1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Бидејќи децава нели, специјални снегулки се па мора веднаш желбите да им се исполнат. Баба и дедо не треба свој живот да имаат, туку да го посветат на внучето?!
    Претерувате!!!

    За Лолипоп ќе кажам исто што и за Лавли: некултурно е и безобразно да наметнуваш твои правила во туѓа куќа!

    И не, ние што ја "нападнавме" членката не ги чуваме децата во чад, без грижи. Не одете од крајност во крајност. За децата сме одговорни ние како родители и треба да се трудиме да им пружиме здрав и удобен престој во нашиот дом, а не да диригираме кој што ќе прави во сопствениот. Ако не ви одговара не ги носете, ете толку е просто. Без патетични закани и уцени, оти на крајот вашето дете секако ќе биде губитник.
     
    На Someday, moonlight-girl.55, candy.cane и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ама не ми е гајле и мене ако ме осудат, затоа и пишав, 2 дена читам како жената пуздер ја направија, безобразна, некултурна.. и ред други работи, па дури и си наддадоа еден куп работи кои лично таа не ги ни кажа туку тие и ги ставија во уста.

    Што ќе беше на пример ако мене свекорот не ме послушаше. Негово право! Јас нема да му се налутам, меѓутоа нема да го пуштам детето да слегува кога сака. Детето ќе плачеше, ќе се нервираше и ќе беше тажно бидејќи нема да може да отиде кај нив, а да ме сфати зошто немаше да може оти е мало. За другите не можам да кажам, ама свекор ми е таков човек што никогаш не би дозволил тоа да се случи. Затоа внуците го сакаат повеќе од се на светот и затоа неговата куќа секогаш ќе биде полна и цел живот ќе биде почитуван (не зборам само за оваа ситуација, да не се најдете пушачите увредени :!: ).

    @An-na какви правила наметнувам? Го ЗАМОЛИВ човекот, што од ова не разбра? Какви патетични закани и уцени??? Ние дома си имаме здрава комуникација, јас не се срамам да си кажам што мислам, исто како на свои родители. Јас моите деца не им ги оставам, тие сами си одат долу зашто им е убаво... колку играчки имаат горе, исто толку имаат и долу. Син ми толку ги сака што со нив јаде и спие... Децата се среќни и задоволни, а ним срцата им се полни... јас никаде не се ставам во оваа приказна.
    А реалноста е, да продолжеше да си пуши долу се ќе беше поинаку на штета на двете страни.
     
    На flower30, candy.cane, Jana06 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.739
    Допаѓања:
    38.480
    Пол:
    Женски
    Дома не може друг да ми кажува што да правам.
     
    На candy.cane, Alisa22, stetoskop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Ако ти не увидуваш колку е некултурно, јас не можам да ти помогнам. Само замисли си свекор ти или свекрва ти да ти дојдат дома со некоја слична "молба" со која што ти ги менуваат навиките во домот? Тебе сеедно ќе ти биде?

    Делот со заканите и уцените ако не примети ми е одвоен, така што не се однесува на тебе.
     
    На candy.cane, Alisa22, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    @An-na и културните луѓе не плукаат по сечие мислење различно од нивното или анонимноста ти дава толку сила? Членката даде пример како треба да функционира едно семејство, семејство во кое се чувствуваш доволно блиска да замолиш некој и тој некој да те испочитува. Ако сака. А нема апсолутно ништо некултурно за да замолиш/прашаш.
     
    На Anyshka, flower30, candy.cane и 5 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Едно е плукање, а друго критика. Е сега ако вие сте навикнати само на пофалби и умилкувања, ваш проблем. Ова е форум, секој може да реплицира со позитивна или негативна критика. Аман! Навикнете се.
     
    На Alisa22, CameliaMiller и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Боже, боже... подобро ли ќе беше со ќутената да забранам на детето да оди долу па да се чудат луѓето каде погрешиле или да си велат што и стана на снаата, што се налути?!
    Комуникација луѓе! Комуникацијата е решение на многу проблеми, штета што во последно време секој збор на кантар се мери, сите ќутат и трпат во себе па после незадовлни еден куп и од едната и од другата страна.
     
