Градинка тогаш а додека не го пуштиш во градинка чувај си го сама, а за друго ќе те праша дали може додека си покрај неа
Јас сум виновна за тоа. Од старт и ќутев. Дека мајка му е па не сакав да се карам. Ама ги премина сите граници. Дури и се фалеше насекаде дека она ми го чувала детето. И ден денес истото го прави. Ќе дојде кај нас и само седи. Децава не ги погледнува. Ако мене не ме сака, не значи дека децава не треба да ја интересираат. Искрено...јас не сакам она да ми помага. Видов што сорта е. Само да се зборело. Ама кај едната јатрва така не смее да прави. Не е способна ни деца да чува. Она своите не ги исчувала. Израснале по комшии. Еднаш маж ми отиде со децава кај неа и она цело време ги носела по комшии.
Ваква е врата да не и отвориш а не деца да и оставиш да ги мкне по комшилук Не и се замарај, батали ја, ем на гости ем бар со внуците да не сака да заигра, тебе што не те сака не ни мора, ама внуците се нејзини чеда
Ич не ми се пишува ама морам да се доискажам да ми олесни. Пред еден месец се напрсви голема расправија и до сега немаше ништо. Жената е таква да, некое време е кско што треба и после јово на ново. И секако на маж ми му е мајка они си зсбораваат јас никогаш. Беа дојдени комшики нејзини кај неа, јас испраќав моја комшика, и нормално влегов да се поздравам, а мојсва пред луѓе стално збори што не треба и вика: детето каде е? Спие. Ее сегс ти не ми го симнуваш ама кога ќе заодиш на работс ние ќе си прсвиме што сакаме ти ако сскаш ич дома не доаѓај. Јас и викам како така? Епа детето ќе е со мене од тебе ќе немс потреба. И јас и се изнасмеав и и викам абе јас сум му мајка, он мене стално ќе ме бара. И она пак абе баба што сака ќе си прави со него. И јас и викам абе ако јас и ти не се разбираме, со син ти ќе правиш муабет ( комшикиве слушаат) и она викс ааааа па мене ми се стресе од син ми, ако не чувајте си го вие сами. И мене тука ми го пукна филмот и и реков а кој ми го чува? Ти? Мајка ми? Пелена си му сменилс? Си му дала да јаде? Сама го чувам и ќе го чувам. И си отидов. Маж ми беше дома и се му кажав. Кога и се пушти он му викаше шала било. Убсво и кажа нити бара некој да го чуваш нити ќе го чуваш. Па не го виде детето цела недела, па кога го виде се изнаплака. Оти нели и се стресе од син и. Дебилни муабети пред луѓе.
Јас со неа слабо комуницирам. И кај неа кога одиме истото го прави. Само седи и очекува јас да го мрднам газот и да сработам. Среќа што одам таму еднаш годишно. Многу е клета. По фацата и се познава.
Не е до фацата до личноста е. Бар си знаеш на што сте, јас на твое место така ни еднаш год.не би и одлеа. Да и носам внуци на госи а она да не ги ферма или мкне по стари жени во комшии и да чека ти да и служиш по дома е мало сутра тоа
Маж ми почесто иде. Не е нормална. Децава и сметаат. Само наоѓа изговори да вика по нив. Јас намерно ги оставам да и досаѓаат. Нити земала да ги прошета, нити земала да си поигра со нив. Децава веќе сфаќаат и не ја ни спомнуваат дома, ниту надвор. А за јадење се и сешто ќе им дава. Дури и тоа што не треба. И во нечиста облека ќе седат. Логично е. Она се пресоблака и се тушира еднаш неделно. Па сега ти види.
Аман не и ги оставај децата намерно да се малтретираат со таква жена со лоши хигиенски навики леле ми се згади штом прочитав А и ти си за карање, децата со тебе под рака, а маж ти нека ја посетува, ако сака да им биде баба мора да почитува основна хигиена и тоа ти што ќе и кажеш дека смеат или не смеат да јадат децата Ух какви свекрви има пу јзк, еднаш неделно да се тушира
Он почесто оди. Јас избегнувам. А сум таму, се нервирам. Само седи, дофрла и посматра. Гледа што ќе направам. Ако станам _ каде одиш. Ако одам во вц _ што ќе правиш во вц. Последен пат кога бев таму, влагам во кујна да си направам кафе. Како што го држев ѓезвето во рака (имаше вода внатре) она ми го зема и ја истури водата, па стави нова. Да ми покажела како да ставам вода во ѓезвето. Доказ колку е проста. Го жалам свекорот. Цел живот под нејзина команда. Една од девојките на едниот девер му раскина заради тоа што она и правеше. Се спаси девојчето. Ама затоа наредната девојка (подоцна жена) уште верени додека беа ја направи партали. Баш ми се направи ќеиф.
Самите со такво однесување си ја уништуваат комуникацијата со идните снаи. Оваа вереницава некоја итрица, раздели па владеј Ама кога не оди од старт однос снаа-свекрва тоа е, подобро чисти сметки долга љубов.
Треба и да си таква личност како јатрва ти и да ти се погоди таква свекрва како вашата. Инаку нема правила не знаеш што ќе ти се падне во животот, ама па некоја основна почит треба и таа се заслужува. Свекрви ко свекрви секогаш ни се свекриви
И да оде во градинка треба некој да го зима детето. Ако мајката е до 16:00 на раб многу е да го земе во 16:30 или 17:00
И јас сум ги оставала до толку во градина. Дури и жена плаќав да ги чува. Само за да не дојде она да ги чува.
не е многу поарно таму со чистачката да седи од колку со таква нетокму баба дома тие пто немат баба сервис како се снаоѓаат а?
Моето во градинка е од 7 до 16. Моето работно време е од 7.30 до 15.30. Работно време на мм е од 7 до 16. Во Скопје сме сами инаку сме од Битола и сите ни се таму. Нема кој да ја земе, јас ја носам, јас ја земам. Си седи 9 часа, тоа и е.