Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Куќата не е на име од мм . И некни си кажа свекорот дека до последно ќе е на негово име...
    @Stressed Out ме брани ... се караат и него физички го нападна , но заразлика од мене доби некој удар .
    Тешко детинство има мм ...
     
  2. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Вие сте ја згрешиле работата уште одамна,тој ги знаел какви се и сте се нафатиле на градење нешто што не е на негово име и тие да имаат удел...бегајте колку што ве држат нозе,знам дека ви е криво за парите што сте ги дале ама мирот и спокојот немаат цена,па уште и го удрил,абе зошто воопшто уште контактирате со тие луѓе,баталете ги скроз,ти викам јас здравје ќе изгубите,стресот,нервозите ќе избијат еден ден после касно е,спасете се со време.
     
    На Dust, Meckicja, emiliana и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Тешко е да игнорираш кога работите одат кон полошо.. Исто така во вашиов случај немате многу избор , сте вложиле, сте средиле, сега не е толку едноставно да си одите.. Мора да разговарате со сопругот.. да решите како понатаму ... со старите нема разбирачка...
     
    На buba4e89 и candy.cane им се допаѓа ова.
  4. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.126
    Веќе 2 месеци живееме сами. Немавме проблеми никакви со неговите ептем се современи ама решивме дека е време да си имаме свое. Најдобра одлука во животот! После ова никогаш не би можела да живеам заедно особено не со деца и секој да ми се меша и да ми изиграва родител на моето дете. Совет од некој што ги проба двете страни заедница не ако сакаш да осетиш дека си во брак со мажот а не со уште 3-4 души. И самата слобода да станеш кога сакаш да си викнеш кого сакаш и да легнеш кога сакаш вреди повеќе од било што.
     
    На Dust, PinkGir123, kikin и 33 други им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    И баба ми така ме советува, за име на бебето, ако предложеле да биде име од свекорот или свекрвата да сум молчела, ако ме прашале како сакам, да сум речела кумот како ќе кажел.
    Исто такс ме тера да ги викам мамо и тато. Жалам, јас имам само еден татко и имав една мајка, не може оваа жена да ја замени мојата мајка.
    Ако ги слушам советите на баба ми јас треба да молчам и да трпам и постојано да ме контролираат свекор и свекрва.

    Е мало морген.

    мајка ми така си патеше од баба ми, јас не планирам. Ниту пак за било што би им се покорила.
    Еве денес ми ѕвони свекорот се договорил некако јас задутре да полагам на факултетот во Гевгелија, наместо тука во Штип.. Пробува свекрвата да ме донесе дома порано за веридбата (во четврток е планирана).
    Но јас им реков дека прво требало да ме прашаат дали можам да одам кај нив во Гевгелија кога тие ќе посакаат. Им реков да се јават кај треба бидејќи ќе си полагам тука во Штип кај што треба. Свекорот тука воопшто не е виновен, свекрвата го има терано да среди работа. Додека зборував со него ја слушав како цело време му суфлира што да ми каже, овој не ми кажува, а таа упорно му вели : кажи и дека може и денес да дојде наваму, прашај да одиме да ја земеме ако нема со што да дојде итн...

    Се изнервирав бидејќи требало прво да ме прашаат. Ете баба ми на ова би рекла: молчи и трпи за да не те вратат, но татко ми вели: седи тука и не отстапувај од своето, штом имаш колоквиум во четврток, ќе одиш кај нив после колоквиумот.
    И во право е. Не смеам да дозволам да почнат да управуваат со мене. Како тоа без да прашаат ми средуваат работи, демек сакале да ми угодат, а уствари ги мачи дали јас на време ќе стигнам во четврток вечерта од Штип до Гевгелија... Полагам сабајле рано. А нема ни цели 2 часа возење...
     
