Леле мн добра тема..незнам какво е чуството да имаш свекрва но со дечко ми идам 4 години мајка му ми личи на мн добра фина и тивка жена никогаш до сега не сум се осеќала оделена од нејзините синови ни од нејзината снаа што имало за нив и за мене во мое присуство се разбира....Дури еднашка бевме на саем ми купи мене чорапи хахах и за снааи поточно мојата идна јатрва и нејзе.Сето тоа е добро но јас ке ја зезнам работата што имам предолг јазик и секогаш избрзувам и навредувам. Исто сите сакам да ве прашам дали вашите свекрви си ги викате МАМО и дали тоа ви пречи
Да ти кажам сите така личат на почетокот - дури да им влезеш в куќа, потоа си го покажуваат вистинското лице (си ги покажуваат роговите ) Мене ми беше тешко, но имав намера да и викам „мамо“, но не веднаш по веридбата, туку по свадбата. Арно ама тие неколку месеци од веридбата до свадбата (бидејќи живеев со нив уште по веридбата) женава се смени за 180 степени, и ни „м“ од „мамо“ не заслужува. Само еднаш на свадбата колку за адет , и толку. Од тогаш наваму и викам тетка ххххххххх и толку. Не се замарам, и така и двајцата рекоа дека може да ги викам како сакам - сеедно им било. Јатрва ми не им се обраќа никако , па според тоа, ова моево е ок. Ако не ти е проблем, ако не ти згрешиле многу, и ако е нивна желба, викај ги „мамо“ - „тато“ - мило ќе им биде (а и на твојот сопруг). Мајка ми вели: нема да ти се потроши устата ако речеш „мамо“, ама мене срцево не ми дава, а и они не ме викаат „ќерко“ - ниту еднаш, ниту се однесуваат родителски кон мене!
па што ако мојава од сине подолу не ме симнуваше, кога правеше кавги и сплетки еден тон...... ќе дојде ќе ми изнакаже се’, ќе ми кажува колку сум неспособна и како требало дете да се чува ( а не чувала ни нејзини деца ниту 1 ден) се така фино и културно после ќе го исфилува, ќе го сервира, “јас како ќерка ја сакам, па јас ли ќе ви милсам лошо“...........а кога сме насамо дојди да видиш- циркус без пари......па бајачки гатачки, па на психијатри требало да одам.......орле зорле болна ме правеше за да си лечи некои нејзини проблеми и комплекси............. море марш
Искрено имам желба но отом потом можеби нема да ми биде таа свекрва или ке станеодеднаш лоша иако сега секогаш е на моја страна за све што се караме со дечко ми подрша ми е Инаку знам дека секоја би сакала да ја викаат мамо бидејки 1 ипол година имам снаа дома од брат ми и мајка ми има огромна желба но што да прави кога снаа ми па нема желба иако мајка ми е предобрааааа никогаш ја нема оделено ни од брат ми ни од мене колку за мене толку за неа И брат ми и снаа ми работат скршен денар не дале за дома ни за струја ни за јадење и дома ништо не им рекле памперс за внука ми чат пат мајка ми и купува ма све е на мајка ми татко ми.Мајка ми доаѓа од работа и прави ручек бидејки снаа ми не ни знае да готви порано не ни миеше садови но тој проблем јас и она го решивме бидејки ан мене филмот ми пукна од 1 година гледање и мазење па и јас сум човек и ај после не ја речи мамо!!!!
^^ Јас имам син и еден ден здравје кога ќе бидам свекрИва ич не сакам снаа ми да ме вика мамо.....ама ич, ниту пак зет ми да ме вика бабо , сакам да ми викаат по име или пак тетка ХХХ. Знам колку е тешко некој што не ти е родител да се обидуваш да го наречеш мамо и тато и затоа мојата идна снашка ќе биде поштедена од овие маки. Уште од сам старт ќе и` речам дека сакам нашиот однос да биде пријателски, а пријателките се ословуваат по име.
Мојата свекрва никогаш не и кажала мамо на нејзината, разговарале само службено на родендени и празници. Уште кога се родил мм кога свекрва ми не го крстила по дедото, престанале трајно да комуницираат и да се трудат една околу друга. Затоа свекрвата сега е 100% либерте во однос на тоа. Како сакам можам да и се обратам, за ништо не ми замерува,во ништо не ми се меша, најважно е што си го имаме муабетот и близината, а за ословувањето не се ни замараме. Она освен син има и ќерка и си има разбирање за женски деца.За неа снаата е исто дете како нејзините и не прави никаква разлика дека јас како снаа треба специјално да се трудам и докажувам за неа.
Мојот однос е коректен со свекрвата,зашто знам ако сака нешто да се умеша одма да и вратам,а и башка маж ми ме подржува во се и тоа баш ми се свиѓа. Не и се мешам несакам да ми се меша,само што имаше еден обид за свадбата да замрси работи (сакаше адети да ми тера,а јас и маж ми неќевме да чуеме иако претходно сите се изјаснивме за тоа кои адете ќе ги тераме) А во однос на викање мамо,нема шанси тоа од мене да се чуе и јас јасно и гласно и го кажав тоа,како што ни мм не ги вика моите бабо и дедо.
