Јас сметам дека ти му си мајка и ти треба да се грижиш за детето, а не свекрвати. Ти не замолуваш, ти наредуваш. Бидејќи ако замолуваше и молбата ти е одбиена, немаше да дојдеш овде и да пишеш како те извадиле од такт. А ќе одговориш еднаш пошо сто пати те прашавме зошто не ги викнеш да се качат горе?
Не ги викам. Тоа се луѓе што не мислат за внучето, не ги ценат ни синот ни снаата и си терат по свое. Од сега натаму сама ќе се снаоѓам како знам и умеам но не ги викам. А што да му одговорам на детето кога ме прашува зошто не дозволувам да се симнува? Минатото лето одев на работа по неколку часа таа го чуваше. И имав кажано да не му дава да гледа на телефонот да не му дава многу благо да јаде но тоа не се почитуваше. И знаев дека го прави спротивното но ништо не викав. Е ова за цигарите неможам бе да го преќутам. И сфанете не наредувам само замолувам нешто за доброто на детето не за мене. Може да ја запали цигарата во соседната соба која што не ја користат за ништо. Воопшто не сум таква како што ме замислувате само сакам за се да постои компромис разбирање и почитување.
Ама и ти тераш инает, ем не го слегувам долу оти мириса, ем не ги викам ја горе оти така сакам. Колку што ти е тебе дете, толку им е нив внуче, не е фер да не можат да го видат на раат заради што “мирисало” ( а не пушат во негово присуство, не може до толку да мириса ). И ти не сакаш да направиш компромис реално.
Тебе нема да ти смета ако свекор ти и свекрва ти за ништо не те сфаќаат сериозно, што и да речеш да не прават тие го прават спротивното, не знаеме што ни носи животот можеби еден ден тие ќе бараат нешто од мене. За добро и за лошо треба да се почитуваме во иста куќа живееме. Не му кажувам што да јадат кога да спијат само ги ЗАМОЛУВАМ да не пушат цигари со собата каде што детето сака да ги поиграе со нив можат да пушат во др соба како што и предходно кажав. Тебе ако некој те замоли да не правиш нешто па макар и да не го делиш тоа мислење од почит нема да се согласиш?
Како може да не мислат на внучето кога сепак се нафаќаат да го чуваат? Како не ве ценат кога ви обезбедиле живеалиште? Како не ТЕ ценат кога воопшто дозволуваат да им кажеш што да си прават доле кај нив?? Сериозна ли си? Биди малце реална не мисли само на својот задник и согледај како вистина е. Стварно си нашла па зашла. Ако не те ценат оди си од таму, зошто ти нив дефинитивно не ги цениш.
Мириса, нормално дека ќе мириса. Исто како што цела куќа мириса на кромид после готвење. Важно е чад да нема. Купи им еден освежувач, дури има еден во Кам маркет специјално за пушачи и остави го детето. Сфаќам дека ова ти е единствен проблем и гледај да остане на ова. Немој да ги предизвикуваш да ја направите поголема. И јас пушев, другарки ми оставале деца на чување. Ќе си отворам прозори, не палам цигара додека ги чувам. Сигурно и на нив им мирисало ама немале избор, а јас сум се наоѓала секогаш за помош и збор не ми рекле.
Кажи им нека се качуваат горе да играат и почуваат внучето и кажи им поради која причина може горе да го гледаат и зошто не долу и толку. Ќе дојде пролет лето во двор другата соба може малиот да се симнува кога е ладно тој услов да се качуваат кај вас и мирна глава. И они ќе можат да поминуваат време со внучето и ти ќе си раат зошто си го направила она најдобтото за детето да не биде во просторија каде мириса на цигари. И сите задоволни. За храната што да ти кажам ако одиш во иднина на работа зошто колку што сватив моментално не си на работа градинка ќе ти биде најдобро решени. Поздрав и секое добро.
Значи ти во тој магацин ги препраќаш при нивен сопствено создан комфорт. Пак не ми одговори со кое право, што се замислуваш ти?! Да резимираме, доле не смеат да пушат, горе не смеат да ти се качуваат. Колку ги има вакви како тебе ехее, терсене, ни се водат ни се тераат, што раздор прават во фамилијата. Пак ќе кажам, имаш среќа што се мирни луѓе, заслужуваш надвор да леташ.
Мене не ми смета ништо кај свекор ми и свекрва ми пошо јас не очекувам свекор ми и свекрва ми да ми ги завршуваат моите обврски. А таа почит која цело време ја вртиш, треба да сфатиш дека тие направиле компромис со тоа што не пушат пред детето пошо ако сакаат можат да ти речат ние дома пушиме кога сакаме. Ти си таа која не почитува и наметнува правила во туѓа куќа. Наместо да се закануваш дека ти ќе си им притребала нив некогаш во животов па ќе видат тогаш, они можат комотно тебе да ти се закануваат пошо си дошла на направена куќа веќе. На син им може ќе им дадат, тебе немаат обврска ни една вилушка да ти дадат и не биди неблагодарна.
Со кое право? Со тоа право што до сега многу работи сум преќутела, никогаш лош збор им немам кажано, глас не сум повишила на нив. Има многу работи за кои не биле во право но никогаш ништо не сум кажала.Не знаеме утре што не чека можеби тие ќе бараат нешто од мене.
Аха, во првите коментари напиша буквално за ништо не се мешаат супер си живееме, сега чек да ја сменам приказнава пошо сите ми викаат дека не сум во право.
Сама растам деца еве 10 години татко им по белиот свет за да им обезбедиме живеалиште И таман си ги пораснал си ги изведил на прав пат се омажиле ожениле Ај купи им стан од парите што татко им со години бил роб по белиот свет а ти си седела како утка дома у 4 зида си се справувала со температури вируси школо пубертет И ке дојде време ке се одомат ити конечно уживаш у животот И од нигде никаде некој ке ти рече не пушите дома излегувајте надвор Во иста секунда не ме интерсира ни син ни снаа ни внуци сите марш и ни контакт ни ништо цел живот на некој да му угодуваш арно знаат оние по странств 18години и само нека се снаоѓа после у годината3 пати на ручек и толку
Извини на израз но Круната ќе ти падне?? Немаш право во др дом небитно свекор свекрва мајка татко кумови пријатели да им кажеш не го цените внукот па не престанавте да пушите.... Не ги викај Но ти ќе имаш потреба од нив повеќе отколку тие... а на детето одговориму Не ти давам бидејки дедоти и бабати се пушачи немаш право на кај нив... мислиш ќе те разбере? Па ако баба и дедо не го гледаат и разгалуваат тоа највеќе губи ... кога ќе ги нема ќе си речеш Еј претерав ама доцна е... нема круната да ти падне ако им речеш додека е зима горе гледајте го па на пролет сигг нема да пушат при детето...
А зошто ти како млада снаа не земеш па еднаш у недела да им ги испереш завесите ,? Нема да мириса тогаш толку многу нели...?
@Lovely22 а која е причината што не сакаш да дојдат да го почуваат детето на твојот спрат? Ете ти се симнуваш кај нив, зошто не тие кај тебе?