Форумџика на годината

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Женски
    Без врска бе, и јас би се изнервирала. Ко пецкање ми звучи, детски инфантилно. Не се разговара така со дете на 6 години, може убаво и правилно да ѝ објасни. Божем со таков муабет ќе постигне подобар ефект? Можеби да, ама и не. Следен пат пак истото ќе е. Затоа разговор. И другпат врати ѝ и ти. ;)
     
  2. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    2.052
    Пол:
    Женски
    @elenaklasik @felisitas извинете ама ова чисто измислен проблем за да се дефокусираме од тема пушачи :)
    Претерано се коментира за џабе.
     
    На Milobebence, tina2018, Ladybug98 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Значи на свекрвата и е забрането да се качува горе, а снаава треба да може кога сака да остави дете кај нив, без најава и без преговори од нивна страна. Притоа, свекорот и свекрвата треба да живеат по строго определени правила поставени од страна на снаата, затоа што таа со детето може да се појави во секој момент кај нив. А да повториме, на свекрвата и е забрането да оди кај нив (смајли што се крсти). Свекрвата може да го видо внучето ИСКЛУЧИВО кога ќе посака снаата (читај, кога има потреба), а тоа пошто е ненајавено, и може да биде било кога, за секој случај старите да со живеат по инструкции на снаата. Бреј, Хитлер не ви е рамен!!!
    И да додадам, старите се сложни да се придржуваат до правила кога е внучето таму, ама на снаата не и одговара, не и е доволно, затоа тие треба СЕКОГАШ да живеат по тие правила, дури и кога не го чуваат внучето.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, sofi2107 и 19 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Пушам во дневната.
    Ќерка ми 90% од времето си е кај нејзе в соба.
    Ни за гости не излегувам надвор, ама отворам да се проветри.

    Точно е дека смрдат цигарите, и одма се знае во кој стан се пуши, а во кој не...
    Ама дека ќе ги натераш пушачи туку-така да откажат цигари, тешко..
    Зависност се цигарите, не се заебанција.
    Тоа што се легални, не ги прави ништо помалку зависни од било која дрога и/или алкохол.

    Е сега... самата миризба на цигари, ако во моментот додека си во собата не се пуши, нема да отруе никого.
    Секундарно пушење е да дишиш директно од чадот додека некој пуши... а не после проветрување.

    Треба да им смета на родители ако се пуши во присуство на нивното дете, ама за смрдеа, претерување е.
    Плус, кај нас воздухот надвор е говно најголем дел од годината, па проблем било проветрена просторија, во која претходно се пушело.

    Иначе, и средства за чистење вц-а се исто токсични.
    'Убо ми мириса на Доместос' - е една од најглупите изјави што ја имам чуено.
    Хлор директно на плуќата!
    Да не прајме муабет за оние што се за бигор отсранување... тие има да ти ги распаднат белите дробови.
     
    На candy.cane, crazylady, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Женски
    :rofl: јас сериозно те сфатив. Па дај да ја продолжиме приказнава, да не ѝ притекне на некоја
    Дај да ја продолжиме приказнава, гледаш пак почнаа со истото.:rofl:
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Ајде ти не го имаш убаво прочитано нејзиниот коментар. И кај татко и забранила да се пуши зошто еднаш во неделата го носела. Ајде да речеме дека можеби има право да каже дома да не се пуши зошто има апсолутно право да учестува во носење одлуки, ама кај татко и веќе не е дома, туку е мажена ви друг дом. Е сега зарем мислиш дека да беа во различни станови, во различни згради, не во една куќа немаше истиов муабет да е сега? Зошто и татко и дома може да излуфтира 2 саати пред да дојде она со детето и да не пали цигара во тоа време и да е излуфтирано. Зошто она го носела детето во димница пред 5 минути може се пушело, не излуфтирале и кај тстко и да не оди кога ќе и текне без да се јави? Треба да се почитува туѓа приватност, како што сакаме да ни почитуваат и нас. И свеки мене ми се тупнува кога сака зошто е во куќава под мене и знам како смета тоа. И кажано е неколку пати ама за џабе. Внуче им е и нив ама пред да го симнам одам прашувам дали се слободни, гледам дали одмараат, јадат и дали воопшто се дома па за да им го однесам.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl, BabyT* и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    6.940
    Пол:
    Женски
    Толку испишани страници за проблем од ваков тип. Многу едноставно е, нека ги вика горе за да и го почуваат детето, и онака таа има потреба и решен проблем. Мислам дека веќе установивме дека во туѓ дом не смее да се наметнуваат правила без разлика за кој или што се работи. Секој си има право на удобност и комоција во сопствениот дом. АМА, работата е што членката не сака горе никој да и се врти, зошто не знае ни самата, ами полесно и е да им го остави кога таа ќе посака и слободно да си излези да си заврши обврски а притоа да им поставува правила во нивниот дом. Е тако нече мочи. Очигледно бараше оправдување за своите постапки а не совет, со оглед на тоа дека не прифаќа мислења кои не и одговараат.

