Еднаш прочитав некаде и многу ми се допадна - денешниот начин на родителство е направен за да уживаат родителите, но не и децата. Апсолутно дека треба и мама да е среќна, го имам пишувано тоа во други теми, но некогаш како заминувате во крајност, страшно страшно...на форум дојдени да прашаат за совет и кога ќе им кажеш дека не чини тоа што го прават, па кога ќе ти се фрлат, не смееш ништо да кажуваш што ќе ја вознемири мама, секој си има свое право на воспитување дрн дрн повраќаници. Жално што некогаш детето седи во чадилница, а некои тоа го сметаат за начин на воспитување. Му се нарушува здравјето, а право на здравје детето има преку Конвенција за права на детето, а нашата земја е потписничка на таа конвенција. Ова за тие што мислат дека нема гајле да седи во цигари. Пред некое време читав на форумов некоја им викала и на воспитувачките во градинка да го плеснат по газе ако треба. Да речам дека со подзината уста останав е малку. Немојте никако да им укажете кога ќе побараат совет пошо толку се нежни мајкичките, кој си ти да ја увредиш. Додуша странство да си, социјална служба ќе ти викнат, нема да те чекаат да прашаш за совет, ама овде ни ако прашаат не им кажувајте. Само викајте им дека се прекрасни мамички и тоа што губат контрола и што го плескаат детето, ееее тоа е нормално, само задолжително да пцујат кога ќе слушнат на вести за дадилка што исплескала дете, тоа е друго, од мајка не боли. И задолжително да дојдат на форум и да им се потсмеваат на сите кои си ги штитат децата од цигари, пошо они морале да одат на кафе со другарка и го оставиле детето нека се труе во чад, немој некој нешто да рекол, па они мајки се, мора да поуживаат, детето појако ќе биде од цигарите. Ех колку некои мислат дека имаат право над нивното дете. Само благодарни бидете што нема овде добра социјална служба и контрола, пошо многу ќе падневте јако на тестот.
Општо коментирав за снаите. И тоа како има врска со темава. Се и сешто бараат. Ако им се удоволува дома не мора да значи дека и свекрвата тоа ќе го прави. Па уште и уцени со внучето. Слободен им е патот да прават што сакаат. Само не ми е јасно зошто не се качуваат тие горе? Навредени се или.....?
Не треси глупости,никој не ја малтретира оваа.Таа е полицаец таму,дели наредби.Нека не го носи детето кај нив и крај.Нека си го чува сама.
Не е тоа проблемот, туку лутината зошто некој не прави како што таа сака. Нема право да се лути. А има право да не пушта дете. Јас ќе се навредам во ваква ситуација искрено. Не за пушење, за што сака нека е. Еве нека е за животните. Да ми речат тргни ги за да дојдеме. Јас немам намера да ги тргнам. А ако другата страна продолжи со инсистирање за правила во мој дом, нека не доаѓа. Жртвите и отстапките што можам да ги направам за други, вклучувајќи и фамилија, се лимитирани. Во дадениов случај не би пушела кај што е детето, затоа што се согласувам дека е штетно, ама животните не би ги тргнала ма колку тоа не е во линија со желбите и замислите на родителите.
Како бе така захтевна била снаата зошто не дозволувала грицки,благо, пушење и ТВ??????? Па во тој еден саат неделно што го гледаат внучето греота ќе пукнат ако не грицнат? Ако се трудиш да водиш здрав живот, ако е алергично детето, или едноставно не сакаш да даваш шеќери зошто да не извадат овошје на маса туку мора да е грицки? Или турска серија, па и вести некој спомна. Може детето има кошмари после од секакви нецензурирани слики и видеа што даваат на вести и по серииве. Не е тоа захтевна снаа туку снаа која јасно ги кажала своите граници, грижа за своето дете (целокупното негово здравје). Како критикуваме во градинка давале пудинг, не знам какви ужинки и сл? Ако нешто на некого му смета, фер е да се испочитува. Доаѓањето на нов член го менува семејството затоа што се проширува. Не може да остане се исто и не треба. Сите совесни би престанале да пушат внатре, би внимаваме на исхраната, би намалиле тв и време пред екран - пред се за себе си, а после за дете, внуче итн. Секој се труди да е најдобар родител ама не и да е најсвесен. Не е лесно да се биде родител, одговорноста е огромна.
Така е, се слагам со ова. Не би правела жртва за се’ буквално и да си го нарушувам комодитетот, ама за цигари би направила, и без да ми кажат. @SummerGirl не би им го покажала патот, зошто јас не живеам на тој начин и не решавам проблеми на тој начин. Ако станува збор за цигари, би направила жртва за своето внуче, зошто сигурно би го сакала повеќе од себе, тоа е нешто што излегло од моето дете на крај краева. Пак се сведува на тоа дека се’ е до свеста на поединецот, а верувале или не, многу работи се решаваат со разговор и взаемно разбирање наместо со расправии.
