Ако е посебна куќа нема да го пуштаат детето кога ќе им текне. Ама детето сакало. Детето сакало или ај оди кај баба ти да се истуширам. Детето неможе толку да не можат да го сопрат, кај соседи како што не го пушта, нека не го пушта и кај баба му.
Апсолутно, јас кажав дека сум така растена и знаевме дека не може кога сакаме кај сакаме да одиме. Ама секогаш сме биле “комшии“ и така сме го сфатиле тоа.
Ние сме во посебни куќи во ист двор, значи комшии. Децата си одат слободно кај баба и дедо кога ќе посакаат. И старите се качуваат кога ќе посакаат, никогаш не сум им забранила, ниту ќе забранам. Дури и кај комшиите одат маливе без најава, си играат со децата таму, како и ние возрасните што си одиме и идеме на кафе. Никој не направил проблем досега.
Ама не секој го сфаќа тоа така. И ние живеевме лепенка со чичко ми, па никогаш не сме имале проблем. Се знаело кога се оди на гости.
Znaat da im zabranat da jadat blago i gricki na decata ama da ne se siminjaat kaj babite dole koga ke im tekne neznaat..
Да се разбереме... дали ќе се смета како комшии или како "една куќа", т.е. посета без најава, се зависи од личниот избор на самата фамилија, и како ќе се навикнат сите, или каков компромис ќе донесат. Нити едното е грешно, нити другото... Но, ако веќе градиш таков однос... отворени врати, посета без најава... тогаш ни од свекор, ни од свекрва, ни од комшија, ни од брат, ни од стрико итн, не може да очекуваш дека треба да живеат живот како ти што сакаш, оти може детето твое да се појави ненајавено. Исто така, ако очекуваш дека можеш кога сакаш да се тупнеш некаде без најава, тогаш нема што да се лутиш ако тебе ти се тупнат ненајавени кога сакаат.
Зошто не сфатите дека на некои семејства им одговара ваквиот начин на живот и одлично си функционираат заедно? Зошто мора да се потсмевате, да вреѓате, да измислувате приказни за да се направите многу јаки и да соберете некој лајк? Аспарагус на чело на таквите, не знае да дискутира, само за потсмев и подбуцнување се појавува во темите. Засрамете се! Никогаш во животот се немам пожалено од свекор и свекрва, ни овде, ни некому во приватниот живот, искрено верувам дека ниту тие имаат нешто лошо од мене. Никогаш им немам забрането да се качат на нашиот спрат, си доаѓаат кога имаат потреба, ќе чукнат на врата, ако планирам гола да се шетам заклучувам пред време и нема незгодни ситуации. Не сме ни претерано блиски, не пиеме кафе заедно, си немаме некој муабет, ама живееме сложно и во мир. Овој начин на функционирање не е наметнат само од моја страна, туку взаемно е воспоставен некој баланс со текот на годините. За најавувањето мислам малку претерувате, зашто толку официјалност во едно семејство? И јас имав баба на долниот спрат па никогаш се немаме најавувано кај нејзе и ден денес кога одам не и се најавувам зашто нема телефон па и да сакам не можам да и се најавам. И секогаш кога одам жената блика од среќа, посебно кога ќе и ги однесам децата, не може да им се изнарадува. Сваќе не им се пукам јас воопшто. Ние супер функционираме, а пола и повеќе од овие што коментираат не сакаат да се видат со свекрвите или се гледаат еднаш годишно, само за родендени, ама затоа први се да делат совети и да се прават паметни.
^ Увек така сложно да си живеете ,баш ми е мерак што еве се Ви е потаман у соживотот со старите,пу пу пу да поплукам,да не ве урочам ... ама ретки се таквите ....ко Вас... Не ретко, недоразбирања се случуваат и поради мешање и солење ум од третта страна ...увек има некој со ,,добронамерен совет" ,дали за старите или за младите...увек има некоја јатрва,золва или сФатовите ...ќе хушкаат од страна и ќе фаќаат сеир ... А од две снаи на една свекрва ,увек едната е подобра -таа која не е под ист кров со старите ...
Ретки се ама не значи дека не постојат, затоа нема потреба од потсмевање нели? Инаку мм е единец, немам ни золва ни јатрва. Не да си пукнете, ама не правете се експерти за живот во заедница кога живеете оддвоено. Не е ниту вашето во ред што децата ги гледаат баба и дедо само за родендени, ама никој не ви соли памет за тоа.
Ако сме одделно немаме право на коментар? Да дојде снајка и да ми кажува што да правам дома? Ќе си ја прашам попрво.
Вие па што свекрви ќе бевте со тоа "у моја куќа". Едни цигли ви се посвои отколку сопствено дете. Без разлика дали ќерка или син ако имаат некаков проблем би им ја оставила "мојата куќа". Никогаш нема да се мои цигли и малтер. Децата ќе се секогаш мои.
А која си ти да кажуваш колку да ги гледаме бабите / дедовците? Тебе никој не ти рече зошто се гледате секој ден. Друг е муабетот, ама мајстори сте за испревртување. Па уште и се жалите дека некој ви се потсмевал
@Lolipop23 според тоа што го опиша погоре, вашиот начин на функционирање е блиску до совршен. Кажа дека иако односот не ви е толку официјален сепак имаш свој мир, не сте толку блиски.Функционирате како одделни семејства и едни на други сте си гости. Значи сепак е поставена некоја суптилна граница и двете странки се умерени, културни и со осет. Секој го посакува тоа ама како што читаме тука станува збор кога без разлика дали живееш и на друг спрат, друга куќа ситуацијата е обратна од тоа што го опишуваш ти. Тука проблемите се токму поради таа премината граница, туѓа потреба за доминација, контрола итн. Не верувам дека било кој од тука се потсмева или се прави експерт, темава е таква што се работи за проблеми и штом сме се решиле да пишеме тука дел од гневот и фрустрацијата ја оставаме тука. Кога и двете странки се со осет и култура, почит лесно се градат убави семејни односи.