вака ко шо ве читам... 99% од вашите сопрузи незнаеле дека имаат проблем со родителите, додека не се ожениле
Не, туку тие си се мамини синчиња нели на Балканов, па си седат со нив до смрт. Стварно не знаеле. И ние живееме со свекрва, немаме деца, ништо не ме прашала што сакам или што планирам, си тера по свое секој ден, уствари нејзината желба се слуша, мојата не, само за слава и родендени сум тука да спремам и ручеци. До теренот е, не е до мажите, така се навикнати.
Истото и јас го помислив.Како тие претходно функционирале како нормално семејство и наеднаш синот се жени,снаата раѓа дете и одма не чинат оние со кои ти до вчера супер си функционирал.
"Нормално" функционира му пере гаќи до 30 години и му бара 100 ден за кафе, и кога на снаата тоа и е чудно, мора до снаата да е проблемот
И очекуваат нивната жена да ги гледа нив како мајка и татко, односно да им се потчини. Ако он е научен да ја слуша мајка му, јас не сум должна.
Они ја слушаат мајка им и нивната женичка мора да биде како бајче...во спротивно и следи воспитна мерка.
Да,ако е така девојката има голема грешка што тоа не го согледала со време.Или тогаш и чинело некој да и плаќа кафе, а сега да не ја види.Не знам али конкретно за ова има многу да се пишува.
Јас имам сто пати кажано еве пак. Заработувај пари за никој да не ти кажува сказни и басни. Може сама си го плаќала кафето. А за тоа дека требало порано да видат во право си. Не се мажи за лигле па после исправувај криви дрини, 30 години што се искривувале
Друга работа што забележав, ниедна не се жали за проблемите од свекрвата и свекорот на пример пред да се роди детето.... значи додека да дојде детето сите снаи кутат а кога ке стигне малиот на свет ....
Едип комплекс постоел и ќе постои, светски психолози книги пишувале, ние сега на фемина ќе разглабаме дека снаите претеруваат