Да ти е страв совет да побараш, како диви мачки да се борат. Btw овс беше комплимент, не навреда, да сме јасни. Јас имам едно прашање. Утре сум на веселба во домашна атмосфера, семејството од мажми се сите изнастинати со антибиотици и 300 чуда, ама знам дека ќе дојдат и такви. Како да не му го дадам детето без љутење, драми и такви работи? Баш не сакам сите таму да ме гледаат какп се карам, зошто се многу неразбрани од типот... Ај ништо не му е де. @Mantub ги прва
Со кое право некои си дозволувате да наметнувате правила на туѓ спрат? Штом не ви одговара детето да ви оди на спратот кај баба и дедо, наместо да ги ,,замолувате" да не пушат на нивниот спрат, можете да ги замолите да се качуваат на вашиот спрат кои тие решиле да ви го подарат. Со кој памет членката тера инат да не ги замоли да се качат горе? Тој спрат не е нејзин лично спечален, па да тера инат. Кај старите им обезбедиле кај да имаат посебно да живеат, уште и понижување и е таа да ги замоли да се качат горе да си го видат внучето и да го причуваат кога треба. Таа сака тие да и се клањаат, да ја молат. Снаата има право да замоли да не пушат дома, само кога ќе живее во заедница со нив на ист спрат.
Држи вода на @Cosmi муабетот, меѓутоа ако не успее договор, веројатно и јас би била порадикална. За цигариве не сум ни размислувала оти сите околу мене се пушачи кои не пушат пред деца, но повеќе сум нашла други замерки. Ако не може да се договори човек, се повлекува. Во дадениов случај не пушта дете доле. Не е идеална ситуација оти нели, не може набрзинка да оставиш на причувување, ама јбг. Дали е штетно фала што не' просветлувате, оти па јас мислев за здравје чадам Мене во ситуацијава може инает да ме фати и од инает да не правам компромис заради дрскоста. Од друга страна јас не очекувам никој да се прилагодува на мои потреби и не верувам дека тоа ќе се смени, затоа што јас не сум толерантна и искрено, мојот ќеиф и потреби пред се' ги ставам. Со други зборови, побрзо ќе одбијам да причувам некое од децава што ги оставаат, него да бараат од мене преку леб погача (односно воопшто да не пушам внатре, пример). Или да побараат од мене да ги тргнам животните, пример. Среќа никој не се дрзнал.
Ах бе луѓе секој си е протективен за својата теорија, животинското го има во секого, дајте сега друг проблем стварно
На свадба на брат ми малата имаше 4 месеца, и на сите што сакаа да ја земат им реков " ако се поредат сите по 5 минути или ќе се расплаче бебево или ќе се разболи, тука е зошто нема кој да ја чува, ама освен јас и свекрва ми не сакам никој да ја земе " Воопшто не се воздржувам отворено да си кажам дека ќе си го штитам детето. Кој сака нека се увреди, немав намера после свадбата да си имам проблеми зошто 300 луѓе сакале да ја пипнат. Можеш да кажеш дека било болно скоро, па да не ризикуваме да фати нешто пак додека и е слаб имунитетот, ако сакаш малку повеќе филм да им правиш на гостите. Ако чекаш од нив сами да имаат осет, ќе се најде некоја будала што кашла што ќе ти направи мака.
Абе намерно да ги нервирам не ми е целта, ама дека ќе си правам тешко на себе за туѓ кејф, е тоа мало морген.
Работава е што, и покрај убаво што ќе објасниш, те гледаат ко на мајтап, и ти викаат нема да му е ништо, и ќе го грабаат од раце, па треба да се срамиме со маж ми таму пред сите. Иначе и маж ми исто размислува, и ми вика на човек можеш да му објасниш, на дрво не, ама ништо не ми помага кога на крајот пак ќе е по нивно. Иначе не може, а да не одиме. Сакам убаво да си прославам, а не да изигравам полицаец. Осетот е заминат на печалба.
Ох леле ќе ми го грабнат од раце, со ленирче мавам ќе му се развикам пред сите, ЕДНАШ КОГА ЌЕ КАЖАМ НЕ, НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ТРЕБА ДА МИ ГО ГРАБАШ ДЕТЕТО ОД РАЦЕ ИМАШ КУЛТУРА ИЛИ НЕ, па да видиме кој ќе се срами јас или они
И јас така правам, ама некој да не гледа од страна како кутро дете не пјштам од раце додека свкрвата го тегне, на ништо не личи. Го имам направено тоа 2 3 пати, па стварно прво за дете не е добро, после за себе и другите. Селјачизам прав.  love is in the air Кој се кара, тој се сака. Ај сега kiss сите
Како сол на рана да им ставивте на пушачите тука, па се собраа виртуелна војска што се пронајдоа во постапките на свекрвата, па какво право имала снаата да бара од нив нешто за што имале право.. Едноставно е, да сфаќаа тие што значи дете да го труеш со чад, совеста немаше да им даде да го прават тоа. Ако не сфаќаат, џабе е и на обука да ги пратиш тие ќе мислат дека дома се и што сакаат ќе си прават. А и коментариве колку снаава е за никаде, па и да се разведела да не ги замара луѓево, па инает била.. Затоа што сака детето да не и дише отрови без да го лиши од блискост со баба и дедо..
Ако некој овде драматизира тоа си ти. Ако твоите свекор и свекрва не бараат ниту да си ја видат внуката, туку ја гледаат само на твое инсистирање (ова некаде го имаше пишано ти) има некои што си ги обожаваат внучињата, се грижат за нив без некој да им го наметнува тоа, го прават тоа од срце и љубов и не им е тешко понекогаш да се прилагодат на нивните потреби.
А зошто не може да не одите? Детето е најбитно! Плус ако се пуши кај нив дома ќе мораш да отидеш со плакатине Забрането пушење (иако нема да помогнат). Друго чудно ми е што викаш дека ќе треба да се срамите и пак по нивно ќе е. Тие треба да се срамат и пак по ваше да е. Јас не би отишла па каква сака прослава нека е. Барем не би го носела детето ама бидејќи во никој немам доверба за да го оставам некому макар и на една секунда не би отишла. Ако префати детето нема да се тие виновни туку ти. И за крај едно е решенијата е да им забраниш на сите болни да дојдат за да можеш ти убаво да прославиш и да не изиграваш полицаец. Ова последново фемински виц е. Болеста ќе е во собата, во воздухот, нема потреба да го пипнат за да префати.
Pak ke prasam. Od kaj vie znaete dali sinot i snaata ne go pravele spratot? Znaci ako ziveat vo ista kukja,ne e nivna? Majka mi i tatko mi otkako se zemale si krevale nagore sprat. Znaci, tie licno go pravele. I baba mi i dedo go znaat toa i si kjutat sekako zasto e zaednicka kukjata.
мора само да се умре а не мора да се оде никаде тоа шо ти сакаш да одиш а не ти одговара ради детето е друга ситуација најарно е да не одиш да си го поштедиш детето од разните вируси шо косат се пред себе
Тоа е целата поента на ,,проблемот"...колку сака нека ,,врти" одоколу ...демек другите деца не се деца или пак мајките се несовесни јер децата им мирисаат на цигари,запршки или чад од оган јер оџакот не влече добро ...абе ај...