Ајдеее, ко да ја слушам свекрвата моја од која што се жалам тука. Не можам да ги разберам тие снаи што им е нормално дека се за туѓа куќа како мислењето погоре и фала богу самиот збор туѓа куќа кажува многу. Исто толку не можам да ги сфатам па и оние свекрви што го мислат истото, т.е им е страшно ако синот сака да живее посебно,и прават драми околу тоа. Е што сакаат ем да си тука ем да си безгласна буква. Нема таква будала тоа шо ќе го прифати. Јас не познавам свекор и свекрва што живеењето на синот и снаата со нив го гледаат како нивна милост и ги прибрале. Напротив така треба според нив, да си тука да ги гледаш, да ги почитуваш. Војна ќе кренат ако им кажеш ќе си одиш. Но на крајот од приказната нивното може да си остане само во позадина ако сопругот што сме го избрале има јасен тврд став за самостојност и независнот, ако работи на тоа. Кога ние двајца сме на иста бранова должина никој не ни може ништо.
Од една тема летнавме скоро на друга а од нервоза незнам и што зборувам вистината е тоа што некој неможе да ја свати женско за туѓа куќа , ама затоа што сме за туѓа куќа немора нркој да си игра со нашите чувства затоа што сме снаи И да ви напоменам не дојдов тука за да ми кажете за куќата чива е дојдов за сосема друга работа читајте па пишете
Не битно за што дојде или не, се развила дискусија и не значи дека се што ќе прочиташ треба да прифатиш. И никој не те советувал злонамерно. Баш тоа "женско е туѓа куќа" е коренот на овие проблеми. Да точно никој не заслужува да го повредуваат, омаловажуваат ама во туѓа куќа едноставно не можеш да направиш ништо. Ни сопругот твој не може, може и он клоца да добие. Не можеме ни ние од форумот да помогнеме. Најмногу ќе си помогнеш кога ќе сватиш дека не си ти за кај мажот или он за кај тебе, туку и двајцата сте за да сте заедно и да чекорите по свој пат. А како што прочитав во твојот случај он нема таква намера. Да едитирам, имам и јас старомодни свекор и свекрва, а и современи да биле јас не сум флексибилна за заедница. Затоа од старт сум на страна за да си имам мирен живот.
Не е ,и ја од зетот ќе правам домазет ,јер у станот на малата ќе го,,прелажеме" да живеат ЛуЏееее,небитно негов,нејзин или заеднички, битно да не е заедница Абе види,баш ради тоа што бев снаа ии живеевме у заедница ,затоа железни опинци скинавме со мм за да створиме услови нашите деца утре да не живеат у заедница . Јер у почеток се е бајно, ма чаробно ...ама магијата ја снемува мн.брзо...меур од сапуница ...и од готово ,правиш вересија ... Мене ми е ситуација таква каква што е , ама нема везе-ќе си доседам ја така .Несакам ради мене децата бракот да си го ставаат под знак прашалник.
Од сами нема поубаво. И ќе рече сега некој, абе немаат сите услови. Ако си способен да се жениш/мажиш , значи си веќе способен да гледаш фамилија. Така да ако не си и чекаш на мама и тато ондак уште они г*от ти го бришат, па пардон, не може да создаваш деца и да гледаш жена . И за жените истото важи. Сака да не работи а нема услови за да не работи, ама ќе седи дома и ќе и јаде душа на свекрвата и свекрвата на неа, и ќе кука постојано. Е затоа сме назад.
Добри сте Вие...ние после 7год брак у заедница под кирија излеговме...добро што уопште се сетивме ... па под хипотека 5год.бевме ...ама кој ризикува -тој добива. Да останевме у заедница,ќе си е.евме мајка...ни Б од брак не ќе останеше
Точно, сами е најубаво уште ако има можност пред брак да се живее со дечкото - совршено. Јас си го сфаќам како тест период. Вереникот и јас си живееме под кирија скоро 2 години, моментално бебе си чекаме и тука и ќе останеме. Здравје да се породам да видиме како ќе издржиме со трошоците за новиот член, ќе бараме кредит за наш стан/куќа. Има место кај неговите, можеме да идеме уште денес и да скратиме 300 евра месечно ама зашто? Вака си го купив мирот. Пари од никој не бараме, никој не ни дал и мислев дека така ќе ги спречам да се мешаат ама не. Пробуваат да ни наметнат нивни планови особено кога ќе отидам јас сама на гости зашто на него не смеат ништо да му кажат. Сум размислувала и да живееме кај нив некое време, ако си поделиме обврски за чистење и за готвење не би требало да има проблем, возрасни сме ама пак не ми се ризикува. Не го познаваш човек додека не почнеш да живееш со него. Не знам жени стварно, јака ви душа на тие што живеете во заедница, пробајте со разговор да направите еден договор околу обврските, со мажот разговарајте си околу вашите одлуки. Мажите треба да си постават граници со родителите, а не вас да ве користат како штит. И после снаата е лоша.
Кога ќе напишеш нешто, очекувај реплики. На форум си, не ја оговараш свекрва ти со комшиките. Вистина е само една - сами си ја кроиме нашата судбина, а твоите размислувања тебе лошо ти прават, не на било кој друг.
аааа многу си се зае*ала сестро е оти вака размислуваш ситргаш маки со свекрвати засукај ракави спечали дом и после примај дома некој да ти кажува правила и прописи у твоја кука до 18 години се под мој кров после секој сам не е многу време за 2 години ке дојде време за сами да си живеат
Наш на 15 години земавме. Сибавме мамата. Ама раатот никој не ни го зима. Моментално тој ми е мене дуќан , така да се исплати . @Jana06 претешко е мила, ама си сам свој газда. Ти, мт и бебушка де.