Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.564
    Допаѓања:
    174.868
    Мириса, не смрди... да , моето постаро дете мириса на цигари, црвено малборо , ...а иначе кога беше малО ,мирисаше на џонсон купки и шампони ,јер ја и мм си го чувавме ,лично и персонално 24/7 .... ;) ,без трети лица
    Уште нешто ? :)
     
    На IAmPresident, WildMk, happygirl и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Lovely22

    Lovely22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    74
    Браво, ти си супер мајка штом ниту еднаш ама баш ниту еднаш не ти затребала помош од трети лица. Секоја чест
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.564
    Допаѓања:
    174.868
    ^Фалааа :)
     
    На CameliaMiller, buba4e89, Sejfullai и 5 други им се допаѓа ова.
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Немој со толку налози да леташ.
    Ти немаш апсолутно никакво право да се мешаш во туѓа куќа и туѓи навики!
     
    На CameliaMiller, cresa-jagoda, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    @Lovely22 Само овој проблем ли ви е или сепак и друго ти пречи кај нив?
    И јас би рекла ништо страшно.Детето не е постојано кај нив.Во денот саат два,претпоставувам.Башка не правиме муабет за дим,него за миризба.Некогаш презаштитнички сме настроени.По муабетот се гледа дека се луѓе со осет.Еве и јас не би престанала да пушам за да не му мирисам на внучето.Ако престанам би престанала лично ради себе.Мислам дека малку грешиш и дека треба да си ја спуштиш топката.А ако веќе неможеш да се помириш со тоа,тогаш воопшто не ја барај нивната помош,ни тие саат време.
    А друго што сакам да те прашам е дали го носите детето на гости каде луѓето се пушачи?Еве нас до сега сите не испочитувале и кога сме таму не палат.Ама јас неможам да очекувам луѓето да не си пушат дома кога се пушачи.Значи секако тоа дете ќе биде во простории каде се пушело.
     
    На WildMk, happygirl, Miss666 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    9.543
    Јас сум од кај жената и нормално е да бара да не се пуши внатре, ама овие никаква почит спрема неа и ја лажат.
    Јас како што знам сите фамилии кои имаат мало дете веднаш сменија навика и начин на живот се за најмалиот член.

    Нивно е и што сакаат ќе прават, ама имаш нов член па да смениш нешто бе. И утре ќе се лутат зошто детето не им го даваат, епа ќе се лутат. И јас не би оставила дете во такви простории каде претходно имаат испуштено многу цигари.
     
    На Anyshka, marchi-cool и Martka им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Во туѓ стан неможам да давам команди дал да се пуши или да сменат навики, ама пак затоа ако сакаат детето да го гледаат ќе доаѓаат кај мене или ќе го шетаат надвор.
    СекојА од нас имала свои навики ама фи сменила или искоренила.

    Моја сугестија: кажи им дека за здравјето на детето цигарите се лоши и дека во иднина нека доаѓаат кај тебе да си поиграат со детето.
    Нема ништо лошо во тоа што се грижиш.
    Нека се љути кој сака.
    Денес за цигари лажат, утре за други ситници коие те вадат од такт.
     
    На Anyshka, Martka, happygirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Има разлика од еднаш и од два пати дневно.
     
    На Sejfullai, zalosna, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.620
    Допаѓања:
    107.042
    Пол:
    Женски
    @Lovely22 која е причината што они не се качуваат горе во вашиот спрат да го почуваат или да си поиграат со малиот?
    Не сакаат или што?
    Си им ја понудила оваа варијанта?
     
