Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    По оваа логика и свекрвата е во иста позиција. И таа дошла, не се родила во куќата.
     
    На Anyshka, LucyLu, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Дали снаата ќе се осеќа како натрапник зависи од однесувањето на свекрвата.
    И, не се сите снаи добри а свекрви лоши.
    Има и мамини галенички кои многу очекуваат а малку даваат во односот со свекрвата.
    Релациите се поставуваат на почеток.
     
    На dunika, Sofi.ja, Meckicja и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Кој може да ѝ каже бе кратко не се носело?
    И 10 и 20 и 60 години да има, секоја жена има право да носи ТОА ШТО САКА.
    Кој маж која свекрва бе, авторитет сум си самата на себе и мојот збор за мене е закон.
    Ако некој му смета како се облакам може комотно да се избрише од мојот живот.
    А ти немој само со стравопочит да живееш према маж ти, затвори се дома, чисти им, раѓај деца, миј ги нозете на свекрвата (буквално миј ги), треси му се на маж ти како ѕвонче и ептен убаво ќе си живееш.
    Ќе си имаат еден РОБ дома кој ќе го мафтаат како сакаат.
    Ебати 21от век со ваквите ко вас.
    Ај стариве, издртеле со мозокот и не можеш на стари години да ги опраиш, ама ако омладината продолжува по истиот пат и не мења ништо..уште дооолго време ќе си живееме ко во Турско.
    Опрајте се :!:
     
    На emiliana, cresa-jagoda, Meckicja и 8 други им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    38.459
    Пол:
    Женски
    Коментарот мој се однесуваше на снаите. Свекрвите мислат дека како што они ќутеле на времето, така треба и нивните снаи да прават. Па не е ова старо време.

    Јас коментирав за добри снаи, а лоши свекрви. Кои што мислат дека со тоа што се свекрви го фатиле Господ за м*да и патосот го бришат со снаите. А пред синот се лизна мазна. Штета што некои мажи не се освестуваат на време.
     
    На cresa-jagoda, crazylady, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Вистина и свекрвите се често проблематични, и синовите се често мамини мази, но најголемиот проблем е во снаите. Никој не не тера со сила да се омажиме баш за тој кога го гледаш каков е. Нит се менува нит покажува желба да се смени. Епа кој ви е крив. Не се сите исти без гајле. Како една што имаше пишано наназад, имам проблем со свекрвата, а јас сум толку добра, маж ми ми дозволува да носам кратко. И дозволувал. И кој е крив сега, свекрвата? Граници не знаеме да си нацртаме.
     
    На anaja1, SuperGirl24, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.269
    Допаѓања:
    189.653
    Ама кое ви е тоа старо време? Баба ми и дедо ми, се земале околу втора светска војна, на село живееле, секој женет брат се делел и си живеел башка со својата нова фамилија (жена, деца). Е сега некому и свекрва се паднала ама зборот ми е, и во толку старо време, луѓе сами живееле. А овие свекрвите што ги зборите, се кладам повеќе од 50 немаат. Значи родени во 70 ти минатиот век, втора генерација во повоената Република, во средно информатика учевме.
    Сакам да кажам, никој не го видел тоа старо време, тоа може во турско така било. Сфаќањата ќе да се проблем.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Kaetana и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Баба ми буквално со маж и' стан купиле сами да живеат. 1 минута со свекрва и' нема живеено.

    Ама не постои црно бел меѓучовечки однос.
    Жими таскава што се снаиве за греота, само свекрвите лоши, се мешале ѓоамити.
    А вие не им се мешате: на кој син колку дале, кое внуче колку чувале? Колку за себе трошеле, не помагале? Што е тоа?

    Вашево држи вода само и само ако живеете под свој кров а некој трет ве умара, чим се уселиш кај некој (да, и маж ви треба да си оди, ако има осет за вас и за мајка му, не само да драпа ма*иња) ќе се пее негова песна и тоа е тоа.

    Ни кај вашите родители не правите што си сакате, кај туѓи родители па ич.

    Не е снаата туѓа, туку чим синето се жени, сите сте туѓи, цело тоа семејство е ново и туѓо во тој дом.

