Аман бре луѓе од мува слон направивте. Добро, ете не им е гајле за здравјето на внучето, не ја почитуваат ни неа, ни детето. Нека не го носи кај нив и крај. На крај краева ете сопругот ја поддржувал, ако е толку голем проблем што ѕидовите и завесите им мирисаат на цигари (пошто ете пред детето не пушеле и после пушење проветрувале) нека разговара тој со нив, него ваљда повеќе ќе го почитуваат. Не ми се верува за каква глупост се испишаа 100 страни, дури и меѓусебно почнавме да се напаѓаме, тек да беше некој сериозен проблем во прашање...
@AlicaInWonderland јас не сум пушач ама интересно ми е твоето сфакање за пушачиве. Јас имам во околина луѓе што се баш страстни пушачи и верувам дека не им и било сеедно да треба да пушат надвор. Не станува збор тука за штетноста на цигарите, и јас мислам дека цигарите се одвратна навика. Станува збор за наметнувања на свои правила во туг живот. Верувам дека повекето од нас имаат некоја навика што не е баш најдобра ама не би сакале друг да ни кажува како да правиме. Јас не мислам дека треба да го остави детето да седи кај што се пуши ама треба да се најде алтернатива а очигледно членката не е баш расположена за компромис и тоа мислам дека не е во ред.
Не гледаш проблем во болдираното. Нема зошто да те слуша возрасен човек од 55+ Тоа не е здрава комуникација.
Што ќе беше ако не те послушаше. Факт е дека си наметнала,си наредила слушање,тој те послушал. Морал да послуша и да му одговара за да го гледа внучето. Дискретно уценување и уште збориш за здрава комуникација. Ти функционираш со уцени,слушаш? Зошто ги малтретирате луѓево,не ми е јасно. Ако не ви одговараат условите ,не го спуштате детето долу и ќе се дружат кај вас. Simple. Но ги разбирам стариве, веројатно од љубов секој туѓ каприц се простува.
Ама велам јас вие додавате зборови во уста! Кај пишав дека ќе го уценувам да не го гледа внучето?! Пишав дека нема да го симнувам долу, односно ќе треба да му бранам на детето кога ќе сака само да слезе. Пак ќе кажам, кога почна синко почесто да спаѓа го замолив свекорот: - Извини, ама ќе сакаш ли да не пушиш дома да не дише детето зачаден воздух? - Важи снао, не е проблем. Толку!!! Што лошо видовте вие во оваа ситуација??? Во се негативно гледате затоа ништо не ви е погодено во животот
Косми, многу преувеличи и ти сега. Нит удоволил туѓ каприц, нит таа го уценила. Се договориле најчовечки. Без непотребни тензии и лутења.
Ај како сакате. За мене кога ќе некој ќе треба да послуша не е договор. Туку наметнат договор поради некоја друга причина. Во конкретните случаи,тоа е Гледање на детето. "Нема да послушаш - детето нема да слегува долу".
Добро и? Така треба да биде. Просто и едноставно. Или не пушат или не го носи долу. И јас нејќам да носам дете кај што се пуши. Тоа што некои велат дека е презаштитнички тоа е затоа што сами си се тешат дека ништо не му прават лошо на детето. Јас само и велам дека нема право да кажува да не пушат кај нив дома. Ако они сами не се свесни, нека не го слегува. Кога ќе прашаат зошто, ќе им каже зошто. Потоа тие си одлучуваат колку сакаат да го гледаат внучето.
Ајдеееее! 30 страни на членката и велите да не го носи детето долу, сега пак уцена било тоа. И самите не се сфаќате што зборите.
Ама ние не правиме муабет за миризба од запршки, туку за чад од цигари. Нормално нема да слегува ако пушат кога сакаат, а детето се симнува кога ќе посака, значи без претходен договор. Башка Лолипоп била спремна и на тоа да не се согласат, па да го гледаат кај нив дома. Од мува, слон правите непотребно. Па ако не се разбереш човечки со најблиски, со кого тогаш? И јас сум за тоа во моја куќа, мои правила, ама ако може да се направи компромис, кој е во интерес на детето, а и на бабите и дедовците, зошто да не?
И велат да не го носи доле, ама и да не кажува правила во туѓа куќа. Значи да игнорира треба снашкава изгледа, па кога ќе ја прашаат да каже што е работата. Или и тогаш да си поќути оти некултурно е да се зборува за нешто во интерес на детето.
Зошто да преќути и детето да оди во пушална? Не може договорот да биде без наредби и притисок?Со заеднички договор да се дојде до решение да биде проветрено па да се симне детето? Не знам, мене не ми е нормално наметнување. Нит сакам да ми наметнуваат и да слушам што треба да правам дома,нит наметнувам што треба друг да прави дома,и да ме слушаат. Ќе најдам друго решение. Тоа зборам никој нема право да им кажува што да прават дома. Има и други решенија. Не зборам само за Лолипоп и другиот случај е ист. Ама Не е компромис кога ќе кажеш некому ,не пуши дома. Компромис е кога ќе го изложиш проблемот и двајцата ќе најдете заедничко решение.
Добро, каков договор очекувате со луѓе кои сметаат дека е океј дете да седи во непроветрено од цигари?
Леле, драматизирање до бескрај!!! Да резимираме: Баба и дедо откако ќе добијат внуче треба да се откажат од сопствениот живот и целосно да го посветат на внучето? Притоа да бидат безгласна буква и 24/7 на штрек, за да ако принцот/принцезата сака да оди кај нив се да биде спремно?! Се читате ли!!! Вашите деца се ваша обврска и ако сакате вие удоволувајте им 24/7, ама безобразно е од било кој друг да го очекувате истото!!! Ете толку е просто!!!