Па да ја никаде не ја оправдав членката. Само напишав тоа шо мислам. Бараме рамноправност и недискриминација, а тука рипаме шо барала у туѓа куќа, нема право има право. Не за џабе рекле Жена на жена и е волк. Немаат сите услови за да живеат одвоено. А кога веќе се мажат у заедница да не треба да трпат некој секој ден да им плеска не си дома, на туѓа куќа си дојдена. Не, извини има право како и сите останати, сакале или не и таа е член колку и сите други и има апсолутно право да учествува у носење одлуки и да каже свои правила како и останатите. Толку
Мене исто не ми е јасно како може воопшто да не се најавува кога иде, макар и 5 минути претходно да се јави да праша дали може да го симне внукот, или па само да каже дека ќе го симне. Не бе брате мили, си го носи коа ќе и прдне, без да помисли дека тие луѓе може се уморни, може ги боли глава, може имаат сосема други планови, небаре цело нивно постоење е сведено на дежурни бејбиситери достапни 24/7. Па уште како капак на се и правила им поставува.
Ете јас уште не сфатив како би требало да постапам јас во мојот случај. Значи сум згрешила што сум го замолила свекорот (сум била безобразна и некултурна), ок тоа го востановивме, што според вас е правилно? Ситуацијата е следна, ние живееме горе, тие долу. Свекорот пуши по 30тина цигари дневно, мотан тутун што смрди корне. Колку сакате зборете тоа не се луфтира за 5 минути. Луѓето се пензионери, не одат на работа, од старт без никакво наметнување од наша страна се вклучија во животот на детето, со чување, играње, шетање и сл. Уште како бебе ќе се качеа да го земат, ќе го прошетаа, ќе го однесеа кај нив да си игра.... Детето си стана приврзано за нив и се симнува повеќе пати во текот денот, односно кога ќе му текне. Од старт на свекорот не му текнуваше сам дека не треба да пуши пред детето, тој пред своето дете пушел, нормално е и сега да не му текне. Што требаше јас??? Да ќутам и да чекам сам да му текне? Да свикам состанок и да го изложам проблемот па да бараме решение (некој и ова го спомна)? Или едноставно да му бранам на детето да слегува па да се чудат тие зошто? Еве кажете баш ме занима како вие би постапиле?
@CameliaMiller без разлика дали закон регулира или не, немаме апсолутна слобода доколку нарушуваме туѓа. До вчера немавме ни закон што заштитува напуштени миленици, па луѓето цело време напуштаа. Немаме ни закон за користење на водата, па оние по дворови по цели денови цревото во нозе да се ладат, додека оние во зградите немаат капка. За свеста не ни треба да постои закон. @An-na јас не зборам за наредби, забрани и уцени. Јас зборам за повисока свест кога се работи за слободи кои што нарушуваат туѓи слободи и права. И јас сум екс пушач. И сметам дека ниеден пушач не смее да си дозволи да пуши дома, дури ни во своја. Сметам дека домот треба да е катче што е удобно и мириса свежо во секое време, посебно сега кога отрови се дишат секаде. Ама сигурно нема да убедувам никого со моите ставови. Тие си се само мои ставови. Првиот пост пушачите си го сфатија ко директен атак на нивниот углед, па контра-атакуваа со аргументи од типот “за инат нема така да напраам” што е скроз невалиден. Веќе кажав и претходно, “извадија мачката или не ти доаѓам”, не е солуција, безобразно и дрско е. Ама - “не сакам да бидам погрешно сфатена ама не сакам детето да ми седи во просторија каде се пуши/пушело”, - ми е скроз оправдано. Ако прифатат ок, ако не, здравје боже. Повисока свест, добра воља, здрава комуникација, компромиси.. не уцени, закани, наредби.
Имам јас една позната. Децата цело време кај свекорот и свекрвата. Поточно, свекрвата ги чува. По цели денови се таму, за да може снајка да си ја прчи. А свекрвата многу мирна жена. Не сака да се кара. Едвај чекам да ми се погоди таква снаа. Безобразлук.
Не го пуштај и готово. Сами треба да имаат осет да не пушат внатре ако им иде детето. Во спротивно ако сакаат некат да го почуваат нека дојдат кај тебе и решен проблем. Или нека чекаат да се потстопли времето па нека го играат надвор.