    На MilaP, oblace1, candy.cane и 16 други им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    И @Lovely22 никаде не пиша дека се уште ќе го носи детето доле, а ние испишавме 17 страни едно исто за нешто што не е потврдено.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.087
    Пол:
    Женски

    (y)(y) Браво за текстов и за односот ваш. Кајшто се има разбирање и пред сѐ љубов, таму нема себичност. Овие членки што се заредија со истиот тап муабет за куќата како е заработена, дека кутрите тие биле жртви на снаата, не морале да го чуваат детето:puke:. Значи детето не е куче или предмет на чување, па имале/немале право обврска бла бла (и адвокати станавте)тоа им е внуче, човечко суштество.
     
    На Anyshka, Martka, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Ок. Сите имаме различни начини на комуникација.
    Баш ме интересира дали ќе беше вака ноншалантна ако улогите ви беа сменети?
     
    На CameliaMiller и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Не сум навикната на пофалби. Само разбери ти дека немаат сите мислење како твоето. И ти не мора на сите посебно да им кажуваш што е културно, а што не.
    Затоа што има луѓе спремни на компромиси. И снаи и свекрви.
     
    На Martka, Sexybaby86 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Тотално си во право.
    Коренот на повеќето проблеми лежи во мислењето дека "старите" (кои имаат 50 тина години што воопшто не е некоја старост) си го одживеале своето и сега треба да се посветат на децата и внуците целиот живот да им го подредат на нив.

    На никој не му текнува дека тие луѓе се во период кога конечно завршиле со главните обврски во животот, одгледале деца, дури им обезбедиле и кров над глава (и за сите што мислат дека е тоа ситница, нека пробаат тоа сами да го направат) и можеби сега сакаат да си уживаат во работите што не можеле да ги прават додека одгледувале деца.

    Незамисливо е старите да сакаат да се подноват со мебел или облека, или да реновираат по дома, или да шетаат по странство...а сосема е нормално да фукнат две пензии/плати за да му го купат најновиот мобилен или компјутер на внучето, во спротивно се себични монструми.

    Кај баба и дедо симпо регал од ѕид до ѕид од 1979, одмор последен пат виделе во Отешево 1995, на ѕидови тапети од 80 тите, кујнските апарати рушат рекорди во старост, правосмукалка Искра добиена како поклон за свадба, најобичен бел шпорет на дрва, али затоа кај синко и снашка и ќерка и зетко се оди секој месец се оди во Солун на шопинг, а во лето секој трет викенд е резервиран за краците,мебелот и ентериерот ко од списание, нормално најсовремена вградена кујна која и не се користи, пошо редовно се руча кај мама или свеки, и најнови технолошки изуми од типот на робот правосмукалка и лумеа епилатор.

    Мобилни се мењаат за сите еднаш годишно, пошо боже мој самсунг с10 искочил пред година дена, не може синко ко питач да шета уште со с9...е сеа парите не стигаат ама затоа се тука мама и тато и свеки и свекор да донираат, нивното и така завршило, на што друго би ги трошеле парите.

    Недај боже да и текне на свекрвата да ја обнови гардеробата, да излезе со пријателки во ресторан или да оди по фризери и козметичари...ццц сигурно таа себична караконџула фатила швалер, наместо да му купи патики на внукот она отишла коса да шатира...иако за синот и снаата е сосема нормално да одат на шопинг во Солун и да одат во кафана секоја недела (за тоа време децата кај баба и дедо кои треба да бидат благодарни за укажаната чест)..

    Мислам дај стварно смањете доживлај, имаат и тие луѓе право да си го живеат животот како што сакаат...за конкретниов случај, дали на некоја и текна дека, на страна цигарите, снашката нема право да го тупнува внукот кога ќе и прдне..па може одмараат луѓето и не се расположени за гости и галама, може сакале да искочат да прошетаат, може викнале гости, може сакаат да се релаксираат со книга или филм...не им е единствена улога да седат дома и да бидат 24/7 на штрек да не дојде снаата да им душка по соби и да им брои пикавци.
     
