Ќе ја претепам ама сериозно. Ќе се тужам после ако треба ама ни живо ни мртво не смее да ми вреѓа. Нема да ми е гајле дали мажот ми ќе сака да се разведе после тоа од мене, пошо е многу гадно и болно да чепкаш првин нечиј родител, поготово починат. Моиве уште се живи среќа али знам колку боли.Многу.. Не знам као ја трпиш.Ама јас да сум ќе ја згазам и тоа пред него ќе ја тепам. @Miiaaa98 @BabyT* ако не сум почнала прва расправија или да вреѓам ич гајле не ми е дали ќе ги брани поише нив или мене. До мои 18 години никому не сум дала да ги вреѓа моите колку и да сум имала тежок период со нив. Никогаш нити пак сум навредила ничии мајка или татко затоа што е срамота.Може сум ги спомнала во некаква конотација од типот на ,,дома кај мајка ти така да викаш” или ,,не те воспитале ко што треба” ама никад не сум навредила бидејќи неќам ни моите да ги чепнат пошто ќе ги ЗА ПА ЛАМ. Може си викате сеа ај млада е оваа не сфаќа вака така, али мртва озбилна сум.Никому нема да дозволам. Не треба ни вие!Ниедна од вас. Нашите родители се нашето најголемо богатство.Поголемо дури и од мажот и децата спроед мене пошо да не биле они,ни ја ни вие немало да сме таму кај што сме сеа. Наредна навреда, плесни и ја една преку уста па да се чуди
Види.. Ако ја истепав ќе испаднев јас виновна, а она добрата вила. Лесно ќе ја префрлеше вината на мене. @felisitas знаеш ли они што очекуваат? Прво...да ги викаш мамо и тато. Второ. Да ги гледаш како мајка и татко, а тоа подразбира да заборавиш дека имаш родители. Трето...да им слугуваш. Не само на нив, туку на цела нивна фамилија. Па и на нивни пријатели и комшии. Ти да вариш кафе, да готвиш...Практично да бидеш роб во куќата. Е таква почит они бараат. И најбитно...да не им враќаш кога нешто ќе ти презборат.
Епа златна ако испаднеш ти крива у очите на маж ти, си имаш проблем со него и со неговото поверење во тебе.Ако мисли дека би измислувала за такво нешто ондак он тебе не ти верува.. На крај краева и да ја удриш и да ти рече нешто кажи му:Ти бар имаш мајка, која ѝ дозволуваш да поминува секаква граница.Со тоа што ти и ѝ попушташе на секое и ѝ дозволуваше да се меша она се дрзна да ја навреди мојата мртва мајка.Сега можеби не ме сфаќаш, ама она не е бессмртна, кога ќе умре еден ден и кога ќе те боли душата ќе ме сфатиш како ми било. Ако она може да си дозволи да навреди член од моето семејство и јас можам да си дозволам да ја казнам за тоа. Ако она има проблем со мене (а не знам зошто би имала) тогаш нека си го реши со мене, мајка ми нека ја остави да почива во мир.” Е со овие истиве зборови знаеш каков шамар со зборови ќе му мавнеш?Твојата болка преврти ја и покажи му ја од негов аспект и ќе видиш.
Време е да зборам нема ќутење више и не ме интересира за ништо доста е Токму така и на крај " заборај мајкати таткоти нема више мајка татко " си се мажила готово , Глупачо ако сум се мажела не значи дека сум умрела
@Feminka22 и го покажав местото. Сега е мирна како бајче, со индиректни провокации кон мене. Маж ми е опоменат дека ако уште еднаш и се случи такво нешто ќе ја згазам под нозе. И него во пакет со неа. @Miiaaa98 на мене еднаш ми рече госпожата - Ти си сега во наша фамилија. Значи излегува дека јас немам фамилија.....Ептен затупавен мозок.
Ахх знам веке и несакам да се нервирам искрено ми се кочи цела вилица коа се нервирам а имам само 22 год чекам најмала грешка и си одам веќе не трпам се одлучив ..
Уффф со тоа заборави на твоите сега имаш ново семејство косава нагоре ми оди. А кога дава нешто одма прашува дали и моите ќе дадат, за тоа имам семејство. А јас имам и малолетен брат средношколец што троши, маж ми е единец. Да не сум мислела на брат ми, мало сутра. Како може сите да се исти не ми е јасно, како со калап праени. Македонска работа. Тоа е зошто ние попаметните си ќутиме, а они земаат замав. Ќе им се суди кога тогаш, во тоа сум сигурна.
