Ако он не и' ја покаже, може да си остане со неа или да си оди со неа. Да не им сметам во мама бебе односот де. ДО НЕГО Е.
Па и не се само свекрвите проблем. Има и безобразни баби...да не речам тешти (ако добро се изразив). А и золвите се некој вид на свекрви. А замисли дека маж ми остана со мене откако и ја покажав вратата на мамичка.
Затоа и реков дека не е важно кој е, во мојот и неговиот дом никој не може и не смее правила да кажува. Исто важи за сите, како за мајка му, така и за мајка ми.
Јас стварно не разбирам со што се' се соочувате. Свекрва ми ко да се "плаши" од мене. Во најмала рака се плаши од фактот дека ќе се скараме и ќе му наштети на синот. Па се понаша ко секоја нормална жена, баба на внуче. Ме нервира некад ужасно со некои муабети, ама ме нервира и баба ми, и другарките знаат да лупнат нешто, ама до понижување и малтретирање да дојде, нема што да дозволиме. Моќта е во ваши раце. Вие бирате дали ќе си дозволи некој да каже нешто, или ќе продолжи да кажува. Имате уста и достоинство. И да и тој, ама и вие. Мажите не сакаат драма што жените ја бараат. Или можеби грешам, не знам. Некој тренд дамнешен, сите сакаат жртви да глумат, колку они работат дома никој не ги почитува, па и гледам на работа исто, па која од која пожртвувана.
Жени дајте ми совети како можам да ги игнорирам провокациите од свекрвами страшно ме нервира а несакам да му возвратам а на секој збор само ми префрлува моабети за моите родители , "Како не требало многу да сум ги сакала моите понастрана да сум била од нив , ми ја спомнуваат секогаш мајками и нејзината грешка зошто се премажила Другите невести биле нај вредни бла бла ... дека ако мажми и да ме удри тоа не е ништо маж бил мора да ја удри женаму " И на мажот многу му седи на глава да не сум зборела многу со мојте само нив да ги гледам истото ми е веке цела година Имам проблем со забременување и немам редовна менструација и недава да се оди по лекари ако даел господ ке даде нетребало многу по лекари да ссе оди многу се меша меѓу мене и мажми демек цела сум била болизлаа цело време ќутам ама веке ми е преку глава пошто и мажот ја слуша и ако му кажам нешто него вика во право е мајками за се била во право не ме пушта многу да се јавам кај моите , размислувам да го оставам незнам што да правам пекол ми е све
Отерај во пм. Јас така направив. Се дрзна да ме понижува, навредува... И моите ги понижи. Ме навредуваше дека сум без мајка. И неа ја навредуваше. Сега не ни доаѓа. Таков не ти треба.
Уште една приказна кај што мажот е крив? Толку се изнервирав што нз што побрзо да ти пишам. Имаш избор. Ти одлучуваш дали ќе живееш во пекол или во рај.
Оди си, остави ги и двајцата со нивните праисториски размислувања. Имаш среќа што немаш деца со него. Барај си ја среќата со некој друг со современи сфаќања, кој ќе знае да те сака, цени и почитува и што нема да биде под влијание на мајка му.
Истото го размислувам и сакам веке да го оставам разболив и желудник коа се нервирам многу ме нервира а многу ми е тешко што мажот само за нив размислува а за мене никогаш
Секогаш го кажува тоа дека ако си одам иста ке сум била како мајками ке сум се премажила ке сум го јадела страмот со леб
ако на почеток немаш подршка од сопругот натаму нема воопшто да добиеш , а ако свекрвати не те сака од старт подоцна ке ти е мн полошо со неа , размисли си убаво каков живот ке си тераш , работите нема да се сменат туку ке одат на полошо , треба сопругот да те одбрани и подржи пред нив ако тој не го праве тоа , не се мачи со такви луѓе не си го уништувај животот.
Се сакавме но небеше ваков многу друг човек , но се смена и многу ми е криво само плачам и размислувам да го оставам но и така ке направам неможам веќе 1 година се врти исто
Нема ништо срамотно во тоа да се разведеш и премажиш. Мисли на своето здравје и на својата среќа. Немој да живееш во пекол и немој да раѓаш деца со таков нечовек. Ќе им го уништиш животот на тие деца, ако родиш. Кај го најде бе толку затупен со размислувањата. Остави кој што сака нека збори, ти мисли на себе и разведи се.
@Miiaaa98 Не сакам да те прашам ама ќе те прашам. Зошто се обидуваш за дете во ваква ситуација? Размисли со ладна глава.
Не се сменил, таков бил, само не си го гледала тоа. Додека те врзал бил лизни мазни, сега си го покажал вистинското лице. Срам? Нивни ќе биде срамот, не твој. Барем ќе знаеш дека себеси се ставаш на прво место. Никој не е роден да биде навредуван и понижуван.