И внатре се пуши. Да беше обратно, секако не би седела во делот за пушење, ама дозволено е во внатрешниот дел на ресторан кафана паб. И да се одвоени двата дела (ретко тоа) со некојаси стаклена преграда, врска нема, не штити, само се залажуваш а пак шмукаш чад, слаба вентилација. За Охрид зборувам. Додуша нема вентилација што ќе го филтрира воздухот во затворена просторија. Темава за пушење правец фати. Се изнакажвме ептен, да се согласиме-не е возможно, зашто секоја од своја гледна точка пишува. Фалби за свекрви особено свекори се прифаќаат во темава?
Јас како пушач не би отишла во затворен простор искрено. Доволно локали има со климатизирани тераси. Фалби.. има една тема, ама малечка е
Јас да дочекам внуци, доколку би имала слични пороци од сите би се откажала, без некој да ми дава предлог или да ме моли. Човек треба да биде свесен а не да се инаети и да бара изговори како куќата е нивна, како не може да се откаже и дрн дрн. Куќата е нивна ама и внучето е нивно, а тоа треба да им биде најважно а не кутијата цигари. И татко ми пушел од осмо одделение и ми вика не можам да ги оставам ама откако му се родија внуци и одиме често никогаш не осетив чад од цигари кога ќе одиме. Ако има потреба за цигара излегува надвор макар температурата во минус била. Значи све се може ако се сака. Во мое семејство само татко ми пуши а пред децава ич. Во семејството на маж ми никој не е пушач. Јатрва ми пушеше пред да забремени со првото, после нагло ги откажа. До човекот е не е до куќата колку е твоја или моја. А еве што имам кумови и кога доаѓаат на гости палат цигара, значи нездрава работа. Никогаш не би постапила така. Исто и за земање на друго дете во раце, ептен кај блиски земам бебиња ама секогаш внимавам на тоа да отидам чиста, да не сум настината и сл. И пред секое допирање на дете прво мијам раце повторно и кај нив. Таква сум и не кријам дека и со моите така сакам да се постапува, сум предупредувала ако некој е настинат, сум потсетувала за миење раце и не ми е срам за тоа, бебето уште нема имунитет а само кваките од вратите колку може да се извор на зарази. Јас како непушач кога ќе влезам во просторија каде што претходно некој пушел не можам да поднесам а не па мало дете. Мислам дека е непотребна дискусија воопшто на оваа тема. @Fleur-De-Lis јас не би го носела детето на такви собиранки, мало е и било која веселба не би ми била поважна од неговото здравје. Никој при здрав разум не би требало да ти замери што нема да отидеш.
Аман па и ти бетер од членката со цигарите. И така сезона на грип е , а и воздухот секако е загаден, што ке му биде ако го гушнат сите по еднаш. Па и ако се пуши цигари уште поарно.
Е па и свекрва ти се мачела да го роди маж ти,па сега дошла некоја Гестапо и ги малтретира.Исто ќе те најде и со син ти во иднина.Ете за ова зборував,јас го родив,јас ќе кажувам.Не го створи тоа дете сама туку заедно со мажот,освен ако си Богородица,и затоа и маж ти ќе кажува.И негово е.И не носи го долу,терај инает,ама ко шо гледам не одиш долго со понашањево.Изгледа си ги нашла нив,да беше на друго место ќе беше поинаку.Разгалено жениште,шо нема по светов.
@bibiiii изгледа заради внуче треба да се лишиш од сите задоволства. Сега се цигари. Друг пат на снајка ќе и текне да не пијат алкохол пред детето, да не јадат смоки, да не гледаат турски серии, и др.
Потполно си во право.Штом родат дете,готово они се Господ.Работава сега ќе видите вие,ако не е по мое ќе го земам детето и си одам.Исто знам и јас еден таков пример во почетокот кога ми рече здравје да родам па ќе видат,јас вероватно не сум сфатила што и како ги чека луѓето.Сега еве неколку години гледам што таа ососба рече тогаш.Им ја расути цела фамилија,она што ќе каже и крај,иначе ќе го земела детето и ќе си оди.Како можат и како сакаат така да живеат еве не знам ама некои уживаат во такви работи.
Не ве разбирам. Нормално дека родителите ќе кажат за детето, бабите и дедовците веќе си ги воспитале своите деца. Јас на моите им имам забрането, да, забрането, да пуштаат турски серии додека е таму. И цртани исто. Како што кажав, оди да си играат, не да седи и да зјапа во тв зачадена во цигари. Дали би било океј да ја оставам така да седи само за да не испадне уцена или не знам што? Нормално дека се гледа прво за детето. Нема потреба мало дете да зјапа во турска серија и да слуша такви никакви изрази и да гледа плачки. Свекрва ми пак си е сосема друга приказна, со неа апсолутно за се сме согласни кога станува збор за детето. Ако имам некоја недоумица на неа и се јавувам.
Апсолутно ќе забраниш ако нема разбирање. И за други работи, како товење со чоколади и чипсови пример. Како родител имаш право да забраниш, не дека нема и екстремни случаеви кај што резонот на родителот не е на место, ама правото му останува во секој случај.
Темава стана пушачи вс. непушачи. А ја се чудам како по кафичи не им смета на луѓево шо се пуши. Сега се' ми е јасно.
