Џабе коментираш срцка на мој пост. Сите имаме свој став. Ни да ме чува некој, ни да ми смета, ни да сметам. Сите имаме свој став, нема зашто да се контраме кога пак мојот став е само мој нели?
Едно не знам зошто не сфатите. Ако живеат снаата и синот во куќа од свекрвата, тоа не и дава право да се понаша свекрвата идиотски! Да, најидеално е во различна куќа. Но, и да си во иста куќа имаш право да очекуваш почит. И да даваш почит. Тоа што некои заостанати мислат дека почитта е снаата да им поставува за јадење секој ден тоа е друго, тоа е патријархат и не е почит. Ама аманте со муабетите ако си дома кај нејзе ништо не смееш да кажеш. Па и на кафе да идам кај другарка не значи дека смее граници да преминува. Што ако си дома кај свекрвата, не смее никогаш да те навреди.
Тие што имаат такво размислување , нека дојдат да коментират овде после неколку години кога ке им го прават истото на нивните ќерки па ваљда ке сватат како е
Не е нејзина куќа, од каде ви е тоа? Куќата на свекрва ми си е нејзина, на мајка ми и татко ми нивна. Мое е само она што јас ќе го направам, многу летате со тоа - и на снаата било. Абре ни на синот не е дур се живи мајка му и татко му, а не па на снаата. Апсолутно не смее, а за тоа е тука мажов нели, да превенира. Ама не може да и' кажува никој правила. Не знам навистина, можеби дека ни на мајка ми правила не и' кажувам, не очекувам дека би можела на свекрвата во нејзин дом да терам по мое.
Ваљда мисли на куќата како ,,дом" ,дека и на снаата е дом ... а за тоа чија е куќата,си има имотен лист
Така те одраснале. Мене мајка ми никогаш не ми рекла дека сум во нејзин дом и не смеам правила да кажувам, туку сме живееле во заедница и било битно во заедницата на секој член да му е убаво.
Абе види , за идните снаа и зет нема да има ,,зима" Ама тоа со снаата да се буткаме 2 у кујна ,или со малото да дремеме по спални јер нив гости им дошле ,или пак како цвеќе да им квакнеме у дневна -ми е ептен безвезе... Доста им се по 50м2,ако сакаат повеќе-нека засукаат ракави ...а ја кога и кој ќе одлучам да оставам у куќава и да отидам у 50м2 ,ќе видам ,рано е уште... Битно,у заедница ни под разно!
Супер кажано. Башка ја живеам у 55квадрати стан моментално, утре ако дојде снаа кај да ја стаам? Нема услови и тоа е. И мене не ми се свиѓа све свекрва ми што ќе направи , ама не живееме заедно па не си се мешаме. Ја на гости кај неа, она кај мене. И замисли, ако поседам повеќе од 5-6 дена веќе нерва ме фаќа, не можам, оти они си имаат свој начин, ја мој на живот.
Ако се мажите за куќата незнам стварно незнам , не е битно чива куќа е моја или нивна да се има слога да се помине еден живот и свекрвите билее снаааии и они дошле на од свекрвите куќата па сега демек нивна е ? И да е нејзина куќата што треба сеа да бидеме слуги ? Па барем нека почнат и плата да ни даат ? Или па ај нека не теепаат пошо нивна е куќата зар не , ај нека не увредаат на живо мртво па да ќутиме пошо на нејна куќа сме , жалосно како размислувате некогаш . Жени живоот треба да се помине неможе да се гледа чива куќа е ако мислите така ондак не ги жените синовите за да не ви ја земаат куќата и немој да упропастите нечиј живот на една женска ако така размислувате
Мора да се гледа чива е, а ако не ви чини како е, мажот под рака и кај вашите, ако е таму поарно. Или најарно, на страна, па сите ќе се сакате.
Не ми рекла ни мене. Се подразбирало кој е родител, а кој дете. Е, ме учеле никогаш во заедница да не живеам, а за тоа во право се.
Редно е нашиве генерации да бидат од последните кои живеат во заедница и да се стремиме за едно 20 25 години да е веќе искоренето лепењето на децата за себе, да се воспитуваат пред се децата на одвоен начин на живот бидејќи и најголемиот проблем е во родителите кои ги врзуваат за себе децата. Животот во заедница може да биде лош или помалку лош но никако добар, секогаш се некој на некого смета. И кога ќе дојде време та синко да се жени та ќерка да се мажи не мислам да ги лепам за мене само да сме здрави и живи да можеме да помогнеме да тргнат од свое. Не сум совршеба снаа уште помалку сметам дека ќе сум совршена свекрва и баба секој свој на своето со искуство како не треба.