    На Lolipop23, kukla21, Skorpija25 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. felisitas

    felisitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    1.192
    За тоа име на дете по свекор и свекрва, кумови, мамо тато да им се обраќаш истите совети и јас ги добивав и тоа од моите родители. Требало да се врткам околу старите, она ако работела нешто јас да сум преземела.... Мислам што сум јас сенка на свекрвата или имам и моја дневна агенда. И самите некако си се поставуваат инфериорно. Не ми се верува мене.
    За од баба ми советите да не ги спомнувам, истите овие од моите родители плус тоа и да сум со го скратела јазикот оти секој ден устата ќе ми била крвава. И тоа ми го кажуваше баба ми што беше доминантна во бракот со дедо ми.
    Дали се овие совети здрав памет и разум? Како можеш да советуваш некој да е потиснат цело време?
    Разбирам почит, како родители на маж ми имаат должна почит, и секогаш ќе сум тука за помош и за моите и за неговите. Ама мојот живот да се претвори во филм да се покажам на свекрвата е нешто многу лудо.
    Јас со навршени 30 години, оформена личност и со веќе свој правец во животот да се подредувам на свекрва???
    Здравствен работник сум, работено со секоја класа на луѓе, и верувајте и покрај оние што отворено кажуваат вакви ставови, и тие што се декларираат како либерални и современи потајно во себе очекуваат покорност и да се прашани за се.
    Тек мислам нашите генерации веќе ќе бидат нешто друго кога ќе остарат.
    Животот би бил мн убав кога секој би си ја гледал својата работа и не им дише на другите во врат. Кога не наметнуваш ништо повеќе ќе добиеш него ли да се прчиш со замисла дека си некое височество.
     
    На Lolipop23, Skorpija25, 1209 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885

    Потполно се согласувам со тебе. Почитта е друга работа. За почит добиваат од мене секако. Исто така и културно однесување во секој момент, но глума и лице правење не. Ниту пак обиди за да им угодам.
     
    На Anyshka, felisitas и Bebac им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    Ниту ги викам мамо и тато, ниту ќе ги викам. А знам дека би сакале, ама не смеат да писнат. Свекорот е злато од човек, ама цел живот под команда на свекрвата. Го жалам. Ама госпоѓата запна ако имаме женско дете да се вика по неа. Сакаше дури и презиме да смениме. (facepalm) Јас и кажав дека друго презиме не доаѓа в предвид....а за име поарно ќе го ставам од татко ми (женска варијанта). Ама по неа дете никад не би крстила. Некои свекрви не сфаќаат дека не можат сите да ги командаат. И дека ова не е старо турско. (facepalm) Многу е битна поддршката од родителите.

    @Fallen.Angel не попуштај...оти црно ти се пишува. Мене татко ми ме советуваше да не и ќутам. Ама јас сакав да бидам добра од почеток и се зафркнав. На секој му треба приватност. Да си имаш слобода. А не да даваш извештаи зошто манџата си ја ставила да се готви во 4, а требало во 2. Две жени во кујна не бива.
     
    На Anyshka, crazylady, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    А зошто градевте а куќата на негово име? Се префрла местото пред да почните со толку голем зафат. Искрено не знам што да ти кажам. Вие не сте изиграле паметно. Сега срушете ја куќата без да знаат тие и одете си. И што да ти кажеме кога свекорот те нападнал физички а ти преминуваш преку тоа?
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    А што се чудите за тепачки? И јас добив закана од госпожата дека ќе бидам истепана ако не ја слушам. Секакви будали има. Гледајте некако да се спасите. Ако сега ви прават проблеми, што ќе биде кога ќе имате дете???
     
    На Bebac, cresa-jagoda, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  11. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    3.371
    И јас ко Дузи, искрено ако ја зачитам некогаш темава, се чудам што уопште читам у пм.

