Устата да ти се познати,кога би можело ова да го прочита и разбери мажот ми би била пресреќна.....Позз
Што сака ќе прави и како сака ќе се облака, ни на мажот, ни на синот а посебно не на тебе треба сметки да ти полага. Не ми се верува што ви се мота во глава, срам да ти е.
Од вакви заостанати жени си патиме.Излезени од 15ти век,кои гледаат турски серии.Ти изгледа си љубоморна на снаа ти шо е модерна и шо не дупи жива сила.
Мислам за ова треба нова тема да се отвори, нешто во стилот Свекрва ми е многу своеглава и модерна, како да ја демодернизираме... или нешто... Џизс Крајст, проблеми на 21 век
Значи, за ова имам пишувано во некоја тема... И потполно се согласувам. Свеки не ни носи ручек, безобразна е..... Ахаха Бог да чува. Напрај си, крај краева ако не ти се прави - порачај си. И така натаму... Милион примери. Респект.
За свекрвите што незнаат за доста и незнаат за граница најдобро решение е игнор, јас имав таков случај за мешање буквално во се и пробав и со добро и со лошо на крај јас секогаш испаѓав виновна и откако ја ставив на игнор веќе незнае што да прави, ќе почне нешто да соли она памет јас и викам ОК добро и после си терам по мое, што претходно и се спротиставував увидов дека нема ефект. Само игнор и уживајте.
Ако чекам свекрвата да ми направи ручек, има да цркнам. Гледајќи ја како ги прави јадењата, одма ми се гади. Толку нехигиенска жена не сум сретнала. И јас бев еден период добра, па маста ми ја вадеше. Никој не рече дека се должни да помагаат. Ама ако детето е во криза зошто да не му помогнеш ако имаш. И тогаш не мораш. Ама кога ќе западнеш во постела ќе си останеш со прстот во уста. Нека те чува оној што си го тинтрала. А не е секогаш така, за жал. Таквите што добиле се, бегаат од одговорности. И нормално, мама и тате се обраќаат кај запуштеното дете. Ама тоа мало сутра кај мене.
Со мојата се во добри односи - модерна е и тоа мн - да ја види некој не верува дека има толку години и внук. Знам дека ако ми треба неш - можам да ја побарам во било кое време и ќе ми помогне. Како и секој човек знае да напне - ама и мајка ми напнува, па и јас некого напнувам - тоа не значи дека е лоша. За помош финансиска немаме од никој - сами си купивме стан, сами си правевме свадба. И моите и неговите си донесоа поклон - толку од нив. Не ни очекувам. Знае да се фали ова купила за малиот - она купила за син и ама таква е - не можам да ја сменам. Ако нејзе тоа ја исполнува - нека се фали. Од првиот ден живееме сами - никогаш не сум била во заедница. Уште кога бевме во врска тоа се договоривме. Ја почитувам како мајка на сопругот и двете некако избегнуваме конфликти. Иначе не ми помага ни по дома ни за дете - живееме и во различни градови. Доаѓа само на гости - се најавува па макар и пола саат пред тоа и толку. Еден совет од мене до тазе мажените или тие што одат натаму - пазете што ќе кажете - се ќе се употреби против вас во иднина. Свекрвите не ви се другарки - со другарка ќе се искараш и ќе раскрстиш, со неа цел живот нешто ве поврзува. Не зборувајте за брачни проблеми или за проблеми со вашите.
Јас мислам дека ќе бидам лоша свекрва. Ни да ме чепкаат ни да ги чепкам. Сами нека си бираат невести и нека не кукаат после. Кај мене еднаш неделно ќе се собираме семејно на ручек да си бидам синови внуци. Собиранка исто за празник. Со маки ги гледам и знам дека ќе дојде време кога ќе сакам да имам мир. За тоа се тие години. Помош од мене кога ќе можам да пружам слободно ќе добијат. Тоа како ќе се облакаат ако сакаат по гаѓи нека шетаат мене тоа ни ме засега ни ми е битно ни ќе дозволам да ме боли глава. А па што ќе ми смени или што ќе добијам ако снаата се облекувала или не се облекувала пристојно? За правење ручеци додека се под мој кров ќе правам кога ќе донесат жена сигурно нема да им готвам и носам секој ден и да чекаат од мене. Нели способни се да се самостојни епа нека се. Ручек кога ќе зготвам ќе ги поканам да дојдат сите заедно во спротивно дали ќе јадат или ќе гладуваат нивно е. Епа да лоша сум и свекрва и мајка и се.
Така и треба. Секој да си ја гледа својата работа. Јас сум рекла....ако дојде време да се женат, сами ќе живеат. Ако треба и под кирија. И одма добивам коментари од типот - Што ако нема услови под кирија? Јас им одговарам - Нека се снајде. Прво треба да мисли пред да се жени.
Јас,здравје Боже,еден ден ќе бидам свекрва и си велам на себе си-Мартка како им е убаво така да прават,за помош сум тука,за договор исто така,сакам да му е убаво на мојот син и снаа,а не да ги раскарувам и да им земам дете,така ќе страда никој друг него-син ми.
Мајка, душо, рано си почнала да мислиш на станување свекрва. . Да не сум офф топик....Едно време не ја разбирав реченицата “Никој туѓ не сака”, но откако ми се роди детето, се уверив. Додуша, не ни очекувам да ме сакаат, барем да ме почитуваат поради синот и сега поради внуката. Но, нема ни почит. Само лицемерие. Ми се смачи......
Богами,здравје само рано е,ама си се навикнувам и си размислувам,додека имам време,за неколку месеци ќе прооди па ќе немам баш многу време,вака додека е помал да се преслушам.И знаеш што си мислев,дека нема да го терам све да му се петки,ама услов за запишување треба сите петки нели?Ама не знам,се мислам сам да оставам се да прави,ама срце мајчино дали ќе ми даде?Како и да ти си пред мене,ќе кажуваш искуство.
Снаа и свекрва не може да се сакаат. Снаата секогаш е натрапник. Да не речам...безгласна буква во куќата.