    Последна измена: 2 февруари 2020
    На oblace1, Noemi, moonlight-girl.55 и 20 други им се допаѓа ова.
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ако не ми одговара тоа што бараат нема да прифатам. Не реков јас по секоја цена дека треба по мое да е или по нивно. Ама дека ќе дигам галама ако ме замолат нешто па макар и да не е во ред, секако дека нема.

    Има и други работи што сум ги замолила да ги сменат во начинот на своето живеење откако се роди син ми, па еве да видите уште колку сум некултурна:
    - Да не влегуваат дома со обувки, оти детето лази.
    - Да не оставаат на дофат по фиоките благи работи и грицки, односно да ги преместат на друго место зошто се научи синко право таму одеше.
    - Свекор ми стално го потсетувам да си мие раце... оти немаше ич навика човекот да си мие раце, пример мота тутун и потоа за лице го фаќа детето....
    .... и друго сигурно има ама не ми текнува во моментот.
    Значи според вас сето ова се ситуации каде јас им се мешам во личниот простор на луѓето и им кажувам што да прават. Донекаде е така, но тоа се работи кои се дел од прилагодувањето кон новиот член на семејството. Луѓето се стари, чувањето деца одамна го поминале и не е на одмет да ги потсетиме за некои работи. Ако сакаат детето да им е дел од секојдневието некои правила мора да се почитуваат.
    Јас верувам дека многу поповредени би биле доколку јас со ќутената му бранам на детето да слегува долу оти не ми се допаѓаат неколку нивни навики, отколку вака кога им кажав и тие истото го променија.
     
    На Anyshka, flower30, tina2018 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    Па и јас мислам дека нема ништо некултурно да прашаш/замолиш ама членкава веке прашала и сеа се лути што не и исполнуваат желби. Тоа е некултурно. Не знам зошто сеа правите паралела со случајот на Lolipop23 кој е различен. Некои членки спомнуваат дека ни било ок да седат децата во просторија која се пуши, не знам од кај ви е заклучокот. Јас сум баш против пушење внатре, и не би дозволила мое дете да седи во таква просторија ама знам да направам разлика дека тоа е мој став и немам право да им кажувам правила на другите како да си го живеат животот.
    Тоа е проблемот кај нас генерално, што лугево не си гледаат свој живот туку се на некој друг му солат памет и се некој друг им е крив. Ама нормално ке има членки што ќе го подржуваат тоа, кога поголем дел од населението ни е такво за жал. Може ке се оправиме за 10-20 години :D
     
    На Jana06, 1209, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Затоа што и Lolipop беше нападната иако даде позитивен пример како со комуникација се се постигнува. Но и тоа било некултурно да наметнува свои правила во туѓа куќа. Никој тука не вперува пиштол на никого. Што ако се предложи нешто, не мора се да се прифати.
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Леле грозната навика “пушење” сте ја окарактеризирале како сопствен живот. Демек ако надвор палат цигара готво, сооствениот живот го немаат веќе. Животот на снаата го живеат.
    Аман од вакви себични пушачи. За едно мало дете да неможе жртва да се направи. Па и пасивното пушење е еднакво штетно. Ја моето не би го пуштила во куќа кај што се пуши. А неговите сопстени баба и дедо ако несакаат мала жртва да направат за него....алал нека им е. Не се работи за каприц ма снаата него за здравје на мало дете. Верувам дека жената пред да роди немала проблем со ова. Ама кога се работи за дете нема попуштање.
    Не поставува она правила во туѓа куќа. За здравјетп се работи бе луѓе еееееј. Не вели она: на тв само цртани да има или коа ќе дојде дете сите да пеете и такви некои глупости па да ја напаѓате.
    За одвратните цигари збориме. Па нема погрозно нешто од смрдеа и чад од цигари. Бљак!


