Ај не гледај многу филмови добро? Има кучиња далеку поваспитани од деца. Како треба да му се пресуди на деца што немаат појма како да се понашаат на гости, кршат се дури мајкичкава пие кафе, се качуваат на кучето, го тегнат, го клоцаат? Леташ низ врата и ти и невоспитаното ти дете. Ти не можеш на никого да му пресудиш дома, можеш само клоците да си ги добиеш, да ти ја покажат вратата и никогаш да не ти текне да се вратиш. Холандија нема семејство без куче, ние овде кучишта ги викаме, брука светска. Ене ги сите искасани се.
Кажав, тоа е глупост. Знам каква љубов е тоа затоа што имам блиски со куче. На памет не ми паднало да им кажам да се откажат заради мене. Едно е да знаат за мојот страв и сами да го тргнат кога ќе дојдам, друго е да барам они да го иафрлат кучето. Мислам!! Јас дали и колку ќе одам е друго
Кога одам на гости кажувам дека не сакам да се пуши каде што седиме со детето ( за себе правам отстапки иако ми смета како поранешен пушач). Кажувам и грицки и чоколади да се тргнат од маса зошто детето ќе бара, а не сакам да јаде. За животно доколку ми смета не би рекла да го тргнат, но би инсистирала на гледање на друго место и би ја кажала причината. Ама да кажам не пуши ти дома воопшто, не гледај тв, не грицкај грицки и не чувај куче дома во туѓ дом е ЛУДО. Да чадот од цигарите останува и е проблем посебно кога се работи за некој близок каде се оди често и ако нема разбирачка има друго решение не оди детето таму и готово.
Разбирам. Јас имав патолошки страв од кучиња до кај 35 год. Ама децава ги гушкаа сите улични па решив да се соочам со стравот,и зедовме салонско .Е после зедовме уште едно Ама во многу блиска фамилија имам како тебе,што се плашат,но не сакаа на децата да им го префрлат стравот па децата им ги зближував со моите кучиња. Кога родителите доаѓаат ги затварам во друга соба,ама да ми речат затвори ги или прати ги кај свекрва ти ако сакаш да дојдеме,не би го направила тоа,зошто е уцена.
За кај мене дома си зборам. Нема место за несакачи на кучиња. Ти ако се плашиш, не мора фобија на детето да му правиш. Ама ти си знаеш, не ти се мешам. За кај мене дома си зборам. Да се редактирам: јас не сакам рандом луѓе да го галат кучево, иако за негови скоро 11 години не ни пробало да касне. Ниту го пуштам од ланец само. Ако дојде дете (а често доаѓа кога се шетаме) и јас клекнувам и го учам да го гали. Затоа што имам големо куче и од милост може да го подбутне и да го исплаши. Ама не терам никој ни да го гали, ни ништо, си одам по патот со куче на поводник, па пак психопати се дереле по улица. Ама на такви не обрнувам внимание, оти ќе треба големата да ја правиме.
Не, куче и дете не е исто. Ама мене моето куче ми значи повеќе од сите пријатели, роднини и нивни деца. Што значи, ако им смета, едноставно не се добредојдени.
Се воздржував многу да не пишам. И да знам за твојот страв нема да го тргнам/затворам кучето во друга соба. Затоа што не е научено така и ќе се убие од цивкање и плачење. И не сум себична како што си пишала. Со цела почит кон твојот страв, ама не треба да очекуваш ради тоа некој да го ‘тргне’ кучето во неговиот дом. Ти си гостин во домот на кучето!
Ако мисли на тргнување да не ја душка, лиже итн. ок, ни јас не ги оставам ако знам дека некој не сака. Ама да ги бркам и ишкам, не.
Па каде кажав дека барам. Јас едноставно одбивам да одам таму. Ако они самите сакаат да го тргнат, ок, никого со сила не терам. Себичноста не ми беше во овој контекст кажана.
Мислам дека разбрав во кој контекст оти и јас познавам такви луѓе. Што ти натураат на рандом место, или дури на гости ти доаѓаат со свои желби без осет за твоите. Ама тие се исти во секоја сфера, дали палат пред деца, пикаат куче во раце кај некој што не сака или носат непокането дете на прослава... истите се. Како што јас нејќам нечие дете да ми брца во ташна, некој нејќе моето куче да го душка, и ние нели возрасниве, сме должни едни према други да се поштедиме од непријатности.
А постојат такви сопственици на кучиња што сами сакаат да го затворат кучето бидејќи ти си им на гости? Чисто онака прашувам. @CameliaMiller Нормално дека ако некој не сака да го лиже не дозволувам. Додуша, моево куче ги осеќа таквите и не ни им се приближува. Ама да го затворам во неговиот дом во друга соба ради гостинот NO WAY.
