Оти е многу ок да се расте детето во чад имам еден пример. Кога бев еднаш на повојница дете кое едвај имаше 6 месеци беше опкружено со цигари и од свекрвата и од снаата. Цигар врз цигар додека го држат малото човече. Искрено тогаш душа ме заболе од тоа што го видов. После тоа детето разви некои проблеми, многу слабо се хранеше, беше на специјална исхрана. И нека каже некој дека не влијае пасивното пушење.
Ама снашкава сака да и го чуваат (за да си заврши работа де) и притоа да им диригира како ќе се однесуваат во сопствениот дом. Ова е многу некултурно, невоспитано и безобразно. И аманте доста со драматизирањево за цигарите! Не се пуши кај неа дома, детето не и е изложено на чад... Само драми да се прават!!!
Ама она си кажа дека не пушат пред детето.Она им забранува воопшто да не смеат да си пушат дома.Ако не и се свиѓа нека не го симнува воопшто доле и готово.Едноставно е.Но не смее да им кажува што да си прават луѓето дома
Јас не ја сфатив така. Членката вика дека пушеле пред детето. Да ставиме крај на проблемов. Нека не го остава да и го причуваат. И јас се нервирам со моите што пушат пред моето дете и тоа цигара за цигара. Викаат вас како сме ве израснале.
Веќе напишав како е изводливо. Затоа што и јас планирам дете, а не планирам да не пушам. Освен ако не живееш во гарсоњера, тогаш и јас не знам како. А инаку, сигурно дома има повеќе од една просторија. Не пушиш кај што престојува детето. Ако имаш одделна кујна (кај мене е така) пушиш таму. Или може имаш екстра соба. Или на крај, вц. Летно време на тераса. Ова под услов да имам јас бебе дома. Ама ни од моите, ни од свекрва ми не очекувам да не си пушат во своја дневна. Кога ќе го носам детето можат да излуфтираат, и додека е таму да не пушат во иста просторија. Сите другарки што имаат деца вака прават, сите другарки ми се пушачи. А кај мене дома, исто така, сите се пушачи. Во спалните никогаш не се ни пушело, а кога бев дете ни во дневна. Во кујна секогаш се пушело. Во даденава ситуација, решението веќе 30 пати беше кажано. На нејзиниот спрат не смеат да и' пушат, на нивниот спрат таа нема право да се буни. Луѓето пред детето не пушат и тоа е доволно. Повеќе од тоа е веќе претеризам, да очекуваш некој својот дом да го прилагоди на твои потреби.
Ништо не е претеризам кога се работи за внуче Решението е јасно, само не се не знам оти се чувствувате повикани секогаш истите личности.
Имање однос со внуче е привилегија, а не право. Ми се слошува од муабетите дека и бабите и дедовците имаат право да го гледаат внучето. Не, немаат право. Тоа што го гледаат е родителската добра воља. За да ги уживаш правата на нешто, треба да ги исполнуваш обврските. За било што. Бидејќи врската со внучето не е право туку привилегија, бабите и дедовците немаат никаква обврска кон внучето.
Леле колку страници непотребно аууу што народ ќе бевме. Ко слеп за стап се овјаснува дали е штетно или не. Некои членки уште не рипнале во тавче ама се утепаа кажувајќи "шта би било кад би било". Е сега ќе дадам пример за мене. Пред најстарото дете пушев и еден ден кога почна да зборува и подразбира ми рече да не ја гушнам бидејќи многу сум и мирисала на цигари. Ми викаша "мамо не пуши ми мириса" и откако ми рече така сама си реков па немора детето да ме трпи зошто не сум можела да се одвккнам и престанав да пушам 6-7 години. После пак почнав и денес пушам и избегнувам пред неа. Дури виновна се чувствувам ама веќе не и ни пречи, тинејџер дете . Е сега снаава не ги тера да се одвикнат туку во дневна да не пушат поради детето. Тоа дете има три годинки и снаава значи три ипол години толерирала и за време на бременост а тоа е бидејќи тогаш можела да бира дали сака да се симне или не. Е сега детето е 3 год и разбира, сигурно и само бара да се симне кај баба и дедо. Затоа и членката замолила да не пушат за да може слободно да се симнува и да не се прави многу галама околу тоа. И сега бидејќи нема да го пушта треба да му каже поради што не го пушта што е лошо и за детето. Ќе створи друга перцепција за луѓето. И што толку се запнавте дали е лоша или не. Може маж и ја сака таква лоша . Вие се лутите кога им дале една коцка чоколада а камо ли да ве излажат. Па на крај краева може и му смета и на детето. Моето дури беше на терапија за астма многу ми сметаша дури и да престојува во таква просторија. Олабавете малку во носење заклучоци.
Поентата е што она не може да кажува што да прават во нивната куќа. Они ако немаат осет дека не треба да пушат, нека не го носи детето.
Не ми треба покана за на форум да пишувам кај сакам. А ни за моите внучиња немам намера мојот дом да си го прилагодам. Тие што си го родиле таа работа
Некако ич не ми е верно, ама решението си стои. Нека го чуваат ако мораат кај неа. Ама ни тоа не и' одговара.
Сега се проблем цигарите. Утре ќе биде нешто друго. Не ги носи и крај. Не ги носам децава кај што не ми одговара.
Дали јас грешно разбрав или проблем е и тоа што мирисало на чад? Мајка ми беше пушач и ако беше до чадот јас требаше да се иселам од дома додека да умре.
И така вртење во круг 20 страни Значи резиме: 1. Се најавуваш неколку саати претходно дека внучето ќе им оди на гости да излуфтираат. 2. Ако не може така, ги викаш кај тебе да си играат со внучето. 3. Нит го носиш внучето, нит ги викаш. 4. Му наоѓаш другарчиња на детето да си играат.