрвата. Останав таму да преспијам и седев во другата дневна. Таа ме повика со нејзе да седам јас одбив културно. Само што си заминав за Штип избила караница дома кај нив, зошто јас така сум правела и што бил проблемот. Вереникот кажал се, буквално се што му имам кажано, со намера да ја реши ситуацијата. Истата вечер јас седам, учам за колоквиум и ми ѕвони свекрвата и ми плаче, ми се извинува, како ќерка ме сакала, не знаела како да ми се доближи, требало да сум поотворена кон неа.... Јас немав ништо против неа, се додека не почна да ми врши притисок да ја споделам веста за бременоста што побрзо (демек за мое добро) , а уствари сакаше што побрзо да се пофали на колешките. Потоа почна да ме критикува заради начинот на исхрана, бидејќи не јадам овошје и зеленчук (имам алергија на сите овошја освен цитрусните). Викендот бев со вереникот да ја посетам баба му на село што живее... Свекрвата и таму се и сешто изнакажала за мене, какво дете ќе било тоа ако јас ништо не јадам, многу сум била тврдоглава, не сум го јадела нејзиниот ручек... Дури и искоментирала членови од мојата фамилија, дедо ми бил терсене, татко ми одбивен, чичко ми скржав... Бабата сама си ја издаде ќерката. Па уште кога почна да ме споредува со другата снаа ( идната јатрва).. Таа скоро дипломирала, често ја посетувала, и носела лекови, била многу пристојна и мила... Мене уште не ме знаеле каква сум ме чекале да се покажам.. Епа ги разочарав, таква сум каква што ме гледаат, во споредба со другата снаа која е глумица, со мене барем знаат на што се. Ги читав мислењата тука, ќе ја трпам додека биде готов спратот. Потоа ќе се дистанцирам малку. И вереникот вели дека е досадна бидејќи постојано форсира подготовки за свадба. Ни се смееја кога бевме за бурми, рано е.. Вчера мене ми пишала да одам да се договорам за покани.. А не знаеме ни во колку часот ни ништо... Но ќе издржам, нема да и глумам едноставно ќе замижувам...
А што има таа да ти се меша за покани? Не биди како мене. Од старт и ќутев и маста ми ја вадеше. Подалеку од такви.
Многу си ставаш при срце. А и хормоните од бременоста си го прават своето. Си поосетлива. Опушти се, не слушај рекла казала. Прави како тебе и на вереникот ви одговара. Сите други се небитни. Нека си зборуваат.
Само на дистанца со такви. Не знам како не сфаќаат свекрвиве дека и за нив е подобро да нема зближување претерано со снаата. Па побогу, све бива утре, син и те одбрал тебе и ти него, она нема удел никаков во ништо, само таква ти се паднала и ќе ја почитуваш. Доволно и е. Знам како ти е од слушање на селски муабети, ама треба да си безобразна и да ги баталиш сите, а и тоа не иде. Почекај спратот и продолжи си на дистанца, и ако сака да се меша нешто во свадбата или општо кажи му на маж ти да ја сече од одма. Од искуство, ти ако им кажеш нешто контра на свекрвчињата колку и да викаат дека те сакале како ќерка, ќе видиш во такви моменти како ќе ти се накострешат. Се преку маж ти. И свиркај си, и мојава вика бебето вегетаријанец ќе било зошто не сум јадела бел леб (???), па кусури ли да и фаќам сеа.. Биди си културна и терај си како мислиш.
