Женски фала ви на сите ја решивте мојата дилема мислев дека можеби грешам на мислење за развод но во право сум била едноставно млада сум за вакви работи живот иде даље
А од кога е тоа дека е срамота да се премажиш? Боже Господе колку затупавени сфаќања. Никако дете со таков и....
Млада си и плус не си најдена на улица, па тие така да се иживуваат со тебе. Нивни нека биде срамот, а ти со крената глава да си одиш.
Што може да размислува неписмен човек кој со години седела затворена дома не ни работела ни ништо тоа е одговорен од неписмена нека си најде поарна снаа , а мажот подобра жена
Исто како мојата свекрва. Паразит невиден. Ама она е најпаметна. Не може никој со неа. Не е проста колку што е тешка. Ќе си најдеш подобар дечко. Млада си.
Чим си и дозволила мајка ти да ја вреѓа..очекувај сеа пекол да ти биде сѐ.Како смеете да дозволите да ги вреѓаат вашите.и ти си крива извини вака, твоите родители и твоето ги браниш секогаш пред сите! И пред маж и пред свекрва и пред сите!И да не сте во добри односи ќе ги браниш.Они ти дале живот, кров над главата те израснале и исчувале, зарем ќе дозволиш некоја аждаја да каже лош збор за нив?Поготово за нивниот приватен живот? Ја така ќе фатам ќе ја тепам ако ја начекам насамо.За мајка ми и за татко ми НИКОЈ НЕ СМЕЕ лош збор да каже, какви год да се. Не знам шо страв ќе имавте од свекрвите сите шо падавичите овде. Ако мислите и верувате дека зборовите на вашите свекрви ќе ви го расипат односот ило бракот со маж ви, ондак преиспитајте се во врска со него.Мажот и жената се сопатници и треба да се чуваат едни со други во добро и зло. Во нив е проблемот тогаш затоа што можат да дозволат мамичка да им влијае на бракот.
@Feminka22 а замисли покојна мајка да ти вреѓа? Едвај се воздржав да не ја истепам. А требаше. А она итра. Тоа го правеше кога не беше маж ми дома. Лицемерка невидена. На маж ми му вика - Јас на моите снаи не сум им згрешила ништо. Леле каква глумица е. И на другиот свет нема да се искупи за тоа што ми го правеше.
Првиот пат она кога почна да ги навредува секако дека и реков несакам лош збор за мојте она свати што ми е мене слаба точка и продолжи , продолжи да шрае шпиун меѓу мене и него мислев дека ке се озбили и чекав да не брзам да не направам од старт грешка чекав да се озбили но ништо сеа гледам дека оди од лошо на по лошо и неможам веќе да ја трпам , мада ке речам не е крива она мажми е крив што е мамина маза и сака да е све по мајкаму како ке каже
Што подалеку од таква. Си го враќам филмот назад и сфаќам што будала сум била што трпев од почеток. Нека оди на едната јатрва така да и збори. Под нозе има да ја згази.
Ама душо како што ти ќе си ги чуваш родителите така и споругот ќе ги чува. Нема да даде прав да падне за мајка му.А она ќе прави глупости. (за другата членка, ама се надоврзав за твојот муабет) Според мене подалеку и од едните и од другите, само така ќе се има мир.
Ја ги почитувам неговите сеуште еднаш само му вратив збор , ја не им направив ништо лошо за она да ги вреѓа мојте а и има уште многу работи , како него што ја боли мајкаму и мене ме боли и не дозволувам никој да збори , и увек да ми вика дека мајкаму ако што збори и тој ако да зборатт имат право на сее а ја бидејки сум снаа треба само да слушам
Тоа маж ти е крив што дозволил, а дека има свекрви глумици и те како има. Ти дадоа совет, расчисти и со двајцата, не вреди да трошиш време, маж ти нема да се смени.
Едно прашање офф топик, Што вашите свекор и свекрва подразбираат под почит од ваша страна кон нив? Дали е само тоа што ќе сте пристојни и културни кон нив, им преќутувате на провокации и глупи муабети, или сакаат посебни третмани во смисла посебни покани за кафе, да им давате предност во се, пример предно седиште во кола, да инсистираат да ги крстите децата по нив итн бесмислици? Јас имам спомнато дека сум посебно од нив, но во сплет на околности 3 недели бевме кај нив. Добив замерка за тоа што не поминувам време доволно со нив, треба секое кафе да го пијам со нив итн. Не сум ги почитувала. А јас ќе испијам 1 кафе на пример со нив и после си бркам моја работа.