Чисто информативно, дали од браќа/сестри, роднини и пријатели барате да не пушат дома? Не зборувам за пушење пред дете, за тоа сите се согласуваме, туку дали барате воопшто да не пушат во нивниот дом? И не сакате да ги викнете кај вас, ниту пак да седите во друга просторија, ниту па сакате навремено да се најавите, туку да дојдете кога сакате и да се налутите дека они претходно пушеле дома? Пошо за тоа се работи овде.
Не сакав да коментирам ама ова баш ме потсети на случка. Имавме куче и кога се роди внуката ни кажаа или ќе го дадете или дете не ни стапнува таму. Мора да кажам дека кога идеа кучето беше тргнато во друга просторија и претходно се исчистено. И пак имаше коментари дур не го тргнеме не иделе често. Светковци како што си ги дал господ да угодат ни правеа притисок нас за да го тргнеме, мм не попушти. После некој период кучето не е со нас, и погоди што. Тие пак немат стапнато кај нас. Од мојата страна сите се пушачи па кога одам со бебе секогаш е проветрено и тоа е се што може да побарам.
@BabyT* значи они не биле задоволни што тоа одма не било исполнето од ваша страна. Убаво викам јас дека овде не се работи само за пушењето.
Веќе понапред кажав, не треба некој да каже да не пушиш пред дете, тоа се подразбира. Пред да дојдат внуците луфтирам, додека се тука во кујна пушам. Толку можам да понудам. Патем кујната е физички одделена од дневната. Не гледам проблем во ова. Дури и многу сте попуштиле.
Вие ако сакате животни, не секој сака. Покажете разбирање за другата страна! Мене ме има каснато куче и не сакам да ми се приближи, не па да одам кај некој со кучиња. И сите што шетаат кучиња "мирно е, не се плаши". Такво мирно ме касна. Не се согласувам со тоа да му кажувам на некој да го исфрли кучето заради моето бебе (Боже!!), ама сарказамов и потсмевов мњ испровоцираа. Исти се и пушачите. Имале право! Па имам и јас да не ме трујат. Кое право е "поголемо"?! Овие две "категории" луѓе ми се најсебични кои ги познавам. Секоја чест на исклучоци. Цигарата, ќефот и гајле им е за се. Јас кај луѓе што пушат не одам. Кај вујна ми одам само кога е топло, да седам во двор. Кај братучетка исто. Дома не давам да се пуши. Немам ни пепељара. Ни на тераса не давам да пушат. По ваша дефиниција, Гестапо
Не си ме разбрала. И јас имам стравови во животов и никогаш ама баш никогаш не сум му се смеела на некој, "ај бе види го се плаши ха ха ха". Потсмевот е за луѓето што самоуверено, ама скрос самоуверено ти бараат да го исфрлиш кучето од твојот сопствен дом. Молам? На некого кучето му е ко дете. На кој не му се свиѓа нека не доаѓа. А да ми каже или ќе го исфрлиш или не стапнуваме, ќе и кажам, и да не е тука кучето утре, други ден, пак нема да стапнете кај мене.
Ама ти дома не даваш. Не во друга куќа. Тоа е разликата. Јас имам две мали кучиња,кому сметаат не мора да доаѓа,ќе се видиме некаде надвор,но да бара да ги исфрлам за да дојде,ни на крај памет. Правила дома,во туѓа куќа твои правила, не.
Да бре, куче и дете е исто? А ако кучето го нападне бебето, т.е. го искаса? Е тогаш јас ќе им пресудам на тие (и на домаќините на кучиштето и на кучиштето).
Како различен јазик да зборуваат пушачиве и анти пушачиве. Дискусијава отиде во сосема друг правец. Јас и пишав на членката со проблемот дека претерува. Не значи дека ако го мислам тоа одобрувам пушење пред деца. Јас лично цел живот сум го бркала татко ми надвор да пуши. Ми рекле себични пушачи дека е непочитување спрема човекот од своја куќа да го бркам, во мое присуство не сум сакала цигари, од најмала возраст, така и останало. Ама додека јас не сум таму што сака нека прави. Постои проветрување. Нормално дека на крај памет не ми паѓа детето да го оставам во димница. Сега свекор ми и свекрва ми не пушат пред малиот, а кога ќе го земат такви смрдени мене ми се креваат црева. Ама што, да не им го давам треба? Тоа би значело да им забранам воопшто да пушат. Не е во ред. Се има граници, а поголем мразач на цигари од мене нема.