Баш напротив. Ова е 21ви век. А ти се палиш чоече и уште се дрзнуваш за мене да кажуваш каква сум, а твоите фрустрации и комплекси јас не можам да ти ги лечам. Џаба се палиш, ќерка ако имам ќе си ја учам да не чека од маж чорапи да и купи, да биде домачица и да не живее со свекрва и свекор за да ни она се нервира, ни они. Дома и е кај она со маж и ќе изгради. Додека живее под туѓ кров богами ќе си трпи се. А за да не си трпи ќе си заработува и дели за кирија ако се нема за друго. И не рипај по членки тука , или дискутирај и дај факти или да си пријавиме кај треба да те тргнат малце од темава ако волку многу те гаѓа.
Додека се расправате тука,свекорот и свекрвата на членката доколку се разбрани луѓе и сакаат да уживаат со омилениот гост досега престанале да пушат дома.
Јас да сум како неа не само што нема да пишам, него ни темава не ја отварам Освен што се испокаравме на темава никаков совет или решение не и дадовме. Ја замислувам свекрва и како не чита во задимена соба со цигара во рака
Најверојатно не ме пратиш. На свекрвата не и е забрането да се качува горе, не и е забрането да го гледа внучето. Убаво се објаснив и кој сфана сфана.. На татко ми не му забранив, тој самиот реши да не пуши цигари дома, свесен е дека дете од три години не треба да седи во просторија каде што се пуши. На никој ништо не забранувам, на никој ништо ме наредувам само замолив нешто за доброто на детето.
ај па и ти кој свати свати тебе сто страни ти изнапишаа па никако да сватиш ај доста а силуваш темата со твојот таканаречен проблем остави место и некој друг да си побара совет
Сигурно не го носам детето доле и викам мора да го чувате јас имам работа. Најпрво прашувам што прави, дали е слободна.. Бев брутално нападната од некои членки па ништо не реков на никому. Почитувам мислење. Но никогаш нема да сфанам зошто некој не испаде надвор да ја запали цигарата наместо дома кога веќе имаш внуче во куќата кое што е пресреќно кога се симнува да ја види баба му.
Ви благодарам на сите за советите. Сите имаат различно мислење, јас мислам ништо нема да и биде ако ја запали цигарата на тераса, вие ми викате нејзин дом нејзини правила. Ок. Доволно се нервирав поради тие цигари, кога ми викаа дека не пушат дома, а смрдеше на оној купечкиот тутун, кога нон стоп мислев дали запалиле дома цигари или не, баш во период кога детето имаше бронхит и непрекинато кашлаше три дена. Сфанав дека нема никогаш да престанат, се помирив со тоа и најубаво и реков дете веќе доле не, ако сакаш да го видиш качи се горе. И поубаво ми е вака. Кога беше доле постојано мислев дали јаде нешто што не треба, дали ќе се повреди со нешто бидејќи се е така оставено и дали се валка на подот со еден куп прашина.
Правилно си постапила. Ако на нив им е важно да бидат со внучето, ќе дојдат. И сите раат ќе бидете. Кај тебе ќе мораат да почитуваат твои правила.
@Lovely22 ти сериозна си? Колку време ти даваме совети што,како да постапиш за ти на крај да пишеш немам доверба.Па како оставаш дете кај некого во кого немаш доверба?Ти се зезаш со нас цело време, така?
Воопшто не се зафркавам. Уште на почетокот кажав дека не сме многу блиски и сосема различни. Со ова што лажат дека не пушат едноставно изгубив доверба. Јас не викам дека ќе ми го отрујат детето но зборувам во смисол да не му даваат телефон. Да не му даваат многу благо да јаде или друга храна што не сакам да ја јаде. Незнам, можеби и презаштитнички се поставувам кон детето.
Ич да не ти е гајле. И јас на свекрва ми и кажував што не смеат децата да јадат. Ако ја оставев неа да одлучува, ќе им даваше дури и земја да јадат.