    Ај замислете вака сега: еве снаата живее на горниот спрат и и текнува секоја вечер во 12 пушта музика и игра, тропа, што долу се слуша и смета на старите. И они ја замолат да биде потивка, да не скока. И она што треба да им каже: вие во моја куќа ќе постабувате правила, ќе ми менувате начин на живот бла бла....
    Не е во ред нели?
    Епа кога некој е засегнат со постапките на другите иако тоа го прават во сопствен дом, во ред е да реагира и ако се има разбирање другата страна треба малку да има осет и да смени нешто. Сепак за фамилија се работи...
     
    На Anyshka, flower30, oblace1 и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Get real,пушење по дома 2 кутии на ден за никого не е здраво! Отров е тоа,во последно време свеста се развива повеќе што многу пушачи не пушат дома за доброто на сите. Факт е дека нивна куќа нивни правила,но снаава не бара свекрвата да не смука во сабота во 9 сабајле,пример,ЗАМОЛИЛА за друго,со право,загрижена за здравјето на детето. Не им го тупнува само да и го чуваат кога има ПОТРЕБА туку детето слегува и само долу да се радува со баба и дедо и не е со аларм за да луфтираат на време,значи оди и во зачадено.
     
    На Anyshka, oblace1, manako1 и 8 други им се допаѓа ова.
  18. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    1.988
    Кај Lolipop се решило со комуникација и баш ми е мило заради тоа, ама сите луѓе се различни и не значи дека ако еден прифати нешто и друг треба да прифати. На пример претпоставка дека кај Lolipop23 свекорот не бил толку страстен пушач а кај Lovely22 и двајцата пушат, им прави мерак да си имаат комоција дома. Така си се навикнати и тешко им е да си сменат. Зошто тие на стари години да менуваат животен стил ...

    @Asparagus баш така, и затоа решив да пишам оти срце ми боли секој пат кога гледам вакви примери. А ги има многу ... Цел живот правеле куќи, мизерувале и на крај пак желбите внуците и децата треба да се пред нивните желби. А да беше обратно случајов, свекрвата да им кажуваше правила на нивниот спрат како да живеат ке ја распнеа жената. Искрено во тој случај и јас би била против неа :D ама ако нејкеш некој да ти кажува правила, не треба и ти на другиот. Се друго се двојни аршини.
     
    На Alisa22, Jana06, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    @ForeverYoung

    какви правила бе душо? Не бара снаава кафето без шеќер да го пијат. Бара малку чист воздух за детево коа ќе иде кај баба и дедо. Не да седи во смрдеа од цигари.
    За каков животен стил зборите? Животен стил. Мислиш снаава коњи им купила да јаваат, па овие сега несакаат ама мора.
    Значи снаава не ја интересира што ќе праваат со нивниот живот и дали ќе се отрујат од цигари. Ама детево бе? Не е малку жално? Зарем за него баба и дедо не можат да направат мала отстапка? (Да мала отстапка е пва, не менување начин на живот како што сакате да го прикажете)
     
    На Anyshka, flower30, oblace1 и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Ау да беше обратно, ќе ја распнеа свекрвава и само да се качуваше горе коа ќе и текне,и без правила да им кажуваше...Па совети да заклучува и да не отвора, па да се шетаат голи со мажот или да остави вибратор на видно место да и падне незгодно па да не стапне више, па објаснувања дека е тоа посебен дом...

    А па тек да пробаше нешто да им укаже во врска со детето, во стил нека не седи толку на мобилен, или дека треба поздраво да се храни...па тоа ќе беше трета светска војна, па свекрвата не е нормална, што има да се меша кај што не и е место, па сфаќа ли она дека не му е мајка на детето, па љубоморна е на снаата, сака да и го земе местото на мајка, па плачење кај мажот да си ја прибере мајка му...никој немаше ни да се замара со советите што ги дала или со здравјето на детето.
     
    На Milobebence, Dust, m.i.g и 18 други им се допаѓа ова.