Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Ете, видиш ти како снашка веднаш ме разбра што сакам да кажам :wasntme:
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Затоа мене свеки ми купува поклони, и тоа стриктно она што јас ќе си го одберам, да не случајно погрешела :wasntme:

    А бе, се зафркаваме ние тука, ама не знам дали девојкиве сфаќаат дека ја изнесуваме вистината на малце поинаков начин, чисто за да не сфатат сериозно и можеби да применат некој совет :)
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Тебе ти купила подарок затоа што ти е роденден, и мене свеки не ми купува туку ми дава пари да си купам што сакам за роденден. Тоа беше првите 2-3 год се додека наредната јас и го заборавив нејзиниот роденден :tmi: да пукнам да се не родам :) Уште ми остана да ја одвикнам да не ми купува ништо за 8-ми Март и ќе ме има до крајот на животот :P . Мразам такви патетики, ама ЕТЕ кој да ме мене разбере :wasntme: .

    Јас мислам дека ретко која свати што сакаш да кажеш туку се маваат лајкови во кој повеќе ќе нападне некој и ќе измудрува нешто :angel:
     
  4. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Работата е што таа пред време носи заклучоци а не јас....Како и да е времето ќе покаже,јас само знам ништо не сум и згрешила за такво однесување,али ете едноставно има и такви луѓе.....Јас сум со дечко ми 4 год,има еден куп примери за кажување,што и како ми рекле,така да ова не се предвремени заклучоци туку се работи што сум ги слушнала со моите уши.....Јас не му враќам,се правам како тоа да не допрело до мене ,али ете некогаш се проколнувам како можам да бидам таква да преќутам......тоа е тоа.....а за идниот свекор...Немам зборови реткост од добар човек...Прекрасен!!!
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Епа идната свеки ја игнорирај а со идниот свекор пиј кафе
     
  6. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    :clap: Тоа би било тоа.....Се надевам нема да погрешам,поздрав Славица......
     
  7. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Биди среќна што од старт си го покажала лицето и да знаеш на што си.Замисли само колку би ти било потешко на почеток да биде супер а после да си ги покаже роговите. Затоа ако имаш услови бегајте на страна и колку поретко се гледате тоа подобро. Свеки моја засега е добра знае понекогаш да каже или искоментира нешто што нетреба ама среќа јас сум тврдоглаво суштество и ништо не ме допира. А колку работи ми биле од страна плеснати оооо ама јас се правам дека не разбирам, така ми чини и супер ми е.
    |(
     
    На imelda, midnight.flower и slavica999 им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    :tmi: како бе јас заборавив да те поздравам, еве те поздравувам и јас тебе.
    Инаку не е лош советот на Микако :)
     
    На Mikako му/ѝ се допаѓа ова.
  9. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    И јас не сакам разменување подароци, како на пример Нова година/ Божиќ. Во ред е, не е лоша „традиција“ ама кога би имала некој денар плус. Според мене подароци (пакетчиња) за Нова година се даваат на деца (мали деца). Еве јас од сестра ми имам две, мажот ми од брат му има две, за секое трошиме од 600 до 1000 денари за подароци за Н.Г., и згора на сето тоа, ние треба да купиме подарок за свекрвата, за свекорот, за деверот, за јатрвата.... Убаво е тоа, не велам не, ја подгрева празничната атмосфера, ама кога би имала повеќе пари. А вака, минатата гогина со сопругот ништо не се почастивме за Н.Г. оти многу пари отидоа на вакви подароци. Да не зборам дека подароците што ги добивам од нивна страна најчесто не ми се погодени (а многу веројатно и јас не им го погодувам нивниот подарок). Ние дома немавме таква „традиција“, па сега дури малку ми е неудобно, да купувам подароци за неговите родители, брат, снаа, а за моите - ништо. Се чувствувам како ги изневерувам, но тоа е, ако почнам и ним да им купувам подароци - пиши банкрот.
    Минатата година, се обидов да ја убедам дека не мора баш да разменуваме подароци за НГ, големи сме, тоа е за деца - ама не, не ме разбра (може и се навреди :?: ).
    А што убаво би било, само на децата да им купиме, а ние, секој за своите пари нека си купи што му треба - што му се допаѓа. Пак ќе кажам, да имавме повеќе пари - ќе беше во ред, но вака :^)
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    :!: Јас добивам и давам поклони само за роденден, за НГ и слични денови нит купувам, нит ми даваат....