    Туку интересни ми сте вие што плачите по темава дека свекрвите ненајавени ви се качуваат горе кај вас, дека немате приватност, ве вознемируваат, а не сакате да го најавите вашето дете кога сака да отиде долу кај нив. Е како е тоа фер? Нели и нив им треба приватност, време за одмор? Како можете да очекувате некој да го почитува вашето време и вашите потреби, а не почитувате туѓи?

    Од сега кажувам дека ни кај моите родители, ни кај родителите на сопругот нема да одам ненајавена, без разлика дали живеам само еден спрат погоре од нив. Како што сакам јас да имам мир, да си го планирам времето и да се излежавам со нозете во вис, така сакаат и тие, без никој да ги вознемирува. Се додека имате почит према нив и нивното време, можете да ја очекувате таа почит за возврат.
     
    На candy.cane, Noemi, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka@

    Bezimenka@ Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    Тешка личност е :|
    И јас истото го мислам дека на девојче од 6 години многу убаво може да му се објасни се а не на ваков начин ама ајде,aко мисли дека вака добро праи нека тера-ќе и се удри од глава.(facepalm)
    Знам само дека тоа не е решение:x
    Следен пат ако вакво нешто се случи(а ќе се случи) секако дека ќе реагирам повторно,само се молам да имам повеќе трпение и нерви зашо од нејзините провокации ми е преку глава а знам дека се намерно прави ]:):^)
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.232
    Допаѓања:
    205.310
    Пол:
    Женски
    За болдираново - да, има и такви жени меѓу младите, затоа никогаш нема да прекине тој магичен круг на лоши свекрви и снаи. Тие што искусиле лошо од свекрва, исто лошо се однесуваат со снаата, оти нели свекрви се |( виделе лошо, мора и нивната снаа така да биде третирана.
    Никогаш со најава не сум однела дете кај старите, ниту пак тие се најавиле кога доаѓаат кај нас, што знам. Нема никаква потреба од најавување во свој дом. Па и со децата што прават слези качи се, јас да ги најавувам на секое, батеријата на телефон ќе ми се потроши од зврцкање. Само ако ми затребаат за причувување бидејќи морам да излезам, тогаш ги прашувам, ако не може да ги причуваат ги земам со мене.
     
    На candy.cane, crazylady, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.097
    Допаѓања:
    4.233
    Пол:
    Женски
    Сме живееле во иста куќа, на различни спратови со моите и баба ми и дедо ми. По цел ден сме правеле јас и сестра ми качи се - слези од тој спрат на другиот. Мајка ми крајот не можела да ни фати дали сме во двор или кај баба ни, а камоли да се јавува на секое одење. Многу официјално ми е тоа за една фамилија што живее во една куќа. За да не причува ако родителите треба да одат негде нормално ќе праша, ама баба ми никогаш не одбиваше, не има чувано сите 8 внуци додека родителите се заедно излезени.
    Од кога се преселивме ние во друг град, најчесто се најавуваат пред да дојдат за да планираме да бидеме дома, а ние никогаш не се најавуваме кога одиме кај нив. Да живееш на различно место е во ред, ама во иста куќа и да се најавуваш телефонски ми нема логика. :smirk:
     
    На dunika, crazylady, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.400
    Пол:
    Женски
    Затоа не кревајте спрат. Со парите направете си куќаре на друго место. Ама мора да е синчето до мама, ко 5 години да има а не маж возрасен. Ми се потповраќа од такви. И не знам што ви е чудно што се изнапишаа милион страници за проблем кој не е проблем. Во крвта балканска ни е да си го пикаме носот кај што не ни е место, па кога ќе речат неколку луѓе дека не е нормално тоа пикање е затоа се пишат милион страници. Како може да не се упикаваме па за добро за зло сме заедно. Америка после не чинела. Може не чини ама ние сме бетер сигурно. Живеење со мама и тато до крај на живот ко некои дечиња што не знаат носот да си го избришат, и тоа вас нормално ви е, мажете се за такви. Епа и на свекрвите им е нормално да кажуваат се што ќе им дојде без кочница. Стварно не секој може, ама јас зборам за тие што можат, а не си одат. Правење свадба од 6000 евра и после ме нервира свекрвата немам каде? Не знам, може јас не сум во право
     
