Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    72
    Точно така се сложувам со тебе. Што подалеку тоа подобро.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Точно е дека во 95% случаеви бидејки со постарите генерации само господ на крај може да излезе и никој друг.како новиве генерации доаѓаат да станат свекори и свекрви ви гарантирам со глава дека овој процент драстично ке се менува.Вчера бев на свадба кај мој најдобар другар во Јурумлери кој го сакам и ценам како брат и кој го женеше синот единец на 20 години а да биде истата судбина и он се ожени на исто толку,снашкава е врсник со син му и е трудна ке се породи околу крајот на Октомври што значи родителиве на 40 години ке станат свекор и свекрва.Живеат во ист спрат на куќа од околу 70,80 квадрати.Од она што ми го кажуваат разбрав дека односите со сватовите односно родителите на девојчево им се феноменални,односот на девојчево со жена му на другар ми се буквално како мајка и ќерка,малава ја вика мамо,свекрвата ја вика сине и сега за сега да не ги урочам се сакаат како мајка и ќерка.Што ке биде понатаму горниот знае но сега за сега е перфектно.Девојчево сега само официјално се пресели зашто пред тоа откако одат со детево живееше долго време тука на етапи.Кога сакаше се вракаше дома.Дури и дел од париве што ги добија децава се согласија да ги дадат за да ги платат порцииве што искрено ме изненади позитивно исто како во конзервативните средини кога сите пари ги ставаат на куп без разлика чии се.Се на се многу позитивно и се надевам дека ваквите примери нема да бидат реткост во годините што следуваат.
    Има уште еден пример како свекрвата и снаата живеат како мајка и ќерка и тоа од постарите генерации. Овој пример беше прикажан на Алфа ТВ во емицијата Во прво лице на Ирена Спировска каде две жени од Велес се пример за сите како треба да живеат и сложуваат свекрвата и снаата.Инаку тие имаат семеен бизнис работилница за производство на торти и колачи а во Велес биле најдобрите за таа работа.
    На крај кога ќе се анализира што е предуслов за нормални човечки односи без разлика во каква врска се луѓето одговорот е само еден:ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ.

    Модератор: Не испраќајте неколку мислења едно по друго, користете го копчето РЕДАКТИРАЈ.
     
    На bickag му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Браво за темава......Доста интересна и многу комплицирана за дискусија.... :^)
    Не сум мажена,имам сериозна врска од 4 год.....Како што доаѓа времето се повеќе сум убедена дека во бракот ќе имам доста мешање од страна на свекрвата.Таа е човек што сака сите да ги контролира,па и до кај некаде успеала во тоа....Јас сум воспитувана во многу современо семејство,без многу предрасуди и малограѓанство,додека пак тие се нешто сосема спротивно.За дечко ми не би рекла дека е баш таков,меѓутоа и тој е од нивна фамилија и е воспитуван од нив,така да......
    Тие се луѓе што мислат дека тие се знаат,дека тие тоа што се се нешто нај нај дека треба да се живее така како тие мислат и се што дели од нивното размислување не го прифаќаат,а не се нешто посебно...Обични луѓе се,не се интелектуалци,земјоделци се и така натаму......
    Јас сакам мирен живот исполнет со слога и разбирање......
    И друга битна работа за темава: снаата никогаш нема да биде сакана од свекрвата,НИКОГАААААШ
    Еве еден предлог,ајде да земеме пример од нашите свекрви како тие живееле со нивните свекрви и дали се сакале...... :D Поздрав!!!!
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    нека си ги сносат трошоците,штом сакаат,ти не се замарај и не си ставај на душа толку.....Свадбата е 6 саати,одма поминува.....После следува најбитното во животот......
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ако си во старт убедена со ова твое мислење тогаш и никогаш нема да се сложиш со свеки ти.

