Не можеш да им кажуваш дома кај нив да не пушат. Ако не сакаш не го слегувај детето, е сега имаш некогаш работа, имаш ама немаш право да им кажуваш правила на нивниот спрат. И за гости ако сакаат да оставаат ќе оставаат. Сите овде збориме колку нервира кога свекрвата се меша во нашиот дом, во твојов случај ти им се мешаш дома
Прво не живеете заедно, второ немаш право да се мешаш во нивните навики. Ипак тоа што не пушат пред детето е доволен знак дека сепак имаат почит. Дома можат да си прават што сакаат. Ем да не ви се мешале ем ваши правила во туѓи куќи!
Зарем цигарите се поважни од внучето? Каде е тука почитта? Зошто да не ја почитуваат таа една работа што ја барам од нив?
Vo nashe "selo" vikaat "si nashla si zashla" Jas tuka ne gledam nikakov problem, ocigledno e deka si barash problem bez prichina. Zamisli da ti se kacat gore kaj tebe i da ti kazat deka ne smeesh neshto da pravish oti niv toa ne im odgovara Toa shto ne pushat koga deteto e so niv e dovolno.
Ти бараш преку леб погача. Ти дале цел спрат, не ти се мешаат да правиш што сакаш, ти го чуваат детето, не пушат пред него, е сега не те почитувале зошто не им забранувале на гостите да пушат. Биди среќна што те трпат, да се некои други ќе летате од таму, па ем ќе плаќаш кирија ем ќе нема кој да ти го чува детето
За чија почит правиме муабет? Твојата кон нивната ,,слобода " или нивната кон твојата замисла? Ај ти се молам...преслушај се малку ... Да бевте сите на куп ,па да се буниш и да мрчиш...вака,одделени -немаш право А да кажеш
Затоа што ти непушач... и да проветрат залудно... јас кога дозволив да запали кумот некоја цигара во дневната иако проветривме утредента пак се осеќаше миризбата... па ајде завеси и се преперував зш ми смета миризбата... а невозможно е да очекуваш во куќа каде се пуши да не се осека... мегу др. Кај нив нема што да им поставуваш ултиматум... и не е во тоа дали те почитуваат но сами пушачи не се осеќаат ко што некој што непуши...така да викај ги кај тебе ако мислиш дека така ќе ти е подобро
Затоа што се дома и немаат обврска тебе да ти ги исполнуваат желбите. А ти зошто не им го почитуваш куќниот ред кај НИВ дома? Не ти е должна тебе свекрвата да ти чува дете. Повеќе членки ти даваат коментари и никоја не рече дека ти си во право, значи малку подразмисли.
Јас не велам таа да го чува детето, јас сама си го чувам но сепак сме во иста куќа еднаш или два пати во денот детето се симнува доле. И кога мене некој ќе ме замоли да не правам нешто од почит нема да правам. А камоли да станува збор за човек со кого живееш во иста куќа, кого ќе ти притреба и за добро и за лошо. За мене е непочитување да вика дека не пуши а знам дека пуши затоа што мириса. И не му кажувам правила како да живеат, барам едноставна работа за доброто на детето, не за мене. Како татко ми престана да пуши дома иако таму одиме еднаш неделно а тој цигара нема дома запалено. Незнам како да ви објаснам
Ама ти изгледа имаш проблем. Многу правила вчера дојдена во туѓа куќа. Ако ти сметаат цигарите кај нив дома, едноставно е пресели се. Ем ти дале цел спрат ем во нивниот се мешаш! Дали ќе ја почитуваш ти свекрвати тебе да ти забрани некоја навика чисто ме интересира?!
И мене ме чуди зошто ти вели дека не пуши, а ти јасно гледаш дека те лаже. Јас да бев на нејзино место ќе ти кажев, да, пушев во моја куќа уште еднаш да не ти текнало да кажуваш правила, ако не ти одговара си имаш спрат. Кутрата свекрва уште ти се оправдува
ај земи си го детето маж ти и ојте си под кирја кај ке одиш секаде детето со тебе ке го влечиш и ке биде 24/7 со тебе ако не ви одговара шо не се изселите
Јас кога сум била бебе,баба ми пушела а моите се непушачи, не сме живееле заедно,секој во своја куќа. Кога отишле моите кај нив дома баба ми нормално сакала да ме подржи во раце,а татко ми не и дозволил и рекол неможе смрдиш на цигари. Од тогаш баба ми престанала да пуши само заради мене,заради внучето да може да си го подржи. Искрено не можеш да им кажеш во своја куќа да не пушат,не сте ни заедно,друго ќе беше да живеевте заедно на еден спрат,ама можеш да не им го носиш внукот,со изговор дека не сакаш да ти диши детето чад од цигари,ако сакаат да го видат нека се качат горе. Па може тогаш ке си сватат сериозно. Тотално те разбирам и јас сум непушач.
Па ја зезаат,за да и текне да неможе да поставува правила на нивен спрат ... и добро е така ...бар се уздржуваат луѓето да не ја отераат у пм...ја на место да сум на свекрвата/свекорот -би им ја покажала вратата и на неа и на маж и
Ти се има погодено свекрвата тебе, јас да сум има да леташ од таму, па цел живот ќе рмбаш за да си обезбедиш кров над глава. Кај гага спрат ти дале, кај ти изиграваат дежурен бејбиситерски сервис коа ќе ти прдне, уште и правила поставуваш. И ако ти е за доброто на детето, зошто не ја викаш кај тебе горе да го чува?
Ама татко ти.... Тука 2та се пушачи и едноставно непушач ке осети дека се пушело и 3дена пред тоа... затоа ти реков Мене од неколку цигари ми е лошо а не да се пуши секојдневно во дневна нема секојден да перат завеси за да не осетиш ти ...
Може и нејзините да ги вика да доаѓаат да и го чуваат детето ...нели татко и не пуши,ги оставил цигарите,ваљда по,, налог" ... етееее,решен проблем
Да, по налог. Затоа што не сакам да ми смрди детето на цигари. Извини но ти би сакала твоето дете да ти смрди на цигари?