Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.595
    Пол:
    Женски
    Шо интересен развој на дискусијата. :) Пушачите вечити жртви. Ги нападнале бе. :rofl: Ах тоа селективно читање и разбирање како што ви одговара. Тоа што тие и скокнаа на лавли со навреди и измислени ситуации нигде спомнати само за да си ги оправдаат своите постапки, не се рачуна, не дај боже некој против цигари нешто да рече. Пу пу пу скраја да е. |(

    Едно треба да се разбере. Ако сакаш да се удараш у груди дека нешто си создал, ќе си одиш на планина и ќе си седиш сам и изолиран и ќе си живееш исклучиво по твои правила и прописи. Иначе луѓето се социјални суштества, ако живееш со луѓе, ги сакаш и сакаш да се дел од твојот живот, заради соживот, односно коегзистирање се прилагодуваме на потребите на другите посебно ако другите се битни луѓе во нашите животи, без разлика чие име стои во имотен лист. И посебно ако се работи за лоши навики или пороци кои негативно влијаат на бебе/дете во развој. Не ни треба некој да спомне за тоа, туку сам човек треба да има осет.

    Кој ме читал знае дека сум мачкарка. Дома секогаш чував/м, плус хранам еден куп улични. Имам другарка која панично се плаши од мачки, па кога доаѓаше кај мене мачката ја вадев од собата каде седевме. Не дека таа ми рекла, туку знаев сама. И не дека ја вадев мачката на клоци боже мој *смајлиштосекрсти*. Исто како што го праќав брат ми во друга соба, или мајка ми си знаеше сама да се повлече во нејзината. Како што кога ќе и дојдеа другарки на мајка ми, културно ќе ги поздравев и ќе си се повлечев во соба.
    Се изначитав - “ја за инат нема така да напраам”. Ма ич немојте. Немојте никогаш ништо за никого да напраите, терајте си инати оти иначе круната ќе падне па после шУ праиме?
    Пуу, самобендисаност! (facepalm)
     
    На Anyshka, flower30, Giovanna и 43 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka@

    Bezimenka@ Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Читав неколку страни, само за пушачи/непушачи и миленичиња има колку сакаш... Е добро де, сите сме си различни и секако секој по свое ќе тера сакале ние или не! Секоја куќа има свои правила,ама не секој домаќин отстапува и прави исклучоци за гости и тоа е негово право!
    Туку нели темава е за свекрви и снаи..:o
    Убаво викаат у денешно време колку повеќе им ќутиш на луѓево само бетер ќе праат,е така и свекрвица моја. (facepalm)Отидовме кај нив со бебушов наш,таму и другата внука(6 години) и само се лутеше љубоморна е (дете ко дете ќе речеш) ама бабава како ја смируваше цело време: "Немој да ми се лутиш па ти си ми најдобра и најубава,а не како бебево,баба само тебе ми те сака"!?:@ Ми идеше да си станам и заминам па нека дрндори уште,ама на културен начин и реков дека внуци не треба да се двојат ама мислам дека џабе зборам, а следен пат вакво нешо културна нема да бидам ниту пак ќе отидам.:hai::^)
    Провокатор невиден, врска нема шо праи а ја се помалку нерви имам:worried:
    Бар не ми е блиску инаку кој знае што се ќе слушав цело време :x:@
     
    На elenaklasik и Bebac им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.730
    Пол:
    Женски
    Забораваш едно,една од примарни човекови вредности во животот е слободата.
    Човек во свој дом, не во заедница каде треба да се прилагодува, мора да има слобода да живее како сака.
    Па и да пуши.
    Во туѓ дом никој нема право ништо да нареди,забрани или спроведува.
    На крај па никој од нас,тоа не го сака.(јас сум непушач)
    Сосема друго е ако другата страна има сам осет,па наоправи самоиницијативно отстапки.
    Исто ко што ти правиш со мачката или јас со кучето.
    Но сосема е друго некој да ти рече.
    Тргни ја мачката,инаку нема да дојдам.
     