    Ако сакаш мирен живот, направи си го, самата си го креираш животот
     
  6. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Се сложувам Славица со тебе...Бицкаг тоа не е точно...Има различни жени...Добри и лоши свекрви...Јас мојата многу ја сакам...И знам дека ме сака...Од моите свекор и свекрва гледам само убаво, и грев ќе ме фати да направам разлика од моите родители...Ок.родители се родители, тука нема нема споредба, но овие двајца се прекрасни луѓе и се исто така родители на мојот сопруг.
    И сметам дека е многу битна работа да се погодат свекрвите, бидејќи читајќи ја темава, наидов на реални проблеми од страна на феминките со нивните свекрвици.Среќна сум што таков проблем немам.
    Но исто така е многу битен и односот на сопругот.На мојот сопруг на прво место сме јас и бебето што го чекаме, па после неговите родители, брат му , моите родители па и се друго..Поздрав до сите
     
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
    Извини ама твојата свекрва нема основно образование а од таквите и будалите бегаат.Немој да ги генерализираш работите затоа што секаков народ шета по земјава и затоа сите луѓе не можат да се стаат во ист кош.Ти викаш дека никогаш свекрва не може да сака снаа?
    Јас со овој пример ке ти го докажам спротивното а ако не веруваш можам и лично да те запознаам со жена колешка од работа која има близу 60 години но жена на место максимално цивилизирана што требаше да стане свекрва на потенцијалната снаа која беше во врска со нејзиниот постар син 4 години но синот не сакаше да се ожени со неа а кои беа причините не знам.Откако раскинаа со нејзиниот син а нема ќерка колешкава не можеше да се помири со тој факт затоа што ја сакаше девојкава бетер од ќерка и девојкава кога да дојдеше на работа на посета кај потенцијалнава свекрва двете се гушкаат како да не се виделе со години.Замисли девојкава се омажи со друг,синот си најде друга која е ок но не како првава а овие две како пријателки сеуште контактираат скришно на мобилен а понекогаш и се гледаат на кафе!На само колешкава еднаш ми кажа:Jас имам пари и финансиски сум моќна но мене ми треба човек дома а не само човечка фигура.А девојкава материјално беше од сиромашна фамилија но карактерно беше многу скромна и домашно воспитана а затоа толку многу беше сакана од колешкава. Затоа не е во ред да се каже дека свекрва и снаа невозможно е да се спојат.Може да се каже дека во 90% е така но во останатите 10% односите се одлични а како доаѓаат идните години со промена на генерациите тие 10% постепено ќе се зголемуваат.
     
  8. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Драга моја,и самата кажа дека има и добри и лоши луѓе.....Можеби неможам да ви ја доловам баш ситуацијата.Кога човек ќе го искуси на своја кожа можеби подобро ќе ме разбере.Јас во основа не сум тип на човек што запаѓа во конфликти со останатите,има ситуации кода ке си премолчам нешто што ќе ме навреди,меѓутоа не сум вратила со толкава мера.Со оглед на тоа што женава сеуште не ми е свекрва си дава за право да ми каже многу работи в лице,што сметам дека не би требало да си дозволи,значи се оди до тој степен што се коментира дали ние нешто што сме направиле дома таа го оправдува или не......
    Дури и за одредени работи сум увидела дека и ми е завидлива....На пример за моето вработување......Несакам да испадне дека оговарам,се разбира дека во име на љубовта спрема мојот дечко и би ги прифатила работиве.т.е карактерот на женава.....Интересен ми е форумов и ете едноставно сакав да споделам со некој.....Да видам и др ситуации,се разбира и по некое советче:)
     
  9. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Мојата свекрва пак е ептен фина жена. Единствено што мене ми смета на моменти е нејзината желба се да биде перфектно и под ред. Нити јас ниту маж ми сме некој перфекционисти и на моменти навистина знае да ја претера и да не изнервира. До сега и немам преречено ништо од причина што знам дека сето тоа е без некоја задна намера или желба да ме навреди. На пример знае да ми каже дека лимонот не се сечи хоризонтално ами вертикално кога правам лимонада, или дека марулата треба да ја кладам цела во сендвич, а не да ја ситнам, да ми го израмни чаршафот на масата да биде рамен од сите страни до милиметар. Знае и да ми го пререди плакарот по боја, откога јас еднаш си го имам наредено, а и секогаш кога одиме некаде на некоја свеченост сака таа да му одбере на мажот ми што ќе носи. А да, и многу сака да сме во исти бои, нешто што јас најмногу мразам. Секогаш се мора да биде со план и да се знае однапред, кога ќе се оди некаде, каде ќе се оди, кој што ќе носи, и кога ќе се вратиме. :lol: Мене ова на моменти ми е смешно на моменти ме нервира ама тоа е. Не би да бидам разлигавено детиште и да се жалам само, оти и навистина ни помага многу. Се на се имаме коректен однос, сигурно и јас правам некој работи кои неа ја нервираат ама ете за сечие добро си се прифакаме такви какви што сме. :lol:
     
  10. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Се тешам што со дечко ми имаме убава врска,исполнета со љубов и разбирање.Меѓутоа животот не е само љубов,со оглед на тоа дека треба да живееме во заедница со нив,би имало и кавги.Љубовта поминува и се еден ден треба да се сведе на разбирање и слога.Да не ги затвараме очите пред вистината.Многу бракови се растуриле поради свекор-свекрва......
     