@SummerGirl Па мислам дека 99% од свекрвите така си мислат, дури и оние што се прават либерални демек, современи и уште нагласуваат, среќа има снаата што се такви иначе се знае како е редот. Кај мене сеуште не стигнале да зборат нешто против моите, нема ни кога, живееме со сопругот во друга држава па немаат прилика. А се многу старомодни и мислат дека треба да се прашани за се, да се вклучени во се. Мислат дека сме едно семејство ама тоа они си мислат. Никогаш нема да се сложам со она демек сум влегла во нивна фамилија, не јас не влегувам во нивна туку основам своја. Мама и тато не ги викам, немав никогаш намера ама не се ни они топли и кротки па да ми се пикнат под кожа. Ама очекуваат тинтрење.
Очекуваат раце да им бакнуваш и црвен тепих да постелаш. Ако ќутиш полошо ќе си пројдеш, се мешаат и кај што треба и кај што не треба. Ако не седиш по цел ден со нив се увредуваат. Ти треба мир и приватност, што се замислуваш ти? А пак не дај Боже да излезеш и да не кажеш каде одиш. Си гледаш твоја работа и тоа не им одговара, мора да се вклучени во се и да одобрат, нормално. 90% овде што се пишува е едно исто т.е исти проблеми. Современост? Мало сутра.
Тоа е стандард. Ако станеш - каде одиш. Ако одиш во вц - што ќе правиш во вц. Ако одиш во кујна - што ќе правиш во кујна. Ако облечеш сукња - не ти личи...мажена си.
За да има причина да можам да им плеснам во лице сее , сеа е смирена ситуација па да не прам бура па еве невестата сама почна кавга
Сето ова е за нив почит/непочит. И ќе речат па ние само бараме да не почитувате. А страшно е што се значи почит ако ги прашаш нив. Мора да спомнам, периодов додека бевме кај нив, значи дојдени од странство на 3 недели ( во тој период бевме и кај моите) , и доаѓа на гости другиот син кој исто живее посебно. И господава не знам само со кој памет очекуваа дека јас треба да ги пречекувам, да ги послужам. Wtf Првиот пат помогнав е следниот се направив на Тошо, отидов некаде и дојдов кога се беше средено. Не дека ми е тешко да принесам нешто туку чисто од принцип, и јас сум гостин во таа куќа како и другиот син со жена му.
Хахаха. Тоа и од мене се очекуваше кога ќе отидевме на гости кај нив. Ќе дојдеа и другите двајца синови и госпожата мислеше дека јас ќе ги служам. Нема грешка. Како што они се гости, така и јас сум. Тоа било моја куќа. Ма немој. Моја куќа е кај тате. Син и нека служи.
Малце претерувате сега, голема работа ако принесеш на гости додека ти си на гости таму. Ниту јас живеам со свекрва ми па кога сум на гости за такви работи се однесувам како дома. Ретко готвиме ама не чекам ручек од неа, ако пеглам нешто за себе прашувам да не му треба нешто на некој друг да испеглам. Меѓу другото кога сме кај моите и маж ми еве пред некој ден го расчистуваше дворот иако е на гости. Татко ми беше спречен и он ја заврши работата без да му каже некој. Зет ми лани кречеше кај моите, а не живее со нив. Вакви работи не треба да ви се проблем од почит кон мажот/ жената а не кон неговите. Разбирам фрустрира дека тоа го очекуваат од вас, ама не крај на светот.
Не е работата во тоа, на никој не му е тешко меѓутоа се работи за друго. Во мојот случај е што упорно жената смета дека сме заедно со нив а не сме, ние живееме посебно во странство. Според неа делен си она кога ќе каже, тоа е поентата значи другиов син е гостин. Не се работи за дали е тешко или не туку за принцип. Што не и рече на другата снаа на пример? Зошто мене? Кога тој син ќе дојде кај мене на гости на пример пак јас ќе служам. Оти по нејзино има право мене да ми рече заедница сме. Е тука на инат ме фаќа. Грубо може делува напишаното на прв поглед но целиот нивен став кон мојот брак со нивниот син прави да ги сечам од корен.
A da ne se zamarate tolku i da si gledate svoi familii,neli e polesna varijanta?kolku poveke im privlekuvas vnimanie tolku poveke se nerviras a tie se ostrat. Sekoj svoeto i kraj.
Нема што да принесувам кога сум на гости. Сум рекла - кај мене дома јас ќе принесувам, а кај неа она нека принесува. И зошто јас да принесувам? Што не рече на другите снаи? И ако треба нешто си имаат син. Како што маж ми не трча за татко ми, така и јас не трчам за неговите. Секој своето нека си го гледа.