    На WildMk, cresa-jagoda, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.901
    Допаѓања:
    14.584
    Пол:
    Женски
    @Lovely22 јас сум непушач со мало дете. Кај мене дома никој не пуши, дури и гостите си излегуваат на тераса. Пуши татко ми и свекрвата. Кога одам на гости кај нив пушат надвор, инаку знаат да си пушат внатре понекогаш. И тоа е тоа, повеќе не можам да побарам.
    Имам вујко што пуши без разлика дали јас сум таму со детето, дури и за внукот од неговата ќерка не се откажува од пушење внатре. И и реков на мајка ми дека или нема да пуши кај нив кога сум јас таму, или ќе си одам. Првиот пат си заминав, после тоа не се повторило. Затоа кај вујко ми дома не сум го однела детето, сигурна сум дека ќе биде задимена цела соба и немам право ништо да речам.
    Свекрва ми пуши, но и дома си излегува на тераса, за кај мене дома не станало воопшто збор, или не пуши воопшто додека е тука или излегува на тераса.
    И јас општо не сакам детето да се гушка со некој што смрди на цигари, без разлика дали е татко ми или свекрва ми, ама не очекувам да не пушат во нивните куќи. Кај мене дома нема шанси, не смеат ни да помислат. Кај нив дома бидејќи пуши само едниот, другиот (мајка ми и свекорот) секако им мрчат за пушењето и генерално не е умирисано на цигари, ама сепак се познава кога се пушело, од тој мирис нема бегање. Јас на тоа гледам исто како што мириса ужасно воздухот надвор и не можам да го сменам тоа, исто е и со чадот од цигари во туѓи куќи. Јас лично не одам на гости кај страствени пушачи, а не па детето да го носам.

    Сакав да речам дека претеруваш ако очекуваш да не пушат свекорот и свекрвата во нивниот дом, ама цело право имаш да речеш дека нема да го носиш таму ако во таа куќа се пуши. Нека се качуваат кај вас за чување и ќе излегуваат ако сакаат да пушат баш тогаш. Друга алтернатива не постои во ситуацијава, ама мораш да прифатиш дека тоа што си го побарала е претерано.
    А ако толку ти треба помош и мораш детето кај нив да го оставиш, можеш да побараш да не пушат со него во соба, ама и тоа е на нивна добра волја.
     
    На Anyshka и happygirl им се допаѓа ова.
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    16.341
    Јас ја оправдувам мајката. Секако дека е загрижена и не сака нејзиното дете да дише смрдеа на цигари. Не е работата дека сака да поставува правила во куќата на свекорот и свекрвата. Од друга страна, ако не го симнува детето доле ќе излезе дека е лоша. Злобни ви се коментарите од типот "Ако не ти чини оди си..." Тоа е типично понижување кое го трпат снаите што живеат по кровот на свекрвите. Како они да се на патот најдени и сега треба да трпат се во "замокот кралски" во кој дошле...
     
    На Anyshka, marchi-cool и Martka им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Ај ај понижување трпела кутрата. Кажа, буквално за ништо не и се мешале. Да живееа заедно друг муабет ќе беше. Дома си се и ќе пушат ако сакаат. А бе дома раат да не можеш да бидеш од умот на други луѓе. Сега она си има нејзин спрат, и во комшии сака правила да воведува.Плус кажа дека не пушат во негово присуство, само мирисот и сметал. Кога ја прашаа зошто не ги викнеш ти кај тебе, вика ама зошто не ме слушаат? Ако и е за детето нека ги викне кај неа, ама мене повеќе ми се чини дека е гордоста во прашање, тоа што ќе го побара, тоа да се исполни колку и да е неразумно
     
    На CameliaMiller, Miss666, ivana--aerodrom и 14 други им се допаѓа ова.
  13. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека дојде моментот кога во темава ќе ги бранам старите.

    Која си бре ти да им поставуваш правила во нивна куќа која претпоставувам макотрпно ја изградиле ?! Со кое право изиграваш шериф на туѓ простор и спроведуваш твои фикс идеи врз луѓе кои ти дале спрат за живеење и простор за кочоперење ?!

    Јас не би те пуштила да се приближиш до мојот спрат, имаш среќа што си наишла на добри и мирни луѓе!

    Аман бе свилено го направивте и детето и мајката.
    Огромен чекор направиле старите, не водат инает и не пушат кога детето е кај нив.
    Под стаклено звоно ќе го чува детето цел живот ?!
    Ај замисли, нека не го изведува детето надвор пошто надвор се осеќа дим од цигари од случаен минувач, нека не го носи детето на гости кај пушачи дома кои пак ќе ги испочитуваат и нема да палат пред нив, нека не го носи детето по прослави немој скраја да е некој пушач да се затекне таму.