    Проблемот кај нас не е дека се нема за настрана под кирија да се седи. Проблемот е што стариве, за синовите нормално, градат уште по спрат, два, или соба, една, две за да си седат сите на купче уште кога синовите им се по 10 години. Синовите одгледани со мамичка ќе ти донесе ѓаќи после туширање и ќе ти го тргне тајнирчето од биро кога ќе се најадиш, пораснуваат зависни за општи животни функции од мамичките. Па нормално дека никој на 25 години така израснат нејќе да се раздели од мамичка и од спратот што му е даден зашто се родил со куре во животот нагрешка. И нема што тој да штеди и да заработува. Поготово пак ако не мрдне на факс во друг град и не се осамостои малце. Е од такви мажи да бегате одма, никогаш нема да се оправат и тоа според мене не се мажи реално. Не пак да се мажите со такви и да стварате фамилија со нив, секогаш ќе бидете вие под мамичка, зашто колку и да се трудите, мамичка му го има бришано гзот многу подолго од вас.
    И најјак ми е моментот со тоа дека свекрвите ви биле фини пред веридба и мажачка. Абе кој го заболе колку се фини, јас си се познавам себеси дека не трпам луѓе и готово. И Исус да ми е цимер, ќе ми смета реално некогаш и ќе се спукаме.
    Затоа, немојте да ќутите, најлош совет е тоа што секогаш го добивав од жените во мојата фамилија, зашто и они трпеле и не смееле да зуцнат, секоја среќа што сум карактер на татко ми, кој секогаш ми викал обратното и фала му на бога што сум имала еден асален родител кој прво го гледа здравјето и менталниот склоп на детето, а не што ќе кажат другите. Татко ми е сметан ко многу пргав и тежок човек за комуникација, тоа од идиотите во фамилијата што ги имаме, али за мене е најфеминист од сите луѓе што ги знам. @Fallen.Angel , од сите глупости што ги наброја што ги слушаш од останатите, јас би ти рекла да си го слушаш само татко ти што ти вика, мажите се општо побистри со логика од жените.
    Мојата свекрва си е фина, простичка додуша, али фина жена која го има научено мм да е работлив, упорен и самостоен уште од мал и сум и многу благодарна за тоа. Но, не живеам ни во ист град, а камоли во исто живеалиште со нејзе и иако се поштоваме, не би одбрала да живееме сите среќни заедно никогаш.
     
    На Anyshka, Dust, kikin и 34 други им се допаѓа ова.
  12. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    ИЗРИКАВ! :D:D:D
     
    На kikin, cresa-jagoda, NEA и 11 други им се допаѓа ова.
  13. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.925
    Допаѓања:
    60.678
    Пол:
    Женски
    @moonlight-girl.55 Девојко респтект за се напишано...секоја чест..:rock:
     
    На cresa-jagoda, moonlight-girl.55 и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  14. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    81.972
    Пол:
    Женски
    Мм на 20 години започнал да ја гради ќуќата со неговите . А јас го запознав кога имаше 25 тој а јас 18 ...

    Јас оваа пролет бев во шок не ни верував што не снајде.
    Знам дека волкот влакното го менува а карактерот не , но реков има срам и нема да му се повтори ...
     
    На crazylady и katce patce им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Јас ќе си имам проблеми со свекрвата... Почна да ми се меша за невестинскиот фустан. Ме тера да го шијам негде во Гевгелија кај што таа ќе си шие фустан за свадбата. Гледав на фб шивачката е катастрофа. Фустаните мизерија... Некако бедни со лоши материјали, лоша изработка.. Не само тоа туку ако се согласам ќе ми се меша во фустанот, ова да има, она да нема.. знам каква е...
    Ми вели зошто во Штип да шиеш кога после нова година ќе си дојдеш кај нас, нема да имаш предавања, нема потреба да одиш воопшто за Штип. А јас секако ќе си одам и нема да ми е проблем за 2-3 проби на фустанот. Не сум до толку скржава, ќе ставам гориво и ќе ме носи некој или ќе одам. Поубаво се осеќам тука во Штип кога со некој јас ќе се договорам и знам дека убаво ќе ми биде направен фустанот без нејзино мешање.. Таа веќе има наумено и земала парчиња материјал од нејзината шивачка за јас да сум одберела. И кажала дека во петок ќе одиме да се договориме за фустан..
    Шивачката и кажала најмногу до 250€ ќе кошта. За цена супер е тоа, тука во Штип ми бараат 400-500-600, зависи кај кого, ама гледам квалитетни изработки, а кај таа шивачка во Гевгелија тоа е бедно...