    И многу сакам кога давам, морам да признаам повеќе отколку да примам :) И секогаш гледам да е поклон кој го нема да се купи во продавница, поклон во кој сме вложиле дополнително труд (како рамка за повеќе фотографии, сите од внука им, а на една од нив обавезно држи лист на кој сме напишале „Среќен роденден бабо/дедо“ :lol: ).
    Непроценлива е среќата во очите нивни, не би сакала да ја прекинам таа традиција.
     
    На bickag му/ѝ се допаѓа ова.
  11. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    леле поклони... на мојата свекрва и е роденден за два дена, а врска немам што да и купам.
     
  12. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Па дома имаме ние традиција да си подаруваме,не многу скапи,но секогаш добивам подарок од мајка ми и од сестра ми за роденден.на пример да речеме некаде до кај 500-600 ден.Исто така и со дечко ми си подаруваме за родендени,кој колку може се разбира.....На мојата идна свекрва и свекор никогаш не сум му го заборавила роденденот,секогаш му подарувам по нешто,не кој знае што ама ете едно мало вниание.........Тие до сега не ми подариле,ама незамерувам не е страшно нешто....Има време можеби во иднина :)
     
  13. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Аман бе и поклоните на свекрвите ги ставате во тема проблеми :D :D :D Се шалам без навреда. Што не отворите тема Што да и купам на свекрва ми такозвана СВЕКИ :)
     
    На bickag му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас многу бев внимателна со подароците. Секогаш во муабет забележував што сака, и точно знаев што и треба и какво сака, па секогаш и ги погодував подароците. :!: :lol:

    Ама пак, многу стегната си беше жената, и се затвораше во фиоки, не ги користеше работите. |(

    Да, не заборавам, половината од нив и ги даваше на ќерка си. :devil:

    Од неа добив само едни пижами (ви реков стегната си беше) и тоа чисти кинески (ги начекав во една кинеска истите) ]:)

    Ама увидов дека џабе ти се поклоните, чувството на примо-предаја трае 1 час, ако нема слога, нема! :Down:
     
  15. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Не сум искусна во оваа тема :$ ,но ќе ви кажам за мајка ми и баба. Они се срцки :) Никогаш не се караат,секогаш си купуваат поклони за 8-ми Март,роденден и повеќето убави подароци. Мајка ми слободно можам да кажам дека повеќе ја почитува свекрвата отколку мајка си. Според тоа кој што постигнал во животот и грижата кон некој и така треба да биде :) Па и баба ми е злато човек, во животот се нема скарано со никој,зборува со тивок тон и типично за неа е книгата во рака. Не може да живее ако нема што да прочита, па доаѓа бара книги ако заборавила да ја врати старата од библиотека... Отидов јас офтопик :$
     
    На BeLLaDona23 и bickag им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    За првпат ги запознав на 1 јануари годинава и бев кај нив на ручек после 2.5 години врска, знаев дека ме очекува подароче од нејзина страна (така ми навести дечко ми) и јас купив еден убав голем лампион, оти луѓето си имаа нова елка и однесов благо што самата го имав направено. :P
    Муууу, домачица :angel:

    Потополно ја сфаќам Миднајт Флаур, не знам од кај излезе овој тренд на купување скапи подароци за Нова година и родендени. Па и на оваа криза, може нешто сосем симболично, тоа е ок.
    Ама тоа на-ти-до-дај-ми-го задолжително поклонување мене ме вади од такт.
    И сум против.

    Мене ден-денешен родителите никогаш не ми подариле ништо за роденден. :?: Мајка ми отсекогаш ми викаше - сине мама ти направи торта па! :D
    Демек тоа е тоа, поклонов за роденден. :D

    Од америчките филмови дознав дека родителите треба да ги опсипуваат децата со подароци за родендени, Нова година и Божиќ.