    Не се утепувајте од земја ај.
     
    Последна измена од модератор: 31 јануари 2020
    На IAmPresident, WildMk, happygirl и 31 други им се допаѓа ова.
  14. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Добро и вие малку претеравте,ниту им наредила ниту им дала налог,само ги замолила и тие ете ја лажат дека не пушат затоа што најверојатно се свесни дека не е во ред,НО дома си се,така живееле цел живот сега тешко им е да сменат навики и ги разбирам потполно.
    @Lovely22 ако толку многу ти смета,а разбирам дека ти смета или не го симнувај детето или тие нека се качат горе,ама ова не е причина за нарушување на мирот и хармонијата во куќата.
     
    На Anyshka, Martka, Sexybaby86 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.135
    Пол:
    Женски
    Здравјето на детето е побитно од нечија зависност.Штом детето смрди на цигари кога ќе се врати значи си пушат во негово присуство и не знам како мислите дека не е штетно детето да поминува неколку саати на ден во таква просторија.Не им поставува ултиматуми туку очекува да се однесуваат каки секој совесен човек.
    @Lovely22 не оди ли детето во градинка? Твоите родители можат ли да го чуваат?Ако останува на свекорот и свекрвата зборувај со нив и нека се качуваат кај тебе да го чуваат.
     
    На Anyshka, marchi-cool и Martka им се допаѓа ова.
  16. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    5.389
    Пол:
    Женски
    Нема логика да бараш да ти ја исполнат желбата кога не живеете заедно, не е фер спрема нив, тие се согласиле да не пушат во присуство на детето, што е коректно од нивна страна. Ама пак да бараш воопшто да не пушат во сопствениот дом нема смисла. Во случајов ти не ги почитуваш нив, а тие тебе, повеќе и од доволно.
     
    На SexiLy, Sejfullai, stetoskop и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Се сложувам. Мислам дека се претерува со тоа преселете се, одете под кирија итн, совети од ракав. Се наместиле луѓето, си живеат убаво и во слога и сега за еден мал проблем ќе се преселуваат?

    Те разбирам @Lovely22 и јас не би сакала моето дете да диши чад од цигари, бидејќи и да не се пуши во моментот, може пак целата соба да е зачадена. НО, од друга страна, тоа си е нивни дом во кој не можеш да кажуваш правила и да го сметаш за непочитување тоа што не те послушале. Секој сака да си има раат во својот дом и не можеш тоа да им го скратиш.
    Најдобра опција е да се качуваат кај тебе кога треба да го почуваат детето. Така и волкот сит и овците на број.
     
    На Martka, Lolipop23, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  18. AsteryStella

    AsteryStella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2016
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Ако е загрижена мајката нека не го носи доле.За да не биде лоша,слободно може да си ги вика кај неа на спрат старите за да го гледаат внучето и решен проблем.Ај сега ќе драми пушеле не пушеле.Дома секој функционира како сака.Она не живее под кровот на свекрвата како што кажуваш,имаат свој дом што и го создала свекрва и ,и таму снаата поставува правила.
     
    На cresa-jagoda, Sejfullai, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Баш така. Не е за бранење, туку треба реални да бидеме. Се ставам на местото на жената. Моите т.н. свекор и свекрва да ми дадат спрат од куќа, да не ми се мешаат во ништо и овие 300евра што ги даваме за кирија и сметки секој месец да си ги тргам на страна... Wow колку пари би имала :D Па веќе имам избор градинка, дадилка итн. Јас сега не се осудувам да им преречам нешто, а не во таква ситуација. Тешките периоди во животот доаѓаат со причина, само така можеме да сфатиме што имаме на располагање. Човечката алчност нема граница.
     
    На ForeverYoung, baby-star, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Lovely22

    Lovely22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    74
    Сметам дека детето е најважно од сите и дека треба да се сменат некои навики за негово добро. Значи не наредувам само замолувам да не се пушат цигари внатре во собата. Имаат и друга соба која што не ја користат може таму да палат ако не сакаат да излегуваат надвор. Детето неколку пати ми има речено сакал да се симне кај баба и дедо. Што да му одговорам, зошто не дозволувам?