    Океј таа нека си шие.. Си нашла фустан во Солун ама бил околу 150€ па се сликала во него и ќе оди да и го шијат за поефтино. Не верувам да и излезе како што сака, но нека штом е толку ситничарка и сака ефтино да помине не и се мешам.
    Видов каква свекрва ќе имам уште кога разбрав дека на синовите им зема дел од платата затоа што им помагала кога граделе. Подобро кредит да земеле... Му вели на вереникот, не ми давај овој месец пари што ми должиш и тие нека ви бидат од мене за злато за идната невеста ( за мене ) ...
    Не знам што да кажам.. воопшто не ми е дојдено до никакво злато, не сакам да ми дава и после да кажува и да се фали. Ниту пак ме интересира колку и должи вереникот, не се мешам во нивните фамилијарни работи, ама ме запрепастуваат некогаш..
     
    На Bebac, cresa-jagoda, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  16. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Значи браво ! Ко во мозокот да си ми влегла, истото го зборам на другарки цело време ама никој да ме сфати...
     
    На crazylady, princess5, vitamina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.494
    Допаѓања:
    180.516
    Земи купи си го сама невестинскиот фустан и никој нема да ти се меша т,е вереникот нека ти го купе не свекрвата и тогаш нема да ти се замеша никој
    многу ви е газот под кирија даден и нормално оти ке си зема за право свекрвата да се меша
    да се разбериме не подржавам тоа шо се меша само кажувам шо е решение да не ти се плетка
     
    На Rebecca_R, SummerGirl, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    2.651
    Те читав доста време во поддршка за оние што сакаат да забременат... Честитки на веридбата :) Инаку, мислам дека луѓево сакаат да ти угодат, да ти олеснат, покажуваат наклонетост - но многу нападно и сето тоа изгледа како исфорсирано, како да управуваат со тебе, а може и ти си малку сентиментална сега заради бременоста. Јас сум во одлични односи со сверква ми, како мајка и ќерка сме - совет од мене: не се труди да бидеш фина, труди се да бидеш оригинална, да бидеш тоа што си и не го криј тоа што ти пречи или те мачи, верувај и тебе и нејзе ќе ви биде полесно од типот фала за кројачката, немало потреба да се мачиш, но јас веќе знам каде ќе шијам и не ми е проблем за фустанот да одам до Штип неколкупати итн итн :) Со среќа и да не те читаме веќе во темава <3
     
  19. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.608
    Допаѓања:
    53.045
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel можеби нема лоша душа жената, можеби е само таков карактер,наметлива да речам.
    Еве јас како функционирам со свекрва ми, за да не се замериме. Ќе запне женичката за нешто, ќе речам не знам, да видам и маж ми што ќе рече. На него ќе му кажам дека нештото што го сака мајка му не доаѓа во предвид. И ќе и каже тој на неа. Нема јас што да се замерам со неа, а синот што и да и рече таа нема да му замери,затоа што и е син.
    А за венчаница за да не ти се мешаат, плати си ја сама, тој оделото сам нека си го плати и мирна глава. Кај што не дава пари свеки, не може да се меша
     
    На Dust, cresa-jagoda, Lolipop23 и 12 други им се допаѓа ова.
  20. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски

    Јас стварно не разбирам како тоа некој станал физички да те нападне од еден муабет,кажуваш дека маж ти те подржува каде бил за тоа време?
    Дали можеби бил испровоциран свекор ти од тебе за да стане и физички да те нападне (мада и тоа не го оправудвам,никакво насилство не оправудвам и не подржувам) само многу ми е чудно да некој така се однесува во ова време.
    Во врска со куќата тоа треба мт да разговара со неговите родители и да го реши проблемот околу имотот.
    За тоа шетњето по соби ваљда некој им дозволил, сигурно не ја обија вратата за да влезат и свртат еден круг низ вашиот дом.
    Сепак мислам дека треба еден разговор со нив со кој ќе се разберете на што сте.На крај краева ако не оди како што вие сте замислиле,заедно ја напуштате таа куќа.Знам дека не е лесно тук така да се напушти нешто што се градело со голем труд и љубов,но раатот далеку од секојдневни несакани ситуации е бааѓи поголем.
    Во секој случај ви ја посаквува целата среќа на овој свет.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.