Иако сеуште не сум мажена, само верена со дечко ми, а сега за брзо време ќе биде и свадбата, со мојата идна свекрва немам никаков однос, едноставно не ми оставила добар впечаток, а и не планирам да развивам некакви комуникативни односи со неа, затоа што жената не заслужила.Можеби јас така се поставив дистанцирано ама што даље то боље .До сега не сум ја рекла мамо, а и не планирам, исто како што дечко ми не ги вика моите баба и дедо, така нема потреба да ја викам мамо, затоа што имам само една мајка, сега за сега не контактирам иако поминаа тие адети, веридба и се тоа, сфатив дека многу е подобро вака, а олеснителна околност е што ќе сум далеку од неа.Гледам и слушам што и прави на жената од брат му, мојата идна јатрва(живеат заедно во ист стан ) и јас ни 10 мин не би издржала со неа, би и ставила отров во чајот и адиос.Навикната сум на средени и хармонични односи во фамилијата, затоа што моите убаво живееле и со бабите и дедовците од двете страни, ама во мој случај како што е сега нема Х од хармоничен однос.Подарок до сега не сум добила, па ниту за веридбата ништо не добив од нејзина страна, иако јас и купив, а за понатаму што останало.Едноставно изреволтирана сум затоа што многу бргу си го покажа лицето, на почетокот кога одевме со дечко ми, беше фина, абе ќе кажеш душа жена, а сега е сосема поинаку, така да многу не и се потресувам и не ја ставам во список на блиски иако му е мајка на мојот дечко, и многу ми е мило што имам подршка од него и што досега не ми противречел за ништо, а да беше обратно ќе бесе друга приказна и до сега немаше да останам со него, затоа што многу ме нервираат мамини синови, кои оформиле семејство а сеуште се консултираат со мајка им, па што ќе ти е жена ако не планираш со неа да споделуваш и добро и лошо.
Иста приказна како и јас на почеток дури идев како девојка од тета вака тета онака секако ми зборваше од убаво поубаво просто да се занесиш А праевме муабет за тоа мамо тато дали да ги викам она не изрази никаква желба и мајка ми ми вика уста не се јаде викни барем еднаш, а јас дури не беше свадбата ниту еднаш немав викнато а верени бевме 1 ипол год и кај нив живеев а глупаво е пак тетко чичко да ги викаш нема смисла сепак се родители на мажот не ти се некој роднини мене тоа ми звучи глупаво мое мислење. Па после свадбата ги викам ама не секогаш само ко ке мора, а одсега свекрават нема ни да помислам да ја викнам мамо оти многу ме навреди овај период јас уште ни трет месец не сум влегла во бременоста критични знаете, она не ме има прашано ни како сум ни што сум дали имам мака па уште лута ми е типкава не ми прај муабет скоро месец па мене ми е многу гајле ако мисли сомене инает ке води се лаже ( смајли што се крст) битно мојот маж ме подржава и само господ да не чува тоа е најбитно па они нека се лутат зато ке го видат ко ќе се роди
нон стоп ги читам овие проблеми. и јас ги имам и полудувам, но секогаш паметниот попушта. се таа знае, само таа е во право, таа не греше, совршена е и мора да се меша во се...... и стварно правев во едно влегува од друго излегува, се со цел да не се караме и да не се нервира мојот најсакан. собирав во мене, а ке пукнев секој момент. и ја почитував заради него иако многу пати знаеше да ме повреди толку многу. но повеке не можам. нашиот брак ке завршеше благодарение на неа. си направила некој филм во глава дека имам друг и дека го изневерувам сопругот(а за него би го дала животот, за него живеам) што да ви кажам проста жена, и му ја наполнила главата на мм. цело време му зборувала за тоа. и јас се чудам тој почна чудно да се однесува, се оддалечивме последните 10дена но не можам да разберам за што. а таа не седнува на разговор и упорно ни вика што како било кој грешил да си признае, мм бил во оган она ке го извадела.... а ја никако да и кога се вративме дома со мм го прашувам што е и тој ми ја кажува целата работа...цццццццц..........и кажете сега што треба да и направам???? да ја речам мамо? никогаш повеке... таа жена веке е минато за мене, веке не постои. леле многу сум нервозна не знам како да реагирам наредниот пат кога ке ја видам, што да и кажам за last time ????? значи од вакви жени
шо да и речиш коа ке ја видиш/??? па ништо изгледа кој си ја има мувата на капата си ја ишка така и она да не си знае по неа па мисле деа сите се какао неа па кога ке размислам поубаво и не заслузува ни поглед да и опнеш не уста да отвараш
Нема ништо чудно и страшно,не си ниту прва ниту последана снаа со ваков тип на свекрва. Мама ,(мислам дека после се што ви приредила )нема потреба веќе да ја викаш-лицемерно ќе биде од твоја страна. За последен пат......па тоа е дискутабилно,уште многу пати ќе ти влезе вкуќа-родендени на деца и сл.поводи. На твое место,јас би била мртва ладна кон неа,без никакви емоции,обраќај и се со госпоѓо ХХХХ и толку..Грижата на совеста што ќе ја почувствува ќе и биде поголема казна од било кој лош муабет што ти би и го кажала.