Некако не го разбирам тоа слободно одење кај било, јас сум личност што сакам најава и од најблиските, а и да ми чукнат на врата пример. И јас живеам во куќа на два спрата, доле ние, горе чичко ми и семејство негово. Со братучедите сме мала разлика и заедно растевме, ама сепак не' најавуваа, не одев кога ќе ми текне горе. На твое место и јас би замолила исто, само што не знам како би дошла до ситуација да не се јавувам пред да пуштам дете. Што значи, не верувам дека би дошла до момент да треба да замолам да не пушат воопшто, затоа што би се најавувала. Ако некој ме уценува, инат ќе ме фати ради уцената. Ако културно ме замоли ќе размислам, не значи дека ќе исполнам. Мојот дом не е сечиј дом, и не знам зошто би го претворила во таков. Таа "повисока свест" ја немам ни не глумам дека ја имам. За себе гледам најмногу, а дека некаква снаа, зет, золва ќе може да ми нареди... нема шанса. Јас не верувам дека би одела до таму да правам спратови за деца со мене да живеат, не па нивни избраници. П.С. Каква слобода нарушувам кај мене дома? Абе свекрва ми ако сака правосмукалката на трпезарија да ја чува, збор нема да речам. Што сака ќе си прави, или ќе прифатам, или не одам. Освен ако не ме заклучи да не можам да излезам, па да си ги уживам слободите.
Де бе па и ти, во иста куќа живеете ти ќе се најавуваш. Качи си се горе кога сакаш, твој дом е тоа, ако си гладна отвори си фрижидер, разгледај што има, ако најдеш маргарин или мајонез кажи им дека е тоа штетно и не смеат да купуваат такви работи, ако имаат пица за ручек исто обавести ги дека тоа не е здраво и дека треба боранија да јадат, ако видиш кикирики фрли ги и кажи им дека не смеат кикирики да чуваат зашто ти си алергична ..сепак здравјето е најважно.
Чудни ми се муабетиве може зошто и баба ми со нас живееше, па во нејзиниот дел од куќата се јавуваа моите да ме најават како дете Мене ми е тоа нормално, дека не може кој сака кога сака и што сака да прави со моето.
Слободата на поединецот може да биде условена ама за тие што живеат заедно во тој дом. За сите други што се повремени гости,не. @Lolipop23 Не може на дете кога ке му текне да се симнува, треба да го почитуваш и нивниот комодитет,ритуали,време за одмор,колку и да ги сакаат имаат право и на сопствен комодитет,а не детето кога сака . И јас сум на спрат,моите се сега големи ама сум се најавувала и сум водела сметка кога ке се симнат или да одат кај моите,и ден денес се јавувам. Пр.попладневен одмор око 17.30 знам дека одмараат,детето нема да се симе,колку и да сака.
Кај едната баба затоа одбегнувам да одам преку зима, дека дома е зачадено. Кога сум во можност ако е убаво времето одам за во двор да си седам, инаку дома е толку зачадено што кога си одам не можам да дишам. Имам астма и ПРЕМНОГУ ми смета чад од цигари. Значи во секунда чадот ми ги сјебува дишните патишта и можам да се затнам. Баба не пуши пред мене, ама дома се осеќа чадот и тоа ми смета, без разлика што во моментот не дува во мене. Е сега ни на крај памет не ми текнало да и речам да не пуши кога не сум тука за кога ќе отидам да не мириса на чад Втф? Живее сама, пензионерка е и единствена занимација и се сериите. Кога ги гледа нив си пали цигара и си пие кафе. Па како можам да и забранам да пуши кога таа е во сопствениот дом кој го градела со свои раце? Ете и јас сум и внука и нормално ме сака, и во лице и имам речено дека чадот ми смета па да не се лути ако не седам толку дома, ама замислете колку би била јас безобразна да и речам никогаш да не пали цигара дома за кога ќе отиде принцезата Џолана на гости да е чисто. Со кое право јас (или било кој друг) би се мешале во туѓ дом? Членката убаво нагласи дека седат во посебни спратови, па зар не мислите дека секој заслужува да си прави што сака во сопствениот дом? Ако живееја заедно ај нека се буди ама вака? Смеат ли да дишат луѓето или ќе му го трошат кислородот на внукот? Претерува. И ја сум против цигари и против пушење во затворени простории, ама секој може да прави што сака дома посебно ако не се живее во заедница. Плус ете викни ги горе кај тебе па нека го чуваат детето. Ама ни тоа не ти одговара.
@CameliaMiller ако тебе така ти чини во ред, не се тепај да убедуваш и на друг да му чини како тебе. Ете јас сметам дека домот прво треба да е удобно катче за нас, кои живееме тука, а потоа сакам и оние кои ми доаѓаат а се малку, да се чувствуваат пријатно. Ако нив им смета чад, мачката или валканиот чорап, нема да пушам, и другото ќе го тргнам. Мене тоа не ми е тешко. Ама да пушам за инат оти ми рекле немој, многу свест ми фали ама ете толку сум свесна. Градење спратови за деца е скроз друга тема и нерелевантна за оваа али ок, бустање аргументи.