    На GretaGarbo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Како што кажа ова и не е нешто трагично,ама знам дека ете некогаш ти пречи :@ Јас секогаш велам дека прифатливи се оние работи кои што не се злонамерни.......Позз до тебе и да знаеш дека не е единствена свекрва ти таква.Имам пример од една блиска личност чија свекрва е неподнослива во тие работи.меѓутоа е жена со многу добра душа....
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ме интересира дали по визити гости, кај заеднички роднини или пријатели одите заедно со свекорот и свекрвата или посебно со мажот, посебно си одат тие?

    Или зависи каде конкретно одите...?
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.964
    Допаѓања:
    123.553
    ^ Моментално,бидејќи живееме заедно,на прослави,гости ако сме повикани заедно-одиме заедно .
    Кога би се одделиле,мислам дека би оделе посебно,нема потреба заедно . Вака,некако ми нема смисла еден по еден да одиме :?:
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Посебно, ретко кога е некоја свадба на блиски кога мора и таа да оди или некој друг повод па си ја водиме свеки (немам свекор).
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.569
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е никаков проблем да одиме заедно на заеднички прослави-и свеки и мајка ми ги водиме со нас.
     
  16. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Тоа е најбитно што го имаш со дечко ти, и главна цел да ти биде и понатаму бракот исполнет со љубов и разбирање.Ако го имаш тоа немаш гајле...Ќе си прекутиш нешто што ти смета, ќе викаш ок и на нешто што не мислиш дека е, а мудро ќе си ги тераш работите по твое.Сепак реков мажот ја игра најбитната улога.Тој ти е сепак тебе најбитен.Умен и паметен маж може лесно да се справи со проблемот мајка-жена.Искористи ја живечката во заедница во твоја корист.И игнор на некои работи на свекрва ти...Секој проблем има решение.
     
  17. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ме фати свеки вчера под рака и директ во продавница, да сум си одберела што сакам за роденденот. Изборот падна на суќна и плетена блуза, а после тоа во аптека, па и таму ми ја плати сметката! Ејјј, и апчиња ме частеше :smoke:
    Ете, баш е фина мајката на мојот сакан :d:

    Колку да не биде дека само се расправаме со свекрвите :wasntme:
     
    На bittersweet, Bozica1980, girl1985 и 3 други им се допаѓа ова.
  18. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Супер,секоја чест за нејзиното однесување :)
    Славица,не се сложувам со тоа дека ако јас сум убедена дека нема да се сложам со свекрвата дека тоа ќе биде така.едноставно некои работи сум ги искусила.Многу ми било в лице " Лупнато",сум премолчила,сум попуштила ама незнам до кога може човек да премолчи и да подголтнува.Има луѓе што не се замараат и си тераат по свое,јас неможам да поднасем кога некој ќе ме навреди мене и мојата фамилија.Има многу многу работи што ми ги кажала што в лице,што зад грб,што меѓу редови......
    Ние не сме биле баш домаќинска фамилија,зашто сме немале пари на страна.Јас секогаш ќе сум била подолу од нив зашто тие мислеле на печалба и за иднината оставале на страна......
    Јас само и одговорив додека тие калапеле под перница пари ,мојата мајка инвестирала во моето образование,за кое што мислам дека е најдобра инвестиција....Поздрав и секое добро!!

    Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Како прво има разлика од муабет до муабет а како второ, девојче бре сеуште не си влезена како снашка во таа куќа а пред рака носиш заклучоци. Јас не знам што и како сте вие карани или сте си плеснувале муабети во фаца и затоа така искоментирав. Од кај знаеш, кога ќе влезеш во таа куќа можеби ќе се сменат работите (иако тешко знам, откако ќе паднат тешки зборови, секогаш ќе се паметат и ќе треба време да се прости) и ќе го почитуваат изборот на нивниот син.
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    А ова зависи САМО од идниот и` маж, така да, нема потреба од предвреме карање, треба само со време да почне да го „кова железото додека е жешко“ ;)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.