Проблем е што тие се повозрасни и нема да ти речат многу пораат ќе си Ти да им речеш пушете си доле ако сакате да го видите качете се горе и раат и тие и вие... и готовооо
@mynameislove народ е група на луѓе а тебе ти си означена заради последното мислење (ширење на измислени информации) и си дел од таа група. Поздрав
Грижа за детето е секако, ама немаш право на љутиш што некој не решил да се жртвува за тебе и твоето дете. Алтернативите ги кажавме веќе 100 пати, да не ги повторуваме.
Ај, ако не да измислиме некој проблем само за да го одвлечеме фокусот од драмиве на снашкава? Зошто ме потсетува на Виши? Таа вакви драми правеше, со денови се дискутираше за нејзините маки
Ете видиш? Баш е во тоа проблемот. Лавли се лути што во нивен дом не живеат како таа сака. Тоа Е претеризам, извини. Да и' се качеа горе да и' чадат, ќе речев немаат право, макар 100 пати нивна да е куќата. Гарантирам дека и тие имаат замерки и веројатно затоа се држат понастрана, за да нема тензии. Повеќе осет од неа имаат очигледно.
Јас па како ја следам дискусијава, Бог да чува. Ти се чини мене ми дошле дома да ми забранат нешто. И јас не сум арна
Само нека ме чепне некој од домашниве, одма отварам војна Нема за мене веќе читање на вакви теми, опасно испадна дека е.
Ја следам дискусијава и морам да се вклучам. Се кладам дека да беше синот тој што ги замолил неговите родители да не се пуши друг ќе беше муабетот, ама дека се работи за снаата одма - "Команда во туѓа куќа", "Јас да сум ќе лета"..... Многу од членките заборавате дека станува збор за ШТЕТНА НАВИКА-пушење цигари. Значи она не им се меша што ќе прават за ручек или како ги диплат алиштата. Станува збор за здравјето на нејзиното дете и има целосно право. Јас сум зборела со маж ми на оваа тема и двајцата бевме сложни дека додека е некој пушач од нашите родители, нема да го чува нашето дете. Немојте со тие муабети дека бабата и дедото немаат никакво право да го гледаат. И тие се дел од поширокото семејство и нив им е сигурно мерак- дете на нивното дете. И плус, што мислите зошто граделе куќа на 2 спрата ? За да бидат блиску до децата и внуците , ваљда..
Сите пушачи знаат дека е штетна навика, ама на сила не им пушиме по дома на непушачите. И мажот да речел исто е. Сега си е на свое, родителите комшии му се.
Ама колку побрзо така се поставите, толку помалку нервози ќе имате. Можеби и на свекрвава не и' чинат работи кај снаава и во на снаава домаќинството, ама ете не се меша. А нејзиното родено дете таму и' живее, нели.
Според мене не е исто домаќинство и пушење цигари . Како што имаат родителите право да даваат совет на син/ќерка да не пуши така и обратно. Јас и дадов опција на мајка ми - или ќе ги оставиш цигарите и ќе биде подобро за тебе и за сите околу тебе или идното внуче нема да го чуваш. Ама добро ова сум јас..
Зошто не би го чувала? Не ми е јасно. Оти никој не ми забранил дете да му причувам заради ваква причина.
Знае и она дека се штетни. Пробуваше на повеќе наврати да ги остави. Тешко беше и долг беше процесот, ама конечно престана да пуши. Еве последниве недели нема запалено па стискаме палци така да остане .