Темава и те како има врска со спратовите, од таму започна. Едно е Јованти да не пушам додека се тука и да луфтирам пред да дојдат, друго е да не пушам никогаш И реков, што сака нека е. Цигарите беа темата, ама арно кромидот пржен да им смета, исто, ќе проветрам, нема на тераса секогаш кромид да пржам. Едно е на неколку часа да си нарушиш комодитет свој, сосема друго е засекогаш. Не е исто и не може да биде исто.
Чии слободи и права се нарушени во мојот дом? На гостите? Убаво објаснија и другите пред мене, бабата и дедото не пушат додека внучето е таму, што ќе прават остатокот од времето во нивната куќа е нивна работа. Секакво мешање или заповедување (замолување) да ги сменат навиките е дрско и безобразно. Или само ако некој од тебе побара да ја чуваш мачката надвор е дрско, а ова не е? Замисли да сум ти свекрва или мајка и ти излезам со информации колку се штетни мачките за децата, колку мене ми сметаат, колку јас сметам дека треба да се чуваат надвор, дека имам алергија... и ти речам или чувај ги надвор или не ти доаѓам? Ќе ме послушаш? Оти според твојава логика ми ги нарушуваш правата и треба да имаш повисока свест.
Да не означувам една по една за повеќето важи,ме интересира што ве прави среќни? Зошто градите како што пишувате делите од уста за утре да се фалите моја куќа мои правила. Уживајте сега не се мачете,што има да чекате утре за едно коментирање на снаата што вам не ви се допаѓа да правите кавги. Немате ли жал за синот немора за снаата. Од ништо правите проблеми. Што има да чекате пензија да уживате и шетате (во случајот на членката да се изнапушите затворени дома)трошете пари уживајте уште сега синот и снаата ќе се снајдат и без ваша оставина што планирате да ја пререкувате за ситници. Не сте во странство па живеете километри па ај ќе се најавуваме. Убаво пиша@lolipop23 заедно живеат,детето ако сака пет пати да слези таа нема работа да стои со телефонот и внучето да го најавува. Кај свекрва ми одиме и најавени и не секогаш е пресреќна па и да е зафатена со нешто. Мајка ми претеруваше со парфеми,внуката од деверот со шминки културно не ги тепав само им реков кога се со син ми да не претеруваат,ниту ми се налутија ниту инает ми тераа. Зошто да биде целиот пудри и парфеми. Син ми сака многу да шета а свекрва ми научена само дома ќе го земеше и одма кај неа,исто и реков шетај го ем тој пресреќен ем кога ќе го вратиш нема да плаче за надвор. Според вас требаше војна да направиме пошто како така и наредувам да шета. Или како на лоли свекорот требаше сама да е свесна. Само да дочекам снаа и внуци нека преуредуваат што сакаат уста нема да отворам. За нивната среќа живеам,а не уште да се силам ако ми преправи нешто дома нема да влезат повеќе ни таа ни син ми.А за шетање и уживање на стари години може со се внуци и деца заедно.
А не дај боже на свекрвата да и текнуваше да иде горе да го види внучето кога и да посака. Или пак да даде предлог/сугестија за нешто. Тогаш ќе беше еклатантно мешање во туѓа куќа и наметнување правила. Не знам кој праша погоре, ама јас не би дозволила мои деца или јас да идеме ненајавени, исто како што не би сакала свекрвата, мајка ми или било кој друг така да доаѓа кај мене. Не би се осмелила да наметнувам правила да не се прават работи кои се штетни за моите деца, додека моите деца не се таму. Во случајов, би замолила да не се пуши додека ми се таму децата и би ги највувала пред идење. Ако не бива, не би ги носела воопшто, туку би ги викала старите кај мене. Дома се. Што сакаат ќе прават. Ако сакаат голи ќе шетаат. Не е моја работа.
Сваќе не ги слушај,така почнуваат големите кавги и проблеми од преќутување на ситници. Секој што игра отворено поубаво живее и нема кукање по темите и животот воопшто.
@An-na ако некој има алергија од мачки во домот нема ни да чувам. Ако гостин има алергија, се плаши или едноставно не сака мачки, ќе ја сместам во друга соба додека не замине. Ако мајка ми има, исто. Ќе се затвори и неколку денови во друга соба додека престојува кај мене. Ако свекрва ми имаше алергија или нејќеше мачки, иако не живееме заедно немаше ни да земам мачка воопшто, оти кога ние патуваме таа е задолжена за мачката да ја чува. Кога станува за туѓо здравје/алергии се прилагодувам. Цигарите се порок. Запршката и валканите чорапи не.