Ако се и двете страни барем малку разумни и се слагаат дека здравјето на најмалиот член е најбитно, ниту снаата е олош и наредува, ниту старите се со закоравени сфаќања во стил моја е куќава и што сакам ќе правам. Не знам зошто драмите, дали сериозно утре би дозволиле ваше дете да седи во чад од цигари? Јас никогаш! И мајка ми пуши, и откако е родена малата почна на тераса да излегува, дома нема запалено. Никој не и’ кажал, самата е свесна, но и да не беше немаше да размислам тоа да биде првото нешто што ќе и го кажам. Исто како и за миење раце и соблекување кондури кога доаѓаа кај мене, зошто имав бебе дома. За свое дете, да, јас и мм кажуваме, и никој друг. Исто како што за мене моите кажувале, и свеки за мм. Толку е едноставно. Не се работи за чија куќа е, ама воопшто. Еве јас на свеки и’ имам кажано да не и’ дава чоколадо на малата повеќе од еднаш неделно, и жената го прифати и почитува тоа. Имам кажано и да не гледа цртани повеќе од 1 час во денот, и тоа е прифатено. Исто како што јас прифатив некои совети од неа кога се породив. Зошто е толку несфатливо да се има разбирање помеѓу двете страни? Постојат и такви семејства, замислете И ние сме во иста куќа на посебни спратови и функционираме и комуницираме одлично. Еве и за себе ќе кажам, јас пропушив повторно кога бебка престана да цица, негде после навршени 6 месеци. Значи јас, како нејзина мајка, пушев, но никогаш дома немам запалено цигара, и нема никогаш да запалам ако пушам пак во иднина. После цигара сум одела да се пресоблечам и измијам пред да ја фатам малата во раце. Едноставно, цигари не се споредува со било што друго, неприфатливо е мало дете свесно да е изложено на чад од нив, и тоа е тоа. Правдајте се колку сакате.
Кажа дека ја лажат, зошто имало чад. А сите знаеме дека се гледа и се осеќа ако некој пред 2 мин испушил цигара во просторијата, нема потреба некој да каже. Има дим, не може да излезе за 5 мин колку и да луфтираш. Пак ќе речам, и за мене, исто како за Лавли, е неприфатливо детето да ми седи во просторија задимена од цигари, зошто не е еднаш, изолиран случај, туку секојдневно. Јас сум (бивши) пушач и ми е неприфатливо, не па да не сум. Замолила заради своето дете, а нивно внуче (не наредила), и не наишла на разбирање. Јас би престанала да носам дете кај нив и тоа е тоа, а врата би била отворена во секое време да дојдат кај мене да го видат. Би го кажала тоа јасно и гласно.
Јас мислам дека не е така, ама ајде. На непушач му мириса на цигари и пред 3 дена да е излуфтирано. Детето во чад не треба да седи, ама во чад ќе седи само ако буквално не луфтираат. А во тој случај би се запрашала за општо нивните хигиенски навики. За вториот дел, сите истото го зборуваме. Нема лутиш, се повлекуваш и тоа е тоа.
Леле леле, сироти малтретирани. А кога свекрвата ја малтретира снаата и се меша,што тогаш? Снаата не е од мајка родена нели? Дај не треси зелени.
Ептен ја нападнавте членкава. Да, таа не се изјасни за некои работи ама јас до некаде ја сфаќам. Јас и мм сме непушачи. Прво почнувам од ова затоа што и ние не поднесуваме цигари. Мм кога излегува со друштво надвор на кафе и се враќа дома директно оди во купатило облеката ја остава се тушира и тогаш влегува пошто и самиот се осеќа кога мириса на цигари и му смета. Кога живеевме во заедница во собата кај свекрва и свекор не се гледаше кој има внатре од чад од цигари, дури се осеќаше кај нас во соба кога ќе запалеа. Значи пушеа ненормално многу. Имам пишано го однесе еднаш син ми кога беше 2 месеци кај нив во соба го врати а детето беше умирисано на цигари иако таа тврдеше дека излуфтирала и потоа као па ајде што ќе му биде јас моите покрај цигари си ги израснав па што им фали. Веќе не го зема детето таму. Не сум барала да не пушат да посочам само. Кога палеа цигари и јас излегував од соба пошто ми смета чадот. И мајка ми е пушач, кога одиме кај нив таа луфтира и додека сме таму не пали цигара внатре, оди надвор. Кај нас дома никој не пали цигара, никој не ни прашува дали може туку излегува надвор (другари на мм, мајка ми, други гости..). Свесни се луѓето дека ние не пушиме а и имаме мало дете, сепак се се сведува на свеста на луѓето. И да, избегнувам свесно да го внесувам детето некаде каде што се пуши и додека можам да влијаам на тоа ќе правам така, зошто и самата избегнувам таква средина.
Не сме и’ дома, не знаеме каква е ситуацијата реално, но сепак решението е едноставно, треба само јасно и гласно да се каже. Делот околу тоа дека не сака детето да седи изложено на цигари секојдневно е тотално разбирлив, и не треба ни да се дискутира, а не па да се скока од страна од некои што се нашле увредени. Страшно дрски мислења и напади прочитав, што никако не е во ред (не зборувам за тебе).
Како што на неа и пречи чад од цигари, на други не им пречи. И таа нас не нападна. И не верувам дека проблем се само цигарите. Има снаи кои се многу захтевни. Не мора да ми носи дете. Уште поубаво да немам обврски.