Замисли ситуација, свекрвата да и рече, знаеш што, твоите пушеле дома, не смееш да го носиш детето кај нив, ако сакаат да го видат нека дојдат. Аууууу
Јас го замолив свекор ми ако сака да не пуши дома бидејќи синко постојано се симнува кај нив, во непредвидено време, кога ќе му текне и нормално во тој случај се нема време за луфтирање. Човекот ме послуша и од тогаш цигара нема запалено дома. Немаше да се налутам да не ме послушаше, само ќе требаше да го спречувам синко да слегува кога сака... односно да го најавувам кога ќе планирам да го носам, па дете ќе плачеше... оти оди објасни му на дете зошто не го пушташ да слегува кај баба и дедо... ?! И не, тој не ми удоволи мене.. тој го направи тоа за внучето. Нему му е помило да му слезе внучето долу кога сака, да го изгушка, да си поиграат и затоа не му смета да излезе надвор за да пуши. Пред да измислите сценарија од турска серија како јас сум снаа караконџула, да ви кажам, супер си функционираме, не им се мешам, не ми се мешаат, си помагаме за се, се немаме скарано ниеднаш во овие 5 години.
Не знам зошто воопшто уште се објаснувате, девојката очигледно си зацртала дека е така ко што мисли ама очекувала малку да ја тешите дека свекрвата е лошата а она најсупер. Стварно во никој случај не е убаво дете да седи кај што се пуши, ама има решение, или нека нека не го носи доле детето туку да се качат горе луѓето или нека ги замоли да проветруваат повеќе. И не сфаќам како уште е проблем откако сите го предложија истово.
Најголем дел од проблемите помеѓу снаите и свекрвите произлегуваат од оние според мене нездрави очекувања на родителите и децата, што е карактеристично за македонците. Зошто мислите дека свекрвата ви е должна да ви чува деца, родителите да обезбедат место на живеење, во многу случаеви ги помагаат и финансиски пример им плакаат кредит или купуваат работи за дома. Да имаат родителите многу пари ајде, сакале да им помогнат на децата. Ама најчесто луѓево оделуваат од своја уста, на одмор/бања немаат отидено со години за помогнат на "децата". За греота. И после некоја ке се осмелува да им кажува правила дури и дома како да живеат. Место да бидете преблагодарни оти ако не друго барем место на живеење ви обезбедиле (некои од нас цел живот ке плакаат кредити) вие си барате причина за кавги. @Lovely22 не ми е многу чудно твоето однесување оти голем дел се такви како тебе, очекуваат по дифолт дека старите треба да жртвуваат се за "децата" и не ценат ништо. Мое мислење е (како што кажаа и други членки) дека треба да си преземеш одговорност целосно за тебе и твоето дете - ако мислиш дека се пуши долу не им го носи, нека доаѓаат горе тие или снаоѓај се како сама да си го чуваш. Биди благодарна за она што го имаш веќе од нив, ќе биде подобро и за тебе така отколку да се полниш со негативна енергија и да бараш проблеми каде што нема.
Ама финтата е што тебе те познаваме како феминка и имаме почит спрема тебе. Гледаш дека дури и лајкови имаш на постот за разлика од другата членка. Феминкава @Lovely22 не ја познаваме и како пријателски настроени форумџики веднаш ја напаѓаме. @Lovely22 Пиши ни дека веќе нема да го оставаш детето кај нив (бидејќи лажат дека не пушат и мириса на цигари) и ќе го носиш со тебе во продавница и ќе можеме мирно да спиеме.
Не знам дали се напаѓаат новите членови, не сум до толку во тек со форумов ама ситуација на @Lolipop23 e скроз различна од на @Lovely22 . Баш истиот совет што го доби членката....
