Да, потполно си во право. Би го оставала и јас но во неговата група се многу малку деца и сите ги земаат во 14:00
когаг нема кој да о земе од градика нема да размислуваш нема да се снајде со децата ке плаче ке тагува дрндрн нема кој да го земе и тоа е тоа останува у градинка додека не отидш ти да си го земаш ни први ни последни
Во мојов случај маж ми може да го носи да го зема, не е тоа проблем. Проблем е што свеќи живее за што ќе речат комшии и во депресии ќе падне ако речат дека не го чува, а веќе гледаат и зборат, ова сега што знаат дека не сум тргнала на работа и си го чувам јас ја боли, не спие навечер. Проблемот е синко ја жали кога ќе му помине лутина, па ај да го почувала некој месец. Јас го родив за нејзе детево па сега за неа ќе се секирам. Премногу сме и расправани со него на таа тема. Да знаев дека ќе е вака.....
А зошто машките деца не ги викаат ќерко или ќере??? Мене ич не ми е убаво некој сине да ме вика и најпрво ме потсеќа на некој што сака детето машко да му е, не велам така дека е, можеби е од милост како што викате ама сепак нелогична милост. Кога син ќере ќе вика некој тогаш ќе прифатам за ќерка сине.
Тука на југот сине викаат и на машко и на женско. Не оти некој сака машко повеќе, така останало во говорното подрачје. Ако не сакаш ќе и кажеш и готово. И мене мајка ми сине знае да ми каже. , Непотребно драматизирање.
Или ако го претвориме ова во виц: Мажот сакал жената машко да му роди, а она родила женско и цело време го викала сине, сине за да не примети мажот женско дека е. И така останало од дамнешни времиња сине, сине...
Вие кажете на југот дека е така да знаеме ние на северот. Снаава може од север на југ се омажила веројатно.
Глупости. Мажите будали се, па ако го викаш девојчето сине, нема да примети дека е женско. Ако за вакви глупости се замарате....
Не е смешен И кај нас на југозапад децата и внуците ги викаат сине, независно од полот. Барем кај моите беше така.
Маж ми на ќерка ми и се обраќа со “сине”, татко ми многу често и вика “дојди кај тато” место “кај дедо”, мајка ми неретко место “на баба” ќе рече “на мама”.. Замисли свекор и свекрва вакви фатални грешки да правеа при зборување Не,сериозно. Ја цепидлачите до бескрај. Се рекло свекрва и снаа мора да се раскарани па да не останете покусо. Да не помагале, да не ги бањале,да не ги хранеле, да не ги пресоблакале, да не ги шетале, итн итн можам до утре да редам што се не. Може и да не ги гледаат треба? Јас ќе ви кажам дека вие немате проблеми со свекрвата ами со вас самите. Вие сте очигледно несигурни во вас и вашето мајчинство што се плашите да не случајно свекрвата направи нешто демек подобро во врска со детето. И што кога го нахранила,преслекла или дала чоколатце? Па таа му е баба,побогу!!! Зошто мора да сте толку полни злоба, зарем заборавате дека таа е мајка на вашиот маж? Како што вие си ги сакате децата,така и светковци си ги сакаат нивните. Не може после венчавката да магично заборават на своите деца само затоа што сега младата невеста настапила на сила. Не одела на работа оти свекрва и ќе го гледала детето. Па остај го у градинка со х непознати особи во кои ќе има поверение повеќе од родената баба. Оти они таму по книга ги хранат децата знаеш. Мојата свекрва е одлична баба,имаат одлична конекција си ќерка ми. Знаете зошто? Затоа што во ниеден момент не сум се поставила премногу заштитнички со неа. Јас сум на работа она не, што значи дека она ќе ја храни,игра,шета,преслекува,успива и бања кога мене ме нема. Кога ќе порасне ќерка ми ќе си има човек од доверба плус, а не да мисли оти баба и е злобна вештерка што ми мисли најлошо на свет. Мајка ми нас така ни велеше за нашата баба, ама јас никогаш нема. Јас сум најпријателски настроена со мојата свекрва, да бев обратно гарант и она ќе го играше тоа оро. И да, ручек секојдневно она прави, алишта ми спружа и собира дури сум на работа, мине со правосмукалка и џогер, и од ова поголема помош не ни сакам да имам. Вие со вашите глупости освен нервози и несогласувања ништо друго нема да добиете. А тек па ако имате машки деца и еден ден и вие станете свекрва и ви се понашаат вака... Да ве видам тогаш како ќе ви биде.
Еве јас од Скопје сум, па и мене сине ме викале... А може дека ние три ќерки па моиве потсвесно сакале син Oh, lord... што не ќе прочита човек
Како сака нека ме вика и како сака нека ги вика внуците поважно од збор ми е содржина т.е. како се однесува. И доста шали и жалби за сине, тоа е од милост кажано и стојам зад тоа
Убаво им кажа! Ако ги чува - што ги чува. Ако не ги чува, зошто не ги чува. Ако помага, што се меша. Ако не помага - каква баба е... Дали сте се запрашале дека со добра комуникација и пријателски пристап би можело да биде се подобро? Наместо кога ќе станете денес да се мрштите и наоѓате негативни работи, зошто денот да не ви биде исполнет со убавини? И свекрвите се мајки, и сите ние ќе бидеме баби и свекрви можеби. И треба да бидеме како војно поле дома? И плус жал ми е за мажите кога се растргнати меѓу мајка и жена, сакаат да погодат на двете.. Да сумирам: научете да комуницирате без предрасуди и стереотипи, и пронајдете нешто што ќе ве исполни душевно. Темава би имала помалку страни тогаш..
