И не знам што ви е толку тешко да сфатите дека да ОД ИНАЕТ прават некои работи. Пошо како можеш ти да и кажеш неа, она 2 деца изгледала. Ама нее, полни се со љубов, пукаат од љубов.
Баба ми викаше - син на баба, свекрва ми и вика на ќерка ми - мајка, мајка ми ме вика сине, другата баба ме викаше ќере, татко ми ме вика- женско дете, јас него - родителу, брат ми го викам - дете, и баш ми е сеедно. Секогап кига сум имала мака луѓево ми помагале. Како сакаат нека ме викаат, макар и бабо.
Па нормално. Они мора да се истакнат. А ние снаите од небо сме паднати. Намерно провоцираат за синот да го разведат од снаата и он да си најде жена што на нив ќе им одговара.
Не верувам дека го мислиш ова што го кажа Утре ти кога ќе бидеш свекрва исто така ќе го разведеш синот за да ти донесе снаа по твој терк? Или.... дека вие безгрешни сте нема да бидете такви?
Па да. Нема да живее синот со мене. Нема да му се мешам (затоа што знам како е некој да ти се меша). Не сум проклета (како свекрва ми). Не навредувам ако е снаата без родител. Одржавам хигиена. Друго што да напишам?
Оти во вашите очи така изгледа. Па и вие од инает правите нешта што ги нервираат. Па ајде, ко мали деца ќе се инаетиме. Јас разбирам дека има злобни, лоши луѓе, и верувам дека прават пакости, пошто на свој грб сум осетила. Ама никогаш на дете не би му ускратила да ги гледа баба и дедо, оти нели било привилегија да се гледа внукот за кралско семејство збориме? Ако бабата и дедото сакаат да ги гледаат внуците и сакаат да поминуваат време со нив, зошто да му го ускратам тоа на детето, а и на старите? Радост е и за едните и за другите. А не ако мене не ми чинат старите, преку детето да се одмаздувам. Кај незаинтересирани баба и дедо (пошто има и такви) не би носела дете. Тие ни за сопствените деца не се заинтересирани.
Ми го зеде зборот од уста. Зашто да ги носам кај неа кога они не се интересираат за маж ми?? Нема логика.
Ама зошто не мислеле навреме тоа свекрвите, уште првата да биде по нивни терк? Мене ми личи на работа испуштена од раце, ко донесол еднаш таква неподобна снаа, од кај да знаеш дека и втората нема да да биде таква Многу лабаво, утре ко ќе бидете снаа, да си побарате листа што на лице место ќе ја усогласите, дека исполнувате критериуми. Не вака подмолно, отпосле не сте исполнувале критериуми Викаат за кавга биле потребни двајца, ама па што знам јас
Не, не збориме за кралско семејство туку во мојот коментар си е прејасно напишано. Ако сметам дека има лошо влијание личноста на детето, не го носам и мајка и татко да ми се. Тој дел го прочита? Не гледам дека некаде напишав она прекрасна е со детето ама заинает не го носам. Заинает никогаш ама баш никогаш не сум и правела нешто нејзе. Никогаш не сум имала желба да ја нервирам и да се одмаздувам. Кога ми пречеле некои работи мојата желба била да се тргне од нашиот дом за да имаме мир, а тоа е скрос различно од правење работи за инает, а мојот дом да личи на бојно поле. Јас немам потреба да и правам нејзе за инает. Зошто некоја би имала потреба? Запознаваш дечко, го сакаш, се мажиш и планираш да создадеш семејство и да уживаш. Не ти паѓа ни на крај памет да нервираш некоја личност само од инает. Кој е мотивот тука? Они се осеќаат загрозено пошо местото на најбитна жена во животот на синот го земаш и тоа е филм во нивните глави, и тоа е факт, инаку немаше темава да има +20 000 коментари а другите теми од Брак и Семејство по 3-4000. Тоа што тебе ти се погодила разбрана, културна особа е супер, но не значи дека кај сите е така и дека сите на темава се несвесни, невоспитани снаи.
