Исто тука у вие 60 квадрати какви се такви се мои се тука можам да јадам трева и да правам како сакам Да поставувам правла Ама надвор од надворешната врата ни на комшиите под мене ни на тие над мене ни на мајка ми ни на свекрва ми ни на другарка ми НИКАДЕ не можам и не смеам да поставувам правила Ако некаде нешто не ми одговара не одам таму и крај
Сите ме нападнавте како којзнае што да сум направила. И не, не сум ЛОША снаа. Само сум човек што сакам да имам разбирање со тие околу мене. Зошто тие не се прилагодат на потребите на најмалиот член? Дневно се пуше по две кутии цигари без луфтирање и тој дим каде оде? Да дозволам да го вдишува моето дете? Никогаш!!! Јас не забранувам таа да доаѓа горе. Ако сака нека дојде но сега таа е налутена зошто не го симнувам детето кај нив покрај тоа што се пуше. Можеби детето ке влезе после 5 минути откако ја испушиле цигарата и тоа е исто како и пред него да пуше. И детето јас сама си го чувам од почеток, не зборувам таа да го чува туку додека е дома додека не е во градинка да смене малку простор и да си поигра со баба и дедо. Треба да се има компромис и разбирање а не инает и тоа на кој е куќата кој ја направил ќе си праве што сака... Вие познавате некој кој што има мало дете и што се пуше во таа куќа? Иако не се пуше во просуство на детето сепак димот останува во собата и тие што се внатре го вдишуваат
Јас те разбирам и те подржувам. И мене би ми пречело детето во зачадена просторија да е. Држи се до твојот став и не пуштајси го детето. Разговарај и со мажот за поддршка.
а ова од сега е вака или од како се роди бебето ? имаш потполно право да не пушташ дете доле кај баба ама немаш право да и забраниш неа да пуше дома
А тој алпскиот воздух во вашиот град знаете колку е чист? Не кажа мажот ти какво мислење има околу проблемов и што прави околу тоа? И да.. што правиш кога одите на гости кај пушачи?!
Јас не ве разбирам што туку сте се запнале со алпски воздух. Ако сте вие пушачи, и си ги чувате децата во такви простории нека, ама глупаво е да го силувате тој концепт на некој што не пуши, и не сака зачадени простории. Тоа ти е исто со вечната дилема пушачи вс непушачи. За воздухот каков е, и во кои градови си имате тема. Таа ако не сака да седе во чадена просторија, тоа е нејзин избор. Дететто нејзино ако не сака да седе во зачадена просторија пак е нејзин иѕбор. Исто како што вие што сакате да седете во зачадена просторија, и вашето дете исто, е исто така ваш избор. Исто како што е нејзин избор да не го носи детето каде што се пуши. Се е ствар до осет, ама ретко кој го има денес.
Сарказам плус извртување на нештата и ела разбери се. Кој алпски воздух какви бакрачи??! Што има врска сега тоа дали одела кај пушачи? Зошто така ги извртувате муабетите, па фаќате друга насока. Проблемот е дома, а не дали го изнесува кај други. За доброто на детето нема да го носам таму кајшто не е пријатно. Во овој случај, мајкава испадна претерува, се лигави - според некои.А да ви се случува и кај вас дома, како ќе постапите?
Никогаш не вели никогаш. Сега децава се мали, ќе дојде време ќе пораснат, ќе почнат да пушат. Ретко некој да не пуши. Па сакале ние ги чувале во стаклена градина или не.
Можеби домаќините на гости се со поголем усул. И да го однесе на гости, има милион ситуации сега ние да разврземе што би се случувало, што ми е глупо. Можеби во друга соба ќе игра со дечиња, нема да има чад тука. А може и воопшто да не го носи. Не е важно останатото таа како го организира, дали се дружи бла бла. А другово е секојдневие кај нив дома. значи друго е нон-стоп детето да биде во чадилница, а ете ќе сака да оди кај нив, потребни му се.
Додека можеме треба да ги чуваме. Кога ке бидат возрасни сами ке си одлучат дали сакаат да седат во соба кај што се пуши или не, и дали ке бидат пушачи или не.
Едноставно не го симнувај доле и готово. Нека се качат они горе и тоа е тоа. Штом толку ти смета тоа ти е единствено решение. Изнеси го и прошетај го за да смени простор, не мора таму да оди. Јас не ја носам кај што се пуши. Не можам да седам раат, а детето да ми е во пушница. Ниту пак јас сакам да седам, ако сум искрена, страшно ми смета.