Ама си дозволуваш морален судија на други да им бидеш, за работи што ги прават кај себе дома. Можеш, ама нели, не е во ред. Еве пример, јас ВЕЌЕ ги имам животните. И мислиш дека ако внук некој има алергија, ќе ги дадам? Не, нема. Или ако на стрина ми од горниот спрат и' сметало кучето на моите што постои кај нас, немало да го чуваат? Не, не би можело тоа така. Башка што членкава што ја почна темата, НЕ живее во заедница. Заедницата е тешка за секого, но ова не е заедница. Едит: валкани чорапи не се порок, ама дека би дозволиле дете да лази кај што на секој чекор има чорапа, не би рекла.
Аман бе, Камелија. Која себичност. Зошто да не оди внучето кај бабите и дедовците? Јас би била среќна да оди малата, па тие да се радуваат, играат,ама ете моите свекор и свекрва се чудни и ладни луѓе и тоа е.
Нека оди, ама не кога ќе му текне. Ваљда оти бабата и дедото имаат и свој живот. Јас сум преблиска со баба ми до ден денес. Од бебе со викенди ме чувала. Ама не ми паѓа на памет, ни па како дете ми паднало на памет, ненајавена да појдам.
А би била ли среќна свекрва ти да доаѓа кога ќе и текне без да се најави? Пошо тоа беше прашањето на Камелија.
Супер, значи и золва ти/девер ти нема потреба да се најавуваат туку може да ти го тупнат детето кога сакаат. Нема сигурно да најавуваат тригодишно дете ако сака да се симне кај чичко му. А за свекрва ти пак не одговори...сеа ми е јасно зошто толку се потепа да ја браниш членката.
Твој е оној кој ќе си го купиш/купите. Не е твој некој цел живот што градел и инвестирал у него. Ако ти одговара живеј со нив, ако не одете сами и никој ништо нема да ви наметнува, уште помалце да ви смета.
Абе знаеш што. Не знам дали имаш свое дете. Кога ќе имаш, ќе те прашам кога ќе пишти дека сака да влезе. Еве јас кога одам кај мајка ми, малата сака да влезе кај моите баба и дедо (во иста куќа се со мајка ми). И ме тегне да ја внесам таму. Сигурно нема да им се јавам прво да ги прашам дали може.
Да еве пазарче си отворив и продавам морал. Другите само си коментирате од љубов. Мислам сеа... И јас ВЕЌЕ да ја имав мачката, ќе наоѓав други алтернативи, немаше да се ослободам од неа. Исто како за пушењето божем некој рече побарал скроз на скроз да остаат цигари. Ама јас ќе наоѓав алтернативи. Нема да терав инати оти другите сакале нешто спротивно на моето. Јас сакам да ми е мене удобно, ама и покрај мене да им е и на другите. Вие ги напраивте тие што прашале за малку повеќе флексибилност како наследство да им побарале, уште повеќе, како на вас да ви рекоа да ги оставите цигарите. Темата секако излезе одамна од контекст.
Никаде не пишав за нејзиното доаѓање,пишав колку таа е среќна кога ќе не види посебно внукот. Посебно живееме,обично се најавува бидејќи многу шетаме па нема да не најде дома.
Аргументот не си мајка и не знаеш. А токму оти ти си мајка, многу добро знаеш дека дете може за било што да плаче. Се му дозволуваш за да не плаче? Баш така се учат да манипулираат со возрасен. Ќе плачам, ќе добијам.
Па тоа ти викам и јас де. Внучето од золва или девер коа ќе почне да пишти дека сака да влезе кај вас, сигурно нема да ти се јават прво да те прашаат. Е сеа ако ти си легнала да одмараш, или те боли глава, или си планирала да одиш негде...јбг должна си да го чуваш, исто ко свекрвата во случајов. И не само тоа, туку си должна да се прилагодуваш на нивните барања, на пример ако внучето е алергично на глутен, ти не смееш дома да имаш ништо што содржи глутен, пошо внучето може во секое време да дојде.