    Да не забегувам оф топик, не е ништо официјално, ама јас засега немам никакви проблеми со идната свеки.
    Дознав дека не сака да живееме заедно и не сака да ја викаат мамо.
    Инаку е културна и пријатна жена, одмерена, но дистанцирана и по природа не толку разговорлива, како јас блебеталото на пример.
    И прекрасно го воспитала синот.
    Засега има плувчиња на мојата листа. Засега... :?:

    Една мала шала - баба ми ми викаше како помала - Сине, ја најубаво си проживеа к'т умре свекрва ми па се додека ја не стана свекрва (на ова дајте му малку источњачки акцент).
    :D
     
    На Anyshka, Annath, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Гледам дека тема на муабетот се подароците. Јас за роденден од идната свекрва обавезно добивам по 500 денари за да си купам што сакам или што ми треба. Не сака она да ми купува оти не знае дали ќе ми погоди или не. Исто и за осми март, ама тогаш 200 денари :D И јас никогаш до сега не сум и го заборавила роденденот, обавезно и купувам по нешто, дали украс дали нешто за во кујна. Исто и за осми март. Понекогаш преку муабет откривам ако и треба нешто или ако нема. Е за Нова година и за такви слични празници не си купуваме ништо. Знам онака без повод од време на време да и подарам некоја ситница. Исто и она. А на потенцијалниот свекор ниту му купувам ниту пак ми купува. Во секој случај, се согласувам дека со подароците не можеш да купиш почитување и добри односи, ама тие се еден мал чекор кон тоа.
    Он топик :lol: сега засега жената е супер, никогаш не ме навредила или не ми пререкла за ништо. Додуша имало неколку пати замерки, ама за многу мали ситници и не сум и замерила за ништо и не сум се налутила. Исто, внимавам и јас да не ја навредам или да не се однесувам лошо со неа. Знае да прима шала и да се шали, за разлика од маж и :lol: :lol: Знаеме и понекогаш да прошетаме низ град со неа, ама ретко се случува тоа. Сума сумарум, сега засега жената си е супер и ја сакам, мила ми е. Се надевам дека ако ми стане свекрва нема да се промени и ќе бидеме блиски исто како и сега и ќе се почитуваме една со друга. Ама времето ќе покаже.
     
    На gorda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Јас и пред да се земеме и откако се земавме обавезно им давам подарок за роденден, на свекрвата за 8ми Март а последниве години разменивме подароци и за нова година... Јас многу сакам кога подарувам нешто безразлика за кого е да биде одбрано и подарено со многу внимание, а не само купено, стаено во кеса и држ на подарокот... Најразочарувачки од свеки ми е што без разлика што да и подариш, дали е 10 денари или 1000 денари (ова сеа фигуративно) ќе ти каже фала не си требала и толку. Инаку, најмногу се нервирав што после свадбата се нацртаа кај нас да гледаат што има од подароци и во се' гледаа некаков потенцијал ако е дупло или не ни треба да им дадеме... се чувстував многу глупо. Им примопредадов микробранова, миксер за матење, пасатор и плус се случи на две свадби мислам што одеа да ми земат од дуплите работи или нешто што не користиме за да однесат... Мене ми беше многу незгодно поради тоа... али ок. Од нив добивам подароци исто така за истите поводи што ги наведов, но не се нешто многу внимание да посветуваат но барем не добивам некои лоши подароци што се неискористливи. Ок се.
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    А бре ќе им подарувам додека не умрат, заслужиле луѓето :lol: И тие да решат дека нема повеќе подароци за нас, јас пак ќе им давам, оти тоа ме прави посреќна, а и нив вниманието им импонира нормално :)
    Нема да се осиромашам за 1000 денари еднаш годишно.
     
    На bickag му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bickag

    bickag Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    38
    Интересна работа со благото што си му го однесла,јас да направам такво нешто во рок од 24ч ќе ми биде пренесено дека во ред е ама не е баш нешто нај нај....Или пак ние не јадеме такво нешто:) А што се однесува до дечко ми ќе биде нормална реакцијата,со него нема никаков проблем :D