море оваа мојава како што се меша во се и сешто ке ја обесам некој ден на липата во дворот казна божја бе душовадник невиден амн амн веке да има кај да одам одма света ке фатам па кој к фактор е да се меша во бракот мој јас во нејзиниот и се мешам и само кука за пари абе едни влошки несака да ми купе ејјј и ко ми купе ми ги бара од кај да и ги најдам бе ко не сум вработена бремена сум мојте даваатр пари за се а таа уфффффффффффффффффффффффффффффффффф само кука и мојте и даваат и нејзе срека сто свекорот е душа човек али оваа е КОЗА невидена !!!!
Спојлер Е ме изнасмеа бога ми, и јас секој ден велам господ да ни е на помош сега сум сама со детенце ај што не ми помага кога сопругот беше тука ама и сега знаеш колку ме изнервира па и кога ми беше болно керката ја пратив по апчиња после 3саати се врака на сестра и да помогнала во пазарење а не ми ни кажа , амн амн детето гори од температура одев со него до аптека сите ме гледат каде сум го понела ја сретнувам неа она си се шетка и ми вика гужва е во аптека да чекам јас и си отиде, јас си премолчев од култура дојдов дома дирекно и кажав бар да ми каже на време да се обезбедам, да не кажам финансиски зависат од нас, да не кажам дека во се се меша ама јас дирекно убаво со низок тон и кажувам да не го прави тоа ке помине некое време пак на старото , незнам до кога више ке ја трпам плус мамо ја викам ама се му кажувам на сопругот, и последно сум кажала ако вака продолжи ке си фатам патот кај мојте додека не дојде сопругот, неможам веке нека си ги малце стави во ред, што да правам што така сум воспитана мајка ми вика ај прмолчи , ај премолчи до кога живците ми се испукани ама знам и добро некад да ја замолчам,плус сто пати ми врти муабети да чувам друго дете леле зар има понискоклултурна жена па и у ... ни се меша ,еднаш и кажав ние си знаеме 2 пати, ај викам ке си молчам некој ден ке престане ама не престанува па и керка ми учи да тражи бебе ке полудам нескам да и се развикам од почит од култура да не се спуштам на нејзно ниво ама не рабирам бе луге што да ја правам кажав на сопругот кога ке си дојде да си убаво затне еднаш муцката на мајка му а ако потој разговор пак ми зборува за истото ја знам добро да и ја затнам устата ама овој пат за се и за секогаш , дали добро постапив верувајте немам живци веке па колку премолчувам се и сешто толку бетер се, ми вика зошто се заклучувам епа што сама со дете врата да оставам отворена а тие доле се заклучуваат секој пат, ненормална е жими се само за озборување што најне ме интересира е тука кажува се секој ни ги знам ни ме интересира ја од култура ке ја наводно ислушам а си мислим нешто друго ај помош малце како на културен начин да и кажам што врке да и кажам незнам
кристинче не само што мојава префрлаше зошто сум се заклучувала, еднаш дури ми велиЧ Што те знам кај одиш ти кај ќе одам сама со мало дете цицалче хахаха го оставам во таксито и одам на „швалерај“ абе се има по овој бел свет и џабе е - зборела- не зборела исто ти се фаќа , јас да не кажам бев речси во иста ситуација само што онаа мојава бивша свекрИвица после ги филуваше нејзините филмови со ред солзи ред мрсули не била почитувана итн итн а од кај не помагаше, од таму ни ми даваше да спијам, ни да јадам како човек.....за се нешто имаше спремно зајадлив коментар и сплетка...ќе дојде наутро и ќе ми влезе во спална и ми стои над галава. ќе не разбуди со бебето и си фаќа штрафта „да не ни сметала“ абе бог да чува
Дали јас сум тотална флегма или друго нешто е проблемот, ама мува не ме лази што секој ден свеки мисли дека за се е во право, па нон стоп чисти, пере, брише.... Јас си кулирам и едноставно си молчам кога немам одговор на некое нејзино бесмислено прашање. Таква сум де ко успорена снимка и ништо на срце не клавам, а таа лае ли лае . уживајте во животот женски, не давајте една бабетина да ве тревожи
devojki,pomos!imam svekrva od koja nemam nikakva sloboda,ziveeme zaedno vo stan od 70 kvadrati.No zenata e vo posledno vreme mnogu nervozna od X pricini pa se nafrla na snaata sto zivee so nea,ke go povisi tonot,sve nesto i smeta doaga od rab umorna i "namrstena"i osekam veke odbinost kon nea,a doma ne mi se sedi voopsto pa gledam da bidam izlezena,no pak doma me ceka istoto...sto bi storile vie,a sepak da ne gi narusite odnosite???
Едиствено да најдеш некоја нејзина тајна и да ја уценуваш или да и се умилкуваш шала како мислиш стравопочит тешко во ова врме некој на некој да има стравопочит па незнам ај да видам другите што мислат можеби и јас ке искористам нешто