После ќе речат непушачите биле дискриминирани. Понапорни сте и од најстраствениот пушач на светов. На ниеден непушач му се нема поставено ултиматум од било каков тип, а камо ли дека не смее да си ја гледа фамилијата. Многу забегувате. Не сме ни заразни, ни усмрдени нехигиеничари, ни заговорници према вашето ценето здравје. Греота за тие околу вас што ве трпат вакви параноици.
Ко некој што исто размислува за неговите миленичиња (имам куче и папагал), морам да се согласам со пишаново. Да, побитни ми се милениците од луѓето и не планирам да се отарасувам од нив, пред се зашто јас сум одговорна за нив и луѓе кои ги оставаат милениците на милост и немилост по улици треба да се ликвидираат и да, зашто не планирам да си нарушувам ред и мир ради било кого. Имам другарка која се плаши од птици, и иако папагалот е цел ден надвор од кафез, тогаш го ставам внатре и си седи во кафез тие саат, два. Тоа молим лепо, може да се направи и не е проблем. Да бара да го местам во друга соба или да ми дофрла насекое како ја нервирало пилето, тогаш не мора да иде воопшто.
И свекорот и свекрвата чуваат куче, ама во двор. Никогаш не сум им рекла да го тргнат кучето. Доволно е што го чуваат врзано. Имам уплав од кучиња. Свекрвата пуши, ама свекорот е бетер. И не е кај нив многу зачадено. Некогаш на тераса пушат. Ама јас да им речам не пушете додека сме ние таму, немам право. Јас сум анти пушач.
Не знам вие со какви пушачи се дружите и мислите дека пушачите не осеќаат мирис на цигари многу се лажете, зошто јас до 23 год немав запалено никогаш, маж ми пушеше уште кога почнавме да се гледаме и можам да потврдам со 100 посто самоувереност дека освен ако не се пуши цигара за цигара и седи 24 часа во непроветрено, воопшто не смрдеше на цигари. Сега јас палам понекогаш ама и покрај тоа пак ми смета мирисот и избегнувам да одам во простории каде што се пуши и дома замолувам да не се пали. Ги направивте пушачите како да се чудовишта што никогаш не мијат раци, заби и не менуваат алишта, не одржуваат хигиена дома па цело време ужасно смрдат. Сакав и јас да го пишам тоа за кучињата ама си реков пак ќе рипнат со куче и дете не е исто. Значи на било кој проблем од ваков тип решението е едноставно како што тврдиме сите кои се согласуваме со свекрвата. Не е во ред да пушиш пред дете, не е во ред да му пушташ турски серии и насилилни програми, не е во ред да го храниш со грицки и благо додека го чуваш, ама уште повеќе не е во ред да се лутиш ако не се придржуваат до твоите правила во свој дом, во ред е да одлучиш да не го носиш детето и во ред е да им кажеш зошто, не е во ред тие да се лутат зошто постапуваш така. Сега јасно е?
Има, да. Ама најчесто се гледаме надвор. Нит сакам да се притесњаваат во своја куќа, нит јас сакам да седам на трње.
Јас имам куче,го зедов од улица повредено,со нас е 13 години,исто имам 4 мачки,дома си се.На улица ги хранам бездомните и до сега никое не ме каснало во живот Нема да ги бркам ако некој сака да дојде дома,нека не иде поарно.Тие ми се семејство исто како семејството мое.Покажете љубов кон животните делиме еден свет,сите сме божји чеда.Лоши животни нема,има луѓе кои ги направиле такви,со тепање,бркање и малтретирање
Јас сум "кучкарка" ако би така дефинирале. Константин мој е ист. Да ги гушка и бацува. Немојте да зборите кој е добар кој лош, оти на 2 години Константин од куче ќе го изедеше стапот. Значи имаме пред зграда една рошла што го чува пред дуќан, ама нејзино е, ама дома го чува , ама го рани и вакцинира, уствари ми спие у влез преку ден! Како е твое а ми се пика у влез, кажуваш дека мрази деца оти го малтретирале и е опасно за нив ( сигурно не биле колку Константин) а и да се, ОПАСНО ПО ДЕЦА значи ако ми го чепне детето пред неа ќе го утепам и ич око нема да ми трепне. Е сеа кажете дека сум лоша слободно ич не ми е гајле, ама ако и е кучето изреметено у куќа нека си го чува , а не кај мене у влез. Бтв не знам што има везе ова со свекрви и снаи? И да. Бев пушач ама дома циг немам запалено 4 години ни јас, ни мм,никој. И ова не знам што има везе со снаи и свекрви.
Има врска. Има снаи што не сакаат свекорот и свекрвата да палат цигари во нивниот дом. Наметнуваат правила во туѓа куќа.