Јас сум непушач ама озбилни сте со муабетиве? Мајка ми е пушач и кога сме таму не пуши дома, а кога не сме што сака си прави. На членката татко и веќе дома не пушел зошто го носела детето еднаш неделно таму. Значи мајка ми треба да не пуши цел живот дома веќе зошто јас ќе отидам со бебе три пати месецов. А на гости ксј пушач никогаш нема да го однесете детето??
Се` знаат тие. Од два реда споделена недоумица што се однесуваше на престој на дете во постојано зачадена просторија со одомаќинет труеж на цигари, неколку режисерки направија цело сценарио. Реално, ич не помислив на сите тие ситуации кои тие ги претставија од само еден пост. Се најдоа засегнати пушачките (претпоставувам), па навистина ко диви мачки се нафрлија. Го занемарија детето и во центар го ставија комфорот, правото, обврска па уште не знам што на свекорот и свекрвата. Факт: пушачите имаат гадна навика, освен што пушат, да ги трујат и останатите ( освен ако се свесни или ако не им напомениш директно)! Друг муабет само ќе спомнам: се пуши насекаде во јавни објекти и кадешто се служи храна и во кафе-барови. Од пола час седење, цела облека и коса и кожа смрдат трујат!!! Сите се труеме, само на овие да им е удобно во нивната гадна навика (која преминала во право пфф) Ајде јас избегнувам веќе такви објекти, имам избор. Ама пак дете да престојува во таква соба, стежнат воздух залепен на се и сешто??! И тоа во својот дом. Не ме интересира кому како колку дали чија е куќата, хахах не сум катастар.
Абе ,најарно у шупа некоја да ги избрка , што ќе им спрат, стари се они ... Морееее, не да ќе си го ценам комфорот , и јас и сите тие кои имаат сито и решето поминато за да дојдат до ,,свој спрат"не си свесна колку ... и утре некоја да ми дојде и да лечи комплекси преку детето ... тешко , ептен тешко
Драга јас не сум ни пушач ниту мислам дека детево треба да седи во просторија кај што се пуши. Има други алтернативи што членкава не ја интересираат оти очигледно не сака да најде решение туку сака да наметнува свои правила. За во јавни објекти и јас би сакала да не се пуши ама збориме за сопствен дом а не јавен објект. А во мој дом ке си правам што сакам без да се правдам на никого! Не е ама ич битно кој го изградил спратот оти секако луѓево се со доволно осет за да не и се мешаат на нејзин спрат, би требало малку да се угледа на нив. Не е дека некои од нас не ги знаат штетните ефекти од пушењето, сакаат да си го трујат детето и слично туку се работи за несебичност и дозволување и на другиот да живее живот по сопствен терк а не дека јас и моето дете сме центар на светот и сите треба да се прилагодат на нас.
Поверојатно е дека тебе не те сакаат. Шега настрана, секој нека си гледа во својот двор најарно ќе е! И при дискусија да се задржиме на она што е изнесено, а не да се филуваат работите за да се собираат лајкови:
Не е работата за пушењето,туку жеништава ко ќе се мажат циле миле,а ко ќе родат дете,небаре Исус да го родиле,се претвораат во Гестапо.Знам многу такви примери.Демек еве дете родив и сега јас сум главна,и јас кажувам,иначе нема да го видите внукот.Алатка е за уценување детето во овај наш менталитет заостанат.Море мрш
^ Уште па у некоја затуцана средина ако е ...па и машко ако роди... готово-јас и детето и никој друг ... плава крв и замок у наследство
Имам пример во фамилија каде што снаата не дозволува свекорот и свекрвата да јадат грицки кога она ќе дојде со детето, затоа што она на детето не му дава тоа да јаде.
Братучетка ми на свекорот и свекрвата им забрануваше вести на ТВ да пуштат кога децата се кај нив долу.и тие ја слушаа за да не се налути и не им ги пушти долу. Ама тоа исто правило не важеше кога одеа кај чичко ми.
Море ќути што не почнала да ги прислушкува пред врата дали јадат грицки, или да им чепка по ѓубрето да не има опаковки од грицки...и пред гости не смеат грицки да вадат!
Епа ајде. И реков јас не е нормална,ама ми вика не треба сериозна програма на ТВ дур се децата таму ептен сме блиски ,пораснавме заедно ама си има таков џандарски табиет ,и мажот го строи и сите играат како таа сака,освен дома кај неа.
И јас имам иста таква. Дури и го оддалечи мажот од фамилијата затоа што решија да не играат како она што свири.
Детето е мое, а не на свекрвата. Јас се мачев да го родам. И кога ќе кажам за нешто не, тоа треба да се почитува. Ако не почитува, нема да го носам и тоа е. И да, не знам кој нормален родител ќе дозволи детето да му седи во пушална каде што се испушила една кутија цигари пред тоа.
Ќе си го носиш со тебе у продавница, а не да очекуваш некој да биде на готовс 24/7 зошто ти во секое време може да се појавиш на врата со детето.
Фала богу. Детето е секаде со мене. На свекрвата не се ни потпирам, па не ни сакам. Само кажав пример. Доколку се пуши многу, нема да ја носам, а таа ако сака да ја види, нека дојде. А ако не сака да дојде бидејќи јас не ја носам, да сме живи и здрави.
Како се испишаа 100 и кусур страни за еден ист проблем со толку едноставно решение. Во туѓ дом не можеш да ставаш правила едноставно не оди таму и толку, крај. Кажи им зошто не одиш и стој на тоа ќе видиш дали ќе се сменат или не, ако не се сменат кажи им да доаѓаат горе и тоа е тоа. Нема веза што е иста куќа посебни домови се тоа исто како во зграда посебни катови. И маж ми пуши и сте околу мене пушат и јас пушам некогаш, дома не сакам да се пуши и многу пушачи знам што не сакаат ни да смислат во затворен простор да се пуши ама ете мајка ми тоа и е уживање, си се раскомотува пред тв и си пали цигара, сега јас не треба да одам кај неа во нејзин дом со дете оти пуши? Ќе кажам не пуши кога е со тебе и готово, не дека чадот не се лофтира, има и прочистувачи на воздух плус. Ете тие рекле дека не пушат кога детето е таму и што повеќе сака, нека им најави пола час пред тоа дека ќе спадне дете да излофтираат и крај, ако е нешто итно нека се качат горе. Мислам ја тупите за безвеза.