Настрана од темата за сине и ќере, дали сте озбилни со муабетот баба била имала право да го гледа внучето. Мислам дали стварно? Гледање на внучето е ПРИВИЛЕГИЈА, а не право. Ако сметам дека на моето дете има лошо влијание личноста, не го носам кај таа личност и мајка и татко да ми се. Она си го сакала синот. Кога се мажев мене не ме прашаа во матично дали ја земаш и свекрвата во пакет, не знам вас може ве прашале. Јас не и должам нејзе ништо во животов. Немам обврска јас да и исполнувам желбички ако не покажува почит. На темава ужасни ситуации опишуваат жени, па срам како не ви е малку да кажете дека сами си биле криви. Срам малку така да ви дојде. Сама е крива една членка што имаше пишано не и го давала бебето трчала низ соба со него в раце, а оваа ја молела да и го даде? Сама е крива една друга што и го оставила бебето на чување и свекрвава за да не плаче му ја извадила цицката? Ај да не набројувам сами прочитајте си. Јас ќе го носам 9 месеци, притисок висок ќе трпам, шеќер ќе трпам, ќе распукувам на пораѓање, еден месец не ќе можат да си седнам на газ за некоја да ја молам да ми го врати моето дете в раце, ќе ја бркам низ соба.
Секој си знае дома. Мојата сака да го шета за да ја видат комшиите и да кажат дека го чува. Кога ќе се качи горе цело време и е во раце и на прозор стои да ја видат дека е со неа. Ако е отворена терасата обавезно излегува и вика и се смее со сила за да ја чујат комшиките. Еднаш и го оставив еден саат и и вика нс комшиката бабо кате внук ми беше со мене од толку до толку кај беше ти да не видиш? Кај мене не стснува збор за едно чоколатце, туку тоа ќе биде доручек, ужина, ручек, знам гледам по другиот внук од ќерка и. Поубсво ќе му е во градинка нема да расте секој ден со оговарање со баби, ќе расте со деца, со кои го гледам уште сега ужива и се радува, јас кога го шетам го носам кај другарки со деца за и он да е среќен, она би го носела кај баби сами и ќе го товат со блсго и глупи муабети и ќе ми збори мене како старче дома, имам еден куп вакви примери околу мене. Внук и од ќерка не смее да јаде благо има проблем, она кога е тука кско од инает му дава. И мајка ми да беше ваква истс ќе бев и со неа. Мајка ми е далеку, ама и кога е со неа ако нешто прави како што не треба и зборам и нејзе. Внуци им се ги сакаат, ама се претерува, повеќе од инает кон нас и зс тоа што ќе речат комшиите. Мојатс уште нероден ми виксше ти кога ќе одиш на работа јас ќе си го облекувам кско сакам, а не ти што ќе ми оставиш, ќе го шетам кај сакам, ќе му правам план за јадење од понеделник до недела, ќе си спие со нас во спална. Јас каде сум во приказнава? Да си одам слободно ако не па? Правевме куќна слава, ручекот мене за бебе спремен, одам да го земам од доле, свекор ми му дава кифла, го гледам со убсво му викам не му давај сегс ќе руча, се вртам на една секунда он пак му дава. И нормално одам им го земам од раце и повишувам тон (пред гости) треба да руча што го товиш со леб, педијатар ми рече леб да не му даваме. Излегуваме со маж ми и со дете да шетаме она иде му вика на маж ми кај ќе одите со детето, остај го дома со мене, дува надвор. Маж ми ја гледа и вика што ако дува со кола сме, нема ние да шетаме, он дома да е, се врти госпожа само ако ми го настинете ќе ви кажам. Мм само и рече ако си го настинеме, наш проблем е тоа, не твој. Со вакви како треба да те прашам?
Муабетот за сине... Никој не ме вика сине освен верувале или не, најдобрата другарка на мајка ми. Таа има син единец и го вика сине и исто ми се обраќа и мене. Премногу љубов и почит имам за таа жена и си претпоставувам дека ме гледа како нејзино дете и ме вика сине. За чување на внучето, баш би сакала мојата свекрва да го чува во иднина бидејќи еве 7ми месец сум и само 2 пати ми има дојдено на гости, НИКОГАШ кај мене нема фатено ништо да ми помогне, не ме ни прашала дали ми треба помош. Не се лутам нормално реално нема таква обврска ама мислев дека би сакала да бидеме поблиски. Од ова можам само да претпоставам дека и утре кога ќе се породам нема нешто посебно да се потресува, а и секако немам баш доверба во неа.
Мене татко ми ме вика сине, и не затоа што сакал син туку едноставно од љубов. Не ми смета, напротив убаво ми е. Ама темава забега малце, јас ако добро разбрав жената се жали зошто бабата и вика сине на ќерка и, затоа што е НЕЈЗИНА ќерка, не на бабата, а не затоа што е девојче па и вика сине.