Треба да прекинете да мешате родители во врската, Подалеку и од твоите и од неговите. Твоите си се една фамилија, неговите друга, вие двајцата трета. Не мешај свекрви и мајки меѓу вас рекла-казала. Е сега, по муабетиве, неговиве живеат во палеолит и јас мислам дека не треба да им замеруваш на луѓе кои не знаат, кои не научиле, кои се малку повеќе заостанати ... а уште помалку пак такви работи на срце да си земаш и да се нервираш. Животот е еден, млада си и не треба ништо да трпиш!!!! Не очекувај од никого да ти го направи животот поубав, среќен, безгрижен - за тоа сама си одговорна. Запрашај се од каде ти се нервозите, зошто си тажна, зошто живееш така како што живееш и смени го тоа ако не ти чини. Секогаш има начин...
Прво, почит кон тоа дека се родители на маж ти (оти маќ ти е они двајца во 1 тело), второ почит кон нивната возраст. Непочитување е неискреноста - во смисла секоја потисната мисла, она што го мислиш а демек заради почит нејќеш да им го кажеш... Од овде започнуваат и тие несогласици, она потајно мразење , воедно немаш мир и слога во домот, тоа се одразува на бракот итн да не редам. Значи, ако ги почитуваш луѓево биди си оригинал биди си искрена со нив, секоја твоја мисла (добра или лоша) можеш да ја искажеш со прави зборови.
Јас ретко и ги гледам и ми е полесно да преќутам отколку да отворам дебати непотребни за нивните затуцани сфаќања. Меѓутоа како може да биде непочитување тоа што целото време од денот не го поминувам заедно со нив? Пример станам сабајле ќе пиеме заедно кафе, појадуваме и си бркам работа. После ако минам повеќе време во нашата соба одма се лутат а ако јадам кога мене ми се јаде а не заедно со нив пак е проблем. Значи немам никаква закачка, збор им немам преречено иако слушам глупи старомодни муабети ама покрај тоа мора и да дремам со нив по цели денови и заедно тв да гледаме за они да се испочитувани. Е ова не ми е јасно??
ова што го напиша е идентично за мојата свекрва (сега покојна)..на се даваше замерки , а како да кажеш дека не ми се гледа бре Малата невеста со неа?? си се чудев јас како да постапам без да ја навредам..многу се деликатни и специфични односите доколку сте затворена и срамежлива како личност..е сега веќе слободно дишам, иако е глупаво и тажно сега кога се потсетувам на неа, сепак не беше лош човек ко што читам овде..ама секој мора да се избори за своето место во фамилија...и да дефинитивно, никако мешање на свекрви/мајки во однос со маж, само штета ќе донесе...
Јас почнав и да се замислувам веќе, па добро каде е тогаш нивната почит кон мене? Што сакам да правам, за што имам време итн. Ова е себичност можам да кажам кога едната страна сака да добива само без да размисли малце за другата страна. Добивав совети демек ете сте сега кај нив, радосни се ова она, па ако се толку радосни како имаат време и помисла да наоѓаат такви замерки и да се дурлат? Уште рака да побараат да им бакнам
Aко некогаш ве однесе муабетот на таа тема, речи им дека ти веќе си изградила некоја рутина и така ги минуваш деновите. Не ти се интересни филмовите, квизовите или програмите кои ги гледаат, ти и маж ти заедно си гледате нешто друго на компјутер што вас или тебе те интересираат и затоа нејќеш да дремеш пред телевизор. Објасни им дека тоа што го правиш не е дека не сакаш да бидеш покрај нив, туку дека едноставно така си живееш. Па и крај краева насмеј ги малце - речи им па ќе и здосадам ако се вртам меѓу вас по цели денови и вие треба да си имате приватност и така ... Најди некој начин, поготово ако не живеете заедно, оти да се замеруваш...
Оставив на сопругот тоа да им објасни затоа што ни тие самите не ми се обратија мене туку се створи од никаде напната атмосфера ги слушнав случајно и му кажав нему. Само мислам дека луѓево ако имале појма воопшто од карактер и рутини и личност, самите ќе биле свесни. Нејсе, мина тоа само читајќи ја темава добив инспирација да прашам. Смешно е луѓето кога и во јајцето бараат влакно.