Можеби дека јас имам многу лошо искуство од растењето со мајка пушач. Имам страшни симптоми ако сум во присуство на чад од цигари. Кивам постојано, кашлам и ми солзат очи. Знам дека сум една од поретките можеби, ама ете сум многу против пушење и тоа е мое мислење.
оти мирисаш на цигари и немаш пристап до внучето а они може и данбетер мирисат од тебе ама јбг му се може
Тоа беше спомнато само еднаш. Доволно да ја натера да размисли и во друга насока. Се разбираме со мајка ми, доста сме блиски. Секогаш имала безусловна поддршка.
На мене некој да ми рече не пуши цигари инаку нема да го гледаш внучето.. од мене карта во еден правец.
Баш!! Пс.Ова на снајка да и предложам бидејки таткото е пушач ај да не го гледа Хахаха... малку претеравме со темава но од типот Пушиш и нема да го гледаш внучето детето или билокој е ту мач... ако е пушач не е болен...
Не е некој страшен и нерешлив проблем, ако навистина се е ок меѓу вас можеш да се договориш дека денес во 17ч ако е можно да го чуваш детето. Те молам немојте да пушите после 16.30 и проветрете. Јас сум мајка и те разбирам дека го сакаш најдоброто за твоето малечко, но премногу жестоко настапуваш. Ако гледаш дека тоа не го почитуваат, не го носи долу, туку викни ги ти горе, таму да го чуваат. Таму СМЕЕШ да забраниш да не се пуши, долу не. @Lovely22
За тие што не разбравте јас не ја бркам ако се каче горе, ако сака да го виде детето нека дојде но јас самата не ја викам затоа што сметам дека лажењето е непочит спрема мене. А и не и викам еејјј ти не смееш да пушиш дома!!!!!! Најкултурно е замолена да не го прави тоа за доброто на нејзиното внуче. Таа си тера инает си тера по свое. Мене снаата да ме замоли да не го правам тоа дома поради внучето нема да го правам. Зошто? Најпрво за доброто на детето а потоа поради компромис, разбирање и почитување. Може да излези надвор да ја запали цигарата може да оде во вц или да си најде друг начин
со маж ти ме занима у каков однос ке бидеш за некоја ден не си ни свесна колку голема ја правиш а на крајот пак ти ке бидеш најповредена
Затоа што е на свој спрат. Што не ти е јасно? На гости кога ќе идеш ќе бидеш ваква распрдена и ќе викаш не пушете овде, ќе даваш команди? Божее, сама си го рушиш мирот и хармонијата во куќа.
Види вака, кога одиш кај некого на гости не си дозволуваш да кажуваш како треба домаќин да де однесува ниту кога ти доаѓаат тебе не сакаш да ти кажуваат што и како да правиш, така? Вие живеете во иста куќа ама сте две посебни фамилии со два посебни спрата и тоа значи дека имате два посебни дома, таа не се инаети туку едноставно си ја сака комоцијата во својот дом како што ти ја сакаш во својот. Ако таа де качува горе и пример ти кажува не слушај гласна музика мене ми смета,( глуп пример) ама ти сакаш гласна музика и тоа е твој дом и сакаш да правиш што ти текне во него, дали би ја послушала? Веројатно не, или ќе мрчиш ако ја послушаш. Ако не ти одговара да го носиш детето кај што се пуши не го носи, толку е едноставно објасни и јасно и гласно, не сакам детето да престојува во просторија што се пуши па ако сакате да го видете елате горе и крај. Треба да сфатиш дека тоа е НЕЈЗИН дом, тие го изградиле, ви дале дел од него, не ви се мешаат во ништо, епа ако не е почит ова не знам што е, не можеш ти да и кажуваш како да да се однесува во нејзин дом, безразлика ти што сметаш дека така треба. Мене ми е срам да и кажам на свекор и свекрва мои на нивни спрат да не пушат оти ми смета, тоа според мене е непочитување зошто се мешам во туѓ домаќинлук. Сакаш лути се, ама не си ич во право.
Извини ама ми ја потценуваш интелигенцијата. Постојано некое дете ми се вртка дома. Што од роднини, што од пријателки мои. Два грама мозок треба да имаш да не пушиш во просторија кај што има мало дете. И да, пушам во кујна ДОДЕКА се тука, луфтирам пред да дојдат. Не сум заразна аман.
Затоа што нејзин инает ќе биде ако ти се качува кај тебе и ти пуши оти "нејзина е куќата". Кај неа дома не е инает нејзин, туку ќеиф, желба, ватевр нејзино.
Ова е твој инает каде што не ја почитуваш ко повозрасна...на крај краева кој кого лаже за банални работи од запалив или не цигара е небитно.... претходно ти одговорив Најдобро е да и кажеш долу е зачадено качете се горе почувајго ако сакаш... И крај на *проблемот* што до некаде и го нема... Нема круната да ти падне ако Ти ги повикаш ниту ти повредена навредена дека те лажат нити тие дека не им го носиш .
@Lovely22 дефиниривно со тебе нема разбирачка.И претходно ти кажав ти проблем немаш,вештачки го создаваш.Инает не тера свекрвати,него ти.Внимавај многу со постапките,зошто од вакви глупости доаѓа и до несакани расправии,раводи итн.Ова само како совет од мене.
@Lovely22 дали ќе го кажеш како наредба или фино замолување, поентата е иста, ги тераш да не пушат во сопствената куќа. Извини ама вака не може. И не тера инат, тоа си е нејзин дом побогу, каков инат. @Downy не знам како се осмелувате така да условувате некој. Да им кажеш да не пушат пред внучето, доколку сами не се свесни, е едно, ама, или цигари или внуче е сосема друго и ми е ту мач.