Еве ме и мене , јас немам засега никаков проблем со свекрва ниту се иммаме скарано околу нешто . Иако сме на башка спрат она прави ручек , она пушта перална , дека засега имаме само една, го причувува детето кога има потреба, ама од контакт ме вади кога ќе му се обрати на бебе кај си ми ти синее. Еднаш и реков и пред мм , зошто на син ти не му се обраќаш со сине , а на внук ти така му викаш. Мм вели што па тебе ти смета тоа , велам нормално јас сум му мајка се знае. Луѓе од тогаш секој втор збор и е сине, и сега кога ќе заплаче мали пред неа и прашува да не му се јаде? Не знам велам тебе ти е син ти треба да знаеш.
Значи сепак имаш проблем со свекрвата. Можеби тоа им е говорна маана на свекрвите, не е само твојата. Ако има некоја свекрва на форумов па да не просветли. Немам слушнато на женско бебе свекрвата да вика кај си бе ќерко или слично. Можеби од милост го вика така. Можеби дека е син - машко дете во семејството па сите сине го викаат. Решение: Ако ти смета и заради тоа на секое собираш нервози, културно замолија дека иако не те разбира и не може да те разбере зошто, да не го вика сине бидејќи ти си му мајка и ти смета едноставно. Синот сине, внукот внуче. Е ако не се откаже ќе мора да купите перална и сама ручек да си правиш. (мала шала) Туку не може, а да не ме интересира што ти врати свекрвата кога пред маж ти и рече да не го вика сине.?
Мојата на ќерка ми " маме " и викаше. Уствари сакаше да ме испровоцира. Јас не и обратив пажња, се знае која му е мајка. Она само се бламира. А ти @PoisonGirl колку повеќе и обраќаш внимание она толку повеќе провоцира. А можеби и не мисли ништо лошо не знам.
Само иронично ми се насмевна како со подсмев и вика аа бабе ваа мајка ти што и текна вакви прашања чудни да поставува. И секој ден од тогаш навака како за инат само со сине му се обраќа. Сега го чекам моментот кога на мм ќе му се обрати на име , па да ја преправам дека него треба да му се обраќа со сине.
Еееј претерувате да ви кажам. Ја па се радувам свекрва ми сине , мами, љубов и како и да е да рече на син ми. Зошто би ми сметало ако ми помага, ми го причувува, гледам дека го сака и се грижи за него? Глупости .
Де бре, и двете баби ме викаа "сине", внук ми сум го нарекла "сине" и никому ништо. Премногу за ситници се замарате.
Претеруваш. Се знае дека ти си мајка. Што ако таа рекла сине? Се плашиш кога ќе почне да разбира дека твоето дете ќе рече на свекрва ти мамо? Ај не се замарај со глупости. Мојата мајка на малата и вика сине, па што?
Глупости... Мене баба ми ме вика ќерко уште, и воопшто не ми смета... Ниту пак мајка ми се има побунето некогаш. Дали ќе ти сметаше ако твојата мајка му вика сине? Плус ако готви и го пере, повеќе го чувствува како син (бидејќи мајката би требало да му готви, а бабата да биде тука повеќе за да го причува внучето?!). Што мислиш на тоа? Живеевме во заедница, и потоа на посебни спратови и мајка ми готвеше и даваше на баба ми (во исто време работеше и студираше факултет и чуваше две мали деца - мене и брат ми). Мислам дека имате(ме) премногу слободно време младите и малку повеќе мрза отколку што треба. Јас би ти препорачала наместо да се замараш со тоа дали бабата вика сине на внукот, да си направиш план како да си купиш перална и ти своја, и како да почнеш да готвиш за син ти... No hard feelings, ама мислам дека е правилно така.
Мојата пробоцира цело време вика"едвај чекам мајка ти да оди на работа, ова ќе ти дадам да јадеш,тоа ќе ти правам" јас не реагирам само тражам чаре како да не и ка оставам кога ќе тргнам на работа
Претпоставувам дека ти е прво дете па премногу ти работи презаштитничкиот мајчин инстинкт. Сине во некои краишта го нарекува како чедо, внучко и за женско често велат сине. Не сфаќај лично. Те разбирам дека ти пречи и разбирам од која причина ама седни ја на убав начин објасни и зошто ти смета, со тек на време може ќе научи да си го ословува нагалено името внучето.
Знаете, додека имате помош ќе сте такви затоа. Ништо не се цени искрено. Мојата живее у друг град и не може да ми помага. Ни мајка ми не ми помага. Сите работат и никој не е пензионер. Јас плачам за помош, а вие претерувате. Мила и мене мојов ми е прв па не се тресев на ништо. А золва ми не им дава да го бацат на раче а е година ипол. Ете, до човекот е.
Кај мене мајка ми ги вика сине и двете деца. Дури и мојата тетка исто така знае да им рече сине на децата (а и мене и сестра ми не вика така). Баш ми е симпа и не ме нервира воопшто. И свекрва ми да им вели нема да ми смета. Ко што рече Розета во нашиот крај е со значење чедо, а не буквално син. Јас и на ќерка ми и велам сине.
И јас. А се качи горе одма ме нервира. Вчера ми вика си го извадила стаклото од масата? И ја и викам да, немам намерс секој ден да бришам ја прашина од него. И госпоѓата ми вика па да де кој ќе седи на телефон. А нит ме пере, нит ме пегла, нит јадење ми прави, нит дете ми чува, нит ми чисти онс, фала богу и не ми ни треба. Јас само и реков ти со 10 месечно дете дс те видам седи нс телефон. И падна незгодно, да се стоплело јас ќе сум си чистела она ќе го шетала надвор. Ја и реков а ти дс ми подзачистиш јас да го шетам? Не и се слушаше па се симна доле. Сиктер. Секако нејќсм ни да ми чисти
Иста е и мојава. Има само еднаш дојдено и ништо не помогна. Цело време си седеше со детето (поголемиот) во раце и само дофрлаше. Оттогаш не дојде.