    Последна измена: 4 февруари 2020
    На crazylady, ForeverYoung, happygirl и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.595
    Пол:
    Женски
    Ама слободата не е апсолутна во случаи кога ти со твојата слобода нарушуваш туѓа слобода и право. Ти во свој дом што си го градел исто имаш слобода и да праиш журки и да грмнеш музика, ама комшиите ќе ти викнат полиција. Слободата секогаш е условена кога се работи за навика/порок која загрозува некој друг на овој или оној начин.

    И апсолутно се сложувам дека никој нема право да се обрати со - тргни ја мачката оти иначе ја нема да ти дојдам. Ама сметам дека луѓе кои се гледаат постојано, посебно во такви фамилијарни релации како во случајов, очекувањето да не се пуши внатре е сосем оправдано. Ако свеста не функционира така, следно културен муабет како на Лолипоп, и на крај, веќе не одење таму каде не ти одговара. Лично сметам дека како луѓе толку можеме да напраиме за оние што сакаме да ги гледаме, нормално ако ни значат. Дека е сеедно не е. Патем ниеден компромис скоро па не дава да ни е сеедно, ама повторно, ги праиме за луѓето што ги сакаме.
     
    На Anyshka, flower30, NEA и 15 други им се допаѓа ова.
  5. SevenHeaven

    SevenHeaven Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2019
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно за која туѓа куќа зборувате? Жената се омажила и сега тоа е нејзин дом! Има потполно право како и сите останати членови од семејството. И да, ИМА ПРАВО да ги замоли и да им каже да не пушат ако таму престојува и мало дете. И моите се пушачи и пушат дома, ама секат коа идеме ја луфтираат собата и ОК е. Никат не рекле ти не живееш више овде немаш право на збор. Исто и свекор и свекрва се пушачи. Откако се роди малата цигара немаат запалено дома, а башка ретко идеме. Тоа е само почит. И никат не ми рекле туѓа куќа ќе си молчиш. Ако е туѓа куќа тогаш кај е мојот дом?
     
    На Anyshka, flower30, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    @Yowannty правиме ако сакаме.
    Ако не сакаме, и понатаму сме во право.

    Морален компас сите различен имаме, па мене скроз ми е ненормално да очекувам родителите мои да се посветат на мене и моите потреби, наместо на нивните. Ама ете, колку коментари има тука дека свекрвите си гледале за себе, по одмори оделе, а на "децата" 30 годишни не помагале :)

    Закон ти забранува да рокнеш музика.
    Дали ќе пијам, пушам и оставам смрдливи чорапи на сред земја, не е нешто што законот го интересира.

    Среќа што немам прилика да живеам вака чопоративно. Среќа.
     
    На crazylady, ForeverYoung, Alisa22 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    По 100 ти пат, жената живее на различен спрат!

    Ако имаше и девер на друг спрат, и тоа ли ќе беше нејзин дом, и таму ли ќе имаше право да се тупосува ненајавена и да мириса пепељари?

    На стотици страна се филозофира како е мизерно да се живее во заедница (што е точно), како сакате сами да си бидете, да шетате голи по дома, да правите што сакате, без некој да ви наметнува правила, се убивте од кукање како свекрвите ви се мешаат, и не сфаќаат дека вие сте засебна фамилија, а уствари сега излегува дека вие сте тие што не можете да разграничите кој дом е чиј и константно се мешате кај свекрвата.

    Твојот дом е каде што живееш со мажот, кога веќе живееш одвоена од свекрвата сигурно нејзината куќа не е твој дом, како што ни твојата не е нејзин.
     
