Ти ако немаш намера некој може има, некој мора да балансира, оган со оган не се гаси И да не живеат заедно, и да го остават на чување, ако е нешто штетно по здравјето ќе кажам. Тоа не е себично, туку грижа за детето, што ако е нивни дом, не се 24/7 со него. А колку ќе се почитува тоа е друго. На крај краева постојат и други алтернативи
Нека не ти се слошува многу. Не реков мора да го гледаат бабите и дедовците. Се знае кој му е најпотребен на детето. Само во времето што го поминува со нив ако треба и ќе се прилагодат и ќе заборават на цигарите. Ако не, постои и другото решение, да се качат горе.
Ако добро пратеше ќе видеше дека она и предложила на свекрвата да се качува горе, но она се нашла како навредена оти горе да се качува сакала да и го симнува внучето доле.
Па те лажат, мајтап си играат со тебе и чекаат да видат кога ќе се освестиш што бараш од нив. И никој не се сили овде, туку реално се зборува. Ако не и одговара, нека си оди. И да свесни сме дека и синот ќе си замине со неа и не, ама лично мене ич не би ми било жал ако си замине со жена му. Чим нив им дошла дотука работата, да прават од ништо нешто слободно нека си одат и нека си уживаат во животот.
@mynameislove снаата смета дека не се доволно заинтересирани ни за синот ни за снаата ни за внукот! Добро само едно не ми е јасно... Зошто сите си измислувате нов дел од приказната? Зошто не прочитате се од почеток? Колку неразбран народ бре еј... Страшно. А за снаата мој совет е да си најде занимација да не измислува нови проблеми.. Какви се проблеми имаат луѓето жално е за ова да се дискутира 20 страници...
Ако си отишла снаата ќе си отишол и синот со неа. Слободно. Вратата им е отворена. Правила во нивна куќа. Јас можам дома да си кажувам дали да се пуши или не. Кај нив е друго. Треба од дома да ги бркам? Штом на синот нивни не му пречи тоа, која сум па јас да се мешам?
Си играме игра наречена „Продолжи ја приказната“. Не знаевте? Значи правилата се следни: Го читаш првото мислење на членката којашто има проблем Си измислуваш твое продолжение (како си претпоставуваш дека е) Го пишуваш на форум
@Lovely22 многу е едноставно решението. Не го носиш детето долу но нема да ги уценуваш дека нема да си го видат внучето додека не престанат да пушат. Ќе се договориш со нив да луфтираат или пушат во друга просторија подалеку од детето. Ако не го прават ова и продолжат да те лажат и ти се осеќаш дека не те почитуваат со тоа што те лажат нема дете долу и ќе можат да го гледаат горе кај вас-кај тебе и маж ти. Ама ти да им забрануваш да си го гледаат вучето и да наредуваш да престанат да пушат Можеш да забрануваш гледаш и сама ама за сметка на тоа и тие можат да те лажат. Тие со твоите забрани сметаат дека ти не ги почитуваш и тие те лажат и така и ти сметаш дека не те почитуваат и пак сте на исто. Чаре? Компромис и примена на сите добронамерни совети од членкиве на изминативе 20и кусур страни
@mynameislove Аха, значи "не и забранува" е различно од твоето "и предложила" ама изгледа не ја пратиш добро дискусијава
А замисли ни твојата не е точна, какво е чувството кога нема да ти пројде верзијата, кога другите сфаќаат дека превртуваш, ме интересира