    На moonlight-girl.55, crazylady, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.009
    Допаѓања:
    276.455
    За да си ги пуштате децата кога сакаат да одат кај бабите без најава, не може да се лутите ако бабите баш тогаш пушеле, гледале турски серии или грицкале сончоглед.

    Ај спрат е посебна куќа сепак.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Интересно е што толкава дебата се разви баш од пушењето.
    Пушачка нација сме...
    Колку има пушачи во државава?
    Сигурно 90% од полнолетните пушат.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е пушач 50 год.и лето зима си пушит надвор! 20 год.не е варосано а ѕидојте се цут бели,секогаш мирисат на свежина и на чисто и зато пушете си надвор
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    14.881
    Пол:
    Женски
    Ќе одиме оф топик ама не би рекла дека е така,во последно време мислам се повеќе се одвикнуваат луѓево од таа навика,па и вчера на бензинска гледам па најефтините цигари се 80 денари (facepalm)
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.998
    Допаѓања:
    39.704
    Пол:
    Женски
    И пак е проблем тој спрат. Само одделно му е мајката. Не знам зошто стариве се научиле да креваат спратови. Чувај парите и кога ќе дојде време дај им ги на децата. Секој настрана и мирна глава. Колку проблеми настанале со тие спратови. На снаата и смета што свекрвата и се качува горе, и обратно. Па уште деца ако се скараат. Страшна работа. А што се однесува до тоа не секој може да живее одделно. Ако нема м*да нека не се зема. Како што бил способен да направи дете, ќе го испоти газот и ќе оди под кирија. Ама полесно е со мама и тато. Му плаќаат сметки, му купуваат јадење, а он си ги троши парите.

    Јас кога одам кај татко ми се најавувам. И сакам секој да ми се најави кога ќе дојде. Маж ми е пушач. Уште никој не се дрзнал да му каже да не пуши внатре.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, Skorpija25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.332
    Ах, добро е ако има помалку пушачи.
    Јас сум од тие кои не можат да се откажат, ама искрено се надеваат дека нешто ќе ги натера :lol:
     
    На st2007 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    14.286
    Абе пази да не ми купуваат свекорот и свекрвата за јадење и да ми плаќаат сметки. Ќе се најадеме, нема грешка. Ние сме во посебна куќа во ист двор (ама сепак се поодалечени од нас зашто е голем дворот). И си имам мир. По гаќи си шетам ако сакам. Никогаш не ми дошла ненајавена, т.е. она и ретко доаѓа, и јас кај неа ретко. Секој посебно со своите пари во џеб нормално. Не знам дали вие налетувате на такви фамилии каде што старите плаќаат се, а синот си троши за глупости. Они кај нас на гости кога ќе дојдат, ние исто на гости. Ама баш ништо не чекам од нив.
     
    На Anyshka, crazylady, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.998
    Допаѓања:
    39.704
    Пол:
    Женски
    Јас налетувам. Имам неколку комшики кои постојано се жалат од свекрвите. Еднаш ми пукна филм и на една и го плеснав. И викам - Ако не ти чини одете под кирија. А знам дека можат. Она ми вика - Вака ми е супер. Прво се жали од свекрва, а после вика дека и е супер. Не ги разбирам.
     
    На crazylady, cresa-jagoda и bibiiii им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.009
    Допаѓања:
    276.455
    Не е толку трагично живеењето на спрат, ако живееш со разбрани луѓе.
    Кај нас барем немало никогаш циркузи, мајка ми и стрина ми се најблиски другарки и цел живот е така.
    Ама секој си почитува туѓа приватност, не е се` заедничко. Се знае кое чие е, башка поделено и на тапија си е, и сите среќни.
    За жал познавам такви.
    Јас не можам да разберам, ама ете, на некој веројатно му одговара математиката.
    Како - не знам.
     
    На crazylady, cresa-jagoda, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.