Во право си со најавувањето од страна на роднини и пријатели. Ми се случувало пријатели да се најават еј тука сте, ќе дојдеме за 20 минути. Едноставно те штрекнуваат и прекинуваш и забрзуваш што и да си правел. Сменет нѝ е ритамот, не сме веќе деца. Нејсе, за внуче во иста куќа некогаш нема време да се најави со време, нели? Да е планирана работа, ќе кажеш "за два часа сте слободни да го причувате". И дотогаш ако се испушиле 15/20 цигари, магично не ќе се излуфтира собата. Или ќе прскаат со освежувачи и парфеми, дупли отрови. Бљак А некогаш и не може да се планира одењето, набрзина може да излезе работа; самото да посака да оди..И така...
Да се убацам и ја во темава како падобран. Колку страници за скоро никаков проблем. Ама она што не можам да го сфатам е муабети од типот снаата ќе дојде и ќе ми наредува па ќе види убаво. Или па свекрвата ќе тера инат со снаата. Стварно? Со кого ќе терате инает, со жената на сопствен син и со вашето внуче. А и кој век сме за уште да се закануваме дека снаите нема да смеат да писнат. Па што ако ми дошле во мое? Таа ќе е жена на мојот син и ќе ја почитувам. И да ми побара да не правам нешто што и пречи ќе ја послушам. Ако живее со мене. И нејзе некој ја растел од три кила месо за јас да се изживувам со неа? Секако дека е најубаво секој сам ама не секогаш се може нели. За пушењево јас сум непушач и сум многу против цигари ама никому не сум му рекла оди пали надвор. Па еве палат сите надвор . Веројатно ми се погодиле и другари и роднини. Јас и пепељара им давам, зашто ќе си излуфтирам после. Ама еве не палат дека има мали деца. Кај свекрва ми свекор ми си пуши дома ама кога сме ние надвор оди. Никој ништо не му рекол. Членкава е веројатно многу против цигарите и ок е тоа што не сака да го чува детето во зачадено.За се има прилагодување, разговор се се решава. Мене искрено ме запрепастија коментариве од типот море ќе види снајка кога ќе ми дојде не смее да зуцне. За жал така испаѓа. Инаку ние не сме во заедница, живеевме две години,секој се прилагоди на секого. Тешко е многу ама кога се мора мора. Сега ни сум им побарала да се најават ни ништо, свекор ми си има клуч во секое време можат да си дојдат и си идат и најавени и ненајавени.Ама јас изгледа сум од заостанатите снаи . Исто важи и за кај нив, јас си имам клуч од кај нив и можам кога сакам да си појдам. Ако е зачадено ќе излуфтираме, ако е ладно ќе затоплат. Зошто да си правиме кавги без потреба?
Кога свекрвите се качуваат горе кога сакаат, имаме тука плачки. Малку флексибилност е да не пушиш пред дете и да луфтираш. Многу флексибилност е да мрзнеш на -10 за случајно да не се појави снашка ненајавена. Би било културно од твоја страна. Јас бев мало дете еднаш. Моите ме воспитаа да имам граници и осет. И сестра ми беше мало дете еднаш. Сега е девојка. Па како мала пиштеше, ама сите ја учевме дека се тропа на врата пред да влезе. Веќе објаснив дека живеев така, и моите, и чичко ми и стрина ми, не ни трчаа по газот ако посакаме да се качиме/симнеме. Се знаеше што е дома, а што не е. Може па затоа не се мразат меѓу себе возрасниве.
Еве и јас да се пожалам, имам ПРОБЛЕМ со свекрва ми. Денеска вербално ме нападна и јас нормално и вратив. Така расправајќи се дојде и мм. За чудо беше на нејзина страна. Можеби нетребаше да и возвратам на зборовите. Што мислите вие лошо постапив?
Ако сакаш подетално да објасниш поради што се расправавте? Од вака само наведено, не знам дали било ок или не.