. Не се мажи за лигле па после исправувај криви дрини, 30 години што се искривувале [/QUOTE] Да, али сите силни се пред да се омажат.Тогаш се им одговара,влезе ли у куќа ршум прави.
Да, али сите силни се пред да се омажат.Тогаш се им одговара,влезе ли у куќа ршум прави.[/QUOTE] Па и свекрвите се силни пред синчето да се ожени. После тоа одма наметнуваат правила.
Шо има сега веза Балканот? Омажена сум и маж ми не е ваков. Балканец е. Мора некој друг да е крив, нема шанси мажот
Јас сум мажена и имаме дете, и реално немам таков проблем нит пак сум имала во минатото.Од сам старт и двајцата знаевме каков живот сакаме за нас.Никогаш не дозволивме да ни се умеша некој друг од страна (негови/мои)
Живеете со старите? Боље ако сте посебно, и баш сакам да знам што да му кажам на маж ми кога ќе рече мама е во право, ај па ти па многу знаеш само да збориш.
Проблемот не е во синовите... сите се жалите од свекрвите не гледам ни една да се поплаче од свекорот... вие жените имате некој проблем кој треба меѓусебно да се реши...
Женските кога се у врска се и е погодено, нема проблем со свекрва, дечкото исто супер. Откако ќе стапи у брак е тука одма почнуват свекрвата да смета, па свекорот, па браќа/сестри на мажот итн итн. Барем дури сте у врска да си го покажете вистинското лице. Да знае човек што го чека после у брак. А пак кога ќе родат, е дури тогаш се најјаки. поз
Сте се распишале тука. Ај и јас малце. Пишував како малава се извади од памет и неќе да оди кај свеки. Еден ден отидовме и зошто не сакаше останавме пред зграда.. Неќеше да си оди со нас, остана со баба и се качиле горе. Доаѓа дете и ми вика... Дедо не пачеше.. Викам па не плаче бе мама зошто да плаче? Кој плаче? Баба, само баба плачеше.. И да, знае да драми, да плаче зошто малава неќела кај неа да оди. Ќе ја носеше по бајачки ради тоа. Не битно што нас дома дете ни плаче по 24/7, што не сум јадела раат, што сон немам сврзано саат време од септември наваму, што дете се мачи со тие ноќни терори... Битно остај тоа, кај бабичка неќе. 3 пати неделно доаѓа, целиот муабет е кога ќе дојдеш. 2 ипол скоро години, она уште ја држи строго за рака и низ дома кога се движи, ќе паднела. Не битно, долго и широко е. Му реков на мм, да прашаш дал е вистина, и во иднина да нема вакви сцени пред детето. Нормално одговорот е дека никој не плачел. Арно ама, кога дојдоа дедо и сакаше да ја праша кој плачел, а баба и рече не ја потсеќај сега. Јасно и стана. Само реков мое дете не лаже. Нема да кажам дека е ова лошотилук, туку себичност. Битно и е она што сака и како се осеќа а не дете. Ја сака само за себе, а не гледа дека со таков однос само ја одбива. Посебно што е такво дете, ни мене не ме остава да ја гњавам. И вика мм, зошто ја држиш, па ќе падне... И се љути... Е како бе нас не ни паѓа а не ја држиме. Друга ситуација.. Мењаат пелена.. Ај ок баба е, мерак е.. Никогаш не сум бранела.. Кога почнаа да паѓаат гомната по земја, да се тркалаат под кревет. Викам ви падна, ааа нее.. Дете гомна по стомак грб, нозе... Земав да ја добришам и влажната ја ставив до пелената, зема ја стави на маса!!!! Што да реагираш на ова?? Како??? Кажуваш ама не е исперцепирно зошто е битно дека бабичка сменила пелена, јеааа голем успех( пошо нас у последно време и одбива). И збори кога ќе дојде: ајде да си играме.. дете неќее.. Одма следи епаа доброоо бабичка сега ќе си оди, ти не ја сакаш.. да си одам?? Упорно збориме ама се е џабе. Она сака сега да ја нахрани и тоа е битно, нема врска што детето јадело пред 5 мин. Дедо и е друг.. знае кога треба да се тргне. Она кога е тука упорно ја трга од мене. Ај не мора да ме слуша мене, ама нека гледа потребите на детето. Сака да јаде сама и никој да не ја чепка. Она со тоа не се согласува. Сака сама да седне, и тоа не и дозволува. Сака сама да земе играчка, она мора она да и ја даде. И после снаите не чинеле, оти детето не ги сака. Не сум битна јас... јас можам и да раскинам контакти и супер ќе ми биде. Ама ако сакаш внуче да те сака, не треба да си себичен. Нема да те сака ако му идеш по газ и ненормално трошиш пари на него. Како да ја смениме оваа себичност? Дете од 2 години го третира како бебе, по раце, со бебешко зборење... Охоо колку имам за пишување. Мајка ми па, од друга страна врши друг притисок.. Многу плачела, оди па објасни и за тантруми и ноќни терори.. Ко ја ќора да сум и не гледам што се случува. Сега беше болна, со тт, од шо отишла со фустан у градинка и било, што знаат денешниве доктори. Едноставно, они си се убедени у сами себе и само они знаат најдобро. И ги слушам двете, кашла многу, лелее да сваќеее, кашла.. Абе ај, озбилно? Ја најдовте америка!!!! Леле нечини што плаче толку. Даа, многу е лошо тоа... Ко ние да не сме му родители на тоа дете и не се секираме. Само зошто се повозрасни од нас сметаат дека они знаат повеќе и подобро. Си изнакажав...
Не е оправдано, и тие треба да си го покажат. Најлошо е што во целата ситуација мажот е тој во средина. Двете странки треба сами да си го решат проблемот, без вклучување на мажот.
„ Не е оправдано за нив.Работата е во тоа што треба да се знае вие двајца што сакате и какви ви се плановите за во иднина.Никој,ама баш никој не може да ми крои планови нит пак да ми се меша,затоа што двајцата ние планираме и создаваме.