Точно, многу членки и се нафрлија и мене тоа не ми се свиѓа ама тоа што го пропуштате е дека не пушат пред детето. Таман работа да биде обесправена дека дошла во туѓа куќа. Таа куќа сега е и нејзин дом. На прашањето зошто не и го чуваат горе рече дека не сакала така. Ако помагаат и делат совети се мешаат, ако се тргнат на страна биле незаинтересирани. И на нас снаите не може да ни се погоди. Членката си побара мислење и доби многу, сега сама нека се одлучи како ќе постапи. Јас не би избрзала да се расправам.
Никој не и се нафрли, и објаснија многу убаво дека е малце залетана во размислувањата. Еве јас објективно го мислам истото ко многумина овде. Прво пиша дека не ја замараат ич, ко комшииве мене што ми се спрат подоле. Од тоа поубаво нема. Али пази, секогаш кога иде некаде, тие го гледаат детето и тогаш не пушеле. Арно ама, за да и се сите коцки во животов погодени мора скроз да престанат да пушат стариве или да одат во некоја мрачна соба во која ако поседиш 5 минути ваљда депресија ќе те мавне, пошто таму го чувале ѓубрето. И јас нејќам цигари во мое присуство, али го имам тој луксуз зашто блискиве не пушат. Али ако треба да бирам пушачи кои не пушат тогаш да го чуваат детето, за јас да си средам работите, па преку такво ако пушеле пред пола саат. Или ко што сите кажаа, ќе ги викниш кај тебе на спратот да седат. Е сега ако сакам стварно сите коцки во животот да ми се наредени, да можам мојата контрол фрик страна да си ја пуштам на најјако и сите да ми играат како диригирам јас - ќе си седиш одделно и од никој нема да очекуваш никаква помош.
@RainBow коментарот мој се однесуваше на домот. Додека е на мое име ќе правам што сакам. Ако на синко не му чини, нека оди под кирија. Колку можам ќе помогнам. Не може на мене снаата да ми кажува да сменам нова кујна затоа што на неа мојата не и се свиѓа.
Жени мешате баби и жаби Проблемот е овој На еден спрат седат старите На друг спрат младите Старите не му се мешат во ништо немаат никакви проблеми и понекогаш кога има потреба го чуваат детенцето кое има 3 години НЕ ПУШАТ ПРЕД НЕГО е сеа снаата му вика -На вашиот спрат нема да пушите дома туку надвор И сеа снаара е права шо и туѓ стан правила поставува? Има опции нека идат горе старите да го играт ,чуват ама она НЕ САКА
А ќе може ли снаата горе во делот што си му го дала на синот да стави кујна каква сака, или ќе мора и таа по твој вкус да биде, зашто нели, твоја е куќата?
Ова е тригерот кој мислам дека многумина ги погодува. Пошто сите сакаме да сме главни секаде. Јас знам дека можам само ваму кајшто седам и сама си плаќам да сум главна, инаку и на мајка ми не и се мешам што зачини става во манџата.
Одите од едни во други крајности, а и прејаки сте на збор дека вака или така ќе правите, односно нема да правите. А тоа со финансиската поддршка, но само ако и другите родители даваат ми е Или даваш и помагаш од срце, или не се ни нуди со поставување такви услови. Моите ни еднаш не прашале другите дали и колку даваат. Они си даваат првенствено за нивните внучиња да имаат, а со тоа нас ни олеснуваат премногу.
Така е. Затоа не се разбираме. Не треба она на нив да им кажува што смеат да прават, ама и тука се претера со муабетот нејзина куќа е, на свекрвата, мислејќи на целата куќа, и на делот на синот, дека и требало среќни да биле што добиле нешто и да си ќутат. Тоа ми пречеше. Па пола од овде што пишуваат и читаат живеат така, да не се лажеме. А ќе трубиме тука како требало да си ќутат и да прават како ќе им се каже. Не е така.
Најдобро е на страна да се живее. Ама не се нафаќа секој. Полесно им е во заедница да живеат, па ако треба и нека се караат.
Ама жената не е во заедница. Како што свекрвата не е пожелна горе и го почитува тоа, така има право доле што сака да си прави. Не може некој да и каже воопшто не пуши и кога детето не е таму. И јас имам проблематична свекрва и сум тотално на страната на снаите, ама оваа снаа претерува малку. Тоа што го чуваат внучето е нивна добра воља, нека го цени тоа. И не пушат кога детето е доле, што повеќе и да побара е безобразно.
Најдобро е на страна. Ама горе веќе имало спрат, па како младите да одат негде на страна да живеат? Работава ем даваат, ем сакаат тука да се младите, зашто веќе има место, ем од друга страна пак нивно било и главни да си биле. Кога веќе даваш нека биде со убаво и од срце, а не во моја куќа дошла снаа и главна да биде. Не зборам за тебе, имаше поназад доста такви коментари.
Ич не е за спратот, имам пишано на темава дури и на ист спрат да живееш не значи дека треба да те навредува некој, а не па на различен спрат. Ама баш за тоа што е различен. Тие да не се мешаат кај нас, јас да не се мешам кај нив.
Детето не го пушташ кај баба и дедо, бидејќи куќата им мирисала на цигари. Многу ме интересира што вели мажот ти за овој "проблем". Утре детето ќе тргни во градинка, училиште, каде што барем 50% од децата ќе имаат пушач дома и ќе им мирисаат алиштата. Нема да го оставаш да се дружи со нив?
Па тоа не е проблемот со членката. Некои само си ги кажаа своите размислувања што немаат врска со конкретнава ситуација. Нејзе не и се мешаат, таа сака да им се меша.
И јас реплицирав на тие што кажале такви мислења. За членката со проблемот кажав веќе, не е во ред да им кажува на нив долу што и како да прават во однос на пушењето, може само да одлучи да не го носи детето, ако не и се допаѓаат условите, плус што веќе се согласиле дека нема да пушат додека е таму детето и да излуфтираат претходно.