Во право си така треба, не треба да се меша никој, ама како треба и како е секогаш не испаѓа исто, не треба свекрва ти да ти се меша ама се меша. Имаш опција да заминете од таму двајцата и да створите свое( дали кирија или ќе купувате вие ќе си бирате да си испружите нозете колку ви е долга чергата). И друга опција да си заминеш ти и си живееш како сакаш, затоа што поверојатно е околностите и нечии карактери таму да си останат исти, отколку магично да се сменат преку ноќ во твоја полза. Верувај ми од искуство ти пишувам, пробано и сами во нивно да живееме и во заедница до момент додека не пукнала тиквата. Откако се решивме за наше имаам раат на душа. Да можеби нема патување во странство секој државен празник, отплаќаме кредит, ама мирот дома е неописливо бесценет. Сега и јас можам на раат да ја угостам, а и таа мене. Знае да дигне телефон и јас исто, да си помуабетиме општи муабети, зошто колку и да ми грешела сепак кога ми било најлошо во животот прва таа истрчала за нешто што не можам да и заборавам и преречам и пред се е мајка на мојот сопруг. Како што јас си ја сакам и поштувам мајка ми и тој неговата, ама да ти ја вреѓа мајка ти и да те убедуваат дека си се омажила и дека нивна си сега не,не и не. Со убаво ќе и објасниш како се чувствуваш кога го прави ова, а ако продолжи таа така само игнорирај. Од искуство пак ќе ти напишам кога ти ќе си го смениш однесувањето и перцепцијата на нештата, ќе приметиш како некои нешта што те ваделе од колосек не ги приметуваш, а исто така и луѓето. Биди мудра, цени се пред се себеси па после се друго, ако сама не се цениш првенствено никој нема да го прави тоа за тебе.
Многу убав совет фала многу што одвои време за да ми го напишеш сето ова многу ми значи , исто така и другите членки кој одвоија време да ми дадат еден совет за се сте во право , џабе е се мила знаеш пробуваш на секаков начин да угодиш само за да не ти префлаат моабети но џабе пак нешто мора да и текне едноставно тоа и е како болест што не се лечи мажот па ко само он да има мајка ние копиљчиња сме само он треба да ја сака мајкаму да не слуша ништо да се рече а за мајками ако нема врсказа мајками мора да се збори ... Иначе денес разговарав малку со мајкамк и почнав да и ги кажам нештата ми е жал ја разочарав но ме свати и за кратко време ке решам пошо не живеам во мк
Баш ми е жал. А стварно, како дојдовте до брак, не го забележа дури сте биле дечко и девојка каков е маж ти? Ти посакувам среќа.
Стварно не беше ваков многу по друг беше кога бевме заедно , веке ни самата себе не си го познавам кој е ( едноставно не е тој на кој се заљубив ) ама тоа е сепак мајка му е разбирам но толку ѓавол жена неам видено да му седи на глава на синот и да се меша во брак несака да слуша за да живееме одвоено ја сум била нај малата па мора да ја гледам да и прам сајгија , ако неам против ништо од тоа ноо има многу тешки зборови неможам за неа да изгувам живци тоа е тоа ваљда ке најде подобра мажми
Аха, овие сите што пишат овде за свекрвите на 17 се мажени. Има друга заебанција во мажење млада. Дури си млад и без деца полесно ќе се одлучиш на развод. На 40 години со 2 деца е малце потешко да си речеш ќе се разведам, и се помируваш со судбината. Не си среќен, не го сакаш маж ти, и животот не си го сакаш ама си се помирил затоа што мислиш дека нема за тебе друга шанса на толку години. И тоа некои го викате зрелост. Демек може да се справи со ситуацијата. Не бе, не се справиле, си се помириле и преживуваат. Затоа не ги гледајте ко ненормални луѓето што се разведуваат, никој не се разведува за ништо, потребна е храброст за да излезеш од токсичен брак.
Зошто на крај лиценце со солзи? Дали навистина си решена да заминеш? Како да не си, така ми се чини. Не знам дали е најпаметно поради свекрва да расипуваш брак. Зар до толку нема разбирање од сопругот да пробате да се одделите. Да дадеш уште малку шанса на бракот бидејќи лесно е да се прекине. А и не така лесно се наоѓа човек што ќе ти одговара, но ако ептен е неиздржливо, тогаш оди. Дали зборуваше со твоите? Тие што викаат? Се надевам дека те поддржуваат што и да одлучиш. Од срце ти посакувам да најдеш мир за себе и да бидеш среќна што поскоро, без разлика кој пат ќе го одбереш.
Абе све тоа фино ама што правиме со тоа што и маж и учествува врз психичкото насилство врз неа со тоа што ај што не ја штити, туку и надава масло на огнот со боцкања. И да се оделат, ќе побегне од свекрвата, а ќе остане со нејзиниот сој.
Може грешно пишав......Не дека го расипува она, туку сака да го прекине. јасно е. А, секако не ми беше целта да и додадам чувство на вина.
За жал, тој што го прекинува бракот е виновен. Не би ме чудело ако свекрвата почне да шири наоколу се и сешто. Само подалеку од такви. Имало и бетер од мојата свекрива.
Тоа е тоа женски подобро на време се додека немам деца па после полошо Како што би рекла свекрвами ( абре какви лекари ако ви дае господ деца добро ако не здравје што е ова младина само по лекари многу сте нежни ние порано не одевме по лекари а замислете има само 50 год хаха ( секако мојте ме подржуваат на одлуката )
ај вака коа ке бидите сами дома со тоа мулето твое седни го и отворено кажи му дека размислуваш да го оставиш ради тоа ,тоа и тоа, може да се свести само мораш да бидеш убедлива и сериозно да те свати у која земја се наоѓаш?
Ке пробам уште еднаш секако ке разговарам со него се договорив со мајками и она да ги седне малку на старите па да решат ко луѓе или ке се смири ситуација или ништо си заминувам ( ама сумљам дека ке заминам пошо имаат големо его они не паѓат така лесно иначе еднаш кога му реков ке те остам ми рече дека со тоа не го плашам можам да си одам кога сакам дека жена ке најдел но родители нема да најде ) иначе Италија
Вака не и зборува човек на личноста што ја сака. Ни на сон. Нека го нека си седи со нив, па и ти можеш маж да најдеш ама не и родители. Само не е тоа поентата. Кога се стапува во брак, и во библијата пишува дека треба да се одделиме од родителите. Толку е кадарен сирот.
ај пробај уште еднаш не губиш ништо разговарајте ако пак ти го рече истото НЕ СЕ КАРАЈ не прави фрами и филмови молчејки замини си не вреде нерви да си киниш и оправаш коа се затучани уназад у 15век живеат имаш документи да си останиш таму без него? работиш?
Jas te poddrzuvam ...mlada si zivotot e pred tebe... Sekako da se probaat site alternativi pa razvod no koga ne odi ne odi ...poubavo sega otkolku koga ke imas deca togas e mnogu tesko.