Не се мешам во темава,ама читајќи за ситуацијава сакам да дадам коментар. Јас сум личност на која ужасно многу ѝ сметаат цигарите и која не функционира без инхалатор. Уште од раѓање сум била изложена на чад од цигари и тоа доведе до сериозно нарушување на моето здравје. Чадот од цигарите ме гуши,останувам без воздух. Сите дома кои се пушачи не пушат во мое присуство,или пушат во друга просторија. Татко ми на сите им вели дека во негова куќа никој не смее да пуши пред мене.Мајка ми кога пуши цигара седи во друга соба и не ми се приближува повеќе од саат.Се пресоблекува во чиста неумирисана облека пред да влезе во собата кај што сум јас. И немојте со она моја куќа,мои правила кога станува збор за нечие здравје. Немате право да загрозувате нечиј живот! Еве и кога идам кај братучедите,они не пушат или одат во друга соба или надвор на тераса.Не им е ни наредено,не се ни замолени,туку тие самите се свесни дека ми сметаат цигари.Што дека се нивни домови,имаат совест! Мирисот од цигарите не се трга лесно,од алишта па ич не.Пушачите не осеќаат бидејќи сетилото за мирис им е отапено. Некој може да се разболи од рак или да развие респираторни проблеми и од пасивно пушење. Не е доволно 5 минутно луфтирање,треба многу повеќе и плус во просторијата да се испрска освежувач со некој пријатен мирис. Снаа не може да команда во куќа на свекор и свекрва,ама има право да ги замоли да не пушат пред нејзиното дете и да не ја лажат,сепак за здравје се работи. @Lovely22 Не можеш да им командаш.Не се карај со нив. Ти разговарај со маж ти.Убеди го заедно да разговарате со неговите за овој проблем,така можеби подобро ќе разберат.Да биде еден сериозен и долг разговор. Арно ти рекоа,не го симнувај детето доле. На крај краева ако не бива,вработи се и ти ако не работиш,детето нека ви оди во градинка и собирајте пари за да се тргнете на страна.
Зошто да се тргнат настрана? Сами си се на спрат, никој не ги замара, си имаат свои правила.. Од ништо нешто нека си направат
Тоа го реков за во случај ако не можат да се разберат за проблемот. Подобро би било тоа отколку да се караат. Совети ѝ се дадени на членката,а секако таа ќе си одлучи што да прави.
Останав со отворена уста колку либерални сте за дете во запушена просторија Сериозно?! И читајте што пишува! Детето си оди кога ќе му текне. Ако пушеле 1 мин пред тоа?! Нивно си е, што сакаат нека прават. Не е така. Па и муабетите, и дале, па не била нејзина куќата Исти вие што викавте чим даваат, даваат од срце. Ееее мој народе лицемерен! И после никој не идете на протест за чист воздух! Па вас не ви смета дома да се труете, не па јавна свест да покажете! Имам вакви во фамилија. Дома пушална. Ама секој пост на фб е "се угушивме".
А дете кај баба и дедо се остава само ако имаш работа нешто да ти го причуваат? Како што кажа @Lolipop23 може да му текне на детето сакам кај баба да слегнам да си играм, а баба му и дедо му пред 2 минути пушеле цигари во собата. И колку и да сака, не може да го однесе во зачадено да си игра. Па ке има плачење. За што, дека не можеле да подизлезат надвор да запалат цигара.
Така се навикнати, затоа. Најверојатно и нивните пушеле пред нив и затоа им е нормално и не знаат за подобро. А не е нормално, ич.
Не се работи за пушење тука и штетност од пушењето. Туку за наметнување на возрасни луѓе твојата волја и желба. Нејзините свекор и свекрва се возрасни луѓе и ако сакаат ќе пушат по 3 кутии дома. Тоа е лично нивни проблем. Таа може да бара да биде проветрено кога е детето долу или да се качуваат горе. И едноставно да не го пушта кога ќе му текне. Безобразно е на возрасен човек да му наметнуваш твои правила во негова куќа. Никој нема право да одлучува во туѓо име.
Нели старите велат внуците се помили и повеќе ги сакаат од своите деца,зошто од мерак да имат внуче на гости неколку пати во денот да не пушат надвор. Не бара од нив карактер да менуваат.Ем чисто дома и за нив е подобро. Вака излегува намерно ќе пушиме да не имаме внуче на гости или некој инает кон снаата.