А што правиме со оние родители кои ја бркаат снаата од новата куќа во која живее без нив ? Спојлер И јас уште од старт си кажав дека не викам ни мамо ни тато ... 7 години врска , кажано дека не сакам да живеам со неговите родители , дека не сакам да се вракам кај моите родители, дека ако еднаш напуштам дом не се враќам таму повторно . Во последните 5 години новиот дом беше уредуван од парите на сите нив . Беа уредувани соби ( може да се каже и цел спрат) за кои уште од старт се знаеше дека ќе бидат празни подолго време. Уредувањето беше со проблеми од типот кои бои за ѕид да се изберат за дневна, каква маса да се купи, какви столици ,каква гарнитура ... Притисоци еден куп , за на крај мм ( тогаш ми беше дечко) да заврши 15 дена со тахикардија и панични напади . Во тие 15 дена имаше и други притисоци дополнителни кои долеваа масло на огнот. Се смири ситуацијата , ме изненади со прстен и од тука почна и инатењето со мене . Прстен ставање на соц. мрежи не дозволија бидејќи ќе доаѓале гости да им честитаат а прво сакале да направат голема веридба со зурли и тапани. Така и беше ... јас и тој се договоривме после нова година да правиме веридба бидејќи немаше потреба од брзање. На тоа изглегоа многу проблеми седнавме заедно со родителите за да се договориме па почнаа тие на тој датум не е тука овој а тој датум се пости на тој датум не смее , датумот што го предложија мене ми рано бидејќи моите поминуваа низ тежок дел од животот па после триста проблеми дојдовме до заеднички датум. После тоа моите а и јас не сакавме голема веридба со музика и имавме мали измени околу гостите. Јас бев кај неговите за да им го кажам ова и добив куп навреди дека јас сум никој и ништо , дека моите треба да му кажат а не јас , дека јас сум била курир . Не провоцирав само со гласно плачење ги замолив да престанат да прават проблеми и на тоа добив скокање за да ме нападни физички . Да не беше дм и мајка му тогаш нз што ќе се десеше . Со плачење пред нив го прашав на дм зошто планира иднина со некој кој неговите го сметаат за никој и ништо цело време од дм имав заштита и подршка, им кажав на моите таа вечер беа премногу бесни но ги замолив да не прават проблеми. После тоа јас добив трауми и 3 месеци не се појавив кај нив дома , после веридбата си останав кај моите и ни тогаш не одев кај нив се до месец септември . А до тогаш се изнаслушав коментари како не сум одела , страмота било ,комшиите ги прашувале за мене. Свадбата беше крај на октомври оваа година имаше провокации премногу но успешно пробувавме да ги игнорираме. После свадбата се преселивме да живееме сами во новата куќа, имаа слобода да доаѓаат и не беа нападни но секогаш имаше премногу провокации кога и да одевме кај нив или кога и да дојдеа. Пробав да ги игнорирам на провокациите и индирекно се поврзав со бабата на мм. Жената одсекогаш беше на моја страна јас имам многу почит кон постари лица и имам навика да им носам сок или нешто благо , за дознаам пред не цел месец дека на бабата и фрлале и и криеле се јас што ќе и донесам ... Доаѓаме до идеа со мм да ѕидаме тераси да не ги навредиме неговите ги повикавме мајсторите кои работат кај нив , за на крај да ги шета по сите соби без да се сецне дали е чисто или дали можеби имам долен веш во корпата за перење или спружени за сушење. Ништо не кажавме на тоа ... По разговор со мм одлучивме да одиме 1 неделно за да се поштедиме од проблеми . Овој викенд бевме кај нив уште на самиот влез почнаа со провокации од типот да се бакнеме се немаме видено 1 недела па почна темата за терасите за на крај да добиеме одговор дека ќе летаме од таа куќа и двајцата, дојде до вербален контакт меѓу нив јас се обидував да ја спуштам тензијата за на крај да почне да ми се дере и да чкрипе заби по мене , скокна повторно на мене иако бевме далеку ... иста случка како пред веридбата , ми кажаа да си одам од таа куќа дека е нивна и дека ние за ништо не се прашуваме , дека не сме биле способни за нешто да и направиме а и ако сме сакале не сме можеле пошо не дозволувале... А маж ми 5 години секој денар го има потрошено таму. Јас сум немала право на збор пошо само кревет и две штици ( плакар ) сум однела... А и самите знаат дека не е тоа точно последниве 2 години активно со мм купувавме заедно но не сум тип што се фали по други па ми е ради тоа заборавено . На крај си кажав дека кога ќе си замини син му и јас ќе си заминам од таа куќа. Јас реди него живеам таму. И повторно добив дерење и тупорење ... Среќа ништо не ми направи мене .
Нема што да кажуваме ние. Маж ти тоа треба да пресече, или е негова куќата или не е. Ако не е - пат под нозе. Ако е, нека им објасни да ви се тргнат од патот затоа што ќе ги екскомуницирате, па комшиите фамилија нека им бидат.
@lovemme, немам зборови, навистина. Жал ми е за се тоа што го поминувате. Страшно за тебе, ама уште повеќе за маж ти, кој којзнае низ што поминал додека живеел со нив. Таткото треба да се пријави во полиција па нека скока нареден пат да се тепа. За совет, тоа горе што го пиша @CameliaMiller. Ако не е на име на маж ти, тоа е тоа, пакувајте се и градете си ја иднината на друго место, подалеку од тие нелуѓе. Ако е, хе хе хе. Еден убав среден прст за двајцата па или ќе се однесуваат нормално или немаат повеќе син, па кое повеќе им чини.
Девојче... на мака си,чек не разбрав,свекорот проба физички да те нападне? и ти помина преку тоа?!?!?! Нз каков совет да ти дадам,затоа што очигледно си во ок односи со мт,ама па тој како реагира на сево ова? Вие бе луѓе ќе се разболите со вакви притисоци константно,ако имате шанса бегајте од местото каде што и тие вложувале.