    На AsteryStella, ForeverYoung, Alisa22 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. SevenHeaven

    SevenHeaven Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2019
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Епа оти имаш среќа затоа вака коментираш! Да живееш како шо кажа "чопоративно" ќе мораш да се прилагодиш според потребитр на другите и тие исто на твоите и да најдете средина! Да не треба инат да се води и очи да се вадат?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Дали ја читаше членката? Кога детето е кај старите, не пушат. Е, сега што госпоѓата сака воопшто да не пушат бабата и дедото во сопствената куќа е претерување, безобразлук и некултура. Исто ко тебе некој да ти рече: чувај го мачето надвор оти нема да ти доаѓам на гости. Безобразно е, нели? Па дури и кога се работи за внуче.
    Целата поента на сагава со цигарите е оваа, а не пушачи вс непушачи.
    Јас сум бивш пушач и цигарите ги мразам од дното на душата, да не рече некој дека ги застапувам пушачите.
     
    На Alisa22, SexiLy, 1209 и 14 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Сами сме креатори на својата судбина.
     
    На candy.cane, crazylady, happygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  11. SevenHeaven

    SevenHeaven Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2019
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    А шо праеме тогаш со она "Колку е твое дете, толку е и нејзино внуче"?? Ако сака да го земе и да поминува време со него тогаш мора да почитува одредени правила.
    И ја нигде не спомнав никакво кукање од свекрва, напротив некат коа гледам пријатели кои шо живеат у заедница си викам поубаво вака имаш друштво и помош кога и да ти притреба за било шо. Немам проблем да се прилагодам или да и уметнувам мои правила на нејзин спрат. Ама коа се работи за мое дете, ако сака да го земе ќе почитува и тоа како! Ако не, бујрум дојди види го и тоа е тоа. И не само за свекрва ми. Ова исто и за мајка ми ќе важи.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.741
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    Е па ако одиш под кирија треба да ја стегнеш чергата. Нема луксузирање ако сакаш мир во куќа.
     
    На zalosna, fana и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Како што претходно некој кажа, мислам @BabyT* - исфрлете го кучето оти не доаѓаме.

    Важи.
    Не доаѓајте.
     
    Последна измена: 4 февруари 2020
    На crazylady, Alisa22, Spidy и 7 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Ако ја следиш темата од почеток, ваљда прочита дека:
    - не пуши пред внучето никој
    - снаава не ги вика горе кај неа

    Извини ама...
     
    На Alisa22, 1209, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  15. SevenHeaven

    SevenHeaven Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2019
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Да прочитав.
     
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Тогаш, барате преку леб погача.
     
    На SexiLy, cresa-jagoda, zalosna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. SevenHeaven

    SevenHeaven Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2019
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Прочитај шо кажав и за што ми беше посочен првиот коментар. Не можев а да не го искоментирам она " Шо сакаш у туѓа куќа дрн дрн".
    Пууу само да се расправало. Сите гладни за кавги
     
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Само што ти изгледа не прочита дека не го бара свекрвата внучето, туку снаата го носи таму кога има потреба некој да го причува. И по таа логика, ако сака некој да и го чува внучето, треба да се помири со некои правила или да не го носи таму.

    А болдот и го советуваа сите овде, само снаата не сака да ги викне горе.
     
    На crazylady, Alisa22, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.164
    Пол:
    Женски
    Добро, вие читате? Живеат посебно. Старите се согласиле да не пушат пред внучето. Старите не им се мешаат во апсолутно ништо на младите. Снашка бара да не пушат воопшто, дури и тогаш кога внучето не е таму. Не ги вика горе, што е една од опциите за да се реши ситуацијата. Исто една од опциите е да го најави внучето кратко пред да иде, за да проветрат ако пушеле скоро.

    Не знам како можете да очекувате некој, па макар и баба и дедо биле, да не пушат или било што друго да прават или не прават, додека детето не е таму.
     
    На candy.cane, crazylady, ForeverYoung и 24 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Па спратот на свекрвата Е туѓа куќа. Де јуре и спратот на невестава не е нејзин.

    Ама сепак свекрвата нема право ништо да се меша на спратот на снаата. И обратно.
    1000 пати сите повторија да ги вика горе, ама ни тоа не и' чини.

    Епа извини.
     
    На candy.cane, crazylady, happygirl и 8 други им се допаѓа ова.