Извини, ама го отупе со ова ... што ќе бараат УТРЕ од тебе,чаша вода можеби? Не си земај залет многу ,непредвидлив е животот
Колку ме погоди ова... Уште не сум израснала деца, првото е на пат ама вереникот е цело време во странство за подобар живот. Никој не може да разбере како е и низ што се поминува една таква осамена жена. Целиот муабет ти е на место.
@Lovely22 нека се качуваат они кај тебе чим несакаш да диши детето цигари (нормално) ,и решен проблем. зошто да не се качуваат?
@Lovely22 ти дефинитивно немаш проблем, а сакаш вештачки да го создадеш за на крај жртва да излезеш.Имав еден случај ваков како твојот од ништо нешто правеше снаата.Мислам дека е најдобро ако немаш работа да си најдеш,детето во градинка и чиста работа за сите.
@Lovely22 со кое право ти им кажуваш што да прават во сопствениот дом? Дури тие на тебе можат слободно да ти се качат горе и да си запалат цигара и око да не им трепне, затоа што погоди што..?! Тие ја граделе таа куќа и нивна си е. Тоа што си ти со син им таму е само поради нивната добра волја и ништо повеќе. Ако не пушат додека е детето таму јас не гледам што ти смета?! Кога одиш на гости со детето кај други пријатели а тие се пушачи, ти смета што седи детето во соба каде што се пушело? Или па од дома не излегувате и го чуваш во стаклено ѕвоно? Си нашла па си зашла, ем баба сервис, ем на глава им се качуваш.. Арно и си те трпат.. Ако ти смета толку, викни ги горе нека си играат а за чување викај си жена или прати го во градинка, бидејќи ете по никој основ не сакаш кај пушачи да седи.. Ама да знаеш дека и воспитувачките во градинка пушат надвор па мирисаат на цигари.. и погоди што?! После го фаќаат и твоето дете како и уште 50 други дали за да ги пресоблечат ако се испотиле или извалкале, дали за да играат... итн итн... И пак може да му се умириса облеката..
@Lovely22 ме интересира дали детето не го вадиш воопшто од дома? Пошто нели, надвор е загаден воздухот и мириса, а по гости и да нема пушачи, можеби имале некој што запалил цигари па мириса, за по кафичи, ресторани да не правиме муабет-секаде се пуши.
Спојлер: За свекрви - приговарачки ! Незначи дека ако ,,ти дала,, спрат да живееш дека треба да ти кења (извинете на израз) на глава. Плус, го дала на синот а не тебе. Па, се воделе дискусии дека снаата се осеќала како гостинка или како во туѓа куќа. Прво градат куќи на катови за сите синови да им биле на купче, сите во исти двор да излагале, па кога некој од синовите ке реши да си седи во стан сам и да си има мир, е тогаш почнува вистинското шоу...па и станот ако е на ,,невестата,, уште поголема е фештата. Не дечки. Ако дадеш , дади го од срце и не го приговарај.Си работел и творел ама за твоето дете.Тоа што тоа можеби мислиш дека направило погрешен избор е друга приказна. Забегавме со муабетот... Лавли22, ако сметаш дека мириса, пушат пред детето...тогаш со арно - со убаво кажи си дека подобро е даојдат кај тебе и да си поиграат со детето.Во иста куќа сте, прави баланс, тие се сепак повозрасни, ти си помлада и нова во куќата.Биди си културна и прибрана.Немаш потреба од нервози, уште долги години ќе мора да се гледате секој ден - во иста куќа сте.
рефке за спојлерот у никој случај нема да купам стан за синот само јас по пола со сватовите ако немат сватовите немам ни јас млади се нек се помачат и нека си створат исто и за женски и за машки деца важи
Јас го имам апсолутно истиот проблем. И компромис за цигари не правам. Посебно не за дете. Моите исто пушат, им реков пред да одиме да луфтираат и да не пушат воопшто додека е детето кај нив. Еднаш видов дека смрдеше на цигари додеке беше она таму и им реков повеќе нема да доаѓаме додека не престанат и не ме послушаат. Они кај нас кога сакаат можат да дојдат да ја видат, ама она таму нема да припари. И кај нас дома нема пушење по никој основ. Нити пак би правела компромис ако живеам кај свекрва, демек покрив над глава ми дале, па сега и голи ако сакаат нека шетаат. Нема шанси. Ако мене лично не ми се свиѓа и под кирија би си отишла.
не велам не. Секој случај е различен. Еве јас имам стан, несакам да седиме кај неговите, ми пречи мајка му...ако тој се согласи несакам од никој ништо, само мир да си имам
Јасно е тоа дека е твое мислење туку зошто е тоа така,тоа те прашувам,ако сватовите немаат пари за стан ти ќе го лишиш своето дете така? За што се мачи ко така маж ти по белиот свет,да ги собирате парите и да им се радувате на сметка? (Ова го кажувам по дифолт да имаш пари и да не сакаш да му купиш,зошто така некако те разбрав) Малку ми се контрадикторини овие работи,ама секој со своите сфаќања.
Jas sum tezok tabiet, ama ovaa Lovely i glavniot na Super Mario go zaebala Aj sedi si madro tamu, da si mi mene ke ti go pokazam patot vo eden pravec ako ne ti se svigja. Arno vika alisa, si crncel cel zivot da stvoris nesto, si dvoel od usta, si plakal krediti, ne si odel na odmor si vozel krntija od kola, si jadel koski i kacamak, i ti ide v kuka da ti kazuva so da prais.
маж миработи да ги израснам и изшколувам до 18 години или до 24-25 ако се на факултет после тоа на патот така јас мислам дека треба моја фамилија мои деца мои пари мои правила шо не е јасно ? да не треба тебе да те слушам шо ке ми кажеш???
А зошто ви е толку тешко да разберете дека не сака да го носи детето кај што пушат? Она што не се согласувам е цело време да одат да пушат во друга соба, можат да излуфтираат и да не пушат додека се таму. После кај сакаат нека си пушат. Или треба да ги пушта горе да доаѓаат ако веќе не сака да го носи детето во такви услови, не знам зашто воопшто и горе да не доаѓаат.
Ау не,далеку од тоа дека мене треба да ме слушаш,зошто не ти дадов совет туку ти поставив прашање,ама дефинитивно треба да поработиш на односот,тој не се купува