Верувам дека и мајка ти од инат праи некои работи и пука од љубов. Колку злобно мислење значи. Едно е да немате иста бранова должина, а друго е да гледа внучиња и да им искажува љубов.
Е што му прави, го тепа, пцуе, малтретира? Ни мојава свекрва не е разбрана за некои работи, море за многу работи, ама тоа не е причина да и бранам да ги гледа внуците.
Аман зарем уште не си издувана од некои теми, само ме следиш во чекор. Инаку, така е за свекрвите, во право си скрос
Мојата па на син ми ќерко му викаше.. Сега ми е смешно а тогаш мислам ќе експлодирав пошто цела бременост ми повторуваше дека сакала женско да биде детето. Си правеше планови таму ќе го носам, ваму ќе го шетам, по комшии, во село, тебе на работа ќе те испратиме, тој со мене ќе си спие само нека порасне, ќе ти бега кај мене ќе си доаѓа, уште на 2 месеци му велеше туу мајка ти каква е лоша.. Море мрш. Ако се баби не значи дека имаат права на децата. Свекрва ми не го ни гледа детето и што, треба да се жали и да бара права некои? Глупости. Се е по заслуга. Не можам јас сега затоа што мојата не го гледа јас да кажувам на вас дека и вашите не треба да ги гледаат или обратно, вие да ми кажете дека она "има право" да го гледа. Кој што и како си заслужил.
Вака, прво јас не зборам за мене лично. Мојот коментар беше за членки наназад што пишале дека свекрвата не им го дава бебето, трча со него низ куќа, друга имаше пишано дека и рекла Немаш мајка не знаеш ништо, мене ќе ме слушаш. Некоја пишала му дава благо доручек ручек вечера. Цел ден е пред телевизор. И на сето тоа некои им пишале ај не претерувај. За некои мајки тоа е проблем. И безвеза е ние тука да дискутираме дали претеруваат или не. За нив е проблем. Тие се мајките и бабата треба да се прилагодува на нивните насоки. И не се дискутира понатака За мене тоа не е претерување ама ич. Не треба да го пцуе или тепа. Си родила дете и сакаш да го гледаш раат. Просто и едноставно.
Да бе, знаеш како те следам ко ноќна мора. Ама се нервираш кога некој не се согласува со тебе и викаш дека друг некој нешто правел. Кој е нервозниот тука? Поштеди ме од вакви глупости, држи се до темата во која дискутираш
Тие се посебна сорта. Знам дека има и вакви. Веројатно и јас би се нервирала од ваков тип на луѓе со кои морам да го делам кровот и би им кажала отворено до каде им се границите. Абе и мојот свекор мислеше оти на секое плачење на бебе дека е урочено, па ѕвонеше кај сестра му бајачка да и забае на малата, ама и него и на сестра му им кажав такви работи ни на крај памет да не им текнат а не па да ги направат. И еве мирни се. Свекрва ми мислеше е ок да дете пие кока кола,јаде чипс, а јас цедам лимони и портокали, и давам да грицка бадеми и ореви. Се спротиставив и сега ја храни онака како јас сум кажала. Мајка ми од што се правеше сезнајка, на бебе од неполни 10м даде кифла со белка, и неа и испеав песничка. Сега за се мене ме прашуваат, што и е правилно. Мајка ми и пушта тв и очекува дете цел ден да седи и гледа песни, свекрва ми па со телефонот. Фино лепо сите три напраивме муабет, ако кажам не-значи не, не може црното да е бело и крај. Коа ќе видиш сите си знаеме како ни е дома.. Јас зборував дека веќе као модерна стана да се мразат снаите со свекрвите, никоја не дава дете на баба и дедо, пошо привилегија (???) било да го погледаат. Абе,абе! Јас мислам се јачате на зборови на форуми само, не сакам да верувам оти постојат жени што бранат баба и дедо да го гледаат внучето од родениот син. Привилегија бе..