    Да бидам искрена, во моја куќа, тешко дека кој било ќе услушам а ми се уселил.
    И те како ќе биде по мое.
    Ако не му чини - рамна Југославија, најди си поарно.

    Не се криви ич свекрвите.
    Мажињата, уште што не се одбиле од ци*ка, со нив мака си имате.
     
    На anaja1, candy.cane, andrejko82 и 24 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Ова твоево има логика ако свекрвата дошла на готово, ама ако сами направиле куќа / купиле стан? А вакви свекрви знаеш колку ги има споредбено со снаиве кои ем сакаат на готово, ем сакаат да шефуваат. Се знае, своја куќа, свои правила...
     
    На SuperGirl24, crazylady, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    38.459
    Пол:
    Женски
    И тоа како држи вода моево. Да живееш посебно и некоја да дојде да ти соли памет, не е баш ок. Со такви само безобразлук. Не би рекла дека е до мажите. Очигледно не си доживеала.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Па нема ни да доживеам да ти кажам право.
    Ако ми дојде свекрва ми, мајка ми, сестра ми, девер ми дома КАЈ МЕНЕ, и ми оправа криви дрини, може да си оди слободно. И очекувам мажот да е тој што ќе и' ја покаже вратата, како што јас на мајка ми би и' ја покажала. А ако тој и' дозволи да ме вреѓа, да ми се оправа... не е до неа, до него е.

    Е кај мајка му дома, нејзини правила почитувам, ми чинеле или не. Како си мисли она - така. И кај мајка ми дома исто.
     
    На 1209, cresa-jagoda, Meckicja и 18 други им се допаѓа ова.
  11. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.081
    Колку заостаната нација сме...Жално.Вакви глупости нема шанси да слушниш на запад,не мислат нас крапинци.Се знае ,секое дете си се сели од дома на 18,19 години,си живее само.Ако им кажеш дека живееш со родители,те гледаат како нешто да ти фали.Но кај нас сиромаштијата и традицијата не дава таква слобода и нормални сфаќања.Одма се почнува-за кого правевме куќа,кој ке не гледа,леле сами ко кукавици не остаде синот,цел живот се мачевме за него,ништо не видовме за да му направиме спрат.Те прават виновен ако си одиш да си раат.Пак женско да се исели пред да се мажи! Охооо,трагедија ќе е .Видете ја ,собира во станот мажи,дома и ги брука,ќе се разболат од мака,кај се роди кај се запусти.......Со еден збор-ТРАГЕДИЈА СМЕ и уште 200 години ќе бидеме исти ,минимум!
     
    На Anyshka, Lovely22, thequeen95 и 40 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Како не е до мажите бе? Тој ќе и каже со убаво ако не со убаво и ќе и викне ако треба. Седи си со мамино лигле и после мајка му е крива.
     
    На cresa-jagoda, tina2018, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    38.459
    Пол:
    Женски
    Ако маж ти не и ја покаже вратата ќе мораш ти. Некогаш и до тој степен доаѓа работата.

    А што дека сопругот на другарка моја и вика на мајка му? Таа пак си тера по старо. Нема лек за такви. Само да се помириш со тоа.
     
    На Anyshka, Milobebence и Cherry333 им се допаѓа ова.
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @SummerGirl,
    ама баш тоа е проблемот
    Ти ќе и ја покажеш вратата, а тој ќе ти ја покаже на тебе.
    Да не се лажеме, не е проблемот во свекрвите, во мажите е.
    И повеќе е од јасно дека многу жени преќутуваат, зошто не сакаат да го дознаат одговорот на „Јас или мајка ти, бирај?“. Длабоко во себе ја осеќаат вистината. И затоа и си молчат, зошто знаат во кој правец се наоѓа вратата.

    Е сега, следното прашање е, дали вреди да се остане во брак со таков маж амаааа...полесно е свекрвата да биде крива.
     
    Последна измена: 16 јануари 2020
    На Dust, Ladybug98, Milobebence и 13 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    38.459
    Пол:
    Женски
    На кој како му одговара. Имам слушнато коментари од жени - Не можам да се разведам. Што ќе правам?. ....Како што ќе прават? Ќе најдат друг кој ќе ги цени. Па не вреди да губиш нерви заради безобразни. Да немам свој живот заради свекрвата, мало сутра.
     
    На cresa-jagoda, bibiiii, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Не работат никаде, не ги поддржуваат родителите, нема каде да си заминат.

    Затоа така зборат.
    Не е еден случај таков.
    Се плашат зашто има се закануваат мажот и свекрвата дека ако си замине и детето ќе и го одземат.

    Не сите родители си ги поддржуваат децата.

    Жално, ама вистинито.
     
    На Dust, Milobebence, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @SummerGirl, така е, ама за жал, во некои бракови сопругот доаѓа во пакет со мајка му. Ако сакаш да бидеш во брак, ќе мора да ја трпиш и неа. Затоа и прашувам, вреди ли таков брак?

    Не зборувам за други ситуации, туку стриктно за оние каде свекрвата ја ждере снаата, ја провоцира и ја понижува, синот се тоа гледа и е свесен, ама ништо не прави да си ја заштити невестата.

    А нормално дека не вреди да губиш нерви. Си го „зачувал“ бракот пред очите на комшиите, ќе те зборат со сожалување дека „уффф, многу се намачи таа од од свекрва и“, ама на крај, што? Еден живот имаме (леле, ко песна некоја ова муабетот) а најголемиот дел ти си го поминал несреќен и тажен. Е*ате бракот.

    На мажот арно му, мама му е тука до него, има жена да му го грее креветот и да му раѓа деца, а сопругата нека лапа розеви апчиња, од што и е најубав животот.
     
    На Dust, Milobebence, 1209 и 18 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Прво не се влегува во брак со некој од кого треба да бараш 'дозвола' за тоа како да се однесуваш и што да правиш, и мајка му ја прашува за секоја прдешка.
    Второ, ако си веќе во брак со таков, не склепваш 10 деца.
    Трето, ако си веќе со 10 деца, и си во таков брак, го мрднуваш газот, наоѓаш работа, и му кажуваш на маж ти: 'Или ние, или мајка ти.'
    Четврто: Ако одговорот е: 'Мајка ми' - паковаш деца и партали, и си одиш од таму.

    Никој нема да ти ги земи децата, освен ако не те прогласат за неподобна мајка (Психички растројства кои онеспособуваат, запоставување на децата, физичко и психичко малтретирање на децата итн.)

    Нека не ве плаши непознатото, ако познатото е пекол.
     
    На WarriorAngel, IRBBB, Amellie13 и 33 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.726
    Допаѓања:
    38.459
    Пол:
    Женски
    И родителите ќе ти речат - Сама си крива. Не знам само зошто некои трпат. И јас трпев ама ми пукна филмот. А свекрвите ги гледаат снаите како ривалки. Снаите синот им го земале. Они мислат како порано што трпеле снаите треба и денешниве снаи да трпат. Во комшии кај маж ми жената си ги зема парталите и си замина. Ама она не чекаше од мажот да и купи гаќи. Сама заработуваше. И уште заработува. Има жени што седат дома и ништо не работат. Јас не можам така. На мене свекрвата ми рече - се знае жената за што е. Да седи дома и да раѓа деца. (facepalm) До кога жената ќе се третира како роб?

    Имам во фамилија таков пример. Иако живеат одделно свекрвата маста и ја вади на снаата. А она мирна како бајче. Не сака да се кара. И нормално свекрвата си зема се поголем замав. Гледа на секој можен начин да ја понижи снаата. Не ми е јасно зашто? Си лечи комплекси? А истата таа немала ни свекор ни свекрва. Мене жал ми паѓа за жената. Се и сешто има по светов. И мојата свекрва еднаш проба. И дозволив некои работи и отиде предалеку. Оттогаш си доби следовање. И ја покажав вратата.
     
    На Anyshka, cresa-jagoda, Spidy и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Ќе прават така и после кога ќе чукне саатот за на оној свет-Те молам снао да ми простиш?И да прости човек или да заборави